млади фудбалери Archives - Република https://republika.mk/tema/mladi-fudbaleri/ За подобро да се разбереме Sat, 18 May 2024 18:41:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png млади фудбалери Archives - Република https://republika.mk/tema/mladi-fudbaleri/ 32 32 На фудбалери помлади од 11 години ќе им биде забрането да играат со глава https://republika.mk/sport/fudbal/na-fudbaleri-pomladi-od-11-godini-ke-im-bide-zabraneto-da-igraat-so-glava/ Sat, 18 May 2024 18:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=779629

На децата во Англија ќе им биде забрането да играат фудбал со глава во обид да се подобри нивната безбедност.

Фудбалската асоцијација (ФА) објави дека ќе започне постепено да забранува удари со глава на сите тимски натпревари за деца на возраст од 11 години и помали. Идејата беше тестирана околу две години. Намерниот удар со глава ќе биде казнет со индиректен слободен удар.

Децата од 7 до 9 години ќе престанат да играат со глава од следната сезона, до 10 години - од сезоната 2025/26, а до 11 години - од сезоната 2026/27. Почнувајќи од 12-годишна возраст, ќе биде дозволено играње со глава.

- Продолжуваме да играме водечка улога во оценувањето и подобрувањето на безбедноста на фудбалот. Нашата цел е, меѓу другото, да создадеме поголема техничка способност за играчите да играат со топката во нивните нозе, да обезбедиме поефикасно користење на времето за играње и да го намалиме времето кога топката е во воздух за време на натпреварот, објави ФА во соопштението.

Мерката доаѓа во време на истражување кое сугерира дека поранешните фудбалери имаат поголема веројатност да умрат од проблеми со мозокот отколку пошироката јавност. На пример, професионалните фудбалери имаат три и пол пати поголеми шанси да умрат од деменција отколку просечниот човек на иста возраст, објавија студиите.

The post На фудбалери помлади од 11 години ќе им биде забрането да играат со глава appeared first on Република.

]]>

На децата во Англија ќе им биде забрането да играат фудбал со глава во обид да се подобри нивната безбедност. Фудбалската асоцијација (ФА) објави дека ќе започне постепено да забранува удари со глава на сите тимски натпревари за деца на возраст од 11 години и помали. Идејата беше тестирана околу две години. Намерниот удар со глава ќе биде казнет со индиректен слободен удар. Децата од 7 до 9 години ќе престанат да играат со глава од следната сезона, до 10 години - од сезоната 2025/26, а до 11 години - од сезоната 2026/27. Почнувајќи од 12-годишна возраст, ќе биде дозволено играње со глава.
- Продолжуваме да играме водечка улога во оценувањето и подобрувањето на безбедноста на фудбалот. Нашата цел е, меѓу другото, да создадеме поголема техничка способност за играчите да играат со топката во нивните нозе, да обезбедиме поефикасно користење на времето за играње и да го намалиме времето кога топката е во воздух за време на натпреварот, објави ФА во соопштението.
Мерката доаѓа во време на истражување кое сугерира дека поранешните фудбалери имаат поголема веројатност да умрат од проблеми со мозокот отколку пошироката јавност. На пример, професионалните фудбалери имаат три и пол пати поголеми шанси да умрат од деменција отколку просечниот човек на иста возраст, објавија студиите.

The post На фудбалери помлади од 11 години ќе им биде забрането да играат со глава appeared first on Република.

]]>
Младите фудбалери на „Кул“ ќе учестуваат на најсилниот интернационален турнир https://republika.mk/sport/fudbal/mladite-fudbaleri-na-kul-ke-uchestuvaat-na-najsilniot-internatsionalen-turnir/ Mon, 29 Apr 2024 16:54:43 +0000 https://republika.mk/?p=772311

По освојувањето на турнирот во Волос на почетокот од оваа календарска година, ФК КУЛ е пред голем предизвик.

Тимот е поканет на најпрестижниот турнир во регионот и пошироко. Новата дестинација е Атина, Грција.

Се работи за „Елит Неон Куп” кој ќе се одржи во грчката престолнина, во периодот од 29-ти април до втори мај. На Купот, под мотото „Иднината пристигна”, најталентираните млади фудбалери до 14 годишна возраст ќе ги одмерат силите. Македонскиот тим апсолутно заслужено доби свое место по одличните резултати кој ги бележи во континуитет и во сериозно силна меѓународна конкуренција.

Во состав на ФК Кул се: Стефан Стефаноски, Младен Крстевски, Марио Стојчевски, Никифор Демјановски, Кирил Радевски, Никола Јанкуловски, Огнен Јаков, Габриел Николовски, Иван Миленковски, Матеј Андреевски, Илија Аксентиев, Љупчо Трпковски, Горазд Здравевски, Виктор Трајковски, Стефан Ацковски, Матеј Стефановски, Атанасие Жепчевски. Тимот е предводен од тренерот Драги Стефановски Гаге, Наташа Ристеска и Влатко Колев.

Oве е прв македонски младински тим кој настапува на еден од најголемите турнири во Европа. Исклучително се интересни нашите противници од групата “G”. Се работи за фудбалската академија „Редс” oд Дубаи, „домашниот” Волос како и најзвучното име од сите, англиски Ливерпул!

На турнирот ќе се појават најсилните грчки клубови и вечни ривали, Олимпијакос и Панатинаикос како и солунски АЕК, Паниониос, Перистери, кипарски Пафос, египетскиот шампион Хелиополис и моќната германска “Атлетик” академија. Учесници се најквалитетните два младински тима од Обединетите Арапски Емирати, Редс и Дубаи Сити, холандски Твенте, англиски Ексетер сити, албанските Интернационал и Тирана, како и најдобрата Кинеска академија – “Ла Лига Ас” од Хонг Конг. Најзвучното име е сепак ривалот од нашата група, гордоста од “Енфилд” и 19-кратен англиски шампион, Ливерпул.

Претставувајќи ја нашата земја како единствен македонски претставник во оваа силна конкуренција, пред младите таленти е шанса да го покажат својот неспорен талент (овој пат) на глобално ниво.

Им посакуваме среќа на нашите момци со надеж дека повторно ќе не направат горди како и претходно.

 

The post Младите фудбалери на „Кул“ ќе учестуваат на најсилниот интернационален турнир appeared first on Република.

]]>

По освојувањето на турнирот во Волос на почетокот од оваа календарска година, ФК КУЛ е пред голем предизвик. Тимот е поканет на најпрестижниот турнир во регионот и пошироко. Новата дестинација е Атина, Грција. Се работи за „Елит Неон Куп” кој ќе се одржи во грчката престолнина, во периодот од 29-ти април до втори мај. На Купот, под мотото „Иднината пристигна”, најталентираните млади фудбалери до 14 годишна возраст ќе ги одмерат силите. Македонскиот тим апсолутно заслужено доби свое место по одличните резултати кој ги бележи во континуитет и во сериозно силна меѓународна конкуренција. Во состав на ФК Кул се: Стефан Стефаноски, Младен Крстевски, Марио Стојчевски, Никифор Демјановски, Кирил Радевски, Никола Јанкуловски, Огнен Јаков, Габриел Николовски, Иван Миленковски, Матеј Андреевски, Илија Аксентиев, Љупчо Трпковски, Горазд Здравевски, Виктор Трајковски, Стефан Ацковски, Матеј Стефановски, Атанасие Жепчевски. Тимот е предводен од тренерот Драги Стефановски Гаге, Наташа Ристеска и Влатко Колев. Oве е прв македонски младински тим кој настапува на еден од најголемите турнири во Европа. Исклучително се интересни нашите противници од групата “G”. Се работи за фудбалската академија „Редс” oд Дубаи, „домашниот” Волос како и најзвучното име од сите, англиски Ливерпул! На турнирот ќе се појават најсилните грчки клубови и вечни ривали, Олимпијакос и Панатинаикос како и солунски АЕК, Паниониос, Перистери, кипарски Пафос, египетскиот шампион Хелиополис и моќната германска “Атлетик” академија. Учесници се најквалитетните два младински тима од Обединетите Арапски Емирати, Редс и Дубаи Сити, холандски Твенте, англиски Ексетер сити, албанските Интернационал и Тирана, како и најдобрата Кинеска академија – “Ла Лига Ас” од Хонг Конг. Најзвучното име е сепак ривалот од нашата група, гордоста од “Енфилд” и 19-кратен англиски шампион, Ливерпул. Претставувајќи ја нашата земја како единствен македонски претставник во оваа силна конкуренција, пред младите таленти е шанса да го покажат својот неспорен талент (овој пат) на глобално ниво. Им посакуваме среќа на нашите момци со надеж дека повторно ќе не направат горди како и претходно.  

The post Младите фудбалери на „Кул“ ќе учестуваат на најсилниот интернационален турнир appeared first on Република.

]]>