Мирјана Јосифоска Archives - Република https://republika.mk/tema/mirjana-josifoska/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Oct 2023 10:01:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мирјана Јосифоска Archives - Република https://republika.mk/tema/mirjana-josifoska/ 32 32 Дизајнерски шапки од отпаден текстил – бизнис на младата тетовчанка Мирјана Јосифоска победи на регионален натпревар за зелени бизниси https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/dizajnerski-shapki-od-otpaden-tekstil-biznis-na-mladata-tetovchanka-mirjana-josifoska-pobedi-na-regionalen-natprevar-za-zeleni-biznisi/ Mon, 30 Oct 2023 10:00:29 +0000 https://republika.mk/?p=696205

Бизнис идејата на младата Мирјана Јосифоска од Тетово е една од победничките во категоријата „зелени бизниси“ на регионалниот натпревар „Зелени идеи од Балканот“ кој вчера се одржа во Црна Гора.

Јосифоска доби поддршка од 10.000 долари, а во оваа категорија победија и зелените бизниси BeBeep, идеја за споделување на превоз (Црна Гора) и Задругарство – реупотреба на хартија од кутии од цигари со вклучување на лица со попречености (Србија).

Бизнис идејата на „Поголемиот дел од текстилниот отпад доаѓа во помали количини, а за да произведете една шапка потребно е само 30 сантиметри материјал, додека за стегач потребно е 5 сантиметри. Нашите модели се одржливо и етички произведени во Тетово, и се рачно изработени во 3 големини-достапни за секоја глава. Од остатоците од производството на шапките, произведуваме стегачи за коса, скроени со „нула-отпад“ техника на кроење, со што на крајот не останува воопшто отпад. Благодарна сум на регионалната награда и се радувам што имам поддршка да работам на својот сон и да развивам ваков бизнис”, изјави Мирјана Јосифоска.

Во категоријата ембрионски концепти поддршка од 5.000 долари добија: Purteka- мобилна продавничка за комплети за градинарство за деца (Албанија) и Recycling PET Revolution-идеја за собирање и преработка на ПЕТ пластика (Босна и Херцеговина).

Оваа година од Македонија настапи и идејата на Натали Ристовска „Дизајн на ташни со техника на плетење без создавање на отпад. Изработени од самохрани мајки“, и идејата на Благојче Нaјдовски „APICO-PRO SUPERFOOD“ во ембрионска категорија на идеи.

„Зелени идеи“ е годишен натпревар кој 12 години поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат во 2 категории за награди во висина од 5.000 или 10.000 долари за реализација на нивните идеи во своите земји.

Здружението за социјални иновации „АРНО“, 9-та година по ред, го администрира националниот натпревар „Зелени идеи“. Од Здружението велат дека се горди што досега земјата има регионални победници и вкупна инвестиција од 95.000 долари за развој на зелени бизниси во земјата.

 

The post Дизајнерски шапки од отпаден текстил – бизнис на младата тетовчанка Мирјана Јосифоска победи на регионален натпревар за зелени бизниси appeared first on Република.

]]>

Бизнис идејата на младата Мирјана Јосифоска од Тетово е една од победничките во категоријата „зелени бизниси“ на регионалниот натпревар „Зелени идеи од Балканот“ кој вчера се одржа во Црна Гора. Јосифоска доби поддршка од 10.000 долари, а во оваа категорија победија и зелените бизниси BeBeep, идеја за споделување на превоз (Црна Гора) и Задругарство – реупотреба на хартија од кутии од цигари со вклучување на лица со попречености (Србија).
Бизнис идејата на „Поголемиот дел од текстилниот отпад доаѓа во помали количини, а за да произведете една шапка потребно е само 30 сантиметри материјал, додека за стегач потребно е 5 сантиметри. Нашите модели се одржливо и етички произведени во Тетово, и се рачно изработени во 3 големини-достапни за секоја глава. Од остатоците од производството на шапките, произведуваме стегачи за коса, скроени со „нула-отпад“ техника на кроење, со што на крајот не останува воопшто отпад. Благодарна сум на регионалната награда и се радувам што имам поддршка да работам на својот сон и да развивам ваков бизнис”, изјави Мирјана Јосифоска.
Во категоријата ембрионски концепти поддршка од 5.000 долари добија: Purteka- мобилна продавничка за комплети за градинарство за деца (Албанија) и Recycling PET Revolution-идеја за собирање и преработка на ПЕТ пластика (Босна и Херцеговина). Оваа година од Македонија настапи и идејата на Натали Ристовска „Дизајн на ташни со техника на плетење без создавање на отпад. Изработени од самохрани мајки“, и идејата на Благојче Нaјдовски „APICO-PRO SUPERFOOD“ во ембрионска категорија на идеи. „Зелени идеи“ е годишен натпревар кој 12 години поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат во 2 категории за награди во висина од 5.000 или 10.000 долари за реализација на нивните идеи во своите земји. Здружението за социјални иновации „АРНО“, 9-та година по ред, го администрира националниот натпревар „Зелени идеи“. Од Здружението велат дека се горди што досега земјата има регионални победници и вкупна инвестиција од 95.000 долари за развој на зелени бизниси во земјата.  

The post Дизајнерски шапки од отпаден текстил – бизнис на младата тетовчанка Мирјана Јосифоска победи на регионален натпревар за зелени бизниси appeared first on Република.

]]>