митрополит петар Archives - Република https://republika.mk/tema/mitropolit-petar/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 08:30:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png митрополит петар Archives - Република https://republika.mk/tema/mitropolit-petar/ 32 32 Митрополит Петар: Бараат во никаков контекст да нема „Македонија“ или „македонски“ https://republika.mk/vesti/makedonija/mitropolit-petar-baraat-vo-nikakov-kontekst-da-nema-makedonija-ili-makedonski/ Fri, 31 May 2024 13:22:39 +0000 https://republika.mk/?p=783400

Митрополитот Преспанско-Пелагониски Владиката Петар во интервју за емисијата „Аргумент+“ на ТВ24 вели дека за МПЦ-ОА била завршена работа дека условите од Вселенската патријаршија за издавање на томос - се неприфатливи.

Независно што одредени митрополити излегуваат во јавноста со поинакви тврдења, ние на пленарна седница на Синодот досега два пати застанавме зад овој став, а така очекуваме да биде и на претстојната пленарна синодска седница која се планира да се одржи кон крајот на јуни, вели владиката.

https://republika.mk/vesti/makedonija/baraat-da-se-otkazheme-od-imeto-mpts-i-makedonskata-dijaspora-otkri-g-g-stefan-za-baranata-na-vselenskata-patrijarshija/

Владиката Петар во емисијата „Аргумент+“ говореше за 4 услови наметнати од Вселенската патријаршија: Нашата црква да не се нарекува Македонска Православна Црква туку само Охридска Архиепископија, во ниеден контекст да не се употребува името Македонија ниту изведенка од него, натаму за јуриздикцијата на епархиите во странство и за признавање на Православната црква на Украина за која ставот на МПЦ ОА е дека ќе се признае кога ќе ја признаат сите помесни православни цркви, а околу условот за името на МПЦ, ставот е дека двојна формула можеби би била најоптимално решение, Вселенската патријаршија да не нарекува како што сака а нам да ни биде оставено да си се нарекуваме како што сакаме.

The post Митрополит Петар: Бараат во никаков контекст да нема „Македонија“ или „македонски“ appeared first on Република.

]]>

Митрополитот Преспанско-Пелагониски Владиката Петар во интервју за емисијата „Аргумент+“ на ТВ24 вели дека за МПЦ-ОА била завршена работа дека условите од Вселенската патријаршија за издавање на томос - се неприфатливи.
Независно што одредени митрополити излегуваат во јавноста со поинакви тврдења, ние на пленарна седница на Синодот досега два пати застанавме зад овој став, а така очекуваме да биде и на претстојната пленарна синодска седница која се планира да се одржи кон крајот на јуни, вели владиката.
https://republika.mk/vesti/makedonija/baraat-da-se-otkazheme-od-imeto-mpts-i-makedonskata-dijaspora-otkri-g-g-stefan-za-baranata-na-vselenskata-patrijarshija/ Владиката Петар во емисијата „Аргумент+“ говореше за 4 услови наметнати од Вселенската патријаршија: Нашата црква да не се нарекува Македонска Православна Црква туку само Охридска Архиепископија, во ниеден контекст да не се употребува името Македонија ниту изведенка од него, натаму за јуриздикцијата на епархиите во странство и за признавање на Православната црква на Украина за која ставот на МПЦ ОА е дека ќе се признае кога ќе ја признаат сите помесни православни цркви, а околу условот за името на МПЦ, ставот е дека двојна формула можеби би била најоптимално решение, Вселенската патријаршија да не нарекува како што сака а нам да ни биде оставено да си се нарекуваме како што сакаме.

The post Митрополит Петар: Бараат во никаков контекст да нема „Македонија“ или „македонски“ appeared first on Република.

]]>
Митрополит Петар: Се покажа дека прашањето за МПЦ не е канонско, туку политичко https://republika.mk/vesti/makedonija/mitropolit-petar-se-pokazha-deka-prashaneto-za-mpts-ne-e-kanonsko-tuku-politichko/ Sat, 25 May 2024 08:05:25 +0000 https://republika.mk/?p=781579

Митрополитот Петар рече дека барањата од Цариград, за кои пред неколку дена извести архиепискот охридски и македонски г.г Стефан, само уште еднаш потврдиле дека прашањето за добивањето на Томос за нас било само политичко, а не канонско.

https://republika.mk/vesti/makedonija/baraat-da-se-otkazheme-od-imeto-mpts-i-makedonskata-dijaspora-otkri-g-g-stefan-za-baranata-na-vselenskata-patrijarshija/

Ете сега веќе доаѓа до израз дека нашето прашање за црквата не било црковно туку било политичко и ден денеска од нас не се бара, не се кажува, не се тврди дека имаме било какви проблеми со каноничноста на црквата или со верата и учењето туку исклучиво од нас се бара да се откажеме од нашиот идентитет, потенцираше за „Сител“ Митрополитот Петар на одбележувањето на празникот на Светите Браќа Кирил и Методиј.

Во моментов добивањето на Томос од Цариград останува отворено прашање се до надминувањето на различните ставови.

The post Митрополит Петар: Се покажа дека прашањето за МПЦ не е канонско, туку политичко appeared first on Република.

]]>

Митрополитот Петар рече дека барањата од Цариград, за кои пред неколку дена извести архиепискот охридски и македонски г.г Стефан, само уште еднаш потврдиле дека прашањето за добивањето на Томос за нас било само политичко, а не канонско. https://republika.mk/vesti/makedonija/baraat-da-se-otkazheme-od-imeto-mpts-i-makedonskata-dijaspora-otkri-g-g-stefan-za-baranata-na-vselenskata-patrijarshija/ Ете сега веќе доаѓа до израз дека нашето прашање за црквата не било црковно туку било политичко и ден денеска од нас не се бара, не се кажува, не се тврди дека имаме било какви проблеми со каноничноста на црквата или со верата и учењето туку исклучиво од нас се бара да се откажеме од нашиот идентитет, потенцираше за „Сител“ Митрополитот Петар на одбележувањето на празникот на Светите Браќа Кирил и Методиј. Во моментов добивањето на Томос од Цариград останува отворено прашање се до надминувањето на различните ставови.

The post Митрополит Петар: Се покажа дека прашањето за МПЦ не е канонско, туку политичко appeared first on Република.

]]>
Митрополит Петар: Денес модерно е да се биде „хуман“ и „либерален“, a т.н. заедници наметнуваат свои права притоа газејќи и исмејувајќи се врз правата на различните од нив https://republika.mk/vesti/makedonija/mitropolit-petar-denes-moderno-e-da-se-bide-human-i-liberalen-a-t-n-zaednitsi-nametnuvaat-svoi-prava-pritoa-gazejki-i-ismejuvajki-se-vrz-pravata-na-razlichnite-od-niv/ Fri, 06 Jan 2023 11:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=594138

Бог со создавањето ни го даде највисокото нешто, образот и подобието, но, ние не го сочувавме, го изгубивме. Сега доаѓа Логосот Божји, прототипот на нашето создавање и го прима најниското, нашата природа, за да нè ослободи од трулежноста и за да го обнови садот кој се извалка и скрши, а исто така и за да нè ослободи од тиранијата на ѓаволот и да нè води кон нов живот, рече во своето Божикно послание, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, г. Петар.

Христос со Своето воплотување, и преку Своите чуда, покажа дека е Господар над природата, човекот, идолите и демоните, односно, над сите нешта кои ние сме склони да ги обожуваме. Со тоа Христос не сакаше само да ни покаже кој е Бог – Господарот на небото и земјата, туку дека коренот на сите наши падови и страдања се наоѓа во погрешното обожување, насочено кон созданието наместо кон Создателот, нагласи митрополитот г. Петар.

Ете, во нашата земја, иако се градат и осветуваат цркви за слава на Бога, истовремено и многу помасовно се отвораат казина, спортски обложувалници, разни ноќни клубови. На медиумите, а особено на интернет, иако е достапна православна духовна и религиозна содржина, многу позначително е пребарувана и посетувана содржина со соблазнителен карактер, и друг духовен отров, кој подлабоко и од наркоманијата го загадува современото општество, а особено најмладите. Еден од тие духовни отрови е тој што индоктринира – дека денес модерно е да се биде „хуман“ и „либерален“, да се биде подржувач на т.н. заедници и организации, кои пропагираат, наметнуваат свои права и слободи, притоа, газејќи и исмејувајќи се врз правата и слободата на различните од нив, особено врз религиозните, и уште подиректно, врз православните христијани. Ете, подржувањето на вакви создадени заедници, здруженија и организации, често и од јавни личности, кои имаат за цел искривување и изопачување на, од Бога дадениот образ, се смета за модерно и напредно, додека, пак, да се биде подржувач на Бога, на Црквата, на христијанските и семејните вредности, се смета за конзервативно и заостанато, посочи митрополитот г. Петар.

Во традиционалното Божикно послание, митрополитот г. Петар се осврна и на други актуелни општествени состојби и како што ги нарече богонеугодни дела, односно, да се посетуваат ноќни клубови, дискотеки и слични забавни места, каде се конзумира многу алкохол, а често и дрога, под дејство на создателот на неморалот – сатаната. Додека, пак, оние кои го посетуваат храмот Божји во неделите и празниците, посетуваат свети места низ православниот свет, се сметаат за примитивни и заостанати.

Најмасовното обожување кон созданието е тоа кое е насочено кон парите. Укажуваме и нагласуваме дека не е грев да се биде богат со труд и чесност, да се создава богатство и со него да се прават добри дела за спасение на душите, туку такво обожување на богатството, кое доведува до криминал, мито, корупција, лихварство, луксуз, бандатизам и со кое се стигнува во пеколот. Браќа и сестри – имаме избор! Достапен ни е Создателот, духовното, возвишеното, вечното; достапно ни е и созданието, материјалното, трулежното, минливото. Наше е што ќе одбереме! Наше е кој или што ќе обожуваме! Наше е по кој пат ќе одиме и какви дела зад нас ќе оставиме, рече митрополитот г. Петар

The post Митрополит Петар: Денес модерно е да се биде „хуман“ и „либерален“, a т.н. заедници наметнуваат свои права притоа газејќи и исмејувајќи се врз правата на различните од нив appeared first on Република.

]]>

Бог со создавањето ни го даде највисокото нешто, образот и подобието, но, ние не го сочувавме, го изгубивме. Сега доаѓа Логосот Божји, прототипот на нашето создавање и го прима најниското, нашата природа, за да нè ослободи од трулежноста и за да го обнови садот кој се извалка и скрши, а исто така и за да нè ослободи од тиранијата на ѓаволот и да нè води кон нов живот, рече во своето Божикно послание, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, г. Петар. Христос со Своето воплотување, и преку Своите чуда, покажа дека е Господар над природата, човекот, идолите и демоните, односно, над сите нешта кои ние сме склони да ги обожуваме. Со тоа Христос не сакаше само да ни покаже кој е Бог – Господарот на небото и земјата, туку дека коренот на сите наши падови и страдања се наоѓа во погрешното обожување, насочено кон созданието наместо кон Создателот, нагласи митрополитот г. Петар.