„Мириса на пандишпан“ Archives - Република https://republika.mk/tema/mirisa-na-pandishpan/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 17:13:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Мириса на пандишпан“ Archives - Република https://republika.mk/tema/mirisa-na-pandishpan/ 32 32 Пандишпанот расте поради добро изматените јајца, рече Жаклина Мучева, авторка на изложбата „Мириса на пандишпан“ во Меморијалниот центар на холокаустот https://republika.mk/vesti/kultura/pandishpanot-raste-poradi-dobro-izmatenite-jajtsa-reche-zhaklina-mucheva-avtorka-na-izlozhbata-mirisa-na-pandishpan-vo-memorijalniot-tsentar-na-holokaustot/ Thu, 17 Oct 2024 17:13:04 +0000 https://republika.mk/?p=828088

На Меѓународниот ден на борба против гладта, во спомен на сите гладни убиени души во логорите на смртта и концентрационите логори, синоќа, во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје, свечано беше отворена изложбата „Мириса на пандишпан“ – сефардската кујна на Евреите од Македонија од населување до денес. Авторка на изложбата е Жаклина Мучева.

[caption id="attachment_828182" align="alignnone" width="2048"] Фото: Фејсбук профил на Фонд на холокаустот/Маја Јаневска Илиева[/caption]

Името на изложбата „Мириса на пандишпан“ е симболична влезница за приказната која ја раскажува дека Евреите, кога се населиле на територијата на Османлиската империја со себе го зеле лебот од Шпанија, „пан ди Спања“ или модифицирано - 'пандишапан', термин, кој домаќинките од различни етнички заедници го одомаќиниле за тестото кое го користеле и го користат за разни колачи и торти. И уште нешто за пандишпанот, тој во рерната расте поради добро измаените јајца, кажа вчера авторкатата на изложбата Мучева.

[caption id="attachment_828179" align="alignnone" width="2048"] Жаклина Мучева / Фото: Фејсбук профил на Фонд на холокаустот/Маја Јаневска Илиева[/caption]

Изложба покажува што јаделе Евреите во минатото, што јадат во денешно време и зошто.

На отворањето на присутните им се обрати главниот извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикаријо. Тој говореше за историското минато на сефардите и нивното прилагодување во многу сегменти во секојдневието.

Тие не само што го зачувавале својот културен идентитет, туку и ја адаптирале храната што веќе ја знаеле и сакале, трансформирајки ја сефардската кујна во мозаик од вкусови, комбинирајќи ги вкусовите од Шпанија со вкусовите на земјите каде се населиле и пуштиле корен, вклучувајќи ја и Македонија, кажа Садикаријо.

Мучева говореше за содржината и елементите кои ја сочинуваат концепцијата на „Мириса на пандишпан“.

[caption id="attachment_828172" align="alignnone" width="2048"] Фото: Фејсбук профил на Фонд на холокаустот/Маја Јаневска Илиева[/caption]

На паноата ќе прочитате за празниците и ќе научите по еден традиционален рецепт за соодветниот празник. Со задоволство ви го презентираме празникот Пасха или Песах преку сервираната маса за седер вечерата. На масата освен специфичната храна само за тој празник, изложени се и пропратните сегменти за празничната трпеза (прибор за јадење, чаршафи, чаши за вино, мацес – бесквасен леб, Хагада – книга која се чита на седер вечерата). Неизоставни елементи за празникот Шабат се поставени на старо масиче кое го користеле нашите предци. Сочуваните тетратки со сефардски рецепти, предмети од кујните и домаќинствата на семејствата од Еврејската заедница во Македонија се големото богатство на оваа изложба“ – кажа Мучева, која се заблагодари на сите кои учествувале во подготовката на изложбата, особено на женската секција од Еврејската заедница на Македонија, кои помогнале во изработката на храната која беше послужена на изложбата.

[caption id="attachment_828181" align="alignnone" width="2048"] Фото: Фејсбук профил на Фонд на холокаустот/Маја Јаневска Илиева[/caption]

Изложбата ќе трае до 25 декември годинава.

The post Пандишпанот расте поради добро изматените јајца, рече Жаклина Мучева, авторка на изложбата „Мириса на пандишпан“ во Меморијалниот центар на холокаустот appeared first on Република.

]]>

На Меѓународниот ден на борба против гладта, во спомен на сите гладни убиени души во логорите на смртта и концентрационите логори, синоќа, во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје, свечано беше отворена изложбата „Мириса на пандишпан“ – сефардската кујна на Евреите од Македонија од населување до денес. Авторка на изложбата е Жаклина Мучева. [caption id="attachment_828182" align="alignnone" width="2048"] Фото: Фејсбук профил на Фонд на холокаустот/Маја Јаневска Илиева[/caption]
Името на изложбата „Мириса на пандишпан“ е симболична влезница за приказната која ја раскажува дека Евреите, кога се населиле на територијата на Османлиската империја со себе го зеле лебот од Шпанија, „пан ди Спања“ или модифицирано - 'пандишапан', термин, кој домаќинките од различни етнички заедници го одомаќиниле за тестото кое го користеле и го користат за разни колачи и торти. И уште нешто за пандишпанот, тој во рерната расте поради добро измаените јајца, кажа вчера авторкатата на изложбата Мучева.
[caption id="attachment_828179" align="alignnone" width="2048"] Жаклина Мучева / Фото: Фејсбук профил на Фонд на холокаустот/Маја Јаневска Илиева[/caption] Изложба покажува што јаделе Евреите во минатото, што јадат во денешно време и зошто. На отворањето на присутните им се обрати главниот извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикаријо. Тој говореше за историското минато на сефардите и нивното прилагодување во многу сегменти во секојдневието.
Тие не само што го зачувавале својот културен идентитет, туку и ја адаптирале храната што веќе ја знаеле и сакале, трансформирајки ја сефардската кујна во мозаик од вкусови, комбинирајќи ги вкусовите од Шпанија со вкусовите на земјите каде се населиле и пуштиле корен, вклучувајќи ја и Македонија, кажа Садикаријо.
Мучева говореше за содржината и елементите кои ја сочинуваат концепцијата на „Мириса на пандишпан“. [caption id="attachment_828172" align="alignnone" width="2048"] Фото: Фејсбук профил на Фонд на холокаустот/Маја Јаневска Илиева[/caption]
На паноата ќе прочитате за празниците и ќе научите по еден традиционален рецепт за соодветниот празник. Со задоволство ви го презентираме празникот Пасха или Песах преку сервираната маса за седер вечерата. На масата освен специфичната храна само за тој празник, изложени се и пропратните сегменти за празничната трпеза (прибор за јадење, чаршафи, чаши за вино, мацес – бесквасен леб, Хагада – книга која се чита на седер вечерата). Неизоставни елементи за празникот Шабат се поставени на старо масиче кое го користеле нашите предци. Сочуваните тетратки со сефардски рецепти, предмети од кујните и домаќинствата на семејствата од Еврејската заедница во Македонија се големото богатство на оваа изложба“ – кажа Мучева, која се заблагодари на сите кои учествувале во подготовката на изложбата, особено на женската секција од Еврејската заедница на Македонија, кои помогнале во изработката на храната која беше послужена на изложбата.
[caption id="attachment_828181" align="alignnone" width="2048"] Фото: Фејсбук профил на Фонд на холокаустот/Маја Јаневска Илиева[/caption] Изложбата ќе трае до 25 декември годинава.

The post Пандишпанот расте поради добро изматените јајца, рече Жаклина Мучева, авторка на изложбата „Мириса на пандишпан“ во Меморијалниот центар на холокаустот appeared first on Република.

]]>
Изложба „Мириса на пандишпан“ – сефардската кујна на Евреите од Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-mirisa-na-pandishpan-sefardskata-kujna-na-evreite-od-makedonija/ Wed, 16 Oct 2024 08:20:25 +0000 https://republika.mk/?p=827421

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Мириса на пандишпан“ – сефардската кујна на Евреите од Македонија од населувањето до денес, со која се презентира и популаризира дел од културното наследство на Евреите.

Прикажувањето на традиционалната исхрана на Евреите Сефарди со нејзините особености преку фотографии, предмети, разни видови храна, рецепти, прибор за јадење и готвење и др., на изложбата ѝ даваат повеќеслојност како верски, народен, духовен, културен, општествен феномен, кој опстојува неколку милениуми на овие простори.

Преку структурата на празнична подготвока на храната посетителите ќе имаат можност да ги следат спецификите на сефардската кујна и животниот циклус што го градат етничкиот идентитет на овој народ. Со тоа ќе го запознаат и овој дел од културата на еврејскиот народ во Македонија. Посетителите ќе го осознаат потеклото на терминот „пандишпан“ кој има корен во сефардските јазични корени „пан ди Спања“ или лебот од Шпанија. Еврејската култура, обичаите, кои ја отсликуваат традицијата се своевидни чувари на традицијата и идентитетот на Евреите од овие простори.

Оваа изложба покажува што јаделе Евреите во минатото, што јадат во денешно време и зошто. Фокусирајќи се на карактеристичните јадења, начинот на кој се подготвуваат, нивното потекло и значење, фрла светлина и врз еврејската религиозна практика, историја и култура преку традиционалните јадења и рецепти кои се послужуваат за време на дел од еврејските празници.

Автор на изложбата е м-р Жаклина Мучева.

Изложбата ќе трае до 25 декември годинава.

 

The post Изложба „Мириса на пандишпан“ – сефардската кујна на Евреите од Македонија appeared first on Република.

]]>

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Мириса на пандишпан“ – сефардската кујна на Евреите од Македонија од населувањето до денес, со која се презентира и популаризира дел од културното наследство на Евреите. Прикажувањето на традиционалната исхрана на Евреите Сефарди со нејзините особености преку фотографии, предмети, разни видови храна, рецепти, прибор за јадење и готвење и др., на изложбата ѝ даваат повеќеслојност како верски, народен, духовен, културен, општествен феномен, кој опстојува неколку милениуми на овие простори. Преку структурата на празнична подготвока на храната посетителите ќе имаат можност да ги следат спецификите на сефардската кујна и животниот циклус што го градат етничкиот идентитет на овој народ. Со тоа ќе го запознаат и овој дел од културата на еврејскиот народ во Македонија. Посетителите ќе го осознаат потеклото на терминот „пандишпан“ кој има корен во сефардските јазични корени „пан ди Спања“ или лебот од Шпанија. Еврејската култура, обичаите, кои ја отсликуваат традицијата се своевидни чувари на традицијата и идентитетот на Евреите од овие простори. Оваа изложба покажува што јаделе Евреите во минатото, што јадат во денешно време и зошто. Фокусирајќи се на карактеристичните јадења, начинот на кој се подготвуваат, нивното потекло и значење, фрла светлина и врз еврејската религиозна практика, историја и култура преку традиционалните јадења и рецепти кои се послужуваат за време на дел од еврејските празници. Автор на изложбата е м-р Жаклина Мучева. Изложбата ќе трае до 25 декември годинава.  

The post Изложба „Мириса на пандишпан“ – сефардската кујна на Евреите од Македонија appeared first on Република.

]]>