МКЦ 50 години Archives - Република https://republika.mk/tema/mkc-50-godini/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Feb 2022 07:39:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МКЦ 50 години Archives - Република https://republika.mk/tema/mkc-50-godini/ 32 32 По обвинувањата за плагијатура, МКЦ реши да го поништи конкурсот за лого за јубилејот https://republika.mk/vesti/po-obvinuvanjata-za-plagijatura-mkc-reshi-da-go-ponishti-konkursot-za-logo-za-jubilejot/ Mon, 14 Feb 2022 17:12:49 +0000 https://republika.mk/?p=458517

Младинскиот културен центар соопшти дека го поништува конкурсот за избор на идејно-графичко решение за целогодишна јубилејна програма „50 години МКЦ“.

Конкурсот за визуелно обликување на сите програми и активности во текот на целата 2022 година МКЦ го распиша на почетокот на годината и избра победник, но го дисквалификуваше поради плагијат на избраното решение. За плагијатизам беше обвинет и второпласираниот автор.

Намерата беше најискрена: како и многупати до сега, да ја вклучиме и јавноста, пред сѐ младите автори и преку формат на конкурс да избереме решение, кое сите заедно ќе нѐ обележи, поврзе, обедини и радува. Но, со оглед на ситуацијата и двојбата што произлезе по објавување на прворангираните решенија, а со цел враќање на позитивната енергија и самиот јубилеј, Програмскиот колегиум на МКЦ донесе одлука да не направи избор на идејно решение од апликациите и да го поништи конкурсот, информира МКЦ, заблагодарувајќи има се на 51 апликант на конкурсот и на комисијата.

The post По обвинувањата за плагијатура, МКЦ реши да го поништи конкурсот за лого за јубилејот appeared first on Република.

]]>

Младинскиот културен центар соопшти дека го поништува конкурсот за избор на идејно-графичко решение за целогодишна јубилејна програма „50 години МКЦ“. Конкурсот за визуелно обликување на сите програми и активности во текот на целата 2022 година МКЦ го распиша на почетокот на годината и избра победник, но го дисквалификуваше поради плагијат на избраното решение. За плагијатизам беше обвинет и второпласираниот автор.
Намерата беше најискрена: како и многупати до сега, да ја вклучиме и јавноста, пред сѐ младите автори и преку формат на конкурс да избереме решение, кое сите заедно ќе нѐ обележи, поврзе, обедини и радува. Но, со оглед на ситуацијата и двојбата што произлезе по објавување на прворангираните решенија, а со цел враќање на позитивната енергија и самиот јубилеј, Програмскиот колегиум на МКЦ донесе одлука да не направи избор на идејно решение од апликациите и да го поништи конкурсот, информира МКЦ, заблагодарувајќи има се на 51 апликант на конкурсот и на комисијата.

The post По обвинувањата за плагијатура, МКЦ реши да го поништи конкурсот за лого за јубилејот appeared first on Република.

]]>
Објавен е конкурсот за избор на идејно-графичко решение за јубилејот „50 години МКЦ“ https://republika.mk/vesti/kultura/objaven-e-konkursot-za-izbor-na-idejno-grafichko-reshenie-za-jubilejot-50-godini-mkc/ Mon, 10 Jan 2022 07:32:46 +0000 https://republika.mk/?p=442364

До 12 јануари е отворен Конкурсот за избор на идејно-графичко решение за визуелно обликување на програмите и активностите на Младинскиот културен центар (МКЦ) во 2022 година со цел создавање на визуелен идентитет и препознавање на јубилејот „50 години МКЦ“.

Право на пријава на конкурсот имаат сите локални, македонски дизајнери, уметници и креативци, самостојно или здружено.  Апликацијата и повеќе информации за конкурсот се достапни на: mkc.mk/vesti/mkc-povik-50-godini

Избраното решение ќе биде наградено со паричен износ од 50.000 денари.

The post Објавен е конкурсот за избор на идејно-графичко решение за јубилејот „50 години МКЦ“ appeared first on Република.

]]>

До 12 јануари е отворен Конкурсот за избор на идејно-графичко решение за визуелно обликување на програмите и активностите на Младинскиот културен центар (МКЦ) во 2022 година со цел создавање на визуелен идентитет и препознавање на јубилејот „50 години МКЦ“. Право на пријава на конкурсот имаат сите локални, македонски дизајнери, уметници и креативци, самостојно или здружено.  Апликацијата и повеќе информации за конкурсот се достапни на: mkc.mk/vesti/mkc-povik-50-godini Избраното решение ќе биде наградено со паричен износ од 50.000 денари.

The post Објавен е конкурсот за избор на идејно-графичко решение за јубилејот „50 години МКЦ“ appeared first on Република.

]]>