мир Archives - Република https://republika.mk/tema/mir/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 14:48:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мир Archives - Република https://republika.mk/tema/mir/ 32 32 Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина https://republika.mk/vesti/svet/orban-pobedata-na-tramp-ke-ja-natera-evropa-da-ja-preispita-poddrshkata-za-ukraina/ Sun, 03 Nov 2024 15:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=833790

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека Европа ќе мора да ја преиспита својата поддршка за Украина доколку Доналд Трамп биде избран за претседател на САД.

Според Орбан, Европа „нема да може сама да го носи товарот на војната“.

Орбан се залага за мирно решавање на конфликтот и се противи на воената помош за Украина и јасно стави до знаење дека Трамп ги споделува неговите ставови и дека ќе преговара за мирно решение на конфликтот во Украина доколку биде реизбран за претседател на САД.

Унгарскиот лидер го поддржува американскиот републикански претседателски кандидат на претстојните избори во САД во вторник, на кои поранешниот претседател ќе се соочи со кандидатот на Демократската партија и американска потпретседателка Камала Харис.

Ние (во Европа) мора да сфатиме дека ако во Америка се избере претседател кој е за мир,... ако се случи она што го очекуваме и Америка се декларира за мир, тогаш Европа не може да продолжи да ја поддржува војната, рече Орбан.

Унгарскиот премиер изјави дека Украина ќе биде едно од главните прашања на агендата на европските лидери во Будимпешта оваа недела, мислејќи на состанокот на европската политичка заедница и неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.

Европа не може сама да го поднесе товарот (на војната) и ако Американците прогласат мир, тогаш ќе мораме да се прилагодиме и токму за тоа ќе разговараме во Будимпешта, објасни Виктор Орбан.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во јули изјави дека унгарската влада гледа на Трамп како „шанса за мир“ во Украина.

Во четвртокот, Виктор Орбан имаше телефонски разговор со Доналд Трамп за да му посака успех на изборите.

The post Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека Европа ќе мора да ја преиспита својата поддршка за Украина доколку Доналд Трамп биде избран за претседател на САД. Според Орбан, Европа „нема да може сама да го носи товарот на војната“. Орбан се залага за мирно решавање на конфликтот и се противи на воената помош за Украина и јасно стави до знаење дека Трамп ги споделува неговите ставови и дека ќе преговара за мирно решение на конфликтот во Украина доколку биде реизбран за претседател на САД. Унгарскиот лидер го поддржува американскиот републикански претседателски кандидат на претстојните избори во САД во вторник, на кои поранешниот претседател ќе се соочи со кандидатот на Демократската партија и американска потпретседателка Камала Харис.
Ние (во Европа) мора да сфатиме дека ако во Америка се избере претседател кој е за мир,... ако се случи она што го очекуваме и Америка се декларира за мир, тогаш Европа не може да продолжи да ја поддржува војната, рече Орбан.
Унгарскиот премиер изјави дека Украина ќе биде едно од главните прашања на агендата на европските лидери во Будимпешта оваа недела, мислејќи на состанокот на европската политичка заедница и неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.
Европа не може сама да го поднесе товарот (на војната) и ако Американците прогласат мир, тогаш ќе мораме да се прилагодиме и токму за тоа ќе разговараме во Будимпешта, објасни Виктор Орбан.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во јули изјави дека унгарската влада гледа на Трамп како „шанса за мир“ во Украина. Во четвртокот, Виктор Орбан имаше телефонски разговор со Доналд Трамп за да му посака успех на изборите.

The post Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина appeared first on Република.

]]>
Хороскопски знаци кои не дозволуваат другите да им го нарушат внатрешниот мир https://republika.mk/zivot/astro/horoskopski-znatsi-koi-ne-dozvoluvaat-drugite-da-im-go-narushat-vnatreshniot-mir/ Tue, 08 Oct 2024 18:28:41 +0000 https://republika.mk/?p=823735

Сите ние се соочуваме со предизвици кои можат да го нарушат нашиот внатрешен мир – без разлика дали се тоа мали нешта или големи проблеми. Но, некои луѓе едноставно не дозволуваат надворешните фактори да ги уништат. Нивната смиреност и отпорност на иритација ги прави шампиони во зачувувањето на сопствената хармонија. Знаат да постават граници и да останат смирени, без разлика на околностите. Според астрологијата, таквите луѓе се родени во овие хороскопски знаци.

Јарец

Кога станува збор за Јарецот, првото нешто што ви паѓа на ум е силата, издржливоста и непробојниот оклоп. Овие мајстори на самодисциплина не дозволуваат никој да им ја наруши менталната рамнотежа. Јарците сакаат да го планираат секој чекор и не поднесуваат хаос, без разлика дали доаѓа од неорганизирани луѓе или премногу импулсивни ситуации. Нивниот внатрешен мир доаѓа од фокусот – кога имаат цел пред себе, ништо не може да им го одвлече вниманието. Затоа туѓата драма често им изгледа како мало камче на патот - доволно мало за да се игнорира, доволно безначајно за да не го запре нивното искачување.

Јарците се како снежни бури - тивки, студени, но неверојатно моќни кога ќе одлучат да ја подигнат границата на емоциите. Кога некој се обидува да влезе во нивниот свет без покана, Јарецот едноставно поставува ѕид. Тивко, но ефективно.

Водолија

Од друга страна, Водолијата е знак кој знае да игра на сосема друга карта. Тој е воздушен знак, слободен и недопирлив како ветрот. Водолиите се познати по својата ексцентричност, но зад таа надворешна слобода се крие вистински уметник за зачувување на внатрешниот мир. Тајната на Водолиите лежи во нивната способност да се дистанцираат од емоциите и да ги гледаат ситуациите од поширока перспектива. Додека другите реагираат на малите нешта, Водолијата гледа сè како дел од големата слика - туѓата драма едноставно не се вклопува во нивниот универзум.

Водолиите сакаат иновации и промени, но нивниот внатрешен свет е како нивната сопствена галаксија - посветена на истражување, учење и личен развој. Кога ќе почувствуваат дека некој може да го наруши тој мир, тие едноставно го притискаат копчето „mute“ и продолжуваат понатаму, игнорирајќи ја бучавата. Нивниот ум е секогаш чекор понапред, па ни најнапорните луѓе не можат да им ја расипат мирната атмосфера.

The post Хороскопски знаци кои не дозволуваат другите да им го нарушат внатрешниот мир appeared first on Република.

]]>

Сите ние се соочуваме со предизвици кои можат да го нарушат нашиот внатрешен мир – без разлика дали се тоа мали нешта или големи проблеми. Но, некои луѓе едноставно не дозволуваат надворешните фактори да ги уништат. Нивната смиреност и отпорност на иритација ги прави шампиони во зачувувањето на сопствената хармонија. Знаат да постават граници и да останат смирени, без разлика на околностите. Според астрологијата, таквите луѓе се родени во овие хороскопски знаци.

Јарец

Кога станува збор за Јарецот, првото нешто што ви паѓа на ум е силата, издржливоста и непробојниот оклоп. Овие мајстори на самодисциплина не дозволуваат никој да им ја наруши менталната рамнотежа. Јарците сакаат да го планираат секој чекор и не поднесуваат хаос, без разлика дали доаѓа од неорганизирани луѓе или премногу импулсивни ситуации. Нивниот внатрешен мир доаѓа од фокусот – кога имаат цел пред себе, ништо не може да им го одвлече вниманието. Затоа туѓата драма често им изгледа како мало камче на патот - доволно мало за да се игнорира, доволно безначајно за да не го запре нивното искачување. Јарците се како снежни бури - тивки, студени, но неверојатно моќни кога ќе одлучат да ја подигнат границата на емоциите. Кога некој се обидува да влезе во нивниот свет без покана, Јарецот едноставно поставува ѕид. Тивко, но ефективно.

Водолија

Од друга страна, Водолијата е знак кој знае да игра на сосема друга карта. Тој е воздушен знак, слободен и недопирлив како ветрот. Водолиите се познати по својата ексцентричност, но зад таа надворешна слобода се крие вистински уметник за зачувување на внатрешниот мир. Тајната на Водолиите лежи во нивната способност да се дистанцираат од емоциите и да ги гледаат ситуациите од поширока перспектива. Додека другите реагираат на малите нешта, Водолијата гледа сè како дел од големата слика - туѓата драма едноставно не се вклопува во нивниот универзум. Водолиите сакаат иновации и промени, но нивниот внатрешен свет е како нивната сопствена галаксија - посветена на истражување, учење и личен развој. Кога ќе почувствуваат дека некој може да го наруши тој мир, тие едноставно го притискаат копчето „mute“ и продолжуваат понатаму, игнорирајќи ја бучавата. Нивниот ум е секогаш чекор понапред, па ни најнапорните луѓе не можат да им ја расипат мирната атмосфера.

The post Хороскопски знаци кои не дозволуваат другите да им го нарушат внатрешниот мир appeared first on Република.

]]>
Сакаме на чело на САД да биде лидер кој сака мир, порача Орбан https://republika.mk/vesti/svet/sakame-na-chelo-na-sad-da-bide-lider-koj-saka-mir-poracha-orban/ Fri, 27 Sep 2024 13:24:04 +0000 https://republika.mk/?p=820308

Ако САД сакаат да имаат претседател кој е за војна, тогаш светот ќе има војна, а ако сакаат да има мир, треба на чело на Америка да е политичар кој е за мир, а Доналд Трамп е за мир, изјави во Охрид унгарскиот премиер Виктор Орбан одговарајќи на новинарско прашање.

Ние бевме поддржувачи на републиканскиот кандидат Доналд Трамп без намера да се мешаме во американските избори. Иако, впрочем, постои мешање во унгарските избори. Политиката на Западот денес е во рацете на еден тесен круг политичари, на една елита. И ако се прашаме зошто како како Запад и како ЕУ губиме, тоа е поради тој елитистички круг на застарени политичари кои не можат да се справат со светските предизвици. Затоа треба да поддржиме енергични политичари. Ако Америка сака да има претседател кој сака војна, тогаш во светот ќе има војна. Трамп знаеме како функционира и тој е на страна на мирот, а нас ни е потребен мир. Затоа сакаме на чело на САД да биде лидер кој сака мир – изјави Орбан на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

The post Сакаме на чело на САД да биде лидер кој сака мир, порача Орбан appeared first on Република.

Две места пред Грција: Македонија на 38-то место на списокот на најмирни земји во светот https://republika.mk/vesti/makedonija/dve-mesta-pred-grtsija-makedonija-na-38-to-mesto-na-spisokot-na-najmirni-zemji-vo-svetot/ Sun, 16 Jun 2024 13:02:08 +0000 https://republika.mk/?p=788098

На листата на најмирни земји во светот за оваа година, Македонија е рангирана на 38 место, објави Глобалниот индекс на мирот (Global Peace Index).

Рангирањето се базира на 23 различни фактори.

За споредба, Бугарија е на 26. место, Црна Гора на 35. место, Грција е на 40. место, додека Албанија е на 42. место.

Србија е на 54. место, Косово е на 56. место на листата, додека Босна и Херцеговина е на 61. место.

На 163. место е Јемен, а една земја пред Јемен е Судан. Украина е рангирана на 159. место.

Исланд е на првото место 16-та година по ред. Словенија е меѓу 10-те најмирни земји.

The post Две места пред Грција: Македонија на 38-то место на списокот на најмирни земји во светот appeared first on Република.

]]>

На листата на најмирни земји во светот за оваа година, Македонија е рангирана на 38 место, објави Глобалниот индекс на мирот (Global Peace Index). Рангирањето се базира на 23 различни фактори. За споредба, Бугарија е на 26. место, Црна Гора на 35. место, Грција е на 40. место, додека Албанија е на 42. место. Србија е на 54. место, Косово е на 56. место на листата, додека Босна и Херцеговина е на 61. место. На 163. место е Јемен, а една земја пред Јемен е Судан. Украина е рангирана на 159. место. Исланд е на првото место 16-та година по ред. Словенија е меѓу 10-те најмирни земји.

The post Две места пред Грција: Македонија на 38-то место на списокот на најмирни земји во светот appeared first on Република.

]]>
Оваа зима тешко до мир во Украина https://republika.mk/vesti/svet/ovaa-zima-teshko-do-mir-vo-ukraina/ Mon, 14 Aug 2023 11:39:53 +0000 https://republika.mk/?p=672005

Западните власти се надеваа дека контраофанзивата на вооружените сили на Украина ќе ја принуди Москва да започне мировни преговори со Киев во зимата 2023 година.

„Волстрит журнал“ пишува дека со контраофанзивата надежите биле дека Путин ќе биде седнат на преговарачка маса, но сега шансите за тоа речиси да не постојат, бидејќи контраофанзивата не ги дава посакуваните резултати.

„Американските и другите западни претставници се надеваа дека значителен украински пробив може да им нанесе доволно штета на руските сили за да го доведат претседателот Владимир Путин на преговарачка маса оваа зима за сериозни дискусии за решение“, пишува весникот, цитирајќи дипломати и истакнувајќи дека шансите дека овие прогнози се реализираат е исклучително мал.

Дополнително, авторите нагласија дека политичарите на Запад веќе почнуваат да размислуваат за подготовка на Киев за пролетната офанзива во 2024 година. Украинската контраофанзива користејќи резерви започна на 4 јуни. Вооружените сили на Украина се обидуваат да го спроведат до ден-денес.

Според рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на 3 јули, украинската армија не ги постигнала своите цели во ниту еден правец.

Подоцна, на 10 август, „Политико“, повикувајќи се на советникот на министерот за одбрана на Украина, Јуриј Сака, објави дека вооружените сили на Украина морале да ја променат тактиката на нивната контраофанзива, што ќе го продолжи своето време. Зеленски постојано повторува дека никогаш нема да седне на маса со „диктаторот Путин“ и да ги изрази своите десет точки со зборови, прилично нереално, а од друга страна, Путин верува дека кога Киев ќе биде турнат на ѕидот, тоа ќе бидете многу пореални да се согласите со условите на Москва.

The post Оваа зима тешко до мир во Украина appeared first on Република.

]]>

Западните власти се надеваа дека контраофанзивата на вооружените сили на Украина ќе ја принуди Москва да започне мировни преговори со Киев во зимата 2023 година. „Волстрит журнал“ пишува дека со контраофанзивата надежите биле дека Путин ќе биде седнат на преговарачка маса, но сега шансите за тоа речиси да не постојат, бидејќи контраофанзивата не ги дава посакуваните резултати. „Американските и другите западни претставници се надеваа дека значителен украински пробив може да им нанесе доволно штета на руските сили за да го доведат претседателот Владимир Путин на преговарачка маса оваа зима за сериозни дискусии за решение“, пишува весникот, цитирајќи дипломати и истакнувајќи дека шансите дека овие прогнози се реализираат е исклучително мал. Дополнително, авторите нагласија дека политичарите на Запад веќе почнуваат да размислуваат за подготовка на Киев за пролетната офанзива во 2024 година. Украинската контраофанзива користејќи резерви започна на 4 јуни. Вооружените сили на Украина се обидуваат да го спроведат до ден-денес. Според рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на 3 јули, украинската армија не ги постигнала своите цели во ниту еден правец. Подоцна, на 10 август, „Политико“, повикувајќи се на советникот на министерот за одбрана на Украина, Јуриј Сака, објави дека вооружените сили на Украина морале да ја променат тактиката на нивната контраофанзива, што ќе го продолжи своето време. Зеленски постојано повторува дека никогаш нема да седне на маса со „диктаторот Путин“ и да ги изрази своите десет точки со зборови, прилично нереално, а од друга страна, Путин верува дека кога Киев ќе биде турнат на ѕидот, тоа ќе бидете многу пореални да се согласите со условите на Москва.

The post Оваа зима тешко до мир во Украина appeared first on Република.

]]>
Чавушоглу: Дипломатијата може да доведе до решение во Украина доколку и се даде шанса https://republika.mk/vesti/svet/chavushoglu-diplomatijata-moze-da-dovede-do-reshenie-vo-ukraina-dokolku-i-se-dade-shansa/ Thu, 01 Dec 2022 16:07:34 +0000 https://republika.mk/?p=580578

Tурскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Турција смета оти е реално да се постигне решение на ситуацијата во Украина преку преговори, доколку и се даде шанса на дипломатијата.

Решение со преговори е можно доколку и се даде шанса на дипломатијата. Се разбира, тоа мора да биде праведен мир за Украина“, изјави Чавушоглу на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Тој додаде дека Турција „ќе продолжи активно да ја поддржува ОБСЕ, бидејќи не постои друга платформа која би била инклузивна“.

Во полскиот град Лоѓ почна дводневниот 29-ти состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Полското Министерство за надворешни работи не дозволи влез во земјата на руската делегација предводена од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Руското Министерство за надворешни работи оваа одлука ја оцени како „без преседан“ и „провокативна“ и соопшти дека дејствијата на Полска се неспоиви со постулатите на организацијата.

The post Чавушоглу: Дипломатијата може да доведе до решение во Украина доколку и се даде шанса appeared first on Република.

]]>

Tурскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Турција смета оти е реално да се постигне решение на ситуацијата во Украина преку преговори, доколку и се даде шанса на дипломатијата.
Решение со преговори е можно доколку и се даде шанса на дипломатијата. Се разбира, тоа мора да биде праведен мир за Украина“, изјави Чавушоглу на Министерскиот совет на ОБСЕ.
Тој додаде дека Турција „ќе продолжи активно да ја поддржува ОБСЕ, бидејќи не постои друга платформа која би била инклузивна“. Во полскиот град Лоѓ почна дводневниот 29-ти состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ. Полското Министерство за надворешни работи не дозволи влез во земјата на руската делегација предводена од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Руското Министерство за надворешни работи оваа одлука ја оцени како „без преседан“ и „провокативна“ и соопшти дека дејствијата на Полска се неспоиви со постулатите на организацијата.

The post Чавушоглу: Дипломатијата може да доведе до решение во Украина доколку и се даде шанса appeared first on Република.

]]>
ЕК: Путин не е заинтересиран за мир, туку за ескалација на војната https://republika.mk/vesti/svet/ek-putin-ne-e-zainteresiran-za-mir-tuku-za-eskalacija-na-vojnata/ Wed, 21 Sep 2022 12:35:48 +0000 https://republika.mk/?p=552921

Пристигна првата официјална реакција од институција на ЕУ. Европската Комисија оцени дека говорот на рускиот претседател Путин е доказ дека тој не сака мир, јави дописничката на МИА од Брисел.

Рускиот претседател, Владимир Путин, утрово соопшти дека е во војна со Западот кој ја вооружува Украина, дека ќе ги искористи сите средства за да ја одбрани Русија и дека се мобилизираат 300 илјади војници за таа цел. Тој потврди дека ќе се одржат референдумите во сепаратистичките региони во Украина и тие ќе бидат одбранети од страна на Русија.

За Европската Унија ова е знак дека Путин сака воена ескалација.

Говорот на Путин и неговите најави за делумна мобилизација е уште еден доказ дека Путин не е заинтересиран за мир, туку за ескалација на војната на агресија, и знак за неговиот очај поради текот на војната во Украина, изјави Петер Стано, портпарол на Европската Комисија за надворешни работи.

The post ЕК: Путин не е заинтересиран за мир, туку за ескалација на војната appeared first on Република.

]]>

Пристигна првата официјална реакција од институција на ЕУ. Европската Комисија оцени дека говорот на рускиот претседател Путин е доказ дека тој не сака мир, јави дописничката на МИА од Брисел. Рускиот претседател, Владимир Путин, утрово соопшти дека е во војна со Западот кој ја вооружува Украина, дека ќе ги искористи сите средства за да ја одбрани Русија и дека се мобилизираат 300 илјади војници за таа цел. Тој потврди дека ќе се одржат референдумите во сепаратистичките региони во Украина и тие ќе бидат одбранети од страна на Русија. За Европската Унија ова е знак дека Путин сака воена ескалација.
Говорот на Путин и неговите најави за делумна мобилизација е уште еден доказ дека Путин не е заинтересиран за мир, туку за ескалација на војната на агресија, и знак за неговиот очај поради текот на војната во Украина, изјави Петер Стано, портпарол на Европската Комисија за надворешни работи.
 
The post ЕК: Путин не е заинтересиран за мир, туку за ескалација на војната appeared first on Република.

]]>
Околу стотина нобеловци повикаа на мир во Украина https://republika.mk/vesti/svet/okolu-stotina-nobelovci-povikaa-na-mir-vo-ukraina/ Fri, 04 Mar 2022 10:44:46 +0000 https://republika.mk/?p=467678

Повеќе од сто добитници на Нобеловата награда потпишаа повик за мир во Украина и ја повикаа Русија да ја повлече војската, објави германската новинска агенција ДПА.

Научниците, во декларацијата објавена синоќа, велат дека науката ставила моќно оружје во рацете на политичарите, но дека тоа мора да се користи за мирољубиви цели.

Откривањето на нуклеарната физија создаде основа за изградба на нуклеарно оружје за уништување. Нејзините сегашни пропорции имаат потенцијал да ја направат Земјата непогодна за живеење за луѓето и да ја избришат човечката цивилизација. Затоа, таквото оружје никогаш не смее да се користи!“

Научните откритија мора, напишаа 103 потписници, „да се користат исклучиво за мирољубиви цели и за благосостојба и среќа на сите луѓе, во согласност со Универзалната декларација за човекови права“.

Го повикуваме рускиот претседател Владимир Путин да ги почитува договорите засновани на меѓународното право, да ги повлече своите вооружени сили, да започне преговори и да воспостави мир, се вели во соопштението.

Декларацијата, потпишана од лауреати од целиот свет, беше иницирана од Друштвото Макс Планк и Линдау средбите на нобеловците.

The post Околу стотина нобеловци повикаа на мир во Украина appeared first on Република.

]]>

Повеќе од сто добитници на Нобеловата награда потпишаа повик за мир во Украина и ја повикаа Русија да ја повлече војската, објави германската новинска агенција ДПА. Научниците, во декларацијата објавена синоќа, велат дека науката ставила моќно оружје во рацете на политичарите, но дека тоа мора да се користи за мирољубиви цели.