Мирно лето Archives - Република https://republika.mk/tema/mirno-leto/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Dec 2022 12:51:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мирно лето Archives - Република https://republika.mk/tema/mirno-leto/ 32 32 Македонскиот филм „Мирно лето“, дел од акцијата „На кино со баба и дедо“ во Кинотека https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedonskiot-film-mirno-leto-del-od-akcijata-na-kino-so-baba-i-dedo-vo-kinoteka/ Tue, 06 Dec 2022 12:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=582548

Во рамките на кампањата „Да ги слушеме и гушнеме“ која се однесува на поддршка на повозрасните лица, в недела (11 декември) во 12 часот во Кинотеката во Скопје ќе биде прикажан култниот македонски филм „Мирно лето“ како дел од акцијата „На кино со баба и дедо“.

Иницијативата е дел од големата кампања на Halkbank за поддршка на возрасните „Да ги слушнеме и гушнеме“ која го свртува вниманието кон повозрасната популација, на која треба да ѝ покажеме дека е важен дел од нашето општество, дел од нас, а ние имаме време за неа:

„На кино со баба и дедо“ е благородна идеја помладите да ги поканат своите баба и дедо или повозрасни роднини и да поминат едно убаво неделно пладне со прекрасен филм, да создадат мигови што ќе се паметат. Изборот на „Мирно лето“ исто така не е случаен, тој е антологиски, култен наслов, полн хумор, топлина, потсетсување на семејните вредности, што пак буди и носталгија. Идејата е да најдеме време да им покажеме на оние кои нè пораснаа дека ни значат, дека од нив сè уште можеме да ги слушнеме најубавите приказни, најважните совети и да им ја подариме најтоплата прегратка– вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје, покровители на кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“.

За сите нив кинопроекцијата в недела е бесплатна, а во соработка со Кинотеката и со домовите на културата, слични киноприкажувањa се предвидени низ повеќе градови. Во кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, која започна во октомври, а е планирано да трае до мај следната година, вклучени се: училишта, градинки, домови за стари лица и пензионерски здруженија. Суштината на сите настани е меѓугенарациското поврзување: возрасните им пишуваат пораки на децата и помладите, учениците цртаат и пишуваат творби за бабите и дедовците, сите заедно ги бараат скапоцените мигови да бидат заедно, што во денешно време е сè поретко. Околу новогодишните празници, планирани се и игранки и забави во повеќе домови за стари лица и пензионерски здруженија, со цел и на оваа популација да им се овозможи забавен, социјален и културен живот. Следуваат и предавања на пензионирани експерти од различни области, креативни работилници за градинарство, готвење, рачни изработки, издавање специјализирано списание и слично. Сите активности се најавувани и се документираат на веб-страницата: www.cuvarinamudrosta.mk
„Да ги гушнеме и слушнеме“ e повик за кратка пауза во брзото секојдневие, да застанеме и за миг да помислиме на оние кои се вградија во нашата и идинината на нашите деца, велат организаторите.

The post Македонскиот филм „Мирно лето“, дел од акцијата „На кино со баба и дедо“ во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Во рамките на кампањата „Да ги слушеме и гушнеме“ која се однесува на поддршка на повозрасните лица, в недела (11 декември) во 12 часот во Кинотеката во Скопје ќе биде прикажан култниот македонски филм „Мирно лето“ како дел од акцијата „На кино со баба и дедо“. Иницијативата е дел од големата кампања на Halkbank за поддршка на возрасните „Да ги слушнеме и гушнеме“ која го свртува вниманието кон повозрасната популација, на која треба да ѝ покажеме дека е важен дел од нашето општество, дел од нас, а ние имаме време за неа:
„На кино со баба и дедо“ е благородна идеја помладите да ги поканат своите баба и дедо или повозрасни роднини и да поминат едно убаво неделно пладне со прекрасен филм, да создадат мигови што ќе се паметат. Изборот на „Мирно лето“ исто така не е случаен, тој е антологиски, култен наслов, полн хумор, топлина, потсетсување на семејните вредности, што пак буди и носталгија. Идејата е да најдеме време да им покажеме на оние кои нè пораснаа дека ни значат, дека од нив сè уште можеме да ги слушнеме најубавите приказни, најважните совети и да им ја подариме најтоплата прегратка– вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје, покровители на кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“.
За сите нив кинопроекцијата в недела е бесплатна, а во соработка со Кинотеката и со домовите на културата, слични киноприкажувањa се предвидени низ повеќе градови. Во кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, која започна во октомври, а е планирано да трае до мај следната година, вклучени се: училишта, градинки, домови за стари лица и пензионерски здруженија. Суштината на сите настани е меѓугенарациското поврзување: возрасните им пишуваат пораки на децата и помладите, учениците цртаат и пишуваат творби за бабите и дедовците, сите заедно ги бараат скапоцените мигови да бидат заедно, што во денешно време е сè поретко. Околу новогодишните празници, планирани се и игранки и забави во повеќе домови за стари лица и пензионерски здруженија, со цел и на оваа популација да им се овозможи забавен, социјален и културен живот. Следуваат и предавања на пензионирани експерти од различни области, креативни работилници за градинарство, готвење, рачни изработки, издавање специјализирано списание и слично. Сите активности се најавувани и се документираат на веб-страницата: www.cuvarinamudrosta.mk „Да ги гушнеме и слушнеме“ e повик за кратка пауза во брзото секојдневие, да застанеме и за миг да помислиме на оние кои се вградија во нашата и идинината на нашите деца, велат организаторите.  

The post Македонскиот филм „Мирно лето“, дел од акцијата „На кино со баба и дедо“ во Кинотека appeared first on Република.

]]>
„Мирно лето“-првиот македонски филм снимен од македонскиот режисер, Димитрие Рули Османли доби дигитално реставрирана верзија https://republika.mk/vesti/kultura/mirno-leto-prviot-makedonski-film-snimen-od-makedonskiot-reziser-dimitrie-ruli-osmanli-dobi-digitalno-restavrirana-verzija/ Fri, 25 Mar 2022 14:05:24 +0000 https://republika.mk/?p=478431

Во Кинотеката на Македонија денеска беше промовиран блуреј (bluray) дискот со дигитално реставрираната верзија на филмот „Мирно лето“ на Димитрие Рули Османли. Ова е прво блуреј издание на македонски филм.

Ова е една од најесенцијалните задачи и функции на Кинотеката -зачувување на нашето филмско наследство. „Мирно лето“ е една од ретките комедии во нашата филмска национална продукција. Таа е прва и затоа е толку значајна. И посебна радост ни е да си ги чуваме оние кои ги имаме, истакна Петар Волнаровски.

Кинотеката минатата година ја реализираше дигиталната реставрација на првата македонска филмска комедија МИРНО ЛЕТО. Главните улоги ги толкуваат Љупка Џундева и Слободан Перовиќ, како Дара и Заре. Актерскиот ансамбл го сочинуваат Петре Прличко, Мери Бошкова, Илија Милчин, Дарко Дамески, Ацо Јовановски, Анче Џамбазова, Димитар Ќостаров, Панче Камшик, Стојка Цекова, Вукосава Донева и други.

„Мирно лето“ е еден од класиците на македонската кинематографија. Значен е по тоа што е прв македонски филм снимен од домашен македонски режисер. Прв пат дипломиран македонски режисер, Димитрие Рули Османли добил можност да сними филм и тоа на современа тема. Сценариото го напишала во тоа време познатата сценаристка Фејда Филиповиќ, а режисерот Османли заедно со Коле Чашуле работеле на адаптација на сценариото. Интересен е фактот дека филмот не бил предвиден да се сними таа 1961 година, туку „Солунските атентарори“, но Жика Митровиќ ќе успеал во подготовките за филмот и на тој начин „Мирно лето“ добил виза за снимање, раскажа во своето видео обраќање Атанас Чупоски, кој се наврати на снимањето кое се одвивало во Охрид и во сајмиштето во Скопје.

Димитрие Османли (Битола, 1927 – Скопје, 2006) филмски, театарски и телевизиски режисер, сценарист и педагог; филмска и театарска режија завршува 1952/53 година на Високата филмска школа во Белград, како прв македонски студент, а постдипломски студии 1961/62 година на Институтот за високи кинематографски студии во Париз. Долги години работи како театарски, телевизиски и филмски режисер, и професор на Факултетот за драмски уметности, каде што предавал актерска игра и има изведено четири генерации млади актери. Покрај четирите играни филмови, има снимено околу петнаесетина документарни филмови и повеќе од дваесет телевизиски остварувања.

Режисерот сигурно ќе беше воодушевен од ова ново достигнување на Кинотеката за неговиот филм. Тој, за жал, повеќе не е меѓу нас, но присутен е преку неговиот филм, рече Томислав Османли, синот на режисерот Димитар Османли, кој меѓу другото сподели и неколку анегдоти од снимањето на овој култен филм кои ги памети од раскажувањето на неговиот татко.

Промоцијата на новата дигитална верзија на филмот, по повод 60-годишнината од неговата премиера во 1961, се случи на летната кинотечна сцена, која е наречена токму според филмот МИРНО ЛЕТО, како македонски дел од проектот „Сезона на класични филмови“ (Season of Classic Films), кој од 2020 година се организира од страна на Асоцијацијата на европски архиви ACE (франц: Association des Cinémathèques Européennes – ACE; анг: Association of European Cinematheques), каде што Кинотеката е членка уште од 1998 година.

Филмот МИРНО ЛЕТО нема целосни оригинални негативи, туку само позитив 35-мм копии кои останале од кино-дистрибуцијата во минатото, кои денес не се технички соодветни за проекции. Затоа тимот на Кинотеката – Игор Старделов, филмолог-советник и раководител на Архивот, Александар Трајковски, филмолог и Тихомир Кашмицовски, филмски техничар – го надгледуваа процесот на скенирање на интернегативи во 2К-резолуција, кои беа обработени од лабораторијата „Клик филм“ во Загреб, Хрватска. Звукот исто така беше дигитално обновен и завршен е новиот 2K мастер, од кој сега се достапни DCP и други дигитални верзии за прикажување и архивирање.

Александар Тајковски и Тихомир Кашмицовски го претставија на процесот на работа.

Работата претставуваше огромно задоволство со огледа на значењето на овој филм и оттука и нашиот пристап. Филмот е целосно работен во услови на пандемија  во лабораторијата за реставрација и иако беше малку повеќе тешко од технички аспект мислам дека на крајот добивме добар резултат, рече Трајковски, кој посочи дека станува збор за прилично стар материјал, неколку месечната работа довела до максимумот што можел да се извлече.

Звукот исто така беше дигитално обновен и завршен е новиот 2K мастер, од кој сега се достапни DCP и други дигитални верзии за прикажување и архивирање.

Беше предизвик да се работи во услови на пандемија, се соочувавме со безброј предизвици, како овде во Скопје, така и со колегите од Загреб. Работевме без физичко присуство, работа во време на полициски час, некој ќе заболи па чекавме за да продолжиме со работа...Безброј пати го изгледавме филмот и постојано наоѓавме детели кои може да се подобрат, рече Кашмицовски кој најави и нови изданија.

The post „Мирно лето“-првиот македонски филм снимен од македонскиот режисер, Димитрие Рули Османли доби дигитално реставрирана верзија appeared first on Република.

Кинотека денеска ќе ја претстави дигитално реставрираната верзија на „Мирно лето“ на блуреј диск https://republika.mk/vesti/kultura/kinoteka-deneska-kje-ja-pretstavi-digitalno-restavriranata-verzija-na-mirno-leto-na-blurej-disk/ Fri, 25 Mar 2022 08:08:46 +0000 https://republika.mk/?p=478185

На 25 март (петок) во 12 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде промовиран блуреј (blurayдискот со дигитално реставрираната верзија на МИРНО ЛЕТО на Димитрие Рули Османли. Ова е прво блуреј издание на македонски филм.

Кинотеката минатата година ја реализираше дигиталната реставрација на првата македонска филмска комедија МИРНО ЛЕТО. Главните улоги ги толкуваат Љупка Џундева и Слободан Перовиќ, како Дара и Заре. Актерскиот ансамбл го сочинуваат Петре Прличко, Мери Бошкова, Илија Милчин, Дарко Дамески, Ацо Јовановски, Анче Џамбазова, Димитар Ќостаров, Панче Камшик, Стојка Цекова, Вукосава Донева и други, соопштија оттаму.

Димитрие Османли (Битола, 1927 – Скопје, 2006) филмски, театарски и телевизиски режисер, сценарист и педагог; филмска и театарска режија завршува 1952/53 година на Високата филмска школа во Белград, како прв македонски студент, а постдипломски студии 1961/62 година на Институтот за високи кинематографски студии во Париз. Долги години работи како театарски, телевизиски и филмски режисер, и професор на Факултетот за драмски уметности, каде што предавал актерска игра и има изведено четири генерации млади актери. Покрај четирите играни филмови, има снимено околу петнаесетина документарни филмови и повеќе од дваесет телевизиски остварувања.

Промоцијата на новата дигитална верзија на филмот, по повод 60-годишнината од неговата премиера во 1961, се случи на летната кинотечна сцена, која е наречена токму според филмот МИРНО ЛЕТО, како македонски дел од проектот „Сезона на класични филмови“ (Season of Classic Films), кој од 2020 година се организира од страна на Асоцијацијата на европски архиви ACE (франц: Association des Cinémathèques Européennes – ACE; анг: Association of European Cinematheques), каде што Кинотеката е членка уште од 1998 година.

Филмот МИРНО ЛЕТО нема целосни оригинални негативи, туку само позитив 35-мм копии кои останале од кино-дистрибуцијата во минатото, кои денес не се технички соодветни за проекции. Затоа тимот на Кинотеката – Игор Старделов, филмолог-советник и раководител на Архивот, Александар Трајковски, филмолог и Тихомир Кашмицовски, филмски техничар – го надгледуваа процесот на скенирање на интернегативи во 2К-резолуција, кои беа обработени од лабораторијата „Клик филм“ во Загреб, Хрватска. Звукот исто така беше дигитално обновен и завршен е новиот 2K мастер, од кој сега се достапни DCP и други дигитални верзии за прикажување и архивирање.

... Кинотека успеа дигитално да го реставрира и дигитализира МИРНО ЛЕТО. Со тоа, оваа прва македонска комедија ќе допре до повеќе гледачи, а младите генерации ќе можат да ја доживеат речиси подеднакво автентично како што своевремено имаа можност да ја доживеат нивните баби и дедовци во киносалите…“, пишува во буклетот на изданието Владимир Ангелов, директорот на Кинотеката.

За филмологот Александар Трајковски „голема одговорност и привилегија е да се работи на дигитализацијата и дигиталната реставрација на македонското аудиовизуелно наследство“.

Секој филм има свој ‘животен циклус’, кој започнува со снимањето на филмот, а продолжува со прикажување на фестивали и киносали. Дигитализацијата, односно дигиталната реставрација, претставува еден вид реанимација, оживување на филмот, продолжување на неговата животна приказна…“.

Во април 1991 година, Кинотеката организираше симпозиум на тема „МИРНО ЛЕТО – осмиот македонски игран филм“ на кој учествуваше голем дел од филмската и актерската екипа, како и голем број филмски критичари и историчари, писатели, уметници и културни дејци. Сите излагања и дискусии водени на овој симпозиум, задно со сценариото, во 2001 година беа објавени вкако посебено печатено издание на Кинотеката, денес достапно за истражувачи и проучувачи на македонската кинематографија. Во 2011 г. е одбележана и 50-годишнината од МИРНО ЛЕТО.

The post Кинотека денеска ќе ја претстави дигитално реставрираната верзија на „Мирно лето“ на блуреј диск appeared first on Република.

Кинотека ќе ја промовира дигитално реставрираната верзија на „Мирно лето“ на блуреј диск https://republika.mk/vesti/kultura/kinoteka-kje-ja-promovira-digitalno-restavriranata-verzija-na-mirno-leto-na-blurej-disk/ Tue, 22 Mar 2022 12:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=476602

На 25 март (петок) во 12 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде промовиран блуреј (blurayдискот со дигитално реставрираната верзија на МИРНО ЛЕТО на Димитрие Рули Османли. Ова е прво блуреј издание на македонски филм.

Кинотеката минатата година ја реализираше дигиталната реставрација на првата македонска филмска комедија МИРНО ЛЕТО. Главните улоги ги толкуваат Љупка Џундева и Слободан Перовиќ, како Дара и Заре. Актерскиот ансамбл го сочинуваат Петре Прличко, Мери Бошкова, Илија Милчин, Дарко Дамески, Ацо Јовановски, Анче Џамбазова, Димитар Ќостаров, Панче Камшик, Стојка Цекова, Вукосава Донева и други.

Димитрие Османли (Битола, 1927 – Скопје, 2006) филмски, театарски и телевизиски режисер, сценарист и педагог; филмска и театарска режија завршува 1952/53 година на Високата филмска школа во Белград, како прв македонски студент, а постдипломски студии 1961/62 година на Институтот за високи кинематографски студии во Париз. Долги години работи како театарски, телевизиски и филмски режисер, и професор на Факултетот за драмски уметности, каде што предавал актерска игра и има изведено четири генерации млади актери. Покрај четирите играни филмови, има снимено околу петнаесетина документарни филмови и повеќе од дваесет телевизиски остварувања.

Промоцијата на новата дигитална верзија на филмот, по повод 60-годишнината од неговата премиера во 1961, се случи на летната кинотечна сцена, која е наречена токму според филмот МИРНО ЛЕТО, како македонски дел од проектот „Сезона на класични филмови“ (Season of Classic Films), кој од 2020 година се организира од страна на Асоцијацијата на европски архиви ACE (франц: Association des Cinémathèques Européennes – ACE; анг: Association of European Cinematheques), каде што Кинотеката е членка уште од 1998 година.

Филмот МИРНО ЛЕТО нема целосни оригинални негативи, туку само позитив 35-мм копии кои останале од кино-дистрибуцијата во минатото, кои денес не се технички соодветни за проекции. Затоа тимот на Кинотеката – Игор Старделов, филмолог-советник и раководител на Архивот, Александар Трајковски, филмолог и Тихомир Кашмицовски, филмски техничар – го надгледуваа процесот на скенирање на интернегативи во 2К-резолуција, кои беа обработени од лабораторијата „Клик филм“ во Загреб, Хрватска. Звукот исто така беше дигитално обновен и завршен е новиот 2K мастер, од кој сега се достапни DCP и други дигитални верзии за прикажување и архивирање.

„... Кинотека успеа дигитално да го реставрира и дигитализира МИРНО ЛЕТО. Со тоа, оваа прва македонска комедија ќе допре до повеќе гледачи, а младите генерации ќе можат да ја доживеат речиси подеднакво автентично како што своевремено имаа можност да ја доживеат нивните баби и дедовци во киносалите…“, пишува во буклетот на изданието Владимир Ангелов, директорот на Кинотеката.

Филмологот Александар Трајковски пишува: „Голема одговорност и привилегија е да се работи на дигитализацијата и дигиталната реставрација на македонското аудиовизуелно наследство. Секој филм има свој ‘животен циклус’, кој започнува со снимањето на филмот, а продолжува со прикажување на фестивали и киносали. Дигитализацијата, односно дигиталната реставрација, претставува еден вид реанимација, оживување на филмот, продолжување на неговата животна приказна…“.

Во април 1991 година, Кинотеката организираше симпозиум на тема „МИРНО ЛЕТО – осмиот македонски игран филм“ на кој учествуваше голем дел од филмската и актерската екипа, како и голем број филмски критичари и историчари, писатели, уметници и културни дејци. Сите излагања и дискусии водени на овој симпозиум, задно со сценариото, во 2001 година беа објавени вкако посебено печатено издание на Кинотеката, денес достапно за истражувачи и проучувачи на македонската кинематографија. Во 2011 г. е одбележана и 50-годишнината од МИРНО ЛЕТО.

The post Кинотека ќе ја промовира дигитално реставрираната верзија на „Мирно лето“ на блуреј диск appeared first on Република.