Мира Гакина Archives - Република https://republika.mk/tema/mira-gakina/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Oct 2023 13:46:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мира Гакина Archives - Република https://republika.mk/tema/mira-gakina/ 32 32 Директорката на Музејот на современа уметност си поднесе оставка https://republika.mk/vesti/kultura/direktorkata-na-muzejot-na-sovremena-umetnost-si-podnese-ostavka/ Wed, 18 Oct 2023 08:36:40 +0000 https://republika.mk/?p=692409

Музејот на современата уметност - Скопје ја известува јавноста дека првиот човек на институцијата, Мира Гаќина, по шест години успешно извршување на должноста директорка на музејот се повлекува од лични причини, стои во писменото соопштение кое утринава беше испратено до медиумите.

Мира Гаќина, која на директорската позиција на МСУ беше од средината на 2017 година, по вокација е историчарка на уметноста, магистер по музеологија, со докторат по продукција и управување на институции од културата - студија на случај МСУ – Скопје. Формирајќи и успешно
работејќи со тим од искусни и докажани професиналци во својата струка, Мира Гаќина изминатите години успеа да го стави МСУ на мапата на европските и светските музејски центри, реализирајќи повеќе капитални изложбени проекти.

Еден од последните големи меѓународни проекти, кој e се уште во тек е изложбата „Ниедно чувство не е конечно: Колекција на солидарноста, МСУ Скопје“ во Кунстхале во Виена, изложба која го реафирмира основниот карактер на МСУ, како музеј на интернационалната солидарност.
Изложбата идната година ќе патува и во Прага, а во тек се контакти и со други музеи за проширување на димензиите на овој проект.

Серијата изложби „Се што ни е заедничко“ која вклучуваше дела и лично присуство на редица релевантни светски и регионални уметници, потоа соработката на изложбени проекти во Краков, Солун и ко-партнерството со „Манифеста“, една од најзначајните светски манифестации на
современата уметност, се исто така само дел од листата на успешни меѓународни проекти на МСУ. Тука треба да се спомене и извонредно успешната Интердисциплинарна програма, која заедно со обновеното издавање на списанието „Големото стакло“, го овозможи претставувањето
на денес релевантните теориски и критички практики. Овие меѓународни успеси беа крунисани со приемот на МСУ во CIMAM (Меѓународно здружение на музеи на модерна уметност), како и со меѓународната награда „Жива“ доделена на МСУ за креативност и посебни постигнувања.

Во својот мандат, Мира Гаќина и тимот на МСУ во континуитет продуцираа и поставки во кои изложуваат светски познати и домашни докажани уметници.

Од исклучително значење за музејот и македонската уметност и култура е и повторното заживување на донаторската димензија на МСУ, збогатувајќи ги збирките со над стотина нови подароци од странски и македонски уметници и донатори. Во овој период МСУ ја подигна на многу повисоко ниво и важноста на своите едукативни програми, како една од суштинските социјални димензии на музејот, стои во соопштението.

Веројатно многу скопјани, како и јас, биле, и уште се фасцинирани од објектот на МСУ, кој спокојно го набљудува Градот, без да се наметнува, вели гаќина.

Но, каква е вистинската вредност на неговата колекција, а особено на неговиот концепт, како музеј инициран и остварен од страна на уметниците осознав со време, преку моите студии и споредби со други светски музеи. Стремежот да се демонстрира севкупниот потенцијал на МСУ како релевантна институција во полето на современата уметност и култура, беше причината поради која ја прифатив оваа многу одговорна позиција во 2017 година. Водена од сознанието за колективниот ентузијазам во сите нас, за повторно заживување на пионерските идеали на солидарност втемелени во самата идејата на оваа по многу нешта единствена институција кај нас и пошироко. Овој Музеј на солидарноста го замисливме како Отворен Музеј, отворен за сите генерации, за сите групи, за сите заедници, пред сè, за скопјани, како интегрален дел на Старо Скопје, со целата негова културна различност, следејќи ја оригиналната Мисија. Но најважно е што инспириравме нова генерација меѓународни и наши уметници да му подаруваат дела на Музејот. Солидарноста како вредност се издигна над спонтаната реакција предизвикана од земјотресот во музејски концепт, низ трансгенерациска врска на авторите. И покрај моето повлекување, засекогаш ќе останам мотивирана да учествувам во натамошниот развој на МСУ, задоволна што по 60 години од неговото основање е повторно една од најубедливите вредности на скопскиот урбан живот, вели Гаќина.

Истакнувајќи некои од позначајните постигнувања, стручниот тим и вработените во Музејот на современата уметност се надеваат дека овој тренд на подигнувањето на нивоата на работата на институцијата ќе биде соодветно препознаен и ќе наиде на уште поголема поддршка од
Министерството за култура и долгогодишнте партнери и поддржувачи.

The post Директорката на Музејот на современа уметност си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Музејот на современата уметност - Скопје ја известува јавноста дека првиот човек на институцијата, Мира Гаќина, по шест години успешно извршување на должноста директорка на музејот се повлекува од лични причини, стои во писменото соопштение кое утринава беше испратено до медиумите.
Мира Гаќина, која на директорската позиција на МСУ беше од средината на 2017 година, по вокација е историчарка на уметноста, магистер по музеологија, со докторат по продукција и управување на институции од културата - студија на случај МСУ – Скопје. Формирајќи и успешно работејќи со тим од искусни и докажани професиналци во својата струка, Мира Гаќина изминатите години успеа да го стави МСУ на мапата на европските и светските музејски центри, реализирајќи повеќе капитални изложбени проекти. Еден од последните големи меѓународни проекти, кој e се уште во тек е изложбата „Ниедно чувство не е конечно: Колекција на солидарноста, МСУ Скопје“ во Кунстхале во Виена, изложба која го реафирмира основниот карактер на МСУ, како музеј на интернационалната солидарност. Изложбата идната година ќе патува и во Прага, а во тек се контакти и со други музеи за проширување на димензиите на овој проект. Серијата изложби „Се што ни е заедничко“ која вклучуваше дела и лично присуство на редица релевантни светски и регионални уметници, потоа соработката на изложбени проекти во Краков, Солун и ко-партнерството со „Манифеста“, една од најзначајните светски манифестации на современата уметност, се исто така само дел од листата на успешни меѓународни проекти на МСУ. Тука треба да се спомене и извонредно успешната Интердисциплинарна програма, која заедно со обновеното издавање на списанието „Големото стакло“, го овозможи претставувањето на денес релевантните теориски и критички практики. Овие меѓународни успеси беа крунисани со приемот на МСУ во CIMAM (Меѓународно здружение на музеи на модерна уметност), како и со меѓународната награда „Жива“ доделена на МСУ за креативност и посебни постигнувања. Во својот мандат, Мира Гаќина и тимот на МСУ во континуитет продуцираа и поставки во кои изложуваат светски познати и домашни докажани уметници. Од исклучително значење за музејот и македонската уметност и култура е и повторното заживување на донаторската димензија на МСУ, збогатувајќи ги збирките со над стотина нови подароци од странски и македонски уметници и донатори. Во овој период МСУ ја подигна на многу повисоко ниво и важноста на своите едукативни програми, како една од суштинските социјални димензии на музејот, стои во соопштението.
Веројатно многу скопјани, како и јас, биле, и уште се фасцинирани од објектот на МСУ, кој спокојно го набљудува Градот, без да се наметнува, вели гаќина.
Но, каква е вистинската вредност на неговата колекција, а особено на неговиот концепт, како музеј инициран и остварен од страна на уметниците осознав со време, преку моите студии и споредби со други светски музеи. Стремежот да се демонстрира севкупниот потенцијал на МСУ како релевантна институција во полето на современата уметност и култура, беше причината поради која ја прифатив оваа многу одговорна позиција во 2017 година. Водена од сознанието за колективниот ентузијазам во сите нас, за повторно заживување на пионерските идеали на солидарност втемелени во самата идејата на оваа по многу нешта единствена институција кај нас и пошироко. Овој Музеј на солидарноста го замисливме како Отворен Музеј, отворен за сите генерации, за сите групи, за сите заедници, пред сè, за скопјани, како интегрален дел на Старо Скопје, со целата негова културна различност, следејќи ја оригиналната Мисија. Но најважно е што инспириравме нова генерација меѓународни и наши уметници да му подаруваат дела на Музејот. Солидарноста како вредност се издигна над спонтаната реакција предизвикана од земјотресот во музејски концепт, низ трансгенерациска врска на авторите. И покрај моето повлекување, засекогаш ќе останам мотивирана да учествувам во натамошниот развој на МСУ, задоволна што по 60 години од неговото основање е повторно една од најубедливите вредности на скопскиот урбан живот, вели Гаќина.
Истакнувајќи некои од позначајните постигнувања, стручниот тим и вработените во Музејот на современата уметност се надеваат дека овој тренд на подигнувањето на нивоата на работата на институцијата ќе биде соодветно препознаен и ќе наиде на уште поголема поддршка од Министерството за култура и долгогодишнте партнери и поддржувачи.

The post Директорката на Музејот на современа уметност си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
МСУ стана членка на единствената глобална мрежа експерти од музејската дејност–CIMAM https://republika.mk/vesti/kultura/msu-stana-chlenka-na-edinstvenata-globalna-mreza-eksperti-od-muzejskata-dejnost-cimam/ Mon, 17 Jan 2022 08:34:38 +0000 https://republika.mk/?p=445612

Музејот на современата уметност – Скопје стана дел од Меѓународната комисија на музеи и колекции на модерна уметност – CIMAM, во која членуваат директори и куратори од светски познати музеи, колекции и архиви за модерна и современа уметност.

МСУ - Скопје стана дел од фамилијата на CIMAM! Напорната работа, исклучителната посветеност и грижа за колекцијата, излегувањето од нашите граници на меѓународната сцена, богатата програма и „Големото Стакло“, беа препознаени од страна на CIMAM, единствената меѓународна заедница, која ги застапува интересите на професионалците во музеите на модерната и современата уметност и која ги нуди ресурсите и можностите за размена, кои се неопходни за развој на оваа дејност. Ова членство дополнително ја зацврстува позицијата на МСУ помеѓу најреномираните музеи на современа уметност во светот“, вели Мира Гаќина, директорка на МСУ – Скопје.

ЦИМАМ е дел од Меѓународниот совет на музеи - ICOM (ИKОМ), кој е мрежа на повеќе од 35.000 членови - музејски професионалци, кои ја претставуваат глобалната музејска заедница.

Основана во 1962 година, визијата на ЦИМАМ е свет во кој се препознава и почитува придонесот на музеите, колекциите и архивите на модерната и современата уметност за културната, социјалната и економската благосостојба на општеството. Целта на ЦИМАМ е да поттикне глобална мрежа на музеи и музејски професионалци од областа на модерната и современата уметност со цел да се подигне свеста и да се одговори на потребите на овие музеи. Со генерирање дебата и охрабрување на соработка помеѓу уметничките институции и поединци во различни фази на развој, ширум светот, ЦИМАМ игра клучна улога во растот на секторот.

Членовите на оваа глобална мрежа еднаш годишно одржуваат конференција на која дебатираат за теоретски, етички и практични прашања поврзани со организирање изложби, креирање програми, споделување искуства и посети на најистакнатите уметнички институции на современата уметност во светот. Првата годишна конференција на ЦИМАМ се одржа во 1962 година во Хаг. Оттогаш, Комитетот прослави над 50 конференции, кои се одржаа во 30 различни градови низ светот.

ЦИМАМ се залага за воспоставување на професионални кодекси на пракса и етички стандарди за институциите, кои се членки.

Museum Watch“ е програма на оваа мрежа - алатка која ќе им помогне на професионалците во модерната и современата музејска уметност, како да се справат со критични ситуации, кои влијаат на способноста на музеите и поединците да ги задржат своите професионални кодекси на практики.

ЦИМАМ во рамките на својата програма обезбедува и грантови за патувања што подразбира поддршка на кураторскиот и истражувачки развој на поединци преку нивното присуство на Годишната конференција. Од 2005 година до денес, ЦИМАМ поддржа повеќе од 300 млади кустоси и директори на музеи, кои имаа прилика да присуствуваат на Годишната конференција.

The post МСУ стана членка на единствената глобална мрежа експерти од музејската дејност–CIMAM appeared first on Република.

]]>

Музејот на современата уметност – Скопје стана дел од Меѓународната комисија на музеи и колекции на модерна уметност – CIMAM, во која членуваат директори и куратори од светски познати музеи, колекции и архиви за модерна и современа уметност.
МСУ - Скопје стана дел од фамилијата на CIMAM! Напорната работа, исклучителната посветеност и грижа за колекцијата, излегувањето од нашите граници на меѓународната сцена, богатата програма и „Големото Стакло“, беа препознаени од страна на CIMAM, единствената меѓународна заедница, која ги застапува интересите на професионалците во музеите на модерната и современата уметност и која ги нуди ресурсите и можностите за размена, кои се неопходни за развој на оваа дејност. Ова членство дополнително ја зацврстува позицијата на МСУ помеѓу најреномираните музеи на современа уметност во светот“, вели Мира Гаќина, директорка на МСУ – Скопје.
ЦИМАМ е дел од Меѓународниот совет на музеи - ICOM (ИKОМ), кој е мрежа на повеќе од 35.000 членови - музејски професионалци, кои ја претставуваат глобалната музејска заедница. Основана во 1962 година, визијата на ЦИМАМ е свет во кој се препознава и почитува придонесот на музеите, колекциите и архивите на модерната и современата уметност за културната, социјалната и економската благосостојба на општеството. Целта на ЦИМАМ е да поттикне глобална мрежа на музеи и музејски професионалци од областа на модерната и современата уметност со цел да се подигне свеста и да се одговори на потребите на овие музеи. Со генерирање дебата и охрабрување на соработка помеѓу уметничките институции и поединци во различни фази на развој, ширум светот, ЦИМАМ игра клучна улога во растот на секторот. Членовите на оваа глобална мрежа еднаш годишно одржуваат конференција на која дебатираат за теоретски, етички и практични прашања поврзани со организирање изложби, креирање програми, споделување искуства и посети на најистакнатите уметнички институции на современата уметност во светот. Првата годишна конференција на ЦИМАМ се одржа во 1962 година во Хаг. Оттогаш, Комитетот прослави над 50 конференции, кои се одржаа во 30 различни градови низ светот. ЦИМАМ се залага за воспоставување на професионални кодекси на пракса и етички стандарди за институциите, кои се членки.Museum Watch“ е програма на оваа мрежа - алатка која ќе им помогне на професионалците во модерната и современата музејска уметност, како да се справат со критични ситуации, кои влијаат на способноста на музеите и поединците да ги задржат своите професионални кодекси на практики. ЦИМАМ во рамките на својата програма обезбедува и грантови за патувања што подразбира поддршка на кураторскиот и истражувачки развој на поединци преку нивното присуство на Годишната конференција. Од 2005 година до денес, ЦИМАМ поддржа повеќе од 300 млади кустоси и директори на музеи, кои имаа прилика да присуствуваат на Годишната конференција.

The post МСУ стана членка на единствената глобална мрежа експерти од музејската дејност–CIMAM appeared first on Република.

]]>