Мистерија Буфо Archives - Република https://republika.mk/tema/misterija-bufo/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Nov 2022 08:05:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мистерија Буфо Archives - Република https://republika.mk/tema/misterija-bufo/ 32 32 Духот на татко ми Владо постојано беше присутен додека ја работевме „Мистерија Буфо“, вели режисерот Андреј Цветановски, пред премиерата во Прилепски театар https://republika.mk/vesti/kultura/duhot-na-tatko-mi-vlado-postojano-beshe-prisuten-dodeka-ja-rabotevme-misterija-bufo-veli-reziserot-andrej-cvetanovski-pred-premierata-vo-prilepski-teatar/ Wed, 16 Nov 2022 08:05:32 +0000 https://republika.mk/?p=574325

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ вечерва од 19,30 часот на матичната сцена на Театарот ќе ја изведе последната премиера од годинашнава програма, „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, кому ова му е прва професионална соработка со прилепскиот ансамбл.

Претставата е според приказни на Фо од средновековието и во фокусот на поголемиот дел од сцените е обичниот човек кој се буни и ја критикува состојбата во која се наоѓа, слично и во средновековието и денес.

Овој театар за мене има фамилијарна вредност. Татко ми повеќепати работеше со прилепскиот ансамбал. Тој дух на неговата работа беше присутен во процесот на работа на претставата. Посебно е задоволството на работата со ансамблот кој игра до крај и докрај ѝ се радува на театарската игра. А тоа е многу битно, според мене, за создавање добра претстава. Претставата е вруток и мешавина на многу емоции и низ неколку приказни кои ги напишал Дарио Фо според мистериите како жанр на средновековниот театар, направивме радосна претстава. На таа радост во играта се темели претставата. Се надевам дека ова е почеток на едно прекрасно пријателство, вели режисерот Андреј Цветановски.

Актерката Наташа Ачански вели дека се чувствувал и духот на режисерот Владо Цветановски.

Моето чувство е што нѐ врати малку назад, кога работевме со Владо Цветановски и многу ми е драго зашто режисерот Андреј носи дел од енергијата на Владо. Таква радост во театарската игра одамна не сум почувствувала. Постојано бевме во процесот, од утро до вечер со енергија и симбиоза.

Актерот Илија Вочески го нагласува искуството на ансамблот во колетивната игра.

Прилепскиот театар е познат по колективните претстави. Поврзани сме сите како ансамбл и полесно беше да се „прочитаме“ на сцената. Сепак овој процес беше различен зашто сите мораа исто „да дишат“ без разлика дали се во прв или втор план. Тоа бара максимална концентрација. Првпат имам улога на шут (дворски) и беше огромен предизвик. Во претставата е изразен став како обичниот човек е претставен во театарските трупи од средниот век, смета Волчески.

Во претставата играат: Наташа Ачански, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Марија Спиркоска-Илијески, Александар Тодески и Димитар Црцороски. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, со кого Прилепскиот театар, исто така, првпат соработува, а костимите се на Марта Дојчиновска. Музиката, пак, е на Томе Темелкоски, Димитар Ѓорѓиевски и на ВИС „Војдан Чернодрински“. Драматургијата и преводот се на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска.

The post Духот на татко ми Владо постојано беше присутен додека ја работевме „Мистерија Буфо“, вели режисерот Андреј Цветановски, пред премиерата во Прилепски театар appeared first on Република.

]]>

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ вечерва од 19,30 часот на матичната сцена на Театарот ќе ја изведе последната премиера од годинашнава програма, „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, кому ова му е прва професионална соработка со прилепскиот ансамбл. Претставата е според приказни на Фо од средновековието и во фокусот на поголемиот дел од сцените е обичниот човек кој се буни и ја критикува состојбата во која се наоѓа, слично и во средновековието и денес.