Митева Archives - Република https://republika.mk/tema/miteva/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 11:23:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Митева Archives - Република https://republika.mk/tema/miteva/ 32 32 Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само 3 месеци пораст на наплатата на приходите за 3 милијарди денари, или 9,2 % повеќе од истиот период лани https://republika.mk/vesti/ekonomija/miteva-znachitelen-napredok-vo-tsarinskata-uprava-za-samo-3-mesetsi-porast-na-naplatata-na-prihodite-za-3-milijardi-denari-ili-9-2-poveke-od-istiot-period-lani/ Tue, 15 Oct 2024 11:22:56 +0000 https://republika.mk/?p=827113

Со огромно задоволство како Влада сакаме да споделиме значајни достигнувања во Царинската управа. Во текот на изминативе три месеци, видовме значителен напредок во нашите операции кои се клучни за економската стабилност и интегритет на нашата држава, рече Митева на денешната прес конференција.

https://www.youtube.com/watch?v=6L290mbn3Fc

Најпрво, сакам да потенцирам дека Царинската управа успеа да собере над 24 отсто повеќе приходи од увозни давачки и акцизи во однос на претходниот квартал. Ова зголемување е јасен показател за нашата посветеност да го подобриме создавањето приходи и да обезбедиме ефикасно спроведување на нашите економски политики.

Второ и исто така многу важен податок е состојбата со наплатата која бележи раст. Имено, од 1 јули до 8 октомври има забележителен пораст на наплатата на приходите кои изнесуваат над 35 милијарди денари. Оваа бројка претставува зголемување од 3 милијарди денари, што бележи пораст од 9,2 отсто во однос на истиот период минатата година.

Овој раст ги нагласува нашите ефективни стратегии за начинот на работата и создавањето приходи. Подобрувањата направени во оперативните процеси, не само што ја подобруваат усогласеноста, туку и ја зајакнуваат нашата фискална позиција.

Дополнително, направени се значителни подобрувања во мерките за спроведување и регулатива. Заострените контроли доведоа до импресивно зголемување на изречените казни за 186 отсто. Ова пак, го покажува нашиот пристап на нулта толеранција кон прекршувањата и нашата посветеност на одржување на фер трговско опкружување.

Почитувани, овие достигнувања не се само бројки, тие ја претставуваат нашата посветеност на транспарентноста, отчетноста и заштитата на нашата економија.

Владата продолжува неуморно да работи за поттикнување на фер пазар и спречување недозволени активности.

Продолжиме да инвестираме во нашите системи кои ќе се прошират и во иднина.

The post Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само 3 месеци пораст на наплатата на приходите за 3 милијарди денари, или 9,2 % повеќе од истиот период лани appeared first on Република.

]]>

Со огромно задоволство како Влада сакаме да споделиме значајни достигнувања во Царинската управа. Во текот на изминативе три месеци, видовме значителен напредок во нашите операции кои се клучни за економската стабилност и интегритет на нашата држава, рече Митева на денешната прес конференција. https://www.youtube.com/watch?v=6L290mbn3Fc
Најпрво, сакам да потенцирам дека Царинската управа успеа да собере над 24 отсто повеќе приходи од увозни давачки и акцизи во однос на претходниот квартал. Ова зголемување е јасен показател за нашата посветеност да го подобриме создавањето приходи и да обезбедиме ефикасно спроведување на нашите економски политики. Второ и исто така многу важен податок е состојбата со наплатата која бележи раст. Имено, од 1 јули до 8 октомври има забележителен пораст на наплатата на приходите кои изнесуваат над 35 милијарди денари. Оваа бројка претставува зголемување од 3 милијарди денари, што бележи пораст од 9,2 отсто во однос на истиот период минатата година. Овој раст ги нагласува нашите ефективни стратегии за начинот на работата и создавањето приходи. Подобрувањата направени во оперативните процеси, не само што ја подобруваат усогласеноста, туку и ја зајакнуваат нашата фискална позиција. Дополнително, направени се значителни подобрувања во мерките за спроведување и регулатива. Заострените контроли доведоа до импресивно зголемување на изречените казни за 186 отсто. Ова пак, го покажува нашиот пристап на нулта толеранција кон прекршувањата и нашата посветеност на одржување на фер трговско опкружување. Почитувани, овие достигнувања не се само бројки, тие ја претставуваат нашата посветеност на транспарентноста, отчетноста и заштитата на нашата економија. Владата продолжува неуморно да работи за поттикнување на фер пазар и спречување недозволени активности. Продолжиме да инвестираме во нашите системи кои ќе се прошират и во иднина.

The post Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само 3 месеци пораст на наплатата на приходите за 3 милијарди денари, или 9,2 % повеќе од истиот период лани appeared first on Република.

]]>
Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме веднаш со покачување од октомвриската плата https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-platite-vo-obrazovanieto-do-2028-godina-ke-porasnat-minimum-46-pochnuvame-vednash-so-pokachuvane-od-oktomvriskata-plata/ Mon, 14 Oct 2024 11:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=826560

Владата презема чекори за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери и за таа цел, после опсежни преговори донесовме одлука да ги зголемиме платите на наставниците и професорите, и тоа: за 5% покачување почнувајќи од октомвриската плата којашто ќе биде исплатена во месец ноември оваа година, па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена во месец март 2025 година.

Она што е важно да се напомене е одлуката на Владата да продолжи со континуиран раст на платите на образовниот кадар, па затоа се зазема став веќе во месец март 2025 година да имаме покачување на платите од 7%. Во 2026 година во месец март во зависност од состојбата на Буџетот да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%. Дополнително, во 2027 година, и тоа повторно во зависност од состојбата на буџетот, да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%, додека пак во март 2028 година покачувањето да биде помеѓу 10 и 12 и пол %.

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Со овој пристап Владата се обврзува на континуиран раст на платите на образовниот кадар кој во 2028-та година би достигнал раст од минимум 46% повисока плата за сите во образовниот кадар за разлика од онаа којашто ја земаат денеска, во зависност од тоа која скала ќе биде применета, а тоа повторувам повторно ќе зависи од приходната страна на Буџетот.

Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат со креирање на партнерски дијалог со СОНК со кој се зазема став дека најдоцна до месец февруари идната година ќе биде донесен и Колективниот договор согласно горенаведената методологија и врз основа на истиот ќе се предвидат и овие, но и сите останати отворени прашања.

Со оваа мерка како Влада уште еднаш потврдуваме дека остануваме силен партнер, дека преку градење на искрен но аргументиран дијалог, и најважно со правична алокација на средствата од буџетот граѓаните, работниците, работодавачите и сите останати ќе имаат подобар животен стандард, а македонската држава ќе има стабилна и силна економија која тоа ќе го овозможи.

The post Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме веднаш со покачување од октомвриската плата appeared first on Република.

]]>

Владата презема чекори за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери и за таа цел, после опсежни преговори донесовме одлука да ги зголемиме платите на наставниците и професорите, и тоа: за 5% покачување почнувајќи од октомвриската плата којашто ќе биде исплатена во месец ноември оваа година, па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена во месец март 2025 година. Она што е важно да се напомене е одлуката на Владата да продолжи со континуиран раст на платите на образовниот кадар, па затоа се зазема став веќе во месец март 2025 година да имаме покачување на платите од 7%. Во 2026 година во месец март во зависност од состојбата на Буџетот да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%. Дополнително, во 2027 година, и тоа повторно во зависност од состојбата на буџетот, да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%, додека пак во март 2028 година покачувањето да биде помеѓу 10 и 12 и пол %. Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Со овој пристап Владата се обврзува на континуиран раст на платите на образовниот кадар кој во 2028-та година би достигнал раст од минимум 46% повисока плата за сите во образовниот кадар за разлика од онаа којашто ја земаат денеска, во зависност од тоа која скала ќе биде применета, а тоа повторувам повторно ќе зависи од приходната страна на Буџетот. Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат со креирање на партнерски дијалог со СОНК со кој се зазема став дека најдоцна до месец февруари идната година ќе биде донесен и Колективниот договор согласно горенаведената методологија и врз основа на истиот ќе се предвидат и овие, но и сите останати отворени прашања. Со оваа мерка како Влада уште еднаш потврдуваме дека остануваме силен партнер, дека преку градење на искрен но аргументиран дијалог, и најважно со правична алокација на средствата од буџетот граѓаните, работниците, работодавачите и сите останати ќе имаат подобар животен стандард, а македонската држава ќе има стабилна и силна економија која тоа ќе го овозможи.    

The post Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме веднаш со покачување од октомвриската плата appeared first on Република.

]]>
Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-vmro-dpmne-ke-podnese-pretstavka-do-dksk-za-razlichnite-imotni-listovi-na-venko-filipche-od-2018-i-2024/ Tue, 10 Sep 2024 10:51:23 +0000 https://republika.mk/?p=814922

,,Венко Филипче и СДС и понатаму молчат и не кажуваат зошто Филипче има два различни анкетни листови каде има разлика во недвижниот имот.

ВМРО-ДПМНЕ поаѓајќи од законските надлежности на ДКСК ќе поднесе претставка со копија од електронскиот приказ на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година, од кои јасно може да се заклучи дека податоците од двата анкетни листа не соодветсвуваат еден со друг.

Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 м2 изградена во 2017 година како и стан од 130 м2 стекнат како подарок во 2016 година. Додека пак на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2 стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.

Пратеникот Венко Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: Стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; Втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година кој исто така не го пријавил додека бил министер; Два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои исто така ги немал пријавено во анкетниот лист додека бил министер; и стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој исто така не го навел додека бил министер.

Очигледно е дека во 2024 година Венко Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил, а морал истото да го стори. Зошто не е пријавен тоа треба самиот Филипче да одговори, а институциите да истражат.

Очекуваме брза и транспарентна постапка.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник, челн на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 appeared first on Република.

]]>

,,Венко Филипче и СДС и понатаму молчат и не кажуваат зошто Филипче има два различни анкетни листови каде има разлика во недвижниот имот. ВМРО-ДПМНЕ поаѓајќи од законските надлежности на ДКСК ќе поднесе претставка со копија од електронскиот приказ на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година, од кои јасно може да се заклучи дека податоците од двата анкетни листа не соодветсвуваат еден со друг. Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 м2 изградена во 2017 година како и стан од 130 м2 стекнат како подарок во 2016 година. Додека пак на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2 стекнат со договор за купопродажба во 2010 година. Пратеникот Венко Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: Стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; Втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година кој исто така не го пријавил додека бил министер; Два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои исто така ги немал пријавено во анкетниот лист додека бил министер; и стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој исто така не го навел додека бил министер. Очигледно е дека во 2024 година Венко Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил, а морал истото да го стори. Зошто не е пријавен тоа треба самиот Филипче да одговори, а институциите да истражат. Очекуваме брза и транспарентна постапка.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник, челн на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 appeared first on Република.

]]>
Митева: 100 милиони евра во време на Ковид завршија во фирмите блиски до СДС и ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-100-milioni-evra-vo-vreme-na-kovid-zavrshija-vo-firmite-bliski-do-sds-i-dui/ Thu, 01 Aug 2024 09:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=802236

100 милиони евра за наводна помош на компаниите, но никој не знае за што, како и кај кого завршиле овие пари е само уште еден доказ за ограбена држава, истакнува портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Според власта на СДС и ДУИ, уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор требаше да биде погодна за 87 отсто од компаниите. Но каде завршуваа парите. Најверојатно се мислеше на „ИГМ Еленица“ која беше едно од претпријатијата добитник на државна помош за исплата на минимални плати за време на кризата предизвикана од коронавирусот. Со акционерското друштво управува Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев, додека Вице Заев, братот на тогаш актуелниот претседател беше Член на Управниот одбор. Вака завршуваа парите од т.н државна помош.

https://www.youtube.com/watch?v=O6Pjg8GGXNc&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fopserver.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Митева: 100 милиони евра во време на Ковид завршија во фирмите блиски до СДС и ДУИ appeared first on Република.

]]>

100 милиони евра за наводна помош на компаниите, но никој не знае за што, како и кај кого завршиле овие пари е само уште еден доказ за ограбена држава, истакнува портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.   „Според власта на СДС и ДУИ, уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор требаше да биде погодна за 87 отсто од компаниите. Но каде завршуваа парите. Најверојатно се мислеше на „ИГМ Еленица“ која беше едно од претпријатијата добитник на државна помош за исплата на минимални плати за време на кризата предизвикана од коронавирусот. Со акционерското друштво управува Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев, додека Вице Заев, братот на тогаш актуелниот претседател беше Член на Управниот одбор. Вака завршуваа парите од т.н државна помош. https://www.youtube.com/watch?v=O6Pjg8GGXNc&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fopserver.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Митева: 100 милиони евра во време на Ковид завршија во фирмите блиски до СДС и ДУИ appeared first on Република.

]]>
Митева: Криминалот на Ковачевски и Ахмети е причина за блокадата на Македонија во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-kriminalot-na-kovachevski-i-ahmeti-e-prichina-za-blokadata-na-makedonija-vo-eu/ Mon, 18 Dec 2023 11:40:38 +0000 https://republika.mk/?p=724271

СДС и ДУИ ја претворија надворешната политика во политички театар измислувајќи потези кои за Македонија значат изгубени 7 години кои не можат да се вратат никако. Дополнително, Ковачевски, Маричиќ и Османи преземаа чекори кои оставија ненадоместливи последици врз евеоинтегративниот пат на Македонија, велат од Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски наместо да ги предочи илузорните позиции кои ги има Бугарија пред високите претставници на ЕУ, тој неискусно и аматерски, политички неопортуно, прифати договор кој е на штета на државата и на македонскиот народ, иако за истото ниту имаше мандат од граѓаните. Преземањето на обврските кои СДС и ДУИ не беа способни да ги исполнат за нив беше само сламка за ден повеќе власт во која ќе крадат, корумпираат и уништуваат. И додека ја бараа поддршката за ден повеќе власт, тие крадеа. Тој криминал е регистриран и во Извештајот на ЕК – од Кривичниот законик, до Коридор 8 и 10Д, па завршува со корумпираното судство.

СДС и ДУИ ако малку покажеа државнички капацитет, да ги искористеа сите механизми кои велеа дека ги имаат, да ги замолеа пријателите со кои се фалеа да ја убедат Бугарија да ја напушти салата на кратко, ќе се изградеше подобра позиција за Македонија и сега нашата држава, заедно со Украина ќе ги започнеше преговорите со ЕУ.

Криминалот на Ковачевски и Ахмети ја чини Македонија нова блокада. Никој не гледа на Македонија како средена и правна држава, за жал поради власта на СДС и ДУИ Македонија за европските политичари не е спремна да ги започне преговорите во ваква несредена состојба во каква што се наоѓа.

Затоа на Македонија и е потребен комплетен рестарт, борба со криминалот и корупцијата и дипломатија со капацитет која ќе ја претставува Македонија достоинствено, додава Митева.

https://www.youtube.com/watch?v=uDAQ6vwRUI4

The post Митева: Криминалот на Ковачевски и Ахмети е причина за блокадата на Македонија во ЕУ appeared first on Република.

]]>

СДС и ДУИ ја претворија надворешната политика во политички театар измислувајќи потези кои за Македонија значат изгубени 7 години кои не можат да се вратат никако. Дополнително, Ковачевски, Маричиќ и Османи преземаа чекори кои оставија ненадоместливи последици врз евеоинтегративниот пат на Македонија, велат од Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Ковачевски наместо да ги предочи илузорните позиции кои ги има Бугарија пред високите претставници на ЕУ, тој неискусно и аматерски, политички неопортуно, прифати договор кој е на штета на државата и на македонскиот народ, иако за истото ниту имаше мандат од граѓаните. Преземањето на обврските кои СДС и ДУИ не беа способни да ги исполнат за нив беше само сламка за ден повеќе власт во која ќе крадат, корумпираат и уништуваат. И додека ја бараа поддршката за ден повеќе власт, тие крадеа. Тој криминал е регистриран и во Извештајот на ЕК – од Кривичниот законик, до Коридор 8 и 10Д, па завршува со корумпираното судство. СДС и ДУИ ако малку покажеа државнички капацитет, да ги искористеа сите механизми кои велеа дека ги имаат, да ги замолеа пријателите со кои се фалеа да ја убедат Бугарија да ја напушти салата на кратко, ќе се изградеше подобра позиција за Македонија и сега нашата држава, заедно со Украина ќе ги започнеше преговорите со ЕУ. Криминалот на Ковачевски и Ахмети ја чини Македонија нова блокада. Никој не гледа на Македонија како средена и правна држава, за жал поради власта на СДС и ДУИ Македонија за европските политичари не е спремна да ги започне преговорите во ваква несредена состојба во каква што се наоѓа. Затоа на Македонија и е потребен комплетен рестарт, борба со криминалот и корупцијата и дипломатија со капацитет која ќе ја претставува Македонија достоинствено, додава Митева. https://www.youtube.com/watch?v=uDAQ6vwRUI4

The post Митева: Криминалот на Ковачевски и Ахмети е причина за блокадата на Македонија во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Митева: Одлуката на ЕУ потврдува дека никој не сака да седи на иста маса со криминалците од СДС и ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-odlukata-na-eu-potvrduva-deka-nikoj-ne-saka-da-sedi-na-ista-masa-so-kriminaltsite-od-sds-i-dui/ Fri, 15 Dec 2023 13:02:58 +0000 https://republika.mk/?p=723326

Одлуките на вчерашниот Самит во Брисел покажаа дека Ковачевски и Османи водејќи погрешна надворешна политика ја донесоа Македонија во очајна ситуација, ова денеска преку прес-конференција го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Почетокот на преговорите за Украина и Молдавија е чекор кој ВМРО-ДПМНЕ го поздравува, но воедно покажува дека Македонија заслужува почеток на преговорите со ЕУ веднаш. Она што е најголем пораз за Македонија е Ковачевски кој деновиве во Брисел наместо да лобира за старт на преговорите тој лови руски коалиции и кажува измислици. На Македонија и треба премиер кој се бори за кауза, наместо политиканство. Очекуваме да води јасна политика и од ЕУ да побара итен почеток за преговори. Граѓаните со право го имаат впечатокот, дека Македонија не се изборила за поповолна позиција, како што тоа го направи Украина со сите свои недостатоци. Веќе три декади Македонија и македонскиот народ се жртва на слаби политичари, кои не знаат да се изборат за националните интереси. ЕУ веднаш. Ако власта беше способна да ја убеди ЕУ во вистинските вредности, за борба против криминалот и корупцијата, тогаш Бугарија не би била пречка. Но недвосмислено се потврдува дека политичарите од ЕУ и европските држави, не сакаат да седат на иста маса со криминалците од СДС и ДУИ, вели Митева.

Таа додава дека Македонија не е функционална држава, системот е пропаднат, институциите разнишани, економската стабилност не постои. Сосема е лесно да ги идентификуваме главните причини поради кои Македонија не ги започна преговорите со ЕУ.

Власта на Ковачевски и Ахмети ги има сите точки на спојување на политичка корупција, па затоа во право е Бујар кога вели дека темни анти европски сили држат во заложништво 2 милиони граѓани. Некои од нив се и на “темни” листи, како Рамиз Мерко, а некои како Талат го злоупотребуваа европското знаменце за Лотаријата на ДУИ. Ако СДС е толку европска партија, и тврди дека Македонија нема друг проблем за почеток на преговорите освен Бугарија, тогаш зошто Ковачевски и Маричиќ не предложија Бугарија да ја напушти собата на кратко, но поважно е да одговорат, зошто претставниците на ЕУ не ни помислуваат да предложат вакво нешто за Македонија. Одговорот е едноставен, сите европски чинители лоцираат епидемија на корупција во Македонија, лоцираат дека владината гарнитура е недопирлива, а судската власт е нивен заштитник. Жалиме што Македонија и македонските граѓани се жртва на криминалната власт на СДС и ДУИ. Со силна дипломатија, со чесна политика, и длабоки реформи ќе ја вратиме Македонија достоинствена на евроинтегративниот пат, истакнува Митева.

https://www.youtube.com/watch?v=s42VPReyZDM

The post Митева: Одлуката на ЕУ потврдува дека никој не сака да седи на иста маса со криминалците од СДС и ДУИ appeared first on Република.

Митева: Извршителот на убиствата беседел на портали, целата јавност е запознаена со неговите криминално-рекетарски активности, а полицијата не знае ништо https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-izvrshitelot-na-ubistvata-besedel-na-portali-tselata-javnost-e-zapoznaena-so-negovite-kriminalno-reketarski-aktivnosti-a-politsijata-ne-znae-nishto/ Mon, 04 Dec 2023 11:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=719384

Во време кога се случува ваква ситуации, кога во овој случај е вклучено лице кое што добро и е познато на јавноста дека било вклучено во рекетарски здруженија, криминални банди. И на истото ова лице му е овозможено преку портали и преку медиуми да има и да дава било какво мислење, а воедно полицијата и безбедносниот систем да нема никакви информации дека станува збор за ваков случај се додека не се случи двократно грозоморно убиство, за мене не е политиканство за мене е основно чувство за барање одговорност“, вели Марија Митева, портпарол и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување на Телевизија 24 во однос на убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец, Панче Жежовски.

Таа додаде дека е правник и дека добро знае што е предистрага, истрага и покренување на обвинение, но кога се работи за случај кој што е од огромен интерес на јавноста, како што е случајот со младата Вања, не можат службите со бледо соопштение во 21 часот во недела навечер да вознемирувате два милиони народ и да ве нема десет саати со никаква дополнителна информација.

„Ништо не се смени во тие 10 саати за истрагата која што тие ја направија за да кажат некои информации, се она што денеска го презентираа на јавноста и беше познато на јавноста преку шпекулации и кои што вие како новинари успеавте да ги добиете се со цел да придонесете за да се смири општеството и да дојдеме до некоја информација“, рече Митева во однос на денешната прес конференција за деталите околу трагичниот настан кој ја потреси целата македонска јавност.

The post Митева: Извршителот на убиствата беседел на портали, целата јавност е запознаена со неговите криминално-рекетарски активности, а полицијата не знае ништо appeared first on Република.

Митева: Со новиот скандал за изградба на „Чебрен“, се загрозува и енергетскиот суверенитет https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-so-noviot-skandal-za-izgradba-na-chebren-se-zagrozuva-i-energetskiot-suverenitet/ Mon, 13 Nov 2023 11:20:43 +0000 https://republika.mk/?p=701016

Економските параметри во Македонија се кои од кои полоши. Галопирачка инфлација, нови 500 милиони евра задолжување, уништен животен стандард на граѓаните, но затоа власта во заминување е заглавена во криминал и корупција во секоја сфера. Новиот скандал за изградба на Чебрен, со кој се загрозува и енергетскиот суверенитет на Македонија се пресметува во стотици милиони евра, вели Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Првата одлука на Влада – е одлука за почнување на постапка за доделување концесија за изградба на проектот Чебрен, објавена на 17.01.2020 година. Во оваа одлука, конкретно во членот 5 се наведени процедурата и условите кои што ги донела владата и таму е пропишано дека државата ќе и ја подари ХЕЦ Тиквеш на компанијата што ќе ја добие оваа набавка после три месеци од датумот на започнување на изградбата. Втора одлука се носи веќе во месец февруари истата 2020 година, само еден месец подоцна, од страна на техничката влада на Оливер Спасовски и оваа одлука е за изменување на претходно донесената одлука со што со новиот акт членот 5 ставот 3 се брише, рече таа.

Митева оценува дека практично, владата на Спасовски ја модифицира одлуката на владата на Заев.

-Она што е фрапантно е што тие во повикот за доделување на концесија се повикуваат на поништената одлука, но модифицирана. Односно, поништената одлука или првата одлука која што ја донела владата вели дека државата на добитникот ќе му ја отстапи ХЕЦ „Тиквеш“ за три месеци откако ќе почне градбата. Владата на Ковачевски повикот го спроведува на непостоечка одлука. Имено објавениот јавен повик во 2023 е врз основа на одлука која е изменета, односно во јавниот повик повторно се појавува ХЕЦ „Тиквеш“ како хидроцентрала која државата ја отстапува, иако не би требало да се појави бидејќи тој дел е избришан и променет од владата на Спасовски. Одиме понатаму: На 14 септември 2023 година се носи одлука на Влада каде што се избира најповолен понудувач за Чебрен односно грчкото електростопанство. Владата во таа одлука се повикува и на двата Службени весници каде се објавени претходните одлуки, и онаа во која се вели дека ја дава „Тиквеш“ три месеци откако ќе почне градбата, и онаа во која тоа се брише, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа истакнува дека се поставува прашањето: Која од овие одлуки е важечката одлука по која е распишан повикот и добиен тендерот, кои услови се применувани, зошто се појавува различно толкување на отстапување или не отстапување на ХЕЦ „Тиквеш“? Дали три месеци по отпочнување на градбата или три месеци по пуштање во функција на хидроцентралата „Чебрен“?

„И ова е од особена важност зошто разликата од примената на одлуката е во вредност од 100 милиони евра.

И ова значи дека така повторно само Македонија губи од незаконското постапување на власта зад што се крие нов скандал на криминал и корупција.

Ова е скандал за кој власта се надева дека никој нема да го разбере ниту примети, нивната игра со законските акти е веќе добро позната, но за ова одговорност ќе има“ – порачува Митева.

https://www.youtube.com/watch?v=sv6lEK3zoRM

The post Митева: Со новиот скандал за изградба на „Чебрен“, се загрозува и енергетскиот суверенитет appeared first on Република.

]]>

Економските параметри во Македонија се кои од кои полоши. Галопирачка инфлација, нови 500 милиони евра задолжување, уништен животен стандард на граѓаните, но затоа власта во заминување е заглавена во криминал и корупција во секоја сфера. Новиот скандал за изградба на Чебрен, со кој се загрозува и енергетскиот суверенитет на Македонија се пресметува во стотици милиони евра, вели Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Првата одлука на Влада – е одлука за почнување на постапка за доделување концесија за изградба на проектот Чебрен, објавена на 17.01.2020 година. Во оваа одлука, конкретно во членот 5 се наведени процедурата и условите кои што ги донела владата и таму е пропишано дека државата ќе и ја подари ХЕЦ Тиквеш на компанијата што ќе ја добие оваа набавка после три месеци од датумот на започнување на изградбата. Втора одлука се носи веќе во месец февруари истата 2020 година, само еден месец подоцна, од страна на техничката влада на Оливер Спасовски и оваа одлука е за изменување на претходно донесената одлука со што со новиот акт членот 5 ставот 3 се брише, рече таа. Митева оценува дека практично, владата на Спасовски ја модифицира одлуката на владата на Заев. -Она што е фрапантно е што тие во повикот за доделување на концесија се повикуваат на поништената одлука, но модифицирана. Односно, поништената одлука или првата одлука која што ја донела владата вели дека државата на добитникот ќе му ја отстапи ХЕЦ „Тиквеш“ за три месеци откако ќе почне градбата. Владата на Ковачевски повикот го спроведува на непостоечка одлука. Имено објавениот јавен повик во 2023 е врз основа на одлука која е изменета, односно во јавниот повик повторно се појавува ХЕЦ „Тиквеш“ како хидроцентрала која државата ја отстапува, иако не би требало да се појави бидејќи тој дел е избришан и променет од владата на Спасовски. Одиме понатаму: На 14 септември 2023 година се носи одлука на Влада каде што се избира најповолен понудувач за Чебрен односно грчкото електростопанство. Владата во таа одлука се повикува и на двата Службени весници каде се објавени претходните одлуки, и онаа во која се вели дека ја дава „Тиквеш“ три месеци откако ќе почне градбата, и онаа во која тоа се брише, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ. Таа истакнува дека се поставува прашањето: Која од овие одлуки е важечката одлука по која е распишан повикот и добиен тендерот, кои услови се применувани, зошто се појавува различно толкување на отстапување или не отстапување на ХЕЦ „Тиквеш“? Дали три месеци по отпочнување на градбата или три месеци по пуштање во функција на хидроцентралата „Чебрен“? „И ова е од особена важност зошто разликата од примената на одлуката е во вредност од 100 милиони евра. И ова значи дека така повторно само Македонија губи од незаконското постапување на власта зад што се крие нов скандал на криминал и корупција. Ова е скандал за кој власта се надева дека никој нема да го разбере ниту примети, нивната игра со законските акти е веќе добро позната, но за ова одговорност ќе има“ – порачува Митева. https://www.youtube.com/watch?v=sv6lEK3zoRM

The post Митева: Со новиот скандал за изградба на „Чебрен“, се загрозува и енергетскиот суверенитет appeared first on Република.

]]>
Митева: Извештајот на ЕК е одраз на реалноста, со власт полна со криминал и корупција Македонија е се подалеку од ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-izveshtajot-na-ek-e-odraz-na-realnosta-so-vlast-polna-so-kriminal-i-koruptsija-makedonija-e-se-podaleku-od-eu/ Wed, 08 Nov 2023 13:24:31 +0000 https://republika.mk/?p=699553

Извештајот на ЕК за 2023 година е доказ дека лажни се изјавите на власта на СДС и ДУИ дека се фокусирани на европската агенда. Ова е извештај кој е одраз на тажната реалност, одраз на состојбата на стагнација и во одреден дел назадување во која се наоѓа Македонија. Денес нема да ја слушнете власта како зборува за извештајот, нема да го слушнете ниту Ковачевски, Груби, Маричиќ, Османи и останатите да се нарекуваат европски фронт затоа што извештајот ја обелоденува нивната непосветеност кон системско имплементирање на препораките, истакна Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Да одиме со ред:

Во кластер 1, делот на основите, фундаментите на ЕУ се забележани низа забелешки и тоа:

Не е постигнат напредок во текот на извештајниот период, тоа е од минатата година до денес, за да се адресираат и имплементираат исклучителните препораки од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) и Венецијанската комисија. А, замислете, го имате Османи кој не престана да се моделира како прв и единствен претседавач на ОБСЕ и воедно потроши или ќе потроши 1 милион евра за два дена за рент а кар возила, а притоа е дел од власта која не ги имплементира препораките од ОБСЕ. Класична хипокризија!

Понатаму, во делот на Собранието – се нотира недостаток на соодветно планирање, прекумерна употреба на брзи процедури, вклучително и несоодветна употреба на „европското знаменце“. Изрично е наведено дека „Знамето на ЕУ“ треба да се користи кога е директно поврзано со усвојување на закони чија главна цел е усогласување со правото на ЕУ, а не за кратка јавна дебата за важни прашања. Во однос на истото, забележано е дека властите треба да се воздржат од усвојување на ад хок мерки кои не се во согласност со правото на ЕУ и европските стандарди. И тука, власта на свое конто ги има безбројните примери, а како последни за потсетување на јавноста се законот за кривична постапка и законот за игри на среќа.

Дополнително, наведено е дека само ограничен напредок е постигнат за реформа на јавната администрација каде се вели, цитирам: И покрај тоа што Македонија го започна процесот пред 5 години, земјата сè уште не ја усвои ревидираната законска рамка за управување со човечки ресурси, која ги вклучува ревидираниот закон за административни службеници и законот за вработени во јавниот сектор и нови законски одредби за највисоко ниво на раководството. Пет години власт на СДС и ДУИ и се уште недонесени суштински и реформски закони.

Фрапантни се и анализите за судството.

Генерално се вели дека нема напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права. Внимавајте: Во извештајниот период од минатата година до денес нема напредок во областа на судството. Судскиот совет треба да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите и институциите и треба да се спротивстави на секое надворешно влијание. Контроверзното разрешување на претседател на Судски совет предизвика загриженост за несоодветно политичко влијание. Усвојувањето пак на новата стратегија за реформи во правосудството доцни. Ова е судството почитувани на СДС и ДУИ кое ќе го отвореа како пупка, ова е судството за кое ветуваа генерален реизбор, а остана најголема рана на општеството и нивна алатка за политиканство, наместо за правда.

Во делот за борба против корупцијата – не е постигнат никаков напредок! Извештајот јасно наведува дека корупцијата останува распространета во многу области и е загрижувачко прашање. Нотирано е и зголемување на одложувањата на судењата на случаите на корупција на високо ниво, што резултирало со истекување на рокот на застареност на некои случаи. Јасно потенциран е и Кривичниот законик кој беше изменет по забрзана собраниска постапка и истото резултира со попречување на способноста на властите да ги истражуваат и гонат таквите прекршоци во иднина. Дозволете повторно да цитирам: Ова е прашање за сериозна загриженост.

Во делот на Слободата на изразување – забележан е лимитиран напредок. И нормално, сведоци сме на загрижувачки однос кон медиумите и новинарите, еден Битиќи напушта прес конференции, а друг Ковачевски некултурно се потсмева на прашања на новинари.

Најважното од делот за економските критериуми се јавните набавки каде се забележува дека властите треба да воведат поефикасни антикорупциски мерки во текот на целиот циклус на набавки. Најскандалозниот договор кој економски ќе остави трајни последици врз Македонија е нотиран јасно и прецизно и дозволете повторно да цитирам: Директното доделување на договорот за изградба на Коридорот VIII и X-d предизвикува загриженост бидејќи го ослободува проектот од примена на законот за јавни набавки. Ова е чист доказ за злоупотребата на јавните набавки, за криминалот склучен во 4 очи на сметка на граѓаните.

Извештајот на ЕК покажува и потврдува дека власта наместо да работи и да се посвети на реформи, се насочува кон стратешки погрешни цели. И наместо владеење на правото, имаме владеење на самоволието. Наместо силна реформа имаме уназадени институции. Наместо напредок имаме порази. Власта на СДС и ДУИ е разобличена, проблемот зошто Македонија не почнува преговори, не се штетните договори или пак промената на Уставот под нечиј диктат туку затоа што државата не е средена, не е вистински реформирана и затоа што наместо право и правда владее власт заглавена во криминал и корупција!, додава Митева.

https://www.youtube.com/watch?v=OXRashhb-fw

The post Митева: Извештајот на ЕК е одраз на реалноста, со власт полна со криминал и корупција Македонија е се подалеку од ЕУ appeared first on Република.

]]>

Извештајот на ЕК за 2023 година е доказ дека лажни се изјавите на власта на СДС и ДУИ дека се фокусирани на европската агенда. Ова е извештај кој е одраз на тажната реалност, одраз на состојбата на стагнација и во одреден дел назадување во која се наоѓа Македонија. Денес нема да ја слушнете власта како зборува за извештајот, нема да го слушнете ниту Ковачевски, Груби, Маричиќ, Османи и останатите да се нарекуваат европски фронт затоа што извештајот ја обелоденува нивната непосветеност кон системско имплементирање на препораките, истакна Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Да одиме со ред: Во кластер 1, делот на основите, фундаментите на ЕУ се забележани низа забелешки и тоа: Не е постигнат напредок во текот на извештајниот период, тоа е од минатата година до денес, за да се адресираат и имплементираат исклучителните препораки од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) и Венецијанската комисија. А, замислете, го имате Османи кој не престана да се моделира како прв и единствен претседавач на ОБСЕ и воедно потроши или ќе потроши 1 милион евра за два дена за рент а кар возила, а притоа е дел од власта која не ги имплементира препораките од ОБСЕ. Класична хипокризија! Понатаму, во делот на Собранието – се нотира недостаток на соодветно планирање, прекумерна употреба на брзи процедури, вклучително и несоодветна употреба на „европското знаменце“. Изрично е наведено дека „Знамето на ЕУ“ треба да се користи кога е директно поврзано со усвојување на закони чија главна цел е усогласување со правото на ЕУ, а не за кратка јавна дебата за важни прашања. Во однос на истото, забележано е дека властите треба да се воздржат од усвојување на ад хок мерки кои не се во согласност со правото на ЕУ и европските стандарди. И тука, власта на свое конто ги има безбројните примери, а како последни за потсетување на јавноста се законот за кривична постапка и законот за игри на среќа. Дополнително, наведено е дека само ограничен напредок е постигнат за реформа на јавната администрација каде се вели, цитирам: И покрај тоа што Македонија го започна процесот пред 5 години, земјата сè уште не ја усвои ревидираната законска рамка за управување со човечки ресурси, која ги вклучува ревидираниот закон за административни службеници и законот за вработени во јавниот сектор и нови законски одредби за највисоко ниво на раководството. Пет години власт на СДС и ДУИ и се уште недонесени суштински и реформски закони. Фрапантни се и анализите за судството. Генерално се вели дека нема напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права. Внимавајте: Во извештајниот период од минатата година до денес нема напредок во областа на судството. Судскиот совет треба да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите и институциите и треба да се спротивстави на секое надворешно влијание. Контроверзното разрешување на претседател на Судски совет предизвика загриженост за несоодветно политичко влијание. Усвојувањето пак на новата стратегија за реформи во правосудството доцни. Ова е судството почитувани на СДС и ДУИ кое ќе го отвореа како пупка, ова е судството за кое ветуваа генерален реизбор, а остана најголема рана на општеството и нивна алатка за политиканство, наместо за правда. Во делот за борба против корупцијата – не е постигнат никаков напредок! Извештајот јасно наведува дека корупцијата останува распространета во многу области и е загрижувачко прашање. Нотирано е и зголемување на одложувањата на судењата на случаите на корупција на високо ниво, што резултирало со истекување на рокот на застареност на некои случаи. Јасно потенциран е и Кривичниот законик кој беше изменет по забрзана собраниска постапка и истото резултира со попречување на способноста на властите да ги истражуваат и гонат таквите прекршоци во иднина. Дозволете повторно да цитирам: Ова е прашање за сериозна загриженост. Во делот на Слободата на изразување – забележан е лимитиран напредок. И нормално, сведоци сме на загрижувачки однос кон медиумите и новинарите, еден Битиќи напушта прес конференции, а друг Ковачевски некултурно се потсмева на прашања на новинари. Најважното од делот за економските критериуми се јавните набавки каде се забележува дека властите треба да воведат поефикасни антикорупциски мерки во текот на целиот циклус на набавки. Најскандалозниот договор кој економски ќе остави трајни последици врз Македонија е нотиран јасно и прецизно и дозволете повторно да цитирам: Директното доделување на договорот за изградба на Коридорот VIII и X-d предизвикува загриженост бидејќи го ослободува проектот од примена на законот за јавни набавки. Ова е чист доказ за злоупотребата на јавните набавки, за криминалот склучен во 4 очи на сметка на граѓаните. Извештајот на ЕК покажува и потврдува дека власта наместо да работи и да се посвети на реформи, се насочува кон стратешки погрешни цели. И наместо владеење на правото, имаме владеење на самоволието. Наместо силна реформа имаме уназадени институции. Наместо напредок имаме порази. Власта на СДС и ДУИ е разобличена, проблемот зошто Македонија не почнува преговори, не се штетните договори или пак промената на Уставот под нечиј диктат туку затоа што државата не е средена, не е вистински реформирана и затоа што наместо право и правда владее власт заглавена во криминал и корупција!, додава Митева. https://www.youtube.com/watch?v=OXRashhb-fw

The post Митева: Извештајот на ЕК е одраз на реалноста, со власт полна со криминал и корупција Македонија е се подалеку од ЕУ appeared first on Република.

]]>
Митева: Нема странски инвестиции, но има тендери за уредување на слободните економски зони кои се празни https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-nema-stranski-investitsii-no-ima-tenderi-za-ureduvane-na-slobodnite-ekonomski-zoni-koi-se-prazni/ Mon, 16 Oct 2023 11:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=691680

Во последните години во Македонија нема странски инвестиции, нема ниту политика за привлекување, но и покрај ваквата состојба сепак има тендери за уредување на слободните економски зони кои се празни, ова денеска преку прес-конференција го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е договор помеѓу Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони со фирмата ЗОБЕК МИНИМГ ГРУП ДООЕЛ СКОПЈЕ склучен на 25.08.2023 година со кои се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорите страни во врска со набавка за нивелирање на парцели во ТИРЗ Штип. Договорот е во вредност од 5.705.790 евра. Интересен е фактот што горе именуваната фирма во својата историја на електронскиот систем за јавни набавки има добиено САМО 4 тендери и СИТЕ четири тендери се од Дирекцијата за технолошко индустриски зони и сите овие тендери се добиени откако Јован Деспотовски е именуван за директор на ТИРЗ. Фирмата ЗОБЕК од Дирекцијата за технолошко индустриски зони има добиено два тендери во 2021 година, и по еден во 2022 и 2023 година во вкупна вредност од 989.793.742 денари односно 16 милиони евра, вели Митева.

Таа додава дека па оттука, јавноста треба да добие одговори кои се критериумите кои само оваа фирма ги исполнува веќе 4 пати и ги добива тендерите од Дирекцијата? Дали станува збор за фаворизирање од една страна, а истиснување на сите други фирми од друга страна?

Почитувани, со ваквите постапки од досегашното владеење на СДС и ДУИ можеме да констатираме дека несигурноста и недовербата во институциите, невладеењето на правото, големите коруптивни скандали и тендери се причина плус за лошите резултати во привлекувањето на странски директни инвестиции. Македонија од земја лидер за привлекување на странски директни инвестиции стана земја во која нема ниту план ниту стратегија на оваа тема, но затоа има тендери за нивелирање односно подготовка на празно земјиште, завршува Митева.

https://www.youtube.com/watch?v=yhK4xmy1dSs

The post Митева: Нема странски инвестиции, но има тендери за уредување на слободните економски зони кои се празни appeared first on Република.

Митева: Фирмите донатори на ДУИ се нивниот рудник за пари https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-firmite-donatori-na-dui-se-nivniot-rudnik-za-pari/ Tue, 29 Aug 2023 11:18:06 +0000 https://republika.mk/?p=676921

Фирмите донатори на ДУИ се нивниот рудник за пари. Практично, секој министер во ДУИ си има своја фирма. И секој министер преку таа фирма си склучува тендери во четири очи. Најверојатно, внуците на функционерите на ДУИ сите се со силен претприемачки дух, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој пат таков е случајот со Бујар Османи, кој како министер за надворешни работи, на фирмата Еуровиа ДООЕЛ ќе и исплати 1,8 милиони евра, пари на граѓаните, за преадаптирање на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Додека Османи вели дека токму оваа фирма понудила наисплатлива понуда на тендерот, оваа фирма се поврзува со ДУИ во неколку наврати, и тоа: Сопственик на Еуровиа ДООЕЛ е фирмата „Еуровиа Холдинг“, во која освен Елмедин, како сопственик се води и Елдин Адеми, прв човек на огранокот на ДУИ, во Јегуновце“, кажа Митева.

„Истата оваа фирма Еуровиа, која е на Елмедин Адеми, внук на поранешниот министер на ДУИ, Абдулаќим Адеми, добила други тендери во вредност од два милиони евра, еден за изградба на новата полициска станица во Аеродром, вториот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза”.

Понатаму, доста интересен е фактот што токму оваа фирма се јавува како најголем донатор на ДУИ. Имено, од страна на Елмедин Адеми како донација добила 2.500.000 денари, што е три пати над законскиот лимит за донација од физичко лице, а воедно „Еуровиа“ како правно лице, на ДУИ има донирано 1.800.000 денари, во 2022-ра година.

Овие сознанија отвараат сомнеж за сериозна злоупотреба на службената положба. Во интерес на јавноста Бујар Османи е должен да ја презентира пред јавноста целокупната тендерска документација, да одговори по кои критериуми е направен тендерот и избрана токму оваа фирма и кои се обврските и услугите кои треба да ги преземе фирмата за тендер во вредност од 1,8 милиони евра.

Но, епилогот и за ова како и за сите други афери поврзани со ДУИ во овој момент ќе виде ист – без никаква разрешница ниту покрената постапка од ЈО затоа што токму власта на СДС и на самите ДУИ е таа која ова го овозможува, а потоа не го санкционира туку го штити.

Османи и ДУИ треба да бидат свесни дека ваквите сомнителни тендери ќе бидат први за ревизија и одговорност ќе има“, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=loBiiQDRhlA

The post Митева: Фирмите донатори на ДУИ се нивниот рудник за пари appeared first on Република.

]]>

Фирмите донатори на ДУИ се нивниот рудник за пари. Практично, секој министер во ДУИ си има своја фирма. И секој министер преку таа фирма си склучува тендери во четири очи. Најверојатно, внуците на функционерите на ДУИ сите се со силен претприемачки дух, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Овој пат таков е случајот со Бујар Османи, кој како министер за надворешни работи, на фирмата Еуровиа ДООЕЛ ќе и исплати 1,8 милиони евра, пари на граѓаните, за преадаптирање на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Додека Османи вели дека токму оваа фирма понудила наисплатлива понуда на тендерот, оваа фирма се поврзува со ДУИ во неколку наврати, и тоа: Сопственик на Еуровиа ДООЕЛ е фирмата „Еуровиа Холдинг“, во која освен Елмедин, како сопственик се води и Елдин Адеми, прв човек на огранокот на ДУИ, во Јегуновце“, кажа Митева. „Истата оваа фирма Еуровиа, која е на Елмедин Адеми, внук на поранешниот министер на ДУИ, Абдулаќим Адеми, добила други тендери во вредност од два милиони евра, еден за изградба на новата полициска станица во Аеродром, вториот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза”. Понатаму, доста интересен е фактот што токму оваа фирма се јавува како најголем донатор на ДУИ. Имено, од страна на Елмедин Адеми како донација добила 2.500.000 денари, што е три пати над законскиот лимит за донација од физичко лице, а воедно „Еуровиа“ како правно лице, на ДУИ има донирано 1.800.000 денари, во 2022-ра година. Овие сознанија отвараат сомнеж за сериозна злоупотреба на службената положба. Во интерес на јавноста Бујар Османи е должен да ја презентира пред јавноста целокупната тендерска документација, да одговори по кои критериуми е направен тендерот и избрана токму оваа фирма и кои се обврските и услугите кои треба да ги преземе фирмата за тендер во вредност од 1,8 милиони евра. Но, епилогот и за ова како и за сите други афери поврзани со ДУИ во овој момент ќе виде ист – без никаква разрешница ниту покрената постапка од ЈО затоа што токму власта на СДС и на самите ДУИ е таа која ова го овозможува, а потоа не го санкционира туку го штити. Османи и ДУИ треба да бидат свесни дека ваквите сомнителни тендери ќе бидат први за ревизија и одговорност ќе има“, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
https://www.youtube.com/watch?v=loBiiQDRhlA

The post Митева: Фирмите донатори на ДУИ се нивниот рудник за пари appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Демолирањето на возилото на портпаролката Митева нема да не спречи да ги објавуваме скандалите на ДУИ И СДС https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-demoliraneto-na-voziloto-na-portparolkata-miteva-nema-da-ne-sprechi-da-gi-objavuvame-skandalite-na-dui-i-sds/ Mon, 24 Jul 2023 20:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=664894

„Случајот со демолирање на автомобилот на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ не е поврзано со уставните измени туку со обелоденувањето на криминалот, кој што ние како политичка партија секојдневно го обелоденуваме. А, посебно нашата портпаролка, и другите наши портпароли, нашите пратеници ги изнесуваат криминалите скоро секојдневно поврзани со Демократската унија за интеграција, а пред се и за Социјалдемократскиот сојуз како нивен извршител односно нивен измеќар во Владата на Република Македонија“, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Ковачки додаде дека она што се случи со автомобилот на портпаролката е порака, но таа порака доаѓа од немоќ, од страв. А, сето тоа е доказ и потврда дека од власта се свесни дека доаѓа крајот, се свесни дека после крајот доаѓа и одговорност и дека пардон нема да има.

„Ние нема да престанеме со објавување на скандали туку напротив дополнително ќе продолжиме да ги изложуваме сите скандали во јавноста. И ќе бараме одговорност за овие скандали. Ќе бараме надлежните институции да постапуваат по скандалите кои што ги објавуваме, по криминалите кои што секојдневно ни се случуваат. Срамота е во една држава толку скандали да има, имаме хиперинфлација на скандали секојдневно за криминали и корупција, а да немаме никакво процесуирање. И сето тоа со непроцесуирањето на овие скандали кои што ги објавуваме секојдневно се должи на тоа што системот е корумпиран од МВР преку ЈО до судството, а сето тоа е под капата на ДУИ и Социјалдемократскиот сојуз“, рече Ковачки.

Тој посочи дека и покрупните скандали немаат разрешница за жал, сето тоа се заташкува од страна на институциите. Но, доаѓа време кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт и тогаш сите ќе одговараат пред словото на правдата.

The post Ковачки: Демолирањето на возилото на портпаролката Митева нема да не спречи да ги објавуваме скандалите на ДУИ И СДС appeared first on Република.

]]>

„Случајот со демолирање на автомобилот на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ не е поврзано со уставните измени туку со обелоденувањето на криминалот, кој што ние како политичка партија секојдневно го обелоденуваме. А, посебно нашата портпаролка, и другите наши портпароли, нашите пратеници ги изнесуваат криминалите скоро секојдневно поврзани со Демократската унија за интеграција, а пред се и за Социјалдемократскиот сојуз како нивен извршител односно нивен измеќар во Владата на Република Македонија“, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. Ковачки додаде дека она што се случи со автомобилот на портпаролката е порака, но таа порака доаѓа од немоќ, од страв. А, сето тоа е доказ и потврда дека од власта се свесни дека доаѓа крајот, се свесни дека после крајот доаѓа и одговорност и дека пардон нема да има. „Ние нема да престанеме со објавување на скандали туку напротив дополнително ќе продолжиме да ги изложуваме сите скандали во јавноста. И ќе бараме одговорност за овие скандали. Ќе бараме надлежните институции да постапуваат по скандалите кои што ги објавуваме, по криминалите кои што секојдневно ни се случуваат. Срамота е во една држава толку скандали да има, имаме хиперинфлација на скандали секојдневно за криминали и корупција, а да немаме никакво процесуирање. И сето тоа со непроцесуирањето на овие скандали кои што ги објавуваме секојдневно се должи на тоа што системот е корумпиран од МВР преку ЈО до судството, а сето тоа е под капата на ДУИ и Социјалдемократскиот сојуз“, рече Ковачки. Тој посочи дека и покрупните скандали немаат разрешница за жал, сето тоа се заташкува од страна на институциите. Но, доаѓа време кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт и тогаш сите ќе одговараат пред словото на правдата.

The post Ковачки: Демолирањето на возилото на портпаролката Митева нема да не спречи да ги објавуваме скандалите на ДУИ И СДС appeared first on Република.

]]>
Митева: Дали пратениците на СДС не прифатиле да се потпишат на документ дека ќе гласаат за уставни измени? https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-dali-pratenitsite-na-sds-ne-prifatile-da-se-potpishat-na-dokument-deka-ke-glasaat-za-ustavni-izmeni/ Sat, 25 Mar 2023 11:59:13 +0000 https://republika.mk/?p=623557

Очигледно е дека недоразбирањата во СДС придонесуваат за раст на нервозата во нивните партиски кругови. Несигурноста во себе и во сопствените пратеници изминатиов период се обидуваа да ја прикријат со лаги насочени кон ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски и Зечевиќ не можеле да ја контролираат пратеничката група и по изнесените информации од наша страна за тројца пратеници од редовите на СДС од првата и втората ИЕ кои не се согласуваат со ваквите уставни измени и за шесте пратеници од внатрешноста за кои ваквата политика на СДС е најлошата можна работа која тие можат да ја направат, Ковачевски свикал групна координација со пратениците на која тој сакал да ги убеди дека ова е единствениот начин СДС да опстане уште некој месец на власт и дека само така ќе може да ги убеди албанските партии да дадат максимална поддршка за опстанок на владата.

Ова се дискутирало на средбата пред неколку дена во централниот штаб на СДСМ која имала тензичен и непријатен карактер, на која тој потенцирал дека доколку излезат во јавноста пратеници од СДС кои се против уставните измени тоа може да ги натера албанските коалициони партнери да ја прифатат идејата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори оваа година. Оттука, дали е точно дека тој побарал од пратениците да излезат со заеднички став и документ кој ќе биде потпишан од секој од нив поединечно дека безусловно ќе гласаат за уставните измени и влез на Бугарите во Уставот како и да се формулирани тие.

Исто така, документот имале во план да го објават вчера со што би ги демантирале нашите изјави, но тоа не се случило поради изричното несогласување на веќе споменатите пратеници.

Ковачевски залудно се труди со притисоци да го промени мислењето на сите оние кои се против ваквите уставни измени затоа што дури и во самата негова партија нема доверба за спроведување на ваков процес.

Жалиме што сите се сведоци на методите со кои се служи СДС само за зачувување на власта некој ден или месец повеќе.

Наместо оваа голгота низ која поминува државата, да треба да биде секојдневие уште десетина месеци Ковачевски може да стави крај на своите маки со прифаќање на предвремени парламентарни избори па нека побара мандат од граѓаните за политиките кои ги води, а ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со план во три столба за надминување на кризата.

https://www.youtube.com/watch?v=C-E4UN9qomc

The post Митева: Дали пратениците на СДС не прифатиле да се потпишат на документ дека ќе гласаат за уставни измени? appeared first on Република.

Митева: Деспотовски јавно да објави барем една инвестиција која тој лично успеал да ја привлече https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-despotovski-javno-da-objavi-barem-edna-investicija-koja-toj-lichno-uspeal-da-ja-privleche/ Wed, 09 Nov 2022 12:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=571892

Функционерите на власта решаваат да се сокријат преку пишани статуси на социјални мрежи, со бледи, несодржински и празни статуси, наместо да одговорат конкретно на прашањата на јавноста. Согласно тврдењата на Деспотовски, во Македонија за помалку од две години има договори за нови инвестиции од над 620 милиони евра и тоа над 70% биле нови компании кои за прв пат инвестирале во Македонија, па го повикуваме јавно Деспотовски да ги објави и барем за една од тие да каже како тој лично ја привлекол инвестицијата, кои методи и знаења ги употребил“ рече на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа напомена дека „повеќето т.н „нови инвестиции” се всушност проширување или реинвестиции на претходните чие доаѓање тогаш беше критикувано дека се случува само поради високи субвенции. Сега нивните, претходно планирани проширувања, се претставуваат како нови инвестиции и проекти, а се доделува дополнителна државна помош“.

„Johnson Controls (JCI) I Johnson Matthey дојдоа во Македонија во 2007 и 2008 година. До 2022, овие две компании или во случајот на JCI ја користиме Аптив како наследник на проектот во истиот објект сеуште се помеѓу 5-те најнапредни и најсофистицирани странски директни инвестиции во Македонија. Од каде тогаш коментарот дека сега се привлекуваат понапредни компании? Дали на инвестицијата од Питсбург во Жабени или Корејската од ТИРЗ Скопје 2, кои беа претходно најавени се откажани бидејќи не беа доволно напредни или можеби пак е обратно, поради капацитетите на Дирекцијата кои се нотирани и во извештајот на ДЗР, инвеститорите сфатија со кого си имаат работа, па се повлекоа?“ вели таа.

„Бидејќи Јован Деспотовски вели дека резултатите во делот на странските инвестиции се видливи еве повторно јавно го прашуваме која е стратегијата за привлекување на странски директни инвестиции – кој точно привлекува нови инвестиции, на кој начин и каде? Кои се приоритетни сектори и кој кадар има знаење и искуство во истите за да ги анализира и избере таргетираните компании? Кој, како и за колку пари ја промовира Македонија како инвестициска локација?“ напомена Митева.

The post Митева: Деспотовски јавно да објави барем една инвестиција која тој лично успеал да ја привлече appeared first on Република.

]]>

Функционерите на власта решаваат да се сокријат преку пишани статуси на социјални мрежи, со бледи, несодржински и празни статуси, наместо да одговорат конкретно на прашањата на јавноста. Согласно тврдењата на Деспотовски, во Македонија за помалку од две години има договори за нови инвестиции од над 620 милиони евра и тоа над 70% биле нови компании кои за прв пат инвестирале во Македонија, па го повикуваме јавно Деспотовски да ги објави и барем за една од тие да каже како тој лично ја привлекол инвестицијата, кои методи и знаења ги употребил“ рече на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Таа напомена дека „повеќето т.н „нови инвестиции” се всушност проширување или реинвестиции на претходните чие доаѓање тогаш беше критикувано дека се случува само поради високи субвенции. Сега нивните, претходно планирани проширувања, се претставуваат како нови инвестиции и проекти, а се доделува дополнителна државна помош“. „Johnson Controls (JCI) I Johnson Matthey дојдоа во Македонија во 2007 и 2008 година. До 2022, овие две компании или во случајот на JCI ја користиме Аптив како наследник на проектот во истиот објект сеуште се помеѓу 5-те најнапредни и најсофистицирани странски директни инвестиции во Македонија. Од каде тогаш коментарот дека сега се привлекуваат понапредни компании? Дали на инвестицијата од Питсбург во Жабени или Корејската од ТИРЗ Скопје 2, кои беа претходно најавени се откажани бидејќи не беа доволно напредни или можеби пак е обратно, поради капацитетите на Дирекцијата кои се нотирани и во извештајот на ДЗР, инвеститорите сфатија со кого си имаат работа, па се повлекоа?“ вели таа. „Бидејќи Јован Деспотовски вели дека резултатите во делот на странските инвестиции се видливи еве повторно јавно го прашуваме која е стратегијата за привлекување на странски директни инвестиции – кој точно привлекува нови инвестиции, на кој начин и каде? Кои се приоритетни сектори и кој кадар има знаење и искуство во истите за да ги анализира и избере таргетираните компании? Кој, како и за колку пари ја промовира Македонија како инвестициска локација?“ напомена Митева.  

The post Митева: Деспотовски јавно да објави барем една инвестиција која тој лично успеал да ја привлече appeared first on Република.

]]>
Митева: СДСМ нема отчет затоа што нема ништо сработено https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-sdsm-nema-otchet-zatoa-shto-nema-nishto-sraboteno/ Mon, 07 Nov 2022 12:02:07 +0000 https://republika.mk/?p=570918

Над 120 милиони евра за проекти на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Важни проекти за единиците на локалната самоуправа, каде власт е ВМРО-ДПМНЕ се одвиваат секојдневно.

Нови булевари, улици, надвозници, се само дел од проектите кои опфаќаат најмногу средства, дури 36 милиони евра. Дополнително, во водоводна и канализациската мрежа се инвестираат 20 милиони евра. Се градат нови градинки, се реконструираат училишта и се вложува во нивно опремување. Силно се поддржуваат спортот, културата и ранливите категории на граѓани. Со ВМРО-ДПМНЕ никој не е заборавен. Сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ на политичкиот саем докажаа дека имаа исклучително квалитетна година. 365 дена работа, проекти, импозантни резултати, повеќе од 120 милиони евра инвестирани или во фаза на инвестиции се капиталните проекти кои се реализирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Иако СДСМ ги остави општините со големи долгови и апатична администрација во голем број на општини, сепак се реализираше се што е ветено, изјави Марија Митева на денешната прес-конференција.

https://www.youtube.com/watch?v=aIEQ3fuslsE

The post Митева: СДСМ нема отчет затоа што нема ништо сработено appeared first on Република.

Митева: Советот на Ковачевски за унапредување на образованието е составен од некомпетентни политички функционери, а не од стручен образовен кадар https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-sovetot-na-kovachevski-za-unapreduvanje-na-obrazovanieto-e-sostaven-od-nekompetentni-politichki-funkcioneri-a-ne-od-struchen-obrazoven-kadar/ Sat, 08 Oct 2022 10:37:04 +0000 https://republika.mk/?p=558742

И по четири дена реакциите за новата скандалозна одлука на Владата да формира некаков си посебен Совет за унапредување на образованието не стивнуваат, рече на денешната прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Образовната јавност е згрозена од потценувањето кое и го приредува Владата. Во т.н. Совет нема ниту еден истакнат универзитетски професор или експерт за образование. Напротив т.н. Совет е полн со луѓе со сомнително образование и сомнителни кариери, луѓе кој на ниту еден начин не може да се поврзат со образованието, а не па со унапредување на истото.

Со Советот претседава дезертерот Ковачевски, за кој медиумите информираа дека во дата базата на факултетот во Црна Гора воопшто не постои негова докторска студија, што отвора многу сомнежи и клучно е дали тој воопшто докторирал на универзитетот во Подгорица? Замислете кој ќе го води телото кое е од суштинско значење за Република Македонија.

Потоа, во т.н. Совет е и Артан Груби. За образовната фела тотално непознат човек. Артан Груби позади себе има нула минути во настава и нула напишани научни и стручни трудови. Секако, под напишани трудови нема да ги сметаме паролите по трибини или партиските соопштенија.

Истите бројки ги следат и Битиќи, Бесими и Шаќири. Па така за овој некомпетентен Совет останува нејасно како човек со спорен докторат и луѓе со нула образовно искуство во својот живот ќе го унапредуваат образованието.

Како и со што овие тотално некомпетентни луѓе ќе го унапредуваат секторот кој е суштински за секоја држава?

Како може луѓето кои го доведоа образованието до мизерија сега одеднаш да го унапредуваат?

До кога СДС и ДУИ ќе ги понижуваат просветните работници?

А, во меѓувреме, наставата продолжува без учебници и учениците црпат знаење од фотокопирани скрипти, се склучуваат зделки за принтани скрипти од половина милион, а во некои училишта и нив ги нема. Продолжуваат ветувањата, продолжуваат со формирање на советодавни тела и комисии од кои не само што нема резултати, напротив по нивното формирање секогаш состојбите стануваат полоши.

Ова мора да има крај!

Време е за избори!

Време е за одговорна влада!

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=b9UY10T3eGo&feature=emb_logo

The post Митева: Советот на Ковачевски за унапредување на образованието е составен од некомпетентни политички функционери, а не од стручен образовен кадар appeared first on Република.

]]>

И по четири дена реакциите за новата скандалозна одлука на Владата да формира некаков си посебен Совет за унапредување на образованието не стивнуваат, рече на денешната прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Образовната јавност е згрозена од потценувањето кое и го приредува Владата. Во т.н. Совет нема ниту еден истакнат универзитетски професор или експерт за образование. Напротив т.н. Совет е полн со луѓе со сомнително образование и сомнителни кариери, луѓе кој на ниту еден начин не може да се поврзат со образованието, а не па со унапредување на истото. Со Советот претседава дезертерот Ковачевски, за кој медиумите информираа дека во дата базата на факултетот во Црна Гора воопшто не постои негова докторска студија, што отвора многу сомнежи и клучно е дали тој воопшто докторирал на универзитетот во Подгорица? Замислете кој ќе го води телото кое е од суштинско значење за Република Македонија. Потоа, во т.н. Совет е и Артан Груби. За образовната фела тотално непознат човек. Артан Груби позади себе има нула минути во настава и нула напишани научни и стручни трудови. Секако, под напишани трудови нема да ги сметаме паролите по трибини или партиските соопштенија. Истите бројки ги следат и Битиќи, Бесими и Шаќири. Па така за овој некомпетентен Совет останува нејасно како човек со спорен докторат и луѓе со нула образовно искуство во својот живот ќе го унапредуваат образованието. Како и со што овие тотално некомпетентни луѓе ќе го унапредуваат секторот кој е суштински за секоја држава? Како може луѓето кои го доведоа образованието до мизерија сега одеднаш да го унапредуваат? До кога СДС и ДУИ ќе ги понижуваат просветните работници? А, во меѓувреме, наставата продолжува без учебници и учениците црпат знаење од фотокопирани скрипти, се склучуваат зделки за принтани скрипти од половина милион, а во некои училишта и нив ги нема. Продолжуваат ветувањата, продолжуваат со формирање на советодавни тела и комисии од кои не само што нема резултати, напротив по нивното формирање секогаш состојбите стануваат полоши. Ова мора да има крај! Време е за избори! Време е за одговорна влада!
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=b9UY10T3eGo&feature=emb_logo

The post Митева: Советот на Ковачевски за унапредување на образованието е составен од некомпетентни политички функционери, а не од стручен образовен кадар appeared first on Република.

]]>
Митева: Околу милион евра од продажбата на струја можеле да останат во ЕЛЕМ Трејд, ако Ковачевски не ја продаваше евтино на странски трговци https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-okolu-milion-evra-od-prodazbata-na-struja-mozele-da-ostanat-vo-elem-trejd-ako-kovachevski-ne-ja-prodavashe-evtino-na-stranski-trgovci/ Tue, 06 Sep 2022 11:12:54 +0000 https://republika.mk/?p=547939

АД ЕЛЕМ преку продажба на евтина струја во ноќните часови по цена половична од берзанската за само месец и половина овозможила скоро 1 милион евра заработка на трговци со струја. Овие двајца трговци на струја чии податоци можеме да ги видиме од официјалните статистики за продажба на ЕЛЕМ, ЕТМТ Енерги и ДАНСКЕ КОМОДИТИС ДООЕЛ чии линкови водат до СДСМ или сестрински партии до СДСМ, струјата која ја купувале под берза од АД ЕЛЕМ ја продавале со 60% маржа, изјави на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Во услови на криза, овие две компании поради неукоста и криминогеноста на АД ЕЛЕМ нижат дебели профити, наместо истата струја АД ЕЛЕМ да ја понуди на македонското стопанство или на општините за осветлување. Каква е врската помеѓу ЕЛЕМ, албанската енергетска компанија КЕШ, компанијата ЕТМТ Енерџи и компанијата од Тирана ЕНЕРТРЕЈД? Дополнително, каква е врската помеѓу АД ЕЛЕМ и ДАНСКЕ КОМОДИТИС? За овие прашања СДСМ нема одговор.

Дополнително е сомнително тоа што, АД ЕЛЕМ има сопствено претпријатие за трговија со струја, ЕЛЕМ Трејд, кое може да се јави како купувач на струјата на АД ЕЛЕМ, а потоа и препродавач на домашни и странски пазари. Несфатливо е зошто во ек на енергетска криза, кога се бара мегават час повеќе, АД ЕЛЕМ не ја врши трговијата само, туку тоа го остава на трговци кои нижат милиони. Зошто наместо добивката од милион евра што ја направиле двете фирми купувачи на струјата на АД ЕЛЕМ да остане во претпријатието таа се одлеала кон странство?

Се поставува основан сомнеж за однапред договорена работа и свесно внесување на АД ЕЛЕМ и Македонија во целост во оштетена положба.

Овој случај ќе биде предмет на детална истрага по промената на власта затоа што преку ваквото несовесно работење кое резултира со зделки и заработка на милиони евра на трговци, штетата е на грбот на стопанството кое во овие моменти на енергетска криза плаќа струја и до 800евра за мегават час. Фирмите затвораат, луѓето остануваат без работа, сметките за струја се од месец за месец непредвидливи, а само власта е таа која заработува, рече Митева.

The post Митева: Околу милион евра од продажбата на струја можеле да останат во ЕЛЕМ Трејд, ако Ковачевски не ја продаваше евтино на странски трговци appeared first on Република.

]]>

АД ЕЛЕМ преку продажба на евтина струја во ноќните часови по цена половична од берзанската за само месец и половина овозможила скоро 1 милион евра заработка на трговци со струја. Овие двајца трговци на струја чии податоци можеме да ги видиме од официјалните статистики за продажба на ЕЛЕМ, ЕТМТ Енерги и ДАНСКЕ КОМОДИТИС ДООЕЛ чии линкови водат до СДСМ или сестрински партии до СДСМ, струјата која ја купувале под берза од АД ЕЛЕМ ја продавале со 60% маржа, изјави на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Во услови на криза, овие две компании поради неукоста и криминогеноста на АД ЕЛЕМ нижат дебели профити, наместо истата струја АД ЕЛЕМ да ја понуди на македонското стопанство или на општините за осветлување. Каква е врската помеѓу ЕЛЕМ, албанската енергетска компанија КЕШ, компанијата ЕТМТ Енерџи и компанијата од Тирана ЕНЕРТРЕЈД? Дополнително, каква е врската помеѓу АД ЕЛЕМ и ДАНСКЕ КОМОДИТИС? За овие прашања СДСМ нема одговор. Дополнително е сомнително тоа што, АД ЕЛЕМ има сопствено претпријатие за трговија со струја, ЕЛЕМ Трејд, кое може да се јави како купувач на струјата на АД ЕЛЕМ, а потоа и препродавач на домашни и странски пазари. Несфатливо е зошто во ек на енергетска криза, кога се бара мегават час повеќе, АД ЕЛЕМ не ја врши трговијата само, туку тоа го остава на трговци кои нижат милиони. Зошто наместо добивката од милион евра што ја направиле двете фирми купувачи на струјата на АД ЕЛЕМ да остане во претпријатието таа се одлеала кон странство? Се поставува основан сомнеж за однапред договорена работа и свесно внесување на АД ЕЛЕМ и Македонија во целост во оштетена положба. Овој случај ќе биде предмет на детална истрага по промената на власта затоа што преку ваквото несовесно работење кое резултира со зделки и заработка на милиони евра на трговци, штетата е на грбот на стопанството кое во овие моменти на енергетска криза плаќа струја и до 800евра за мегават час. Фирмите затвораат, луѓето остануваат без работа, сметките за струја се од месец за месец непредвидливи, а само власта е таа која заработува, рече Митева.

The post Митева: Околу милион евра од продажбата на струја можеле да останат во ЕЛЕМ Трејд, ако Ковачевски не ја продаваше евтино на странски трговци appeared first on Република.

]]>
Митева: Ново задолжување од речиси милијарда евра, СДСМ ја турна Македонија во економски колапс https://republika.mk/vesti/ekonomija/miteva-novo-zadolzuvanje-od-rechisi-milijarda-evra-sdsm-ja-turna-makedonija-vo-ekonomski-kolaps/ Tue, 26 Apr 2022 10:13:36 +0000 https://republika.mk/?p=493723

Неодговорноста, неспособноста и криминалот на оваа власт на СДСМ и ДУИ ја турнаа Македонија во економски колапс. Последната најава за ново задолжување од речиси една милијарда евра само го потврдува тоа. Патем ова задолжување кое го најавува власта не е за развој, не е за изградба, не е за нови капитални инвестиции, туку за покривање на дупки и обезбедување на ликвидност, рече на денешната прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Тоа е поразително.

Според информациите во јавноста власта ќе побара од ММФ 900 милиони евра за сервисирање на основните обврски, поради катастрофалната состојба со буџетот. Досегашната состојба со долгот и така беше катастрофална, а сега уште повеќе ќе се влошува. Ако долгот до сега беше над 60% од БДП, сега со новите задолжувања ќе се зголеми на над 63%. Годинава ја почнавме со надминување на психолошката граница од над 7 милијарди долг, а веројатно до крајот на годинава ќе се доближиме до нова психолошка граница од  над 8 милијарди евра долг.

Оваа власт на СДСМ и ДУИ за 5 години власт ја задолжи Македонија речиси колку сите влади заедно. Кога дојдоа на власт долгот изнесуваше 4,7 милијарди евра, а сега галопирачки достигнува над 8 милијарди евра. Само во последните три години генерираа нов долг кој е еквивалентен на 1.250 евра по граѓанин.

Во исто време ја заковаа Македонија на дното од земјите во регионот по странски директни инвестиции, реализација на капитални инвестиции и раст на БДП нема. Со други зборови се што собраа од даноци и се што се задолжија отиде на покривање на елементарни државни функции и на многу криминални тендери, физибилити студии, непродуктивни трошоци за службени возила, позлатени прибори, фстаци, режани цвеќиња, жардињери, мебел и слични луксузи.

Почитувани,

Ова мора да престане. Ваквата состојба мора да се смени. Тоа е можно само со нови предвремени избори кога главните виновници за економскиот колапс, СДСМ и ДУИ ќе бидат поразени.

https://www.youtube.com/watch?v=En5J8rDp82U

The post Митева: Ново задолжување од речиси милијарда евра, СДСМ ја турна Македонија во економски колапс appeared first on Република.

]]>

Неодговорноста, неспособноста и криминалот на оваа власт на СДСМ и ДУИ ја турнаа Македонија во економски колапс. Последната најава за ново задолжување од речиси една милијарда евра само го потврдува тоа. Патем ова задолжување кое го најавува власта не е за развој, не е за изградба, не е за нови капитални инвестиции, туку за покривање на дупки и обезбедување на ликвидност, рече на денешната прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Тоа е поразително. Според информациите во јавноста власта ќе побара од ММФ 900 милиони евра за сервисирање на основните обврски, поради катастрофалната состојба со буџетот. Досегашната состојба со долгот и така беше катастрофална, а сега уште повеќе ќе се влошува. Ако долгот до сега беше над 60% од БДП, сега со новите задолжувања ќе се зголеми на над 63%. Годинава ја почнавме со надминување на психолошката граница од над 7 милијарди долг, а веројатно до крајот на годинава ќе се доближиме до нова психолошка граница од  над 8 милијарди евра долг. Оваа власт на СДСМ и ДУИ за 5 години власт ја задолжи Македонија речиси колку сите влади заедно. Кога дојдоа на власт долгот изнесуваше 4,7 милијарди евра, а сега галопирачки достигнува над 8 милијарди евра. Само во последните три години генерираа нов долг кој е еквивалентен на 1.250 евра по граѓанин. Во исто време ја заковаа Македонија на дното од земјите во регионот по странски директни инвестиции, реализација на капитални инвестиции и раст на БДП нема. Со други зборови се што собраа од даноци и се што се задолжија отиде на покривање на елементарни државни функции и на многу криминални тендери, физибилити студии, непродуктивни трошоци за службени возила, позлатени прибори, фстаци, режани цвеќиња, жардињери, мебел и слични луксузи. Почитувани, Ова мора да престане. Ваквата состојба мора да се смени. Тоа е можно само со нови предвремени избори кога главните виновници за економскиот колапс, СДСМ и ДУИ ќе бидат поразени.
https://www.youtube.com/watch?v=En5J8rDp82U

The post Митева: Ново задолжување од речиси милијарда евра, СДСМ ја турна Македонија во економски колапс appeared first on Република.

]]>
Митева: Владата наместо да ги прифати барањата на СОНК, се служи со недемократски принципи на заплашување и закана дека нема да им исплати плата https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-vladata-namesto-da-gi-prifati-baranjata-na-sonk-se-sluzi-so-nedemokratski-principi-na-zaplashuvanje-i-zakana-deka-nema-da-im-isplati-plata/ Thu, 21 Apr 2022 10:53:41 +0000 https://republika.mk/?p=491718

По денешната прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева од медиумите беше запрашана како ги коментира состојбите во образованието со оглед на фактот дека СОНК го продолжува штрајкот, а владата нема решение за нивните барања.

Ова е уште еден доказ дека Македонија е заробена држава. На дело се гледаат жестоки притисоци кои оваа Влада ги прави врз образовниот кадар. И наместо да ги прифати барањата на СОНК кои во целост се оправдани, се служи со недемократски принципи на заплашување и закана дека нема да им исплати плата на образовниот кадар. Иако СДСМ е партија која е добро позната по ваквиот принцип на работа, сепак морам да истакнам дека сум згрозена од методите кои што ги употребува власта врз просветните работници, истакна Митева.

Митева додаде дека СДСМ само придонесе да има енормно поскапување на сите трошоци за живот. Но, СДСМ не придонесува за зголемувањето на платите на образовниот кадар, кое всушност ќе значи само дека го добиваат она што основно им е потребно.

Кога треба да обезбедат пари за граѓаните тогаш СДСМ се повикуваат на светски економски кризи, а кога треба да ги задоволат личните или партиските бизнис интереси тогаш пари во буџетот има, нагласи Митева.

The post Митева: Владата наместо да ги прифати барањата на СОНК, се служи со недемократски принципи на заплашување и закана дека нема да им исплати плата appeared first on Република.

Митева: Извештајот на „Фридом Хаус“ потврдува, Македонија со СДСМ е заглавена во категоријата – хибриден режим https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-izveshtajot-na-fridom-haus-potvrduva-makedonija-so-sdsm-e-zaglavena-vo-kategorijata-hibriden-rezim/ Thu, 21 Apr 2022 10:04:08 +0000 https://republika.mk/?p=491666

Во Извештајот на невладината организација „Фридом Хаус“ со наслов „Земји во транзиција - од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“, Македонија е дефинирана како хибриден режим. Македонија бележи континуиран демократски пад со власта предводена од СДСМ, рече портпаролот на ВМРО=ДПМНЕ, Марија Митева на денешната прес конференција.

Институциите се оценети како дисфункционални, дека не се во состојба да испорачаат компоненти на демократија, а особено во делот на проверки и баланс, владеење на правото и силна заштита на правата и слободите на сите граѓаните. Дополнително, „Фридом Хаус“ потенцира дека како држава сме заглавени во категоријата - хибриден режим. Оценката за демократија е непроменета во однос на претходната година - 3,82, или 47%. Македонија бележи постојан пад, а вкупната оценка се намали од 3,93 во 2015-тата на 3,75. По области, Македонија има најниска оценка за корупција што е уште еден показател за високата корупција која владее во државата наспроти владеењето на правото и демократијата. Македонија е повторно во групата со највисока перцепција за корупција во Европа.

Хибридниот режим на СДСМ ја држи Македонија во групата на најкорумпирани држави во Европа. За оваа состојба во која се наоѓа Македонија, за хибридниот режим кој ја уништи правдата преку инсталирање корупција во секоја сфера од општеството одговорноста лежи во СДСМ. На овој Извештај му соодвествуваат фактите дека Македонија е заробена држава, затоа да потсетиме на пасошите за светските криминалци, да потсетиме дека МВР нема ниту една акција за сузбивање на криминалот, да потсетиме дека системот функционира врз принципот на мито и корупција и дека правдата е селективна, а не еднаква за сите граѓани.

Оваа влада на СДСМ го развива криминалот наместо да се бори против него веќе години наназад.

Но нашата борба против корупцијата мора да се забрза, владеењето на правото мора да се почитува ако сакаме да запреме со уништувањето на демократијата.

https://www.youtube.com/watch?v=OX30NNkf1VU

The post Митева: Извештајот на „Фридом Хаус“ потврдува, Македонија со СДСМ е заглавена во категоријата – хибриден режим appeared first on Република.