Мирјана Лазарова Трајковска Archives - Република https://republika.mk/tema/mirjana-lazarova-trajkovska/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Mar 2023 17:33:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мирјана Лазарова Трајковска Archives - Република https://republika.mk/tema/mirjana-lazarova-trajkovska/ 32 32 Мирјана Лазарова Трајковска е кандидат на Македонија за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг https://republika.mk/vesti/makedonija/mirjana-lazarova-trajkovska-e-kandidat-na-makedonija-za-sudijka-vo-megunarodniot-krivichen-sud-vo-hag/ Tue, 21 Mar 2023 17:33:48 +0000 https://republika.mk/?p=622165

На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи ја разгледа и усвои Информацијата за номинирање кандидатка, д-р Мирјана Лазарова Трајковска, за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг и донесе ваква одлука.

Во текот на јануари, од Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг, според информацијата од МНР, е доставен повик за номинирање судии до Македонија. Земјава е дел од Источно-европската група од којашто ќе се изберат двајца судии за Меѓународниот кривичен суд, на 22-та сесија на Собранието на земјите членки, што ќе се одржи од 4 - 14 декември 2023 година во Њујорк.

Мирјана Лазарова Трајковска е досегашна судијка во Врховниот суд (која во моментов работи на области во Оддел за казниви дела, Претседателка на Одделот за судење во разумен рок и одделот за судска практика), поранешна судијка во Европскиот суд за човековите права во Стразбур и во Уставниот суд на Република Македонија.

Кандидатурата на Лазарова Трајковска е поддржана од претседателот на Република Македонија, од МНР и од Судскиот совет на Република Македонија.

The post Мирјана Лазарова Трајковска е кандидат на Македонија за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг appeared first on Република.

]]>

На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи ја разгледа и усвои Информацијата за номинирање кандидатка, д-р Мирјана Лазарова Трајковска, за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг и донесе ваква одлука. Во текот на јануари, од Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг, според информацијата од МНР, е доставен повик за номинирање судии до Македонија. Земјава е дел од Источно-европската група од којашто ќе се изберат двајца судии за Меѓународниот кривичен суд, на 22-та сесија на Собранието на земјите членки, што ќе се одржи од 4 - 14 декември 2023 година во Њујорк. Мирјана Лазарова Трајковска е досегашна судијка во Врховниот суд (која во моментов работи на области во Оддел за казниви дела, Претседателка на Одделот за судење во разумен рок и одделот за судска практика), поранешна судијка во Европскиот суд за човековите права во Стразбур и во Уставниот суд на Република Македонија. Кандидатурата на Лазарова Трајковска е поддржана од претседателот на Република Македонија, од МНР и од Судскиот совет на Република Македонија.

The post Мирјана Лазарова Трајковска е кандидат на Македонија за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг appeared first on Република.

]]>
Судскиот совет даде поддршка на номинацијата на Мирјана Лазарова Трајковска за судија во Меѓународниот кривичен суд https://republika.mk/vesti/makedonija/sudskiot-sovet-dade-poddrshka-na-nominatsijata-na-mirjana-lazarova-trajkovska-za-sudija-vo-megunarodniot-krivichen-sud/ Tue, 14 Mar 2023 16:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=619642

Судскиот совет даде поддршка на Мирјана Лазарова Трајковска за нејзина номинација како кандидат за судија во Меѓународниот кривичен суд.

Барањето, како што информира Судскиот совет, било разгледано денеска на итна седница.

Разгледано е Барањето за номинација на кандидат за судија во Меѓународен кривичен суд и дадена е поддршка на номинацијата за Мирјана Лазарова Трајковска, судија на Врховен суд, се вели во информацијата објавен на веб страницата на Судски совет.

На денешната итна 434-та седница, било расправано по доставени дописи од Врховниот суд  и одлучено е да не се доставуваат списи по предметите до Врховниот суд.

The post Судскиот совет даде поддршка на номинацијата на Мирјана Лазарова Трајковска за судија во Меѓународниот кривичен суд appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет даде поддршка на Мирјана Лазарова Трајковска за нејзина номинација како кандидат за судија во Меѓународниот кривичен суд. Барањето, како што информира Судскиот совет, било разгледано денеска на итна седница.
Разгледано е Барањето за номинација на кандидат за судија во Меѓународен кривичен суд и дадена е поддршка на номинацијата за Мирјана Лазарова Трајковска, судија на Врховен суд, се вели во информацијата објавен на веб страницата на Судски совет.
На денешната итна 434-та седница, било расправано по доставени дописи од Врховниот суд  и одлучено е да не се доставуваат списи по предметите до Врховниот суд.

The post Судскиот совет даде поддршка на номинацијата на Мирјана Лазарова Трајковска за судија во Меѓународниот кривичен суд appeared first on Република.

]]>
Лазарова-Трајковска: ЕСЧП оцени дека жалителите не ги искористиле сите правни лекови пред националните судови https://republika.mk/vesti/makedonija/lazarova-trajkovska-eschp-otseni-deka-zhalitelite-ne-gi-iskoristile-site-pravni-lekovi-pred-natsionalnite-sudovi/ Thu, 16 Feb 2023 10:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=609671

Европскиот суд за човекови права со одлуката да ги отфрли жалбите за поништената аболиција од поранашнит претседател Ѓорге Иванов, оценил дека жалителите не ги искористиле сите редовни и вонредни правни лекови кои им ги нуди националното право, а за кои во предходни пресуди и одлуки судот прифатил дека се ефективни правни лекови, вели за МИА поранешната судијка во Судот во Стразбур и актуелна судијка во Врховниот суд, Мирјана Лазарова-Трајковска.

Денеска ЕСЧП одлучи со одлука да ги отфрли жалбите во врска со можни повреди на правото на правично судење на жалителите кои се повикаа на дадените па повлечени помилувања. Ова од причина што, Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни средства, и во рок кој во време на поднесувањето бил шест месеци сметано од датумот на кој е донесена конечната одлука од страна на националните власти, изјави Лазарова-Трајковска.

Ваквата одлука на Судот, како што посочува, може да влијае само во однос на преиспитување од страна на жалителите дали се уште останале можности за покренување на правни лекови пред националните судови или во некои постапки тие рокови се поминати.

Таа појаснува дека во секој степен од постапката, Судот може да одлучи да отфрли определена жалба од списокот на предмети.

Во конкретниот случај, иако жалбата, по оценка на Судот била дека жалбите треба да се отфрлат поради неисцрпеност на домашните правни лекови и можел да ги отфрли жалбите и во рана фаза на поднесување во фoрмација од Комитет од тројца судии, тој сепак предметот го одлучил во совет од седум судии заради неговата комплексност и важност за подносителите на жалбите но и за националните власти, нагласува судијката Лазарова-Трајковска.

https://republika.mk/vesti/makedonija/advokatot-ilievski-nema-prostor-za-triufalizam-kaj-vladata-ova-ne-znachi-deka-abolitsiite-se-nevazhechki-i-nishtovni-tuku-deka-se-ushte-ne-e-dojdeno-no-vreme-da-se-odluchuva/

The post Лазарова-Трајковска: ЕСЧП оцени дека жалителите не ги искористиле сите правни лекови пред националните судови appeared first on Република.

]]>

Европскиот суд за човекови права со одлуката да ги отфрли жалбите за поништената аболиција од поранашнит претседател Ѓорге Иванов, оценил дека жалителите не ги искористиле сите редовни и вонредни правни лекови кои им ги нуди националното право, а за кои во предходни пресуди и одлуки судот прифатил дека се ефективни правни лекови, вели за МИА поранешната судијка во Судот во Стразбур и актуелна судијка во Врховниот суд, Мирјана Лазарова-Трајковска.
Денеска ЕСЧП одлучи со одлука да ги отфрли жалбите во врска со можни повреди на правото на правично судење на жалителите кои се повикаа на дадените па повлечени помилувања. Ова од причина што, Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни средства, и во рок кој во време на поднесувањето бил шест месеци сметано од датумот на кој е донесена конечната одлука од страна на националните власти, изјави Лазарова-Трајковска.
Ваквата одлука на Судот, како што посочува, може да влијае само во однос на преиспитување од страна на жалителите дали се уште останале можности за покренување на правни лекови пред националните судови или во некои постапки тие рокови се поминати. Таа појаснува дека во секој степен од постапката, Судот може да одлучи да отфрли определена жалба од списокот на предмети.
Во конкретниот случај, иако жалбата, по оценка на Судот била дека жалбите треба да се отфрлат поради неисцрпеност на домашните правни лекови и можел да ги отфрли жалбите и во рана фаза на поднесување во фoрмација од Комитет од тројца судии, тој сепак предметот го одлучил во совет од седум судии заради неговата комплексност и важност за подносителите на жалбите но и за националните власти, нагласува судијката Лазарова-Трајковска.
https://republika.mk/vesti/makedonija/advokatot-ilievski-nema-prostor-za-triufalizam-kaj-vladata-ova-ne-znachi-deka-abolitsiite-se-nevazhechki-i-nishtovni-tuku-deka-se-ushte-ne-e-dojdeno-no-vreme-da-se-odluchuva/  

The post Лазарова-Трајковска: ЕСЧП оцени дека жалителите не ги искористиле сите правни лекови пред националните судови appeared first on Република.

]]>
Лазарова Трајковска: Јавноста мора да знае што работат судовите, така ја враќаме вербата во владеењето на правото https://republika.mk/vesti/makedonija/lazarova-trajkovska-javnosta-mora-da-znae-shto-rabotat-sudovite-taka-ja-vrakjame-verbata-vo-vladeenjeto-na-pravoto/ Wed, 10 Aug 2022 08:15:16 +0000 https://republika.mk/?p=538618

Меѓународната соработка е клуч за борбата против организираниот криминал, а отворениот пристап кон јавноста, објавувањето на пресудите поврзани со организиран криминал, перење пари и корупција е од големо значење за јавноста. Пресудите мора да бидат добро образложени и јасни и за засегнатите во тие предмети, но и за јавноста.Тоа е една од областите каде што треба да се работи. Да ги доближиме пресудите до граѓаните, вели Мирјана Лазарова Трајковска, судијка на Врховниот суд на Македонија и национална координаторка на проектот на АИРЕ/РАИ за регионално поврзување на експерти од областа на конфискација и управување со имот произлезен од кривично дело.

На денешната презентација на Регионалната мрежа на експерти за ова прашање воспоставена од Совети за индивидуалните права во Европа (АИРЕ) центарот и Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), со поддршка од Владата на Обединетото Кралство, Лазарова Трајковска исто така, укажа на важноста на следење на стандардите на Европскиот суд за човековите права во оваа област и комуникацијата со експерти од просторот на Западниот Балкан.

– Клучната мотивација за регионалниот дијалог е изнаоѓање одговор на прашањето „каде се слабостите, а каде се добрите искуства на системот во мојата земја?” Како судијка на Врховниот суд работам на предмети во кои се појавува имот произлезен од кривични дела, па препознавам колку е важно постојано да ја подобруваме нашата судска практика. Мерката конфискација на имот може да биде од голема корист, не само за заштита на економијата од корупција, туку правилната примена на конфискација на имот во постапки каде што постои организиран криминал служи за заштита на јавното добро. Јас верувам дека добар закон, добро допро применет во пракса, може да донесе јакнење на владеењето на правото. Корупција, организиран криминал и перење пари ги напаѓа јавните добра и не смее да остане неказнет(а), па на мора да  се одземе она што не им припаѓа на сторителите на ваквите криминални активности. Моите мотиви во регионалната соработка се поврзани со мојата сегашна професија, но и со моите претходни професионални активности, и имаат за цел да споделам знаења од судската практика на ЕСЧП, а преку компаративен пристап, да се подобрат практиката и законите и во мојата земја, рече Лазарова Трајковска, се вели во соопштението од AIRE центарот.

Судијката Лазарова Трајковска вели дека неуморната работа во оваа област е прашање на морална и законска должност.

– Денес и овде борбата за владеење на правото и против организираниот криминал е патриотска работа и должност. Мора да има взаемна поддршка и соработка во регионот и поврзаност на институциите. Со помош на АИРЕ центарот и РАИ на тој начин ја јакнеме и судската култура за отворен пристап кон јавноста. Транспарентноста помага во градење на довербата во судството и правдата, рече Лазарова Трајковска.

Конфискацијата е едно од најефикасните средства за борба против организираниот криминал, но е од особено чувствителен карактер. Судиите, се вели во соопштението, мора да го применуваат законот и да бидат свесни дека станува збор за право на имот, што значи дека мора да ги утврдат сите факти до последниот детал, за правилно да го конфискуваат имотот, имајќи го пред себе јавниот интерес мора да внимават никако да не го повредат приватниот интерес.

– Затоа е важно сите институции да бидат изградени на здрави темели. Така на пример, зборувајќи за македонските искуства и добри практики, може да се каже дека Комисијата за спречување корупција заслужува пофалби.Транспарентниот начин на избор на оваа комисија создаде во јавноста перцепција дека  таа  работи непристрасно. Понатаму, значајно е понатамошно поткрепување и унапредување на институциите кои работат на следење на паричните текови.. Покрај тоа, во Јавното обвинителство беше формирана посебна канцеларија која ќе се грижи за меѓународната соработка во врска со постапките за замрзнување и конфискација на имот. Македонија направи и Стратегија во врска со конфискацијата и управувањето со одземениот имот, која ги обединува сите релевантни институции. Сепак, како и во Регионот, и во мојата земја има уште да се сработи. АИРЕ центарот и РАИ придонесуваат да се подигне свеста за тоа кои се нашите предизвици, на што треба да работиме, кои се празнините што треба да ги пополниме. Едукацијата, прирачниците, упатствата и размената на искуства се темелот на толку потребниот напредок. Затоа растеме заедно, заклучува судијката Лазарова Трајковска.

Преку регионална соработка, воспоставена е онлајн (интернет) платформа фокусирана на поврзување и информирање за конфискација и управување со имот произлезен од кривични дела, а Мрежата на експерти ќе ги постави темелите за позначајна соработка меѓу јурисдикциите од Западниот Балкан во иднина.

The post Лазарова Трајковска: Јавноста мора да знае што работат судовите, така ја враќаме вербата во владеењето на правото appeared first on Република.

]]>

Меѓународната соработка е клуч за борбата против организираниот криминал, а отворениот пристап кон јавноста, објавувањето на пресудите поврзани со организиран криминал, перење пари и корупција е од големо значење за јавноста. Пресудите мора да бидат добро образложени и јасни и за засегнатите во тие предмети, но и за јавноста.Тоа е една од областите каде што треба да се работи. Да ги доближиме пресудите до граѓаните, вели Мирјана Лазарова Трајковска, судијка на Врховниот суд на Македонија и национална координаторка на проектот на АИРЕ/РАИ за регионално поврзување на експерти од областа на конфискација и управување со имот произлезен од кривично дело. На денешната презентација на Регионалната мрежа на експерти за ова прашање воспоставена од Совети за индивидуалните права во Европа (АИРЕ) центарот и Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), со поддршка од Владата на Обединетото Кралство, Лазарова Трајковска исто така, укажа на важноста на следење на стандардите на Европскиот суд за човековите права во оваа област и комуникацијата со експерти од просторот на Западниот Балкан.