младенци Archives - Република https://republika.mk/tema/mladenci/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Mar 2024 07:58:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png младенци Archives - Република https://republika.mk/tema/mladenci/ 32 32 Празник на младоста и љубовта, ова се адетите за денешните Младенци https://republika.mk/zivot/servisi/praznik-na-mladosta-i-lubovta-ova-se-adetite-za-deneshnite-mladentsi/ Fri, 22 Mar 2024 07:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=757235

Денеска православните верници го слават Свети 40 маченици во Севастија (Младенци)

Празник на младоста и љубовта

Празникот на пролетта 22 март (9 март, стар стил) младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера.

Именден празнуваат: Младен, Младенка и др.

Очигледно е дека во минатото во Македонија со празникот „Свети четириесет маченици“ биле поврзани голем број обичаи и верувања. Еден дел од нив се поврзани со споменот за светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамнодневница, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.

Денес, многу од овие обичаи се заборавени. Но, сепак, празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Од понов датум е обичајот на Младенци да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника. Во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат.

Денот на пролетната рамнодневница според многумина е вистински почеток на пролетта. Наголемениот ден во однос на оној во текот на зимата, посилното сонце, појавата на птиците преселници, враќањето на вегетацијата, во свеста на човекот создавале мислење дека е поминат критичниот период и дека во секој поглед доаѓаат поубави денови. Во таа смисла се и повеќе обичаи верувања поврзани со некои птици и растенија. Се мисли дека до овој празник денот е зголемен толку колку што може да скокне петел од прагот. Во врска со верувањето дека со овој ден започнува вистинската пролет е и обичајот да се јаде нешто зелено (зелен ручек) со што се означува сиромашкото лето, период во кој, како што се вели, не се умира за храна, зашто таа може и на трн да се најде. Некои со ова верување ја поврзуваат и пословицата: „Не умри магаре до зелена трева.“

Вечерта спроти празникот, младите, девојките и момчињата, изведувале повеќе обичаи т.н. гатање за брак, преку кои настојувале да ги дознаат своите идни брачни другари. Тоа го правеле на различни начини. Во Гевгелиско како што пишува Стефан Тановиќ вечерта спроти празникот, во мракот, девојките сечеле прачка од дудинка (црница, муренка) и ја ставале како мост преку некоја бразда или поток велејќи: „Који ми е удилен ваја вечер, нека дојде на воја мост да пумине и уф нас да дојде!“ Овие зборови ги повторувала три пати и верувала дека ноќта ќе го сони момчето за кое ќе се омажи. Некои пак ова гатање го правеле на следниов начин: Вечерта спроти празникот земале три стракови коприва, секој посебно го врзувале со црвен конец и го наменувале на по едно момче. Утрото викале некоја своја другарка да одбере еден страк од копривите што ќе означува нејзиното момче, идниот брачен другар.

Во селото Елешница (Разлошпко) имало обичај вечерта спроти прзникот да се собираат 40 бели камчиња што се ставле во ќошовите на дневната соба. Утрото на празникот тие се враќале во реката пред да изгрее сонцето и се верувало дека на тој начин ќе се обезбеди здравје за целото семејство.

Во Штип од 40-те камчиња што од Исарот ги фрлале кон Брегалница младите неженети и немажени оставале едно за себе, го носеле дома и вечерта го ставале под перницата. Верувале дека тој што ќе го сонат таа вечер ќе биде нивниот иден брачен другар.

Имало и други начини младите да го дознаат својот иден брачен другар. На попретки земале памук, усукувале два конца, ги ставале еден до друг и заедно ги запалувале. Ако изгореле до крај значело дека сигурно ќе се земат.

Со празникот Свети четириесет маченици или Младенци се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. во Радовиш овој ден бил празник на ковачите и тогаш се одело на визита кај членовите на овој еснаф. За таа цел во семејствата на ковачите се набавувала пченица, половината ја мелеле брашно и меселе проскури, а другата половина ја вареле. Оделе во црква, а по службата раздавале од пченицата и проскурите.

На овој празник се изведувале и обичаи со кои се прогнозирало колку ќе биде родна годината. Утрото веднаш по станувањето се земала првата гранка до која ќе се допрел човекот, таа се горела и пепелта од неа се сеела. Потоа се гледале покрупните остатоци во ситото. Ако личеле на пченица таа година повеќе ќе родела пченицата, ако личеле на пченка, просо или нешто друго значело дека овие земјоделски култури ќе родат повеќе.

Во минатото овој празник во Македонија го празнувало не само македонското христијанско население туку и муслиманското кое го именувало како „Султан Нефруз“.

 

The post Празник на младоста и љубовта, ова се адетите за денешните Младенци appeared first on Република.

]]>

Денеска православните верници го слават Свети 40 маченици во Севастија (Младенци)

Празник на младоста и љубовта

Празникот на пролетта 22 март (9 март, стар стил) младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера. Именден празнуваат: Младен, Младенка и др. Очигледно е дека во минатото во Македонија со празникот „Свети четириесет маченици“ биле поврзани голем број обичаи и верувања. Еден дел од нив се поврзани со споменот за светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамнодневница, со денот на пролетта и повторното оживување на природата. Денес, многу од овие обичаи се заборавени. Но, сепак, празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Од понов датум е обичајот на Младенци да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника. Во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат. Денот на пролетната рамнодневница според многумина е вистински почеток на пролетта. Наголемениот ден во однос на оној во текот на зимата, посилното сонце, појавата на птиците преселници, враќањето на вегетацијата, во свеста на човекот создавале мислење дека е поминат критичниот период и дека во секој поглед доаѓаат поубави денови. Во таа смисла се и повеќе обичаи верувања поврзани со некои птици и растенија. Се мисли дека до овој празник денот е зголемен толку колку што може да скокне петел од прагот. Во врска со верувањето дека со овој ден започнува вистинската пролет е и обичајот да се јаде нешто зелено (зелен ручек) со што се означува сиромашкото лето, период во кој, како што се вели, не се умира за храна, зашто таа може и на трн да се најде. Некои со ова верување ја поврзуваат и пословицата: „Не умри магаре до зелена трева.“ Вечерта спроти празникот, младите, девојките и момчињата, изведувале повеќе обичаи т.н. гатање за брак, преку кои настојувале да ги дознаат своите идни брачни другари. Тоа го правеле на различни начини. Во Гевгелиско како што пишува Стефан Тановиќ вечерта спроти празникот, во мракот, девојките сечеле прачка од дудинка (црница, муренка) и ја ставале како мост преку некоја бразда или поток велејќи: „Који ми е удилен ваја вечер, нека дојде на воја мост да пумине и уф нас да дојде!“ Овие зборови ги повторувала три пати и верувала дека ноќта ќе го сони момчето за кое ќе се омажи. Некои пак ова гатање го правеле на следниов начин: Вечерта спроти празникот земале три стракови коприва, секој посебно го врзувале со црвен конец и го наменувале на по едно момче. Утрото викале некоја своја другарка да одбере еден страк од копривите што ќе означува нејзиното момче, идниот брачен другар. Во селото Елешница (Разлошпко) имало обичај вечерта спроти прзникот да се собираат 40 бели камчиња што се ставле во ќошовите на дневната соба. Утрото на празникот тие се враќале во реката пред да изгрее сонцето и се верувало дека на тој начин ќе се обезбеди здравје за целото семејство. Во Штип од 40-те камчиња што од Исарот ги фрлале кон Брегалница младите неженети и немажени оставале едно за себе, го носеле дома и вечерта го ставале под перницата. Верувале дека тој што ќе го сонат таа вечер ќе биде нивниот иден брачен другар. Имало и други начини младите да го дознаат својот иден брачен другар. На попретки земале памук, усукувале два конца, ги ставале еден до друг и заедно ги запалувале. Ако изгореле до крај значело дека сигурно ќе се земат. Со празникот Свети четириесет маченици или Младенци се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. во Радовиш овој ден бил празник на ковачите и тогаш се одело на визита кај членовите на овој еснаф. За таа цел во семејствата на ковачите се набавувала пченица, половината ја мелеле брашно и меселе проскури, а другата половина ја вареле. Оделе во црква, а по службата раздавале од пченицата и проскурите. На овој празник се изведувале и обичаи со кои се прогнозирало колку ќе биде родна годината. Утрото веднаш по станувањето се земала првата гранка до која ќе се допрел човекот, таа се горела и пепелта од неа се сеела. Потоа се гледале покрупните остатоци во ситото. Ако личеле на пченица таа година повеќе ќе родела пченицата, ако личеле на пченка, просо или нешто друго значело дека овие земјоделски култури ќе родат повеќе. Во минатото овој празник во Македонија го празнувало не само македонското христијанско население туку и муслиманското кое го именувало како „Султан Нефруз“.  

The post Празник на младоста и љубовта, ова се адетите за денешните Младенци appeared first on Република.

]]>
Ни доаѓаат Младенци: Никако не смеете да заборавите на свеќите од венчавката https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ni-doagaat-mladentsi-nikako-ne-smeete-da-zaboravite-na-svekite-od-venchavkata/ Wed, 20 Mar 2024 12:53:04 +0000 https://republika.mk/?p=756732

Во петок на 22 март се празнува празникот Четириесет Севастиски маченици – Младенци.

Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат.

Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на тој ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.

Празникот на пролетта 22 март младите брачни парови го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.

Житијата за Светите четириесет маченици како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле.

The post Ни доаѓаат Младенци: Никако не смеете да заборавите на свеќите од венчавката appeared first on Република.

]]>

Во петок на 22 март се празнува празникот Четириесет Севастиски маченици – Младенци. Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат. Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на тој ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче. Празникот на пролетта 22 март младите брачни парови го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера. Житијата за Светите четириесет маченици како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал. Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле.

The post Ни доаѓаат Младенци: Никако не смеете да заборавите на свеќите од венчавката appeared first on Република.

]]>
Денеска е Младенци, ова се адетите за празникот на младоста, љубовта и убавината https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-mladentsi-ova-se-adetite-za-praznikot-na-mladosta-lubovta-i-ubavinata/ Wed, 22 Mar 2023 08:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=622311

Денеска православните верници го слават Свети 40 маченици во Севастија (Младенци)

Празник на младоста и љубовта

Празникот на пролетта 22 март (9 март, стар стил) младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера.

Именден празнуваат: Младен, Младенка и др.

Житието за Светите четириесет маченици, како и повеќето народни преданија за нив, меѓусебно малку се разликуваат, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не сакале да се откажат од христијанската вера.

Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се премисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле.

Според друго предание војниците биле исечени со меч откако ја преживеале ноќта во студената вода, а според трето, езерската вода што се смрзнувала, кога ги фрлиле војниците почнала да се одмрзнува, светлосните венци над главите ги штителе од смрзнување. Војводата и другите мачители биле изненадени кога утрото ги виделе живи и пак ги фрлиле во водата откако претходно им ги скршиле коските. Но тогаш четириесетте маченици му се јавиле на епископот Петар и побарале нивните мошти да бидат извадени од езерото.

Споменот за четириесетте маченици нашол одраз и во македонските народни преданија. Така на пр., преданието од Гевгелиско раскажува дека во старите времиња кога неверниците го прогонувале секој што ќе се покрстел и ќе ја примел Христовата вера, имало некој човек што имал 40 синови. Кога станале христијани ги оковале во синџири и ги фрлиле во темница, каде што умреле. Но набрзо потоа христијанството зело замав и станало многу силно, поради што споменот за нив се празнува до денес. Преданието од Струшко, пак, вели дека четириесетте маченици биле деца кои Евреите ги мачеле за да го кажат Исуса. Кога не успеале да ги придобијат ниту со ветувања, ниту со казни, решиле да ги погубат. Им дале црна волна и им заповедале со перење да ја направат бела, а потоа ги убиле осветувајќи им се за нивната приврзаност кон Исус Христос.

Поголем број обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со бројот 40 во спомен на четириесетте маченици од Севастија. Собирачите на македонски фолклорни и етнографски материјали од половината на минатиот век до денес запишале повеќе вакви обичаи и верувања. Така на пр. Кузман Шапкарев сведочи дека „на 9 март (стар стил) споменот на 40-те маченици, се празнува со некои особености“. Тој сведочи дека спроти празникот собирале 40 полжави, потоа правеле 40 сарми со ориз и расол, а на ручекот пиеле по 40 чаши вино во спомен на 40-те маченици. И Ефтим Спространов запишал дека за овој празник во Охрид се правеле 40 сарми, се јаделе уште и 40 полжави, 40 ракови итн. Во Разлошко, во пиринскиот дел на Македонија, како што запишале браќата Костадин и Димитар Молерови секој требало да направи 40 метании пред Господ, од полето да донесе 40 прачки, 40 билки и 40 ракови од реката, итн. Миленко С. Филиповиќ запишал дека во Скопската Котлина пиеле 40 чаши ракија, а Стефан Тановиќ во богатите записи од Гевгелиско сведочи дека на овој ден береле и прачки „четрирасат биз едно-за сновајне“.

Од поновите записи ќе ги споменеме сведоштвото на Зорка Делиниколова, дека во Радовиш се варела пченка од која секој апнувал по 40 зрна за да се заварат (затечат) 40 бучуци жито во амбарите, а освен што пиеле 40 чаши ракија и саделе 40 корења во нивата. Во Кумановско, пак, како што запишал Велимир Николов на овој ден ништо не се садело зашто немало да никне 40 дена. На овој ден интересни обичаи се правеле во Штип. Александар Донски пишува дека во овој град луѓето оделе на Исарот од каде што секој фрлал по 40 камчиња кон Брегалница, а дома правеле 40 теганици за јадење. Во селото Елешница, Разлошко, според еден современ запис, вечерта спроти празникот од реката донесувале 40 камчиња и ги ставеле во ќошовите на куќата и откако тука ќе преноќеле утрото пак ги фрлале во реката. Тоа се правело за здравје на куќата. Во таа смисла камчињата што ги собирале задолжително требало да бидат бели.

Денот на пролетната рамнодневница според многумина е вистински почеток на пролетта. Наголемениот ден во однос на оној во текот на зимата, посилното сонце, појавата на птиците преселници, враќањето на вегетацијата, во свеста на човекот создавале мислење дека е поминат критичниот период и дека во секој поглед доаѓаат поубави денови. Во таа смисла се и повеќе обичаи верувања поврзани со некои птици и растенија. Се мисли дека до овој празник денот е зголемен толку колку што може да скокне петел од прагот. Во врска со верувањето дека со овој ден започнува вистинската пролет е и обичајот да се јаде нешто зелено (зелен ручек) со што се означува сиромашкото лето, период во кој, како што се вели, не се умира за храна, зашто таа може и на трн да се најде. Некои со ова верување ја поврзуваат и пословицата: „Не умри магаре до зелена трева.“

Во повеќе краишта на Македонија со овој ден е поврзано враќањето на птиците преселници. Во Велешко, како што забележал Д. Матов, на овој ден ластовиците иделе од арапска земја, во с. Елешница, Разлошко, секогаш на овој ден доаѓал штркот, а и во струшки Дримкол на овој ден се очекувало доаѓањето на птиците преселници. Во врска со тоа е и верувањето дека ако човекот гладен (на гладно срце, како што се вели) слушне пеење на овие птици, (ластовици, кукавица, пупунец и др.) ќе биде разбиен од нив, ќе се разболи или не ќе има напредок во текот на целата година. Во таа смисла е и записот на Јордан Хаџи Константинов-Џинот објавен во „Цариградски весник“ од 1852 година: „Деветти март кога ќе влезе, сите, мали и големи треба уште во постела да каснат по еден залак леб, за да не ги „пробие“ ненадејно ластовица, дури до Благовец. Исто така, ќе се чуваат и од штрк, да не го видат со боси нозе, т.е. без чевли.“ Во Скопско верувале дека ако ги разбие пупунецот ќе им смрди душата, а ако ги разбие грлицата многу ќе кршат садови во текот на годината. Колку ластовици ќе видел човек на овој ден со толку облека ќе се подновел во текот на годината.

Извесен број обичаи и верувања се поврзани со растенијата. Во таа смисла интересен е записот на Стефан Верковиќ од Долновардарско, егејскиот дел на Македонија, во кој се вели дека „Спроти Свети четиријсат (9 марта) през ноќта секое дрво и растение си наведува врвут да си бакнува коренут. От тоги веке факе да расте.“ И други запишувачи на македонски народни верувања забележале дека до тој ден на растенијата растеле само листовите, а од овој ден растеле гранките откако ќе им се поклонеле на корењата и ќе ги бакнеле.

Празникот на Светите 40 маченици, познат во народот и како Маченици но и Мучејнци, а најчесто како Младенци се држи како тежок празник и тогаш ништо не се работи. На овој ден се вели дека и пилците не правеле седело. Во Разлошко не смееле да фатат гребни, конци, игла или метла за да не гледаат змии. Сепак, во други краишта жените пред сонце ги метеле дворовите за да ги затече чисти сиромашкото лето. Особено жените внимаваат да не месат зашто во текот на летото ќе имаат многу стоногалки во ношвите и на другите места каде што се чуваат лебот и брашното. Во некои места, пак, иако на овој ден не се работи чинело да се калеми. Исто така, мажите прошетувале низ полето да ги видат посевите, да позавршат некои работи и да испијат за адет, 40 чаши ракија. Во Гевгелиско над вратите обесувале коприви, како растение кое ги одбива несреќите. Исто така, утрото луѓето каснувале лук и се намачкувале со него под мишките за да не се потат при работата и змиите да бегаат од нив.

Како период кога се затоплуваат воздухот и земјата во некои краишта се верува дека на овој ден излегуваат змиите од дупките. Интересни обичаи поврзани со култот кон змиите, и со верувањето во нивната исцелителна моќ сè уште се изведуваат во с. Орман кај Скопје. Според записите на повеќемина истражуважи, во минатото Миленко Филиповиќ, во наше време Лепа Спировска и др. во местото Змијарник, кај црквата што го носи името „Свети четириесет маченици“ во близината на селото на овој ден се собира многу народ, не само од ова и соседните села туку од цела Скопска Котлина. Особено доаѓаат лица на кои им се потребни лек и друга магиска помош: болни, жени што немаат деца, девојки што не можат да се омажат или момчиња што не можат да се оженат и сл. Тие, пред дупките од каде што се очекува излегувањето на змиите, ставаат разни нишани, најчесто облека (кошули, џемпери и сл.) и со нетрпение очекуваат змиите да излезат и да поминат преку нишаните. Некои луѓе дури без страв со гола рака ги фаќаат змиите што се обидуваат да ги заобиколат нишаните и ги ставаат врз нив. Се верува дека ако змијата мине преку нишанот и болниот ќе оздрави, жената без деца ќе роди, девојката ќе се омажи, момчето ќе се ожени итн.

Познатиот бугарски истражувач Христо Вакарелски во ова село престојувал на денот на празникот во 1943 година. И тој сведочи дека во местото Змијарник имало многу народ дојден поради празникот и поради обичаите и верувањата поврзани со змиите. „Пред сè треба да се спомене дека во тоа село длабоко се верува, дека на тој ден змиите излегуваат од дупките за прв пат таа пролет и стојат надвор на припек цел ден, а потоа пак се прибираат, за да дочекаат уште потопли денови. Се смета, дека тие ќе излезат дури и ако времето не е добро“, пишува Вакарелски. „Утре да тражиш змија, не ќе намериш, денеска само искачаат навонка.“ „Овој ден е ден на змите!“- му велеле селаните. Се верувало дека на тој ден змиите не касаат, а и ако каснат не се отровни. Затоа можело да бидат фаќани. Освен тоа народот верувал дека ако на тој ден змијата се допре до облека на човек тој ќе биде среќен преку годината. Затоа некои луѓе барале по камењата да најдат змија, ги фаќале и потоа ги пуштале да минат преку крпи, шамии, скутници, или друга облека. Тоа особено им значело на жените што немале деца или тие што сакале да имат уште деца. На истражувачот му велеле дека ридот на 300 метри од селото во правец на Вучидол бил „цел змијарник“. Тука некои луѓе утрината фаќале змии околу кои се собирале млади моми, момци, но и постари жени и возрасни мажи кои имале потреба од тој ритуал, тие ставале облека и луѓето што фатиле змии ги пуштале да минат преку облеката. Ако змијата минела преку облеката сметале дека тоа е добро, но ако не минела ја преместувале облеката пред змијата и тоа го правеле сè додека змијата мине преку неа. Тоа е можно, бидејќи во тие денови на раната пролет змите се движат бавно и тромо.

Во минатото пред дваесетина години, ‒ пишува Вакарелски ‒ како дел од обичајоит биле и песните и ората од страна на девојките пред дупките на змиите. Кога жените не пееле, момците свиреле на шупелки. И во едниот и во другиот случај верувале дека на тој начин ги подмамуваат змиите да излезат надвор и ги фаќале. Сега ‒ вели Вакарелски, тоа не се прави. Фатените змии, најчесто пепелашки, по завршувањето на обичајиот ги пуштаат во блиските карпи или во шумата. „На денот, на Младенци, змија не се убива, греота е!“ Така направија и денес и не се согласија да ја убијат како што им предложив. „На друг ден може, ама денеска не!“ ‒ рекоа, вели Вакарелски во овој запис.

Во врска со култот кон змиите во ова и соседните села има и други верувања. Така на пр. неженети момчиња и немажени девојки носат во себе зрно грав проврено низ устата на пресечена змиска глава и веруваат дека со тоа побрзо ќе се оженат и омажат. Исто така, момче што ќе најдело змиска кошула и ќе ја ставело врз своето тело ќе се оженело со девојката што ја сакало.

Вечерта спроти празникот, младите, девојките и момчињата, изведувале повеќе обичаи т.н. гатање за брак, преку кои настојувале да ги дознаат своите идни брачни другари. Тоа го правеле на различни начини. Во Гевгелиско како што пишува Стефан Тановиќ вечерта спроти празникот, во мракот, девојките сечеле прачка од дудинка (црница, муренка) и ја ставале како мост преку некоја бразда или поток велејќи: „Који ми е удилен ваја вечер, нека дојде на воја мост да пумине и уф нас да дојде!“ Овие зборови ги повторувала три пати и верувала дека ноќта ќе го сони момчето за кое ќе се омажи. Некои пак ова гатање го правеле на следниов начин: Вечерта спроти празникот земале три стракови коприва, секој посебно го врзувале со црвен конец и го наменувале на по едно момче. Утрото викале некоја своја другарка да одбере еден страк од копривите што ќе означува нејзиното момче, идниот брачен другар.

Слични обичаи и верувања се правеле и во Разлошко. Како што е запишано во зборникот на браќата Молерови и таму девојките оделе надвор од селото кај некоја вода и плетеле мосчиња од врбови прачки. Притоа велеле: „Тој што ми е на касметот, да ме преведе преку мостот“. Вечерта на вечерата првиот залак скришум го вадела од устата и го ставала под перницата. Верувала дека ноќта ќе сонуваат како стои на мостот, а момчето како и вика: „Мори дај рака да те преведа, ти нема да минеш по тој мост“.

Во селото Елешница (Разлошпко) имало обичај вечерта спроти прзникот да се собираат 40 бели камчиња што се ставле во ќошовите на дневната соба. Утрото на празникот тие се враќале во реката пред да изгрее сонцето и се верувало дека на тој начин ќе се обезбеди здравје за целото семејство.

Во Штип од 40-те камчиња што од Исарот ги фрлале кон Брегалница младите неженети и немажени оставале едно за себе, го носеле дома и вечерта го ставале под перницата. Верувале дека тој што ќе го сонат таа вечер ќе биде нивниот иден брачен другар.

Имало и други начини младите да го дознаат својот иден брачен другар. На попретки земале памук, усукувале два конца, ги ставале еден до друг и заедно ги запалувале. Ако изгореле до крај значело дека сигурно ќе се земат.

Сонот таа ноќ никогаш не лаже, верувале во Гевгелиско, се вели во еден запис од Гевгелиско објавен во „Македонски преглед“ од 1926 година, каде што е објавено и едно интересно кажување на баба Марија од село Милетково, која кога била девојка врзувала по две прачки со црвен конец и вечерта ги ставала над браздата како мовче, верувајќи дека ќе го сони момчето за кое ќе се омажи. „Три години по ред како мома правев мосчиња и трите години го сонував мојов дедо. И ми беше многу мака, зашто не го сакав, друг си имав на ум. Божичко колку сакав да го сонам тој што ми беше на ум, но не се случи. Мојов дедо го сонував и за него се омажив. Сонот во тој ден не е лажовен“.

Со празникот Свети четириесет маченици или Младенци се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. во Радовиш овој ден бил празник на ковачите и тогаш се одело на визита кај членовите на овој еснаф. За таа цел во семејствата на ковачите се набавувала пченица, половината ја мелеле брашно и меселе проскури, а другата половина ја вареле. Оделе во црква, а по службата раздавале од пченицата и проскурите.

На овој празник се изведувале и обичаи со кои се прогнозирало колку ќе биде родна годината. Утрото веднаш по станувањето се земала првата гранка до која ќе се допрел човекот, таа се горела и пепелта од неа се сеела. Потоа се гледале покрупните остатоци во ситото. Ако личеле на пченица таа година повеќе ќе родела пченицата, ако личеле на пченка, просо или нешто друго значело дека овие земјоделски култури ќе родат повеќе.

Во минатото овој празник во Македонија го празнувало не само македонското христијанско население туку и муслиманското кое го именувало како „Султан Нефруз“.

Очигледно е дека во минатото во Македонија со празникот „Свети четириесет маченици“ биле поврзани голем број обичаи и верувања. Еден дел од нив се поврзани со споменот за светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамнодневница, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.

Денес, многу од овие обичаи се заборавени. Но, сепак, празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Од понов датум е обичајот на Младенци да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника.

The post Денеска е Младенци, ова се адетите за празникот на младоста, љубовта и убавината appeared first on Република.

]]>

Денеска православните верници го слават Свети 40 маченици во Севастија (Младенци) Празник на младоста и љубовта Празникот на пролетта 22 март (9 март, стар стил) младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера. Именден празнуваат: Младен, Младенка и др. Житието за Светите четириесет маченици, како и повеќето народни преданија за нив, меѓусебно малку се разликуваат, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не сакале да се откажат од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се премисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал. Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле. Според друго предание војниците биле исечени со меч откако ја преживеале ноќта во студената вода, а според трето, езерската вода што се смрзнувала, кога ги фрлиле војниците почнала да се одмрзнува, светлосните венци над главите ги штителе од смрзнување. Војводата и другите мачители биле изненадени кога утрото ги виделе живи и пак ги фрлиле во водата откако претходно им ги скршиле коските. Но тогаш четириесетте маченици му се јавиле на епископот Петар и побарале нивните мошти да бидат извадени од езерото. Споменот за четириесетте маченици нашол одраз и во македонските народни преданија. Така на пр., преданието од Гевгелиско раскажува дека во старите времиња кога неверниците го прогонувале секој што ќе се покрстел и ќе ја примел Христовата вера, имало некој човек што имал 40 синови. Кога станале христијани ги оковале во синџири и ги фрлиле во темница, каде што умреле. Но набрзо потоа христијанството зело замав и станало многу силно, поради што споменот за нив се празнува до денес. Преданието од Струшко, пак, вели дека четириесетте маченици биле деца кои Евреите ги мачеле за да го кажат Исуса. Кога не успеале да ги придобијат ниту со ветувања, ниту со казни, решиле да ги погубат. Им дале црна волна и им заповедале со перење да ја направат бела, а потоа ги убиле осветувајќи им се за нивната приврзаност кон Исус Христос. Поголем број обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со бројот 40 во спомен на четириесетте маченици од Севастија. Собирачите на македонски фолклорни и етнографски материјали од половината на минатиот век до денес запишале повеќе вакви обичаи и верувања. Така на пр. Кузман Шапкарев сведочи дека „на 9 март (стар стил) споменот на 40-те маченици, се празнува со некои особености“. Тој сведочи дека спроти празникот собирале 40 полжави, потоа правеле 40 сарми со ориз и расол, а на ручекот пиеле по 40 чаши вино во спомен на 40-те маченици. И Ефтим Спространов запишал дека за овој празник во Охрид се правеле 40 сарми, се јаделе уште и 40 полжави, 40 ракови итн. Во Разлошко, во пиринскиот дел на Македонија, како што запишале браќата Костадин и Димитар Молерови секој требало да направи 40 метании пред Господ, од полето да донесе 40 прачки, 40 билки и 40 ракови од реката, итн. Миленко С. Филиповиќ запишал дека во Скопската Котлина пиеле 40 чаши ракија, а Стефан Тановиќ во богатите записи од Гевгелиско сведочи дека на овој ден береле и прачки „четрирасат биз едно-за сновајне“. Од поновите записи ќе ги споменеме сведоштвото на Зорка Делиниколова, дека во Радовиш се варела пченка од која секој апнувал по 40 зрна за да се заварат (затечат) 40 бучуци жито во амбарите, а освен што пиеле 40 чаши ракија и саделе 40 корења во нивата. Во Кумановско, пак, како што запишал Велимир Николов на овој ден ништо не се садело зашто немало да никне 40 дена. На овој ден интересни обичаи се правеле во Штип. Александар Донски пишува дека во овој град луѓето оделе на Исарот од каде што секој фрлал по 40 камчиња кон Брегалница, а дома правеле 40 теганици за јадење. Во селото Елешница, Разлошко, според еден современ запис, вечерта спроти празникот од реката донесувале 40 камчиња и ги ставеле во ќошовите на куќата и откако тука ќе преноќеле утрото пак ги фрлале во реката. Тоа се правело за здравје на куќата. Во таа смисла камчињата што ги собирале задолжително требало да бидат бели. Денот на пролетната рамнодневница според многумина е вистински почеток на пролетта. Наголемениот ден во однос на оној во текот на зимата, посилното сонце, појавата на птиците преселници, враќањето на вегетацијата, во свеста на човекот создавале мислење дека е поминат критичниот период и дека во секој поглед доаѓаат поубави денови. Во таа смисла се и повеќе обичаи верувања поврзани со некои птици и растенија. Се мисли дека до овој празник денот е зголемен толку колку што може да скокне петел од прагот. Во врска со верувањето дека со овој ден започнува вистинската пролет е и обичајот да се јаде нешто зелено (зелен ручек) со што се означува сиромашкото лето, период во кој, како што се вели, не се умира за храна, зашто таа може и на трн да се најде. Некои со ова верување ја поврзуваат и пословицата: „Не умри магаре до зелена трева.“ Во повеќе краишта на Македонија со овој ден е поврзано враќањето на птиците преселници. Во Велешко, како што забележал Д. Матов, на овој ден ластовиците иделе од арапска земја, во с. Елешница, Разлошко, секогаш на овој ден доаѓал штркот, а и во струшки Дримкол на овој ден се очекувало доаѓањето на птиците преселници. Во врска со тоа е и верувањето дека ако човекот гладен (на гладно срце, како што се вели) слушне пеење на овие птици, (ластовици, кукавица, пупунец и др.) ќе биде разбиен од нив, ќе се разболи или не ќе има напредок во текот на целата година. Во таа смисла е и записот на Јордан Хаџи Константинов-Џинот објавен во „Цариградски весник“ од 1852 година: „Деветти март кога ќе влезе, сите, мали и големи треба уште во постела да каснат по еден залак леб, за да не ги „пробие“ ненадејно ластовица, дури до Благовец. Исто така, ќе се чуваат и од штрк, да не го видат со боси нозе, т.е. без чевли.“ Во Скопско верувале дека ако ги разбие пупунецот ќе им смрди душата, а ако ги разбие грлицата многу ќе кршат садови во текот на годината. Колку ластовици ќе видел човек на овој ден со толку облека ќе се подновел во текот на годината. Извесен број обичаи и верувања се поврзани со растенијата. Во таа смисла интересен е записот на Стефан Верковиќ од Долновардарско, егејскиот дел на Македонија, во кој се вели дека „Спроти Свети четиријсат (9 марта) през ноќта секое дрво и растение си наведува врвут да си бакнува коренут. От тоги веке факе да расте.“ И други запишувачи на македонски народни верувања забележале дека до тој ден на растенијата растеле само листовите, а од овој ден растеле гранките откако ќе им се поклонеле на корењата и ќе ги бакнеле. Празникот на Светите 40 маченици, познат во народот и како Маченици но и Мучејнци, а најчесто како Младенци се држи како тежок празник и тогаш ништо не се работи. На овој ден се вели дека и пилците не правеле седело. Во Разлошко не смееле да фатат гребни, конци, игла или метла за да не гледаат змии. Сепак, во други краишта жените пред сонце ги метеле дворовите за да ги затече чисти сиромашкото лето. Особено жените внимаваат да не месат зашто во текот на летото ќе имаат многу стоногалки во ношвите и на другите места каде што се чуваат лебот и брашното. Во некои места, пак, иако на овој ден не се работи чинело да се калеми. Исто така, мажите прошетувале низ полето да ги видат посевите, да позавршат некои работи и да испијат за адет, 40 чаши ракија. Во Гевгелиско над вратите обесувале коприви, како растение кое ги одбива несреќите. Исто така, утрото луѓето каснувале лук и се намачкувале со него под мишките за да не се потат при работата и змиите да бегаат од нив. Како период кога се затоплуваат воздухот и земјата во некои краишта се верува дека на овој ден излегуваат змиите од дупките. Интересни обичаи поврзани со култот кон змиите, и со верувањето во нивната исцелителна моќ сè уште се изведуваат во с. Орман кај Скопје. Според записите на повеќемина истражуважи, во минатото Миленко Филиповиќ, во наше време Лепа Спировска и др. во местото Змијарник, кај црквата што го носи името „Свети четириесет маченици“ во близината на селото на овој ден се собира многу народ, не само од ова и соседните села туку од цела Скопска Котлина. Особено доаѓаат лица на кои им се потребни лек и друга магиска помош: болни, жени што немаат деца, девојки што не можат да се омажат или момчиња што не можат да се оженат и сл. Тие, пред дупките од каде што се очекува излегувањето на змиите, ставаат разни нишани, најчесто облека (кошули, џемпери и сл.) и со нетрпение очекуваат змиите да излезат и да поминат преку нишаните. Некои луѓе дури без страв со гола рака ги фаќаат змиите што се обидуваат да ги заобиколат нишаните и ги ставаат врз нив. Се верува дека ако змијата мине преку нишанот и болниот ќе оздрави, жената без деца ќе роди, девојката ќе се омажи, момчето ќе се ожени итн. Познатиот бугарски истражувач Христо Вакарелски во ова село престојувал на денот на празникот во 1943 година. И тој сведочи дека во местото Змијарник имало многу народ дојден поради празникот и поради обичаите и верувањата поврзани со змиите. „Пред сè треба да се спомене дека во тоа село длабоко се верува, дека на тој ден змиите излегуваат од дупките за прв пат таа пролет и стојат надвор на припек цел ден, а потоа пак се прибираат, за да дочекаат уште потопли денови. Се смета, дека тие ќе излезат дури и ако времето не е добро“, пишува Вакарелски. „Утре да тражиш змија, не ќе намериш, денеска само искачаат навонка.“ „Овој ден е ден на змите!“- му велеле селаните. Се верувало дека на тој ден змиите не касаат, а и ако каснат не се отровни. Затоа можело да бидат фаќани. Освен тоа народот верувал дека ако на тој ден змијата се допре до облека на човек тој ќе биде среќен преку годината. Затоа некои луѓе барале по камењата да најдат змија, ги фаќале и потоа ги пуштале да минат преку крпи, шамии, скутници, или друга облека. Тоа особено им значело на жените што немале деца или тие што сакале да имат уште деца. На истражувачот му велеле дека ридот на 300 метри од селото во правец на Вучидол бил „цел змијарник“. Тука некои луѓе утрината фаќале змии околу кои се собирале млади моми, момци, но и постари жени и возрасни мажи кои имале потреба од тој ритуал, тие ставале облека и луѓето што фатиле змии ги пуштале да минат преку облеката. Ако змијата минела преку облеката сметале дека тоа е добро, но ако не минела ја преместувале облеката пред змијата и тоа го правеле сè додека змијата мине преку неа. Тоа е можно, бидејќи во тие денови на раната пролет змите се движат бавно и тромо. Во минатото пред дваесетина години, ‒ пишува Вакарелски ‒ како дел од обичајоит биле и песните и ората од страна на девојките пред дупките на змиите. Кога жените не пееле, момците свиреле на шупелки. И во едниот и во другиот случај верувале дека на тој начин ги подмамуваат змиите да излезат надвор и ги фаќале. Сега ‒ вели Вакарелски, тоа не се прави. Фатените змии, најчесто пепелашки, по завршувањето на обичајиот ги пуштаат во блиските карпи или во шумата. „На денот, на Младенци, змија не се убива, греота е!“ Така направија и денес и не се согласија да ја убијат како што им предложив. „На друг ден може, ама денеска не!“ ‒ рекоа, вели Вакарелски во овој запис. Во врска со култот кон змиите во ова и соседните села има и други верувања. Така на пр. неженети момчиња и немажени девојки носат во себе зрно грав проврено низ устата на пресечена змиска глава и веруваат дека со тоа побрзо ќе се оженат и омажат. Исто така, момче што ќе најдело змиска кошула и ќе ја ставело врз своето тело ќе се оженело со девојката што ја сакало. Вечерта спроти празникот, младите, девојките и момчињата, изведувале повеќе обичаи т.н. гатање за брак, преку кои настојувале да ги дознаат своите идни брачни другари. Тоа го правеле на различни начини. Во Гевгелиско како што пишува Стефан Тановиќ вечерта спроти празникот, во мракот, девојките сечеле прачка од дудинка (црница, муренка) и ја ставале како мост преку некоја бразда или поток велејќи: „Који ми е удилен ваја вечер, нека дојде на воја мост да пумине и уф нас да дојде!“ Овие зборови ги повторувала три пати и верувала дека ноќта ќе го сони момчето за кое ќе се омажи. Некои пак ова гатање го правеле на следниов начин: Вечерта спроти празникот земале три стракови коприва, секој посебно го врзувале со црвен конец и го наменувале на по едно момче. Утрото викале некоја своја другарка да одбере еден страк од копривите што ќе означува нејзиното момче, идниот брачен другар. Слични обичаи и верувања се правеле и во Разлошко. Како што е запишано во зборникот на браќата Молерови и таму девојките оделе надвор од селото кај некоја вода и плетеле мосчиња од врбови прачки. Притоа велеле: „Тој што ми е на касметот, да ме преведе преку мостот“. Вечерта на вечерата првиот залак скришум го вадела од устата и го ставала под перницата. Верувала дека ноќта ќе сонуваат како стои на мостот, а момчето како и вика: „Мори дај рака да те преведа, ти нема да минеш по тој мост“. Во селото Елешница (Разлошпко) имало обичај вечерта спроти прзникот да се собираат 40 бели камчиња што се ставле во ќошовите на дневната соба. Утрото на празникот тие се враќале во реката пред да изгрее сонцето и се верувало дека на тој начин ќе се обезбеди здравје за целото семејство. Во Штип од 40-те камчиња што од Исарот ги фрлале кон Брегалница младите неженети и немажени оставале едно за себе, го носеле дома и вечерта го ставале под перницата. Верувале дека тој што ќе го сонат таа вечер ќе биде нивниот иден брачен другар. Имало и други начини младите да го дознаат својот иден брачен другар. На попретки земале памук, усукувале два конца, ги ставале еден до друг и заедно ги запалувале. Ако изгореле до крај значело дека сигурно ќе се земат. Сонот таа ноќ никогаш не лаже, верувале во Гевгелиско, се вели во еден запис од Гевгелиско објавен во „Македонски преглед“ од 1926 година, каде што е објавено и едно интересно кажување на баба Марија од село Милетково, која кога била девојка врзувала по две прачки со црвен конец и вечерта ги ставала над браздата како мовче, верувајќи дека ќе го сони момчето за кое ќе се омажи. „Три години по ред како мома правев мосчиња и трите години го сонував мојов дедо. И ми беше многу мака, зашто не го сакав, друг си имав на ум. Божичко колку сакав да го сонам тој што ми беше на ум, но не се случи. Мојов дедо го сонував и за него се омажив. Сонот во тој ден не е лажовен“. Со празникот Свети четириесет маченици или Младенци се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. во Радовиш овој ден бил празник на ковачите и тогаш се одело на визита кај членовите на овој еснаф. За таа цел во семејствата на ковачите се набавувала пченица, половината ја мелеле брашно и меселе проскури, а другата половина ја вареле. Оделе во црква, а по службата раздавале од пченицата и проскурите. На овој празник се изведувале и обичаи со кои се прогнозирало колку ќе биде родна годината. Утрото веднаш по станувањето се земала првата гранка до која ќе се допрел човекот, таа се горела и пепелта од неа се сеела. Потоа се гледале покрупните остатоци во ситото. Ако личеле на пченица таа година повеќе ќе родела пченицата, ако личеле на пченка, просо или нешто друго значело дека овие земјоделски култури ќе родат повеќе. Во минатото овој празник во Македонија го празнувало не само македонското христијанско население туку и муслиманското кое го именувало како „Султан Нефруз“. Очигледно е дека во минатото во Македонија со празникот „Свети четириесет маченици“ биле поврзани голем број обичаи и верувања. Еден дел од нив се поврзани со споменот за светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамнодневница, со денот на пролетта и повторното оживување на природата. Денес, многу од овие обичаи се заборавени. Но, сепак, празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Од понов датум е обичајот на Младенци да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника.

The post Денеска е Младенци, ова се адетите за празникот на младоста, љубовта и убавината appeared first on Република.

]]>
Mладенци организирале лажна свадба за која не платиле во ресторанот, згора на тоа зетот испаднал дека е геј https://republika.mk/scena/estrada/mladenci-organizirale-lazna-svadba-za-koja-ne-platile-vo-restoranot-zgora-na-toa-zetot-ispadnal-deka-e-gej/ Sat, 26 Nov 2022 20:36:11 +0000 https://republika.mk/?p=578577

Познат српски манекен ја направил измамата на деценијата во Србија.Тој минатиот викенд организирал свадба со својата навидум девојка Емилија Селаковиќ.

Се би било нормално ако не се окрило дека свадбата не била лажна и дека тие воопшто не биле во врска.

Карло Швоња дошол до генијален план како да дојде до пари кои ќе му ги донесат како подароци роднините и пријателите па закажал свадба во елитен ресторан. Кога дошле да го потпишат договорот на менаџерот на ресторанот му рекол дека нема пари за депозит од 10 отсто и дека ќе плати само пет, односно околу 500 евра. Згора на тоа на одговорните од ресторанот им рекол тие да се погрижат за декорација, фото и камера и оти ќе платат се одеднаш.

Кога свадбата почнала келнерите почустувале дека нешто не е во ред и оти гостите не играат и се однесуваат чудно. Згора на тоа невестата пиела на големо иако им кажала дека е трудна. Кога свадбата била при крај младоженецот им рекол забавата да продолжи во еден сплав и оти се тој ќе плати.Гостите отишле и пред крајот се случила вистинска драма. Зетот и невестата почнале да се караат дека наводоно тој имал афера осо некоја девојка во клубот и морало да интерненира обезбедувањето да ги отстрани од клубот.

Роднините и пријателите дознале дека тоа било местено за самите да си ја платат сметката која била 1000 евра.

Кога другиот дел младоженецот дошол да ја плати сметката од околу 8000 евра им рекол дека нема пари бидејќи не може да извади од картицата од Кина каде што работел и дека ќе им плати за неколку дена.

Кога поминала една недела газдата од ресторанот разбрал дека е измамен и ги информирал медумите. Шокот следувал откако од пријатели на младоженецот разбрал дека тој е геј и дека планот му било да ги собере парите од подароците и да избега во Кина.

Случајот бил пријавен и во полиција од каде му рекле дека се немоќни и дека треба да поднесе приватна тужба за младенците.

The post Mладенци организирале лажна свадба за која не платиле во ресторанот, згора на тоа зетот испаднал дека е геј appeared first on Република.

]]>

Познат српски манекен ја направил измамата на деценијата во Србија.Тој минатиот викенд организирал свадба со својата навидум девојка Емилија Селаковиќ. Се би било нормално ако не се окрило дека свадбата не била лажна и дека тие воопшто не биле во врска. Карло Швоња дошол до генијален план како да дојде до пари кои ќе му ги донесат како подароци роднините и пријателите па закажал свадба во елитен ресторан. Кога дошле да го потпишат договорот на менаџерот на ресторанот му рекол дека нема пари за депозит од 10 отсто и дека ќе плати само пет, односно околу 500 евра. Згора на тоа на одговорните од ресторанот им рекол тие да се погрижат за декорација, фото и камера и оти ќе платат се одеднаш. Кога свадбата почнала келнерите почустувале дека нешто не е во ред и оти гостите не играат и се однесуваат чудно. Згора на тоа невестата пиела на големо иако им кажала дека е трудна. Кога свадбата била при крај младоженецот им рекол забавата да продолжи во еден сплав и оти се тој ќе плати.Гостите отишле и пред крајот се случила вистинска драма. Зетот и невестата почнале да се караат дека наводоно тој имал афера осо некоја девојка во клубот и морало да интерненира обезбедувањето да ги отстрани од клубот. Роднините и пријателите дознале дека тоа било местено за самите да си ја платат сметката која била 1000 евра. Кога другиот дел младоженецот дошол да ја плати сметката од околу 8000 евра им рекол дека нема пари бидејќи не може да извади од картицата од Кина каде што работел и дека ќе им плати за неколку дена. Кога поминала една недела газдата од ресторанот разбрал дека е измамен и ги информирал медумите. Шокот следувал откако од пријатели на младоженецот разбрал дека тој е геј и дека планот му било да ги собере парите од подароците и да избега во Кина. Случајот бил пријавен и во полиција од каде му рекле дека се немоќни и дека треба да поднесе приватна тужба за младенците.

The post Mладенци организирале лажна свадба за која не платиле во ресторанот, згора на тоа зетот испаднал дека е геј appeared first on Република.

]]>
Утре е голем празник посветен на младите брачните парови: Ова се обичаите https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/utre-e-golem-praznik-posveten-na-mladite-brachnite-parovi-ova-se-obichaite/ Mon, 21 Mar 2022 13:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=476115

Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат.

Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на денешен ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.

Празникот на пролетта 22 март младите брачни парови го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.

Житијата за Светите четириесет маченици како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле.

Како што запишал фолклористот Марко Китевски, тој ден ден во повеќе краишта на Македонија е поврзан и со враќањето на птиците преселници, а извесен број обичаи и верувања се поврзани со растенијата. Еден дел од нив, вели Китевски се поврзани со споменот за Светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамнодневица, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.

Денес многу од овие обичаи се заборавени. Но сепак празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Од понов датум е обичајот на Младенци да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника.

The post Утре е голем празник посветен на младите брачните парови: Ова се обичаите appeared first on Република.

]]>

Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат. Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на денешен ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче. Празникот на пролетта 22 март младите брачни парови го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера. Житијата за Светите четириесет маченици како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал. Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле. Како што запишал фолклористот Марко Китевски, тој ден ден во повеќе краишта на Македонија е поврзан и со враќањето на птиците преселници, а извесен број обичаи и верувања се поврзани со растенијата. Еден дел од нив, вели Китевски се поврзани со споменот за Светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамнодневица, со денот на пролетта и повторното оживување на природата. Денес многу од овие обичаи се заборавени. Но сепак празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Од понов датум е обичајот на Младенци да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника.

The post Утре е голем празник посветен на младите брачните парови: Ова се обичаите appeared first on Република.

]]>