мировна конференција Archives - Република https://republika.mk/tema/mirovna-konferentsija/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jun 2024 06:48:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мировна конференција Archives - Република https://republika.mk/tema/mirovna-konferentsija/ 32 32 Во Швајцарија се одржува дводневна мировна конференција за Украина https://republika.mk/vesti/svet/vo-shvajtsarija-se-odrzhuva-dvodnevna-mirovna-konferentsija-za-ukraina/ Sat, 15 Jun 2024 06:48:52 +0000 https://republika.mk/?p=787728

Во Швајцарија денеска почнува дводневна мировна конференција за Украина на која ќе учествуваат високи претставници на околу сто земји и на меѓународни организации.

На конференцијата ќе се разговара за различни прашања, меѓу кои за извозот на жито од Украина, безбедноста на нуклеарната централа Запорожје, што е под руска контрола, како и хуманитарни прашања како што е размената на воени заробеници.

Конференцијата се одржува на иницијатива на Украина, а на ќе учествуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Целта на конференцијата е да се мобилизира меѓународна поддршка за Украина.

Русија во моментот контролира една петтина од територијата на Украина, вклучително и полуостровот Крим, анектиран во 2014 година.

 

The post Во Швајцарија се одржува дводневна мировна конференција за Украина appeared first on Република.

]]>

Во Швајцарија денеска почнува дводневна мировна конференција за Украина на која ќе учествуваат високи претставници на околу сто земји и на меѓународни организации. На конференцијата ќе се разговара за различни прашања, меѓу кои за извозот на жито од Украина, безбедноста на нуклеарната централа Запорожје, што е под руска контрола, како и хуманитарни прашања како што е размената на воени заробеници. Конференцијата се одржува на иницијатива на Украина, а на ќе учествуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Целта на конференцијата е да се мобилизира меѓународна поддршка за Украина. Русија во моментот контролира една петтина од територијата на Украина, вклучително и полуостровот Крим, анектиран во 2014 година.  

The post Во Швајцарија се одржува дводневна мировна конференција за Украина appeared first on Република.

]]>
Песков: Не ја гледаме смислата на мировната конференција во Швајцарија без учеството на Русија https://republika.mk/vesti/svet/peskov-ne-ja-gledame-smislata-na-mirovnata-konferentsija-vo-shvajtsarija-bez-uchestvoto-na-rusija/ Thu, 02 May 2024 18:12:48 +0000 https://republika.mk/?p=773504

Русија денеска реагираше дека не ја гледа поентата на мировната конференција за Украина што Швајцарија ја планира за средината на јуни, на која Москва не е поканета.

Швајцарската влада денеска соопшти дека „во овој момент“ Русија не е меѓу 160-те поканети делегации, додавајќи дека е отворена за нејзиното учество, но дека Москва не е заинтересирана.

Берн ја најави средбата  уште во јануари, наведувајќи дека тоа го прави на изричито барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска истакна дека Москва не ја смета оваа иницијатива за веродостојна.

-Не разбираме каква пресвртница би била таа мировна конференција, изјави Песков. „За каква конференција зборуваме, за каква сериозна конференција со сериозни очекувања дека ќе има некакви резултати, без учество на Русија?, додаде тој.

„Тоа е целосно невозможно и јасно е дека тоа е некаква иницијатива која не е фокусирана на резултати“, заклучи портпаролот на Кремљ.

Швајцарската влада соопшти дека „мировниот процес не е можен без Русија. Украина, од друга страна, ги доведува во прашање придобивките од руското учество на состанокот што ќе се одржи во близина на градот Луцерн.

-Знаеме дека нема смисла да се има Русија на маса ако не можете да се осигурате дека таа ќе дејствува со добра волја, изјави шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба минатата недела во интервју за магазинот „Форин полиси“.

Кулеба смета дека создавањето дополнителен притисок на Русија на бојното поле и обединувањето на државите „кои делат исти принципи“ ќе и помогнат на оваа земја да биде подготвена да учествува во дијалогот.

The post Песков: Не ја гледаме смислата на мировната конференција во Швајцарија без учеството на Русија appeared first on Република.

]]>

Русија денеска реагираше дека не ја гледа поентата на мировната конференција за Украина што Швајцарија ја планира за средината на јуни, на која Москва не е поканета. Швајцарската влада денеска соопшти дека „во овој момент“ Русија не е меѓу 160-те поканети делегации, додавајќи дека е отворена за нејзиното учество, но дека Москва не е заинтересирана. Берн ја најави средбата  уште во јануари, наведувајќи дека тоа го прави на изричито барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска истакна дека Москва не ја смета оваа иницијатива за веродостојна. -Не разбираме каква пресвртница би била таа мировна конференција, изјави Песков. „За каква конференција зборуваме, за каква сериозна конференција со сериозни очекувања дека ќе има некакви резултати, без учество на Русија?, додаде тој. „Тоа е целосно невозможно и јасно е дека тоа е некаква иницијатива која не е фокусирана на резултати“, заклучи портпаролот на Кремљ. Швајцарската влада соопшти дека „мировниот процес не е можен без Русија. Украина, од друга страна, ги доведува во прашање придобивките од руското учество на состанокот што ќе се одржи во близина на градот Луцерн. -Знаеме дека нема смисла да се има Русија на маса ако не можете да се осигурате дека таа ќе дејствува со добра волја, изјави шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба минатата недела во интервју за магазинот „Форин полиси“. Кулеба смета дека создавањето дополнителен притисок на Русија на бојното поле и обединувањето на државите „кои делат исти принципи“ ќе и помогнат на оваа земја да биде подготвена да учествува во дијалогот.

The post Песков: Не ја гледаме смислата на мировната конференција во Швајцарија без учеството на Русија appeared first on Република.

]]>
Швајцарија ќе биде домаќин на дводневна мировна конференција за Украина https://republika.mk/vesti/svet/shvajtsarija-ke-bide-domakin-na-dvodnevna-mirovna-konferentsija-za-ukraina/ Wed, 10 Apr 2024 15:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=764640

Швајцарската Влада денеска соопшти дека 15-ти и 16-ти јуни ќе биде домаќин на дводневна мировна конференција на високо ниво чија цел е постигнување мир во Украина, врз основа на планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис.

Конференцијата ќе се одржи во одморалиштето Бургенсток во кантонот Нидвалден, во близина на градот Луцерн, а како што се вели во соопштението, целта ќе биде да се создаде рамка за траен мир во Украина, како и „конкретен план за учество на Русија во мировниот процес“.

Швајцарската Влада исто така соопшти дека Европската унија и претставниците на земјите од таканаречениот Глобален Југ, вклучувајќи ги Бразил, Кина, Етиопија, Индија, Саудиска Арабија и Јужна Африка, биле вклучени во раните дискусии за организирање на конференцијата.

 „Во моментов има доволна меѓународна поддршка за конференција на високо ниво за да се иницира мировниот процес“, се вели во соопштението.

Швајцарските медиуми, повикувајќи се на извори, објавија дека на конференцијата би можел да присуствува и американскиот претседател Џо Бајден, кој во тој момент ќе биде на самитот на Г7 во Италија.

The post Швајцарија ќе биде домаќин на дводневна мировна конференција за Украина appeared first on Република.

]]>

Швајцарската Влада денеска соопшти дека 15-ти и 16-ти јуни ќе биде домаќин на дводневна мировна конференција на високо ниво чија цел е постигнување мир во Украина, врз основа на планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис. Конференцијата ќе се одржи во одморалиштето Бургенсток во кантонот Нидвалден, во близина на градот Луцерн, а како што се вели во соопштението, целта ќе биде да се создаде рамка за траен мир во Украина, како и „конкретен план за учество на Русија во мировниот процес“. Швајцарската Влада исто така соопшти дека Европската унија и претставниците на земјите од таканаречениот Глобален Југ, вклучувајќи ги Бразил, Кина, Етиопија, Индија, Саудиска Арабија и Јужна Африка, биле вклучени во раните дискусии за организирање на конференцијата.
 „Во моментов има доволна меѓународна поддршка за конференција на високо ниво за да се иницира мировниот процес“, се вели во соопштението.
Швајцарските медиуми, повикувајќи се на извори, објавија дека на конференцијата би можел да присуствува и американскиот претседател Џо Бајден, кој во тој момент ќе биде на самитот на Г7 во Италија.

The post Швајцарија ќе биде домаќин на дводневна мировна конференција за Украина appeared first on Република.

]]>