мисија на ОБСЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/misija-na-obse/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Apr 2024 14:51:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мисија на ОБСЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/misija-na-obse/ 32 32 ОБСЕ/ОДИХР позитивно ги оцени изборите https://republika.mk/vesti/makedonija/obse-odihr-pozitivno-gi-otseni-izborite/ Thu, 25 Apr 2024 14:00:17 +0000 https://republika.mk/?p=771037

- Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Денот на изборите севкупно беше оценет позитивно при што во голема мера се почитуваа процедурите за гласање, додека во некои случаи при пребројувањето избирачките одбори не ги завршија целосно пропишаните процедури. Ова се прелиминарните заклучоци на меѓународната набљудувачка мисија за изборите составена од претставници на ОБСЕ/ОДИХР и Советот на Европа изнесени денеска на прес-конференција.

Џилијан Стирк, шеф на мисијата ОБСЕ/ОДИХР во контекст на законската рамка истакна дека таа е основа за демократски избори, но оти не регулира во доволна мера некои од важните елементи на претседателската трка.

Посочи дека неодамнешните измени во Изборниот законик беа воведени преку процес на кој му недостасувало транспарентност и консултации со јавноста.

-Основните слободи беа почитувани во кампањата, но како што се приближуваше денот на изборите, а границите помеѓу претседателската и парламентарната трка почнаа да се замаглуваат, реториката стануваше се’ понегативна и во некои случаи дискриминаторска одразувајќи ја политичката фрагментација и етничките поделби, посочи Стирк.

Таа се осврна и на недоволната застапеност на, како што вели, жените во кампањата, како и на тоа дека ограничениот ангажман со жените гласачи покажал потреба од поголема посветеност на обезбедување нивна вклученост во политичкиот живот.

Во извештајот има наводи и за распределбата на средствата за кампања. - Поврзаноста на распределбата на средствата за кампања и медиумските можности со партиската припадност несразмерно ги фаворизираше кандидатите кои се поврзани со големите политички партии, наведе Стирк.

Во однос на изборната администрација таа нагласи дека и покрај нејзините ограничени човечки и технички ресурси, таа генерално уживала доверба на јавноста во поглед на нејзиниот технички капацитет и ефикасно управување со процесот во целост.

Меѓународната набљудувачка мисија ќе го проследи и вториот круг на претседателските избори заедно со парламентарните избори на 8 мај, а конечната оценка за претседателските и парламентарните избори ќе бидат објавени два-три месеци по завршувањето на изборите

The post ОБСЕ/ОДИХР позитивно ги оцени изборите appeared first on Република.

]]>

- Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Денот на изборите севкупно беше оценет позитивно при што во голема мера се почитуваа процедурите за гласање, додека во некои случаи при пребројувањето избирачките одбори не ги завршија целосно пропишаните процедури. Ова се прелиминарните заклучоци на меѓународната набљудувачка мисија за изборите составена од претставници на ОБСЕ/ОДИХР и Советот на Европа изнесени денеска на прес-конференција.
Џилијан Стирк, шеф на мисијата ОБСЕ/ОДИХР во контекст на законската рамка истакна дека таа е основа за демократски избори, но оти не регулира во доволна мера некои од важните елементи на претседателската трка. Посочи дека неодамнешните измени во Изборниот законик беа воведени преку процес на кој му недостасувало транспарентност и консултации со јавноста. -Основните слободи беа почитувани во кампањата, но како што се приближуваше денот на изборите, а границите помеѓу претседателската и парламентарната трка почнаа да се замаглуваат, реториката стануваше се’ понегативна и во некои случаи дискриминаторска одразувајќи ја политичката фрагментација и етничките поделби, посочи Стирк. Таа се осврна и на недоволната застапеност на, како што вели, жените во кампањата, како и на тоа дека ограничениот ангажман со жените гласачи покажал потреба од поголема посветеност на обезбедување нивна вклученост во политичкиот живот. Во извештајот има наводи и за распределбата на средствата за кампања. - Поврзаноста на распределбата на средствата за кампања и медиумските можности со партиската припадност несразмерно ги фаворизираше кандидатите кои се поврзани со големите политички партии, наведе Стирк. Во однос на изборната администрација таа нагласи дека и покрај нејзините ограничени човечки и технички ресурси, таа генерално уживала доверба на јавноста во поглед на нејзиниот технички капацитет и ефикасно управување со процесот во целост. Меѓународната набљудувачка мисија ќе го проследи и вториот круг на претседателските избори заедно со парламентарните избори на 8 мај, а конечната оценка за претседателските и парламентарните избори ќе бидат објавени два-три месеци по завршувањето на изборите

The post ОБСЕ/ОДИХР позитивно ги оцени изборите appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Вал: Македонија е подготвена да претседава со ОБСЕ од јануари 2023 година https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-val-severna-makedonija-e-podgotvena-da-pretsedava-so-obse-od-januari-2023-godina-2/ Wed, 14 Dec 2022 07:14:23 +0000 https://republika.mk/?p=585380

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Килијан Вал, новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На состанокот е поздравен напредокот на Република Македонија, што го покажуваат развојот на демократијата во државата, почетокот на преговорите со Европската Унија, претстојното претседавање на Македонија со ОБСЕ, што треба да започне од 1 јануари 2023 година.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за придонесот на ОБСЕ во развојот на Република Македонија како демократска држава, рече дека денес Македонија има слободни медиуми, дека има слободни изборни процеси и дека државата се развива според европските вредности, што е од важност како за квалитетот на живот на граѓаните во нашата држава, така и од геостратешко значење.

Претседателот на Владата, Ковачевски, изрази уверување дека нашата држава успешно ќе претседава со ОБСЕ, посочувајќи дека Република Македонија се развива како едно општество за сите граѓани, дека ги развива добрососедските односи низ европските принципи на разбирање и меѓусебно почитување и е целосно посветена на европските интеграции како стратешка цел.

На средбата е разговарано и за важноста на владеењето на правото и на борбата против корупцијата.

Исто така, премиерот Ковачевски, информираше за посветеноста во надминувањето на економските и енергетските предизвици, предизвикани од светската криза, по пандемијата и војната во Украина во светски рамки.

The post Ковачевски – Вал: Македонија е подготвена да претседава со ОБСЕ од јануари 2023 година appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Килијан Вал, новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На состанокот е поздравен напредокот на Република Македонија, што го покажуваат развојот на демократијата во државата, почетокот на преговорите со Европската Унија, претстојното претседавање на Македонија со ОБСЕ, што треба да започне од 1 јануари 2023 година. Премиерот Ковачевски се заблагодари за придонесот на ОБСЕ во развојот на Република Македонија како демократска држава, рече дека денес Македонија има слободни медиуми, дека има слободни изборни процеси и дека државата се развива според европските вредности, што е од важност како за квалитетот на живот на граѓаните во нашата држава, така и од геостратешко значење. Претседателот на Владата, Ковачевски, изрази уверување дека нашата држава успешно ќе претседава со ОБСЕ, посочувајќи дека Република Македонија се развива како едно општество за сите граѓани, дека ги развива добрососедските односи низ европските принципи на разбирање и меѓусебно почитување и е целосно посветена на европските интеграции како стратешка цел. На средбата е разговарано и за важноста на владеењето на правото и на борбата против корупцијата. Исто така, премиерот Ковачевски, информираше за посветеноста во надминувањето на економските и енергетските предизвици, предизвикани од светската криза, по пандемијата и војната во Украина во светски рамки.

The post Ковачевски – Вал: Македонија е подготвена да претседава со ОБСЕ од јануари 2023 година appeared first on Република.

]]>
Вал: Ќе му покажете на светот дека сте доверлив партнер во промовирањето на мирот и стабилноста https://republika.mk/vesti/makedonija/val-kje-mu-pokazete-na-svetot-deka-ste-doverliv-partner-vo-promoviranjeto-na-mirot-i-stabilnosta/ Wed, 07 Dec 2022 19:55:09 +0000 https://republika.mk/?p=583135

Додека ја славиме 30-годишнината од Мисијата, вие се подготвувате да ја преземете функцијата претседавач со ОБСЕ. Дали може да има повеќе докази од тоа за да се илустрира вашиот успех како земја? Ова е чест, признание за позитивните случувања во земјата во спроведувањето на вашите заложби од ОБСЕ. Македонија ќе му покаже на светот дека е доверлив партнер во промовирањето на мирот и стабилноста, истакна амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во земјава, Килиан Вал, во неговиот говор по повод одбележувањето на 30-годишнината на мисијата на ОБСЕ во нашата држава.

Ја преземате одговорноста во тешки времиња, но не се сомневам дека ќе се справите со одговорноста на одличен начин. Од наша страна, како што му кажав на министерот Османи на нашата првична средба минатиот месец, ние во Мисијата во Скопје сме подготвени да направиме се што можеме за да го поддржиме претседавањето, истакна амбасадорот Вал.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, смета дека со претседавањето на Мисијата на ОБСЕ кое треба да почне наредната година, земјава може да даде свој печат и придонес во остварувањето на принципите и заложбите на организацијата.

За време на 30-годишното присуство во земјава мисијата беше од голема важност за превенција на прелевањето на конфликтот, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, за градење на социјална кохезија и зајакнување на демократските институции и владеење на правото, покрај другиот придонес во подобрување на севкупните услови во нашето општество како целина, рече министерот.

Османи не смета дека присуството на Мисијата на ОБСЕ е знак на слабост или негативна симболика. Напротив, вели Османи, вашето присуство е многу важно и вие сте вреден партнер во соочувањето со различни предизвици.

Голема и вреди да се спомене листата на постигнувањата на мисијата на ОБСЕ во земјава, а некои од поважните се взаемната доверба, почитувањето, разбирањето и доверливата соработка, елементи коишто се мошне битни за имплементација на принципите и заложбите на ОБСЕ, истакна Османи.

На крај беа доделени и награди за победниците на јавниот конкурс објавен од Мисијата на ОБСЕ во земјава во соработка со Агенција за млади и спорт и Националниот младински совет на тема од областа на безбедноста, солидарноста и соработката за млади од 15 до 29 години. Добитници беа Сунчица Бадаровска со цртеж, Јане Бачев со видео и Ангела Петрушевска со видео.

The post Вал: Ќе му покажете на светот дека сте доверлив партнер во промовирањето на мирот и стабилноста appeared first on Република.