мировен договор Archives - Република https://republika.mk/tema/miroven-dogovor/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jun 2024 19:38:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мировен договор Archives - Република https://republika.mk/tema/miroven-dogovor/ 32 32 „Њујорк тајмс“ го објави нацрт-мировниот договор меѓу Украина и Русија од 2022 година https://republika.mk/vesti/svet/nujork-tajms-go-objavi-natsrt-mirovniot-dogovor-megu-ukraina-i-rusija-od-2022-godina/ Sat, 15 Jun 2024 19:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=787993

Во нацрт-мировниот договор од 2022 година Украина и Русија се согласиле да го исклучат Крим од договорот, оставајќи го под руска јурисдикција, како и Украина да не го признае рускиот суверенитет над полуостровот, пишува „Њујорк тајмс“.

Русија и Украина одржаа мировни преговори во Белорусија и Турција во првите месеци од војната во 2022 година и оттогаш не се одржани директни разговори меѓу двете завојувани страни.

Американскиот весник го објави првиот наводен нацрт на мировниот договор од 2022 година во време кога Швајцарија е домаќин на глобален мировен самит за Украина, на кој не беше поканета Русија.

Учесниците се надеваат дека ќе создадат заеднички мировен план што би можеле да му го претстават на рускиот претставник на следниот состанок, пишува Њујорк Тајмс.

Волстрит журнал ги објави условите на примирјето од 2022 година уште во март, но Њујорк тајмс го објави целосниот нацрт од 17 страници.

https://republika.mk/vesti/svet/neutralnost-na-ukraina-ednakvost-na-ruskiot-jazik-obajveni-detali-od-propadnatiot-miroven-dogovor-shto-ke-spaseshe-stotitsi-iljadi-zhivoti/

Според тој нацрт, статусот на териториите на Украина под контрола од Русија требаше да се решава на подоцнежните разговори меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин.

Украина се согласи да се откаже од аспирациите за влез во НАТО или која било друга воена алијанса, но договорот му дозволува на Киев да влезе во ЕУ.

Русија, исто така, побарала укинување на сите украински закони поврзани со рускиот јазик и националниот идентитет на руските граѓани во Украина, како и ограничување на украинските вооружени сили.

„Њујорк тајмс“ наведува дека најголемата пречка била поврзана со безбедносните гаранции под кои сили како Велика Британија, САД, Кина и Франција би застанале во одбрана на Украина доколку таа биде нападната.

Руските претставници, наводно, побарале право на вето врз тие гаранции.

Поради ова барање, украинскиот тим наводно „немал интерес да ги продолжи преговорите“, изјавил украински функционер за американскиот весник.

https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-pregovarach-nema-da-bideme-domakjini-na-voeni-bazi-ili-rasporeduvanje-voeni-kontingenti-na-nasha-teritorija/

The post „Њујорк тајмс“ го објави нацрт-мировниот договор меѓу Украина и Русија од 2022 година appeared first on Република.

]]>

Во нацрт-мировниот договор од 2022 година Украина и Русија се согласиле да го исклучат Крим од договорот, оставајќи го под руска јурисдикција, како и Украина да не го признае рускиот суверенитет над полуостровот, пишува „Њујорк тајмс“. Русија и Украина одржаа мировни преговори во Белорусија и Турција во првите месеци од војната во 2022 година и оттогаш не се одржани директни разговори меѓу двете завојувани страни. Американскиот весник го објави првиот наводен нацрт на мировниот договор од 2022 година во време кога Швајцарија е домаќин на глобален мировен самит за Украина, на кој не беше поканета Русија. Учесниците се надеваат дека ќе создадат заеднички мировен план што би можеле да му го претстават на рускиот претставник на следниот состанок, пишува Њујорк Тајмс. Волстрит журнал ги објави условите на примирјето од 2022 година уште во март, но Њујорк тајмс го објави целосниот нацрт од 17 страници. https://republika.mk/vesti/svet/neutralnost-na-ukraina-ednakvost-na-ruskiot-jazik-obajveni-detali-od-propadnatiot-miroven-dogovor-shto-ke-spaseshe-stotitsi-iljadi-zhivoti/ Според тој нацрт, статусот на териториите на Украина под контрола од Русија требаше да се решава на подоцнежните разговори меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин. Украина се согласи да се откаже од аспирациите за влез во НАТО или која било друга воена алијанса, но договорот му дозволува на Киев да влезе во ЕУ. Русија, исто така, побарала укинување на сите украински закони поврзани со рускиот јазик и националниот идентитет на руските граѓани во Украина, како и ограничување на украинските вооружени сили. „Њујорк тајмс“ наведува дека најголемата пречка била поврзана со безбедносните гаранции под кои сили како Велика Британија, САД, Кина и Франција би застанале во одбрана на Украина доколку таа биде нападната. Руските претставници, наводно, побарале право на вето врз тие гаранции.
Поради ова барање, украинскиот тим наводно „немал интерес да ги продолжи преговорите“, изјавил украински функционер за американскиот весник.
https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-pregovarach-nema-da-bideme-domakjini-na-voeni-bazi-ili-rasporeduvanje-voeni-kontingenti-na-nasha-teritorija/

The post „Њујорк тајмс“ го објави нацрт-мировниот договор меѓу Украина и Русија од 2022 година appeared first on Република.

]]>
Г7 го поддржува мировниот договор на Бајден и го повикува Хамас да го прифати https://republika.mk/vesti/svet/g7-go-poddrzhuva-mirovniot-dogovor-na-bajden-i-go-povikuva-hamas-da-go-prifati/ Mon, 03 Jun 2024 21:02:20 +0000 https://republika.mk/?p=784499

Г7 денеска соопшти дека стои зад постојаниот мировен договор на американскиот претседател Џо Бајден и го повика Хамас да го прифати.

Ние, лидерите на Групата седум (Г7), целосно го поддржуваме планот на Бајден „што ќе доведе до итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, значително и одржливо зголемување на хуманитарната помош за дистрибуција низ Газа, и траен крај на кризата, со загарантирани безбедносни интереси на Израел и цивилна безбедност во Газа, се вели во соопштението.

The post Г7 го поддржува мировниот договор на Бајден и го повикува Хамас да го прифати appeared first on Република.

]]>

Г7 денеска соопшти дека стои зад постојаниот мировен договор на американскиот претседател Џо Бајден и го повика Хамас да го прифати.
Ние, лидерите на Групата седум (Г7), целосно го поддржуваме планот на Бајден „што ќе доведе до итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, значително и одржливо зголемување на хуманитарната помош за дистрибуција низ Газа, и траен крај на кризата, со загарантирани безбедносни интереси на Израел и цивилна безбедност во Газа, се вели во соопштението.

The post Г7 го поддржува мировниот договор на Бајден и го повикува Хамас да го прифати appeared first on Република.

]]>
Неутралност на Украина, еднаквост на рускиот јазик: Обајвени детали од пропаднатиот мировен договор што ќе спасеше стотици илјади животи https://republika.mk/vesti/svet/neutralnost-na-ukraina-ednakvost-na-ruskiot-jazik-obajveni-detali-od-propadnatiot-miroven-dogovor-shto-ke-spaseshe-stotitsi-iljadi-zhivoti/ Fri, 01 Mar 2024 09:19:46 +0000 https://republika.mk/?p=749892

„Волстрит џурнал“ објави делови од мировниот договор со кој војната во Ураина ќе завршеше уште во првите месеци од 2022 година, со што ќе беа спасени стотици илјади животи.

Публикацијата, повикувајќи се на наводно официјален документ, објавува нацрт на мировниот договор што делегациите го направија на преговорите во април 2022 година:

▪ Украина останува неутрална земја која не учествува во воени блокови

▪ Странско оружје нема да биде дозволено на украинска територија

▪️ Украинската армија ќе се намали на одредена големина, за да не постои можност да биде закана за Русија. Дострелот на украинските ракети ќе биде ограничен на 40 километри

▪ Крим останува дел од Руската Федерација

▪ Рускиот јазик треба да биде на еднаква основа со украинскиот во владата и судовите

▪ Прашањето за иднината на Донбас „е оставено на дискреција на Путин и Зеленски за време на лични преговори“.

Сепак, како што изјави главниот украински преговарач Давид Арахамија, ваквиот мировен договор не бил официјално потпишан, по инсистирање на тогашниот британски премиер, Борис Џонсон, кој ја убедил украинската страна да продолжи со борбите против Русија.

https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-pregovarach-nema-da-bideme-domakjini-na-voeni-bazi-ili-rasporeduvanje-voeni-kontingenti-na-nasha-teritorija/

The post Неутралност на Украина, еднаквост на рускиот јазик: Обајвени детали од пропаднатиот мировен договор што ќе спасеше стотици илјади животи appeared first on Република.

]]>

„Волстрит џурнал“ објави делови од мировниот договор со кој војната во Ураина ќе завршеше уште во првите месеци од 2022 година, со што ќе беа спасени стотици илјади животи. Публикацијата, повикувајќи се на наводно официјален документ, објавува нацрт на мировниот договор што делегациите го направија на преговорите во април 2022 година: ▪ Украина останува неутрална земја која не учествува во воени блокови ▪ Странско оружје нема да биде дозволено на украинска територија ▪️ Украинската армија ќе се намали на одредена големина, за да не постои можност да биде закана за Русија. Дострелот на украинските ракети ќе биде ограничен на 40 километри ▪ Крим останува дел од Руската Федерација ▪ Рускиот јазик треба да биде на еднаква основа со украинскиот во владата и судовите ▪ Прашањето за иднината на Донбас „е оставено на дискреција на Путин и Зеленски за време на лични преговори“. Сепак, како што изјави главниот украински преговарач Давид Арахамија, ваквиот мировен договор не бил официјално потпишан, по инсистирање на тогашниот британски премиер, Борис Џонсон, кој ја убедил украинската страна да продолжи со борбите против Русија. https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-pregovarach-nema-da-bideme-domakjini-na-voeni-bazi-ili-rasporeduvanje-voeni-kontingenti-na-nasha-teritorija/

The post Неутралност на Украина, еднаквост на рускиот јазик: Обајвени детали од пропаднатиот мировен договор што ќе спасеше стотици илјади животи appeared first on Република.

]]>
Ен-Би-Си: Западни претставници разговараат со украинската влада за мировни преговори со Русија https://republika.mk/vesti/svet/en-bi-si-zapadni-pretstavnitsi-razgovaraat-so-ukrainskata-vlada-za-mirovni-pregovori-so-rusija/ Sat, 04 Nov 2023 12:43:11 +0000 https://republika.mk/?p=698147

Американски и европски претставници разговараат со украинската влада - што би можело да се вклучи за можни мировни преговори со Русија за да се стави крај на војната, јави Ен-Би-Си повекувајќи се на изјава на висок американски функционер и на поранешен американски функционер.

Во војната во Украина, која сега трае 21 месец, стотици илјади луѓе се убиени или ранети, а делови од земјата се опустошени. Војната ја предизвика најдлабоката криза во односите на Москва со Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

Ен-Би-Си јави дека разговорите вклучиле многу широки контури за тоа од што Украина би можела да мора да се откаже за да постигне договор со Русија. Засега нема друга потврда од западни медиуми за наводите на американската телевизиска мрежа.

Разговорите со Украина доаѓаат во услови на загриженост меѓу американските и европските претставници дека војната дошла во ќорсокак, а исто така и поради способноста на Западот да продолжи да обезбедува помош за Украина, наведуваат неидентификуваните соговорници на Ен-Би-Си.

Русија во моментов контролира околу 17,5 отсто од меѓународно признатата територија на Украина.

The post Ен-Би-Си: Западни претставници разговараат со украинската влада за мировни преговори со Русија appeared first on Република.

]]>

Американски и европски претставници разговараат со украинската влада - што би можело да се вклучи за можни мировни преговори со Русија за да се стави крај на војната, јави Ен-Би-Си повекувајќи се на изјава на висок американски функционер и на поранешен американски функционер. Во војната во Украина, која сега трае 21 месец, стотици илјади луѓе се убиени или ранети, а делови од земјата се опустошени. Војната ја предизвика најдлабоката криза во односите на Москва со Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година. Ен-Би-Си јави дека разговорите вклучиле многу широки контури за тоа од што Украина би можела да мора да се откаже за да постигне договор со Русија. Засега нема друга потврда од западни медиуми за наводите на американската телевизиска мрежа. Разговорите со Украина доаѓаат во услови на загриженост меѓу американските и европските претставници дека војната дошла во ќорсокак, а исто така и поради способноста на Западот да продолжи да обезбедува помош за Украина, наведуваат неидентификуваните соговорници на Ен-Би-Си. Русија во моментов контролира околу 17,5 отсто од меѓународно признатата територија на Украина.

The post Ен-Би-Си: Западни претставници разговараат со украинската влада за мировни преговори со Русија appeared first on Република.

]]>
Украинците ликуваат: Разговорите во Џеда и нанесоа огромен удар на Русија https://republika.mk/vesti/svet/ukraintsite-likuvaat-razgovorite-vo-dheda-i-nanesoa-ogromen-udar-na-rusija/ Mon, 07 Aug 2023 18:59:11 +0000 https://republika.mk/?p=669746

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, изјави дека разговорите за мировно решение за Украина што се одржаа минатиот викенд во Саудиска Арабија, а на кои немаше руска делегација и нанеле „огромен удар“ на Русија.

Јермак на брифинг со новинарите во Киев изјави дека сите земји кои биле присутни на преговорите во Џеда целосно ја поддржуваат независноста и територијалниот интегритет на Украина. Сепак, тој призна дека учесниците не постигнале договор за некои точки од украинската мировна формула, не сакајќи да прецизира за кои точки станува збор.

Според неговите зборови, за тие точки се уште се разговара, а учесниците биле ангажирани за изработка на рамковен документ кој би можел да биде усвоен на следниот мировен самит.

Јермак изјави дека учесниците се договориле во рок од шест недели да се одржи нов состанок на политичките делегации. Повеќе од 40 земји, вклучително и Кина, Индија, САД и претставници на земјите-членки на ЕУ, но не и Русија, учествуваа на собирот во Џеда, кој беше протолкуван како обид на Украина да изгради поширока коалиција која ќе ја поддржи мировната визија на официјален Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски промовираше сет од 10 принципи што ги смета како основа за мир и завршување на војната, вклучително и повлекување на сите руски трупи и враќање на целата украинска територија под контрола на официјален Киев.

The post Украинците ликуваат: Разговорите во Џеда и нанесоа огромен удар на Русија appeared first on Република.

]]>

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, изјави дека разговорите за мировно решение за Украина што се одржаа минатиот викенд во Саудиска Арабија, а на кои немаше руска делегација и нанеле „огромен удар“ на Русија. Јермак на брифинг со новинарите во Киев изјави дека сите земји кои биле присутни на преговорите во Џеда целосно ја поддржуваат независноста и територијалниот интегритет на Украина. Сепак, тој призна дека учесниците не постигнале договор за некои точки од украинската мировна формула, не сакајќи да прецизира за кои точки станува збор. Според неговите зборови, за тие точки се уште се разговара, а учесниците биле ангажирани за изработка на рамковен документ кој би можел да биде усвоен на следниот мировен самит. Јермак изјави дека учесниците се договориле во рок од шест недели да се одржи нов состанок на политичките делегации. Повеќе од 40 земји, вклучително и Кина, Индија, САД и претставници на земјите-членки на ЕУ, но не и Русија, учествуваа на собирот во Џеда, кој беше протолкуван како обид на Украина да изгради поширока коалиција која ќе ја поддржи мировната визија на официјален Киев. Украинскиот претседател Володимир Зеленски промовираше сет од 10 принципи што ги смета како основа за мир и завршување на војната, вклучително и повлекување на сите руски трупи и враќање на целата украинска територија под контрола на официјален Киев.

The post Украинците ликуваат: Разговорите во Џеда и нанесоа огромен удар на Русија appeared first on Република.

]]>