Млад отворен театар Archives - Република https://republika.mk/tema/mlad-otvoren-teatar/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Nov 2022 08:42:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Млад отворен театар Archives - Република https://republika.mk/tema/mlad-otvoren-teatar/ 32 32 47. Млад отворен театар во чест на еден од основачите – Љубиша Никодиновски Биш https://republika.mk/vesti/kultura/47-mlad-otvoren-teatar-vo-chest-na-eden-od-osnovachite-ljubisha-nikodinovski-bish/ Sun, 06 Nov 2022 09:04:56 +0000 https://republika.mk/?p=570274

Годинашното 47. издание на Младиот отворен театар – МОТ, еден од најстарите театарски фестивали во регионот со интернационална програма, ќе се одржи од 10 до 19 ноември, со 23 продукции односно 25 програмски активности.

Како што соопштија од Младинскиот културен центар (МКЦ), ова издание на МОТ е особена мотивција бидејќи се случува во годината на јубилејот „50 години МКЦ“, кога тимот на МКЦ одлучи и покрај сè – МОТ да го има!

Моќта на театарот и театарот на моќта, по 47. пат ќе пркоси и ќе „нервира“ со своето присуство и живост. Во годината на јубилејот „50 години МКЦ“ – Млад отворен театар направи програма со која ќе биде домаќин на театри од Словенија, Грција, Турција, Велика Британија, Србија, Црна Гора и Македонија, со најмал буџет во последните 20 години. Оваа година средствата за реализација на фестивалот ни се намалени за 60 проценти, но нашата одговорност кон безмалку половина век фестивалска историја нè предизвика да направиме уште еден програмски одличен фестивал, истакна Русе Арсов во името на тимот на МКЦ.

Фестивалската програма почнува со дуодрамата од домашна продукција на Народниот театар Битола со „Кислород“ на Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ, која, наведува тој, ја најавува и програмската определеност на фестивалот кон домашната продукција, во чест на повеќедеценискоти програмски уредник и директор на МОТ, Љубиша Никодиновски Биш, кој почина оваа година.

Годинешниот фестивал е во чест на еден од основачите на МОТ Љубиша Никодиновски Биш, кој почина оваа година. Во негов спомен востановуваме награда БИШ, која ќе се доделува на најдобра театарска претстава од домашна продукција меѓу две фестивалски изданија. За таа цел МКЦ како организатор, отвори повик на кој се пријавија 25 продукции, а на фестивалот ќе бидат прикажани осум селектирани претстави. Оценувањето на претставите го прави меѓународно жири. Инаку на 18 ноември имаме вечер токму посветена на Биш, дополнува Арсов.

Меѓународната фестивалска програма на МОТ почнува на 11 ноември со „Можат ли птиците да се забавуваат?“ по текст на Тијана Грумиќ, а во режија на Никола Исаковиќ, претставата на Битеф театар, која не потсетува дека светот не е и не треба да биде антропоцентирчен. Луѓето се само дел од природата која исто така има свое право да расте, да цвета, да лета, да пее, да трча, да врие, па и да се забавува.

Соработката на МКЦ со Атина и Епидариус фестивал од Грција, ја носи „Република Баклава“ на фестивалот, како и соработката со Апстракт театар од Велика Британија, кој стигнува со „Red planet“, а од регионот стигнуваат „Ана Каренина“ од Црна гора, „Блискост на допирот“ од Србија, „Under Construction“ и „Sad Sam Almost 6“ од Словенија.

Домашната продукција ќе ја претстават „Демони“ на Народниот театар Битола, потоа гостуваат НУЦК „Антон Панов“ – Струмица со „Циркуз Пирандело“, Турскиот театар со „Шопинг и факинг“, „Градот како сцена (Изгубени модернистички утопии)“ на ФРУ/АКТО, „ Скопјани“ на Театар за сите, „Глумици“ на Артопија, „Процес“ на Ивица Димитирјевиќ, „ Создаваме град, градиме иднина!“ на Симона Димковска.

МОТ годинава има богат танцов театар, меѓу нив „УПМ“ на ИКС на квадрат, „Go figure it out“ на Скопје танцов театар, „Популус“ Филип Петковски, како и „Јас сум ти“ на Искра Шукарова и Тереза Лазарев.

Фестивалот завршува со „Антитело“ дипломска претстава на ФДУ.

Зa дизајнот на овогодишното 47. издание на фестивалот е користена фотографија од делото „Отаде црнилото“ на уметникот Велимир Жерновски. Претставите ќе се играат на сцените на Младински културен центар, Public room и КЦ Јадро.

Билетите за претставите изнесуваат 300 денари и се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.

The post 47. Млад отворен театар во чест на еден од основачите – Љубиша Никодиновски Биш appeared first on Република.

]]>

Годинашното 47. издание на Младиот отворен театар – МОТ, еден од најстарите театарски фестивали во регионот со интернационална програма, ќе се одржи од 10 до 19 ноември, со 23 продукции односно 25 програмски активности. Како што соопштија од Младинскиот културен центар (МКЦ), ова издание на МОТ е особена мотивција бидејќи се случува во годината на јубилејот „50 години МКЦ“, кога тимот на МКЦ одлучи и покрај сè – МОТ да го има!
Моќта на театарот и театарот на моќта, по 47. пат ќе пркоси и ќе „нервира“ со своето присуство и живост. Во годината на јубилејот „50 години МКЦ“ – Млад отворен театар направи програма со која ќе биде домаќин на театри од Словенија, Грција, Турција, Велика Британија, Србија, Црна Гора и Македонија, со најмал буџет во последните 20 години. Оваа година средствата за реализација на фестивалот ни се намалени за 60 проценти, но нашата одговорност кон безмалку половина век фестивалска историја нè предизвика да направиме уште еден програмски одличен фестивал, истакна Русе Арсов во името на тимот на МКЦ.
Фестивалската програма почнува со дуодрамата од домашна продукција на Народниот театар Битола со „Кислород“ на Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ, која, наведува тој, ја најавува и програмската определеност на фестивалот кон домашната продукција, во чест на повеќедеценискоти програмски уредник и директор на МОТ, Љубиша Никодиновски Биш, кој почина оваа година.
Годинешниот фестивал е во чест на еден од основачите на МОТ Љубиша Никодиновски Биш, кој почина оваа година. Во негов спомен востановуваме награда БИШ, која ќе се доделува на најдобра театарска претстава од домашна продукција меѓу две фестивалски изданија. За таа цел МКЦ како организатор, отвори повик на кој се пријавија 25 продукции, а на фестивалот ќе бидат прикажани осум селектирани претстави. Оценувањето на претставите го прави меѓународно жири. Инаку на 18 ноември имаме вечер токму посветена на Биш, дополнува Арсов.
Меѓународната фестивалска програма на МОТ почнува на 11 ноември со „Можат ли птиците да се забавуваат?“ по текст на Тијана Грумиќ, а во режија на Никола Исаковиќ, претставата на Битеф театар, која не потсетува дека светот не е и не треба да биде антропоцентирчен. Луѓето се само дел од природата која исто така има свое право да расте, да цвета, да лета, да пее, да трча, да врие, па и да се забавува. Соработката на МКЦ со Атина и Епидариус фестивал од Грција, ја носи „Република Баклава“ на фестивалот, како и соработката со Апстракт театар од Велика Британија, кој стигнува со „Red planet“, а од регионот стигнуваат „Ана Каренина“ од Црна гора, „Блискост на допирот“ од Србија, „Under Construction“ и „Sad Sam Almost 6“ од Словенија. Домашната продукција ќе ја претстават „Демони“ на Народниот театар Битола, потоа гостуваат НУЦК „Антон Панов“ – Струмица со „Циркуз Пирандело“, Турскиот театар со „Шопинг и факинг“, „Градот како сцена (Изгубени модернистички утопии)“ на ФРУ/АКТО, „ Скопјани“ на Театар за сите, „Глумици“ на Артопија, „Процес“ на Ивица Димитирјевиќ, „ Создаваме град, градиме иднина!“ на Симона Димковска. МОТ годинава има богат танцов театар, меѓу нив „УПМ“ на ИКС на квадрат, „Go figure it out“ на Скопје танцов театар, „Популус“ Филип Петковски, како и „Јас сум ти“ на Искра Шукарова и Тереза Лазарев. Фестивалот завршува со „Антитело“ дипломска претстава на ФДУ. Зa дизајнот на овогодишното 47. издание на фестивалот е користена фотографија од делото „Отаде црнилото“ на уметникот Велимир Жерновски. Претставите ќе се играат на сцените на Младински културен центар, Public room и КЦ Јадро. Билетите за претставите изнесуваат 300 денари и се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.

The post 47. Млад отворен театар во чест на еден од основачите – Љубиша Никодиновски Биш appeared first on Република.

]]>