МИОА Archives - Република https://republika.mk/tema/mioa/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Feb 2024 21:03:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МИОА Archives - Република https://republika.mk/tema/mioa/ 32 32 Андоновски: Апсурд е дека државата се тужи самата себе https://republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-apsurd-e-deka-drzhavata-se-tuzhi-samata-sebe/ Tue, 27 Feb 2024 21:03:46 +0000 https://republika.mk/?p=749066

На гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, Дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски истакна дека поради неисполнување на законски обврски за исплата на средства за финансирање на радиодифузна дејност, АВМУ го тужи МИОА во вредност од најмалку 90 илјади евра.

„Државата кон АВМУ има 90 илјади евра долг заради тоа што не се усогласила со законот што сама го донела. Гледајќи дека не ги исплаќа парите, АВМУ ја тужи МИОА и бара скоро 4,9 милиони денари за надомест на штета“ , истакна Андоновски. Според Андоновски, ниту Министерот за информатичко општество и администрација предвидел буџет, ниту Минстерството за финансии одобрило, а сепак донеле таков закон.

Според Андоновски, институциите се тужат меѓусебно, се предизвикува штета на буџетот и се прават судски, адвокатски, нотарски трошоци и трошоци за вештачења заради неодговорност на поединци. Потребно е за секоја ваква штета да се утврдува и индивидуална одговорност, за поединците да постапуваат одговорно. Доколку виновен е некој министер, тој треба да ги сноси трошоците.

„Во каков апсурд живееме дека државата сама себе се тужи една институција со друга, само поради тоа што не почитува директива на ЕУ која што самата ја имплементирала во закон. Ќе зборуваме за ЕУ во следниов период во кој што ништо немаме применето во пракса и се тужиме едни со други, а ќар имаат само нотари, адвокати, вештаци кои што изработуваат и судот го оптеретуваме со тужби едни кон други“, потенцираше Андоновски.

Измената е направена по барање на ЕУ и согласно директивата за аудиовизуелни медиумски услуги. По измените од 2017 година, Владата имаше дискреционо право да одлучува дали ќе ја исплати законската сума или не, со што исплатите беа до 40% помалку од законскиот минимум и со тоа „ги казнуваа“ за непослушноста и несервилноста. Денес се избриша одбредбата со која тоа се овозможуваше, но очигледно навиките тешко се искоренуваат и со неплаќањето Владата прави обид да влијае на уредувачката политика на МРТ и да се влијае на независноста на АВМУ, смета Андоновски.

„Се очекува и тужба од МРТ. Тука се работни за десеткратно поголема сума.“

The post Андоновски: Апсурд е дека државата се тужи самата себе appeared first on Република.

]]>

Се архивираат одлуки со вчерашен датум за да поминат нелегални вработувања во МИОА, алармира Андоновски https://republika.mk/vesti/makedonija/se-arhiviraat-odluki-so-vcherashen-datum-za-da-pominat-nelegalni-vrabotuvana-vo-mioa-alarmira-andonovski/ Thu, 15 Feb 2024 13:12:57 +0000 https://republika.mk/?p=744394

Комлетно незаконски, со притисоци врз вработените во архивата на Министерство за информатичко општество и администрација, денес се архивираат одлуки со вчерашен датум, алармира дополнителниот заменик-министер Стефан Андоновски.

Зашто? За да поминат нелегалните вработувања пред распишување на изборите. Согласно законот за архивско работење член 15 од Уредбата на Владата за канцелариско и архивско работење не е дозволено антидатирање на предмети (заведување на предмети со претходен датум) сите документи/записи, писарницата ги испраќа истиот ден кога ќе ги прими потпишани или најдоцна ден по приемот, вели Антоновски.

Тој ги повикува Управниот инспекторат и другите надлежни институции да влезат во Министерството за информатичко општество и администрација и да ги испитаат логовите од ДМС системот кога се изработени документите, кога се заведени и со кој датум се заведени.

Гарантирам дека одговорност ќе има – или сега или после изборите!, порача тој.

The post Се архивираат одлуки со вчерашен датум за да поминат нелегални вработувања во МИОА, алармира Андоновски appeared first on Република.

АВМУ поднесе тужба против МИОА https://republika.mk/vesti/makedonija/avmu-podnese-tuzhba-protiv-mioa/ Mon, 15 Jan 2024 13:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=733293

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесе тужба против Министерството за администрација и информатичко општество затоа што подолг временски период го прекршува Законот за ААВМУ така што на агенцијата и на другите корисници им префрла помалку средства од законски предвидените, сооппшти директорот на агенцијата, Зоран Трајчевски.

– Со измените на законот кои стапија во јули 2023 година точно се знаат средствата за АВМУ, МРТВ и Национална радиодифузија. Спротивно на заонската обврска, МИОА префрлува помалку средства од законски пропишаните. За последните шест месеци има добиено 80.000 евра помалку, за јануари имаме добиено речиси 20.000 евра помалку. Оваа состојба трае со години затоа што МИОА го користеше дискреционото право и префрлуваше помалку средства. Со измените на Законот за ААВМУ од 2018 година се пропиша дека за МРТВ, Македонска радиофизуција и за АВМУ ќе се обезбедуваат од Буџетот средства во висина од 0,8 до 1% од реализираните приходи од годината која претходни на фискалната година. Средствата беа преполовени поради дискреционото право на 0,5%.

Со измените од јули 2023 година беше укинато дискреционото право и АВМУ треба да добие 5 отсто. Предлагач на овој закон е МИОА против кого сега поднесуваме тужба.

Усогласувањето на македонската легислатива беше услов за овозможување пристап до програмата Креативна Европа 2021-2027 чиј буџет изнесува 2,5 милијарди евра. Од нив 1,58 милијарди евра се наменети за медиумите. Со непочитувањето на законот ќе им се скрати на македонските медиуми пристап до овие пари – рече Трајчевски.

Тој додаде дека Јавниот сервис, МРТВ исто така ќе поднесе тужба против МИОА затоа што средствата кои му се кратат се далеку поголеми од средствата за АВМУ.

The post АВМУ поднесе тужба против МИОА appeared first on Република.

Го намаливме времето потребно за добивање на основните административни услуги, се пофали Алиу https://republika.mk/vesti/makedonija/go-namalivme-vremeto-potrebno-za-dobivane-na-osnovnite-administrativni-uslugi-se-pofali-aliu/ Wed, 14 Jun 2023 10:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=651248

Во овие 100 дена успеавме да ја презентираме најновата иницијатива на Министерството за информатичко општество и администрација, а тоа е „DigitalEra“-програма која драстично го промени начинот на којшто граѓаните пристапуваат до јавните услуги. Со обезбедување на побрзи електронски услуги и зголемување на институционалната транспарентност, го намаливме времето потребно за граѓаните да ги добијат основните услуги. Понатаму, ги поставивме приоритетите во однос на потребите на нашите граѓани со попреченост, обезбедувајќи подобрен пристап до дигиталната инфраструктура и приоритет во услугите на административните шалтери. Преку оваа иницијатива имаме за цел да ја поедноставиме соработката меѓу институциите и граѓаните, промовирајќи ја инклузивноста и ефикасноста во работењето.

Ова меѓу другото го истакна министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, на денешната прес-конференција на која го презентираше сработеното во изминатите 100 дена.

Посочи дека активно се работи на основањето на Дигиталната Агенција која ќе се фокусира на дигитална инклузија, дигитални јавни услуги со што ќе се подобри економијата на земјата, транспарентноста и отчетноста на институциите. Активно се развиваат стратешки документи со единствена цел, да бидеме во чекор со дигиталната стратегија на ЕУ „Дигитален Компас“.

Процесот на изработка на Стратегиите за ИКТ и Сајбер безбедност, се одвиваат со забрзана динамика. Во изминатите 100 дена: ,,сведоци сме на извонредното проширување на дигиталните услуги на националната платформа, со ветувањето за дигитализација на повеќе од 150 нови електронски услуги до крајот на годината. Овој напредок осигурува граѓаните да имаат лесен пристап до услугите без непотребни доцнења или потреба да се движат низ тешките бирократски процеси“, рече министерот, додавајќи дека Националниот портал сега на граѓаните ќе им нуди електронски услуги и на албански јазик. Друг проект што го посочи е создавањето на „Една точка за услуги“ на 333 локации низ државата во соработка со Пошта на Македонија. „Една точка за услуги“ веќе почна да го трансформира начинот на кој граѓаните содејствуваат со владата, обезбедувајќи поефикасни и подостапни услуги во пет градови - Скопје, Куманово, Битола, Тетово и Охрид.

Во однос на реформите во јавната администрација, истакна дека финализирана е новата Стратегија за РЈА (2023-2030); Во согласност со нашиот стратешки приоритет за членство во ЕУ, овој сеопфатен осумгодишен документ е дизајниран да ја води нашата земја кон членство во Европската Унија до 2030 година; потоа финализирани се Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници кои веќе се во владина процедура; исто така активно се работи на процесот на реорганизација и оптимизација на органите на државната администрација, агенциите и инспекциските служби.

Истакнувајќи ја длабоката посветеност за слободни медиуми кои му служат на највисокиот јавен интерес, министерот истакна дека новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги веќе е во собраниска процедура и се очекува брзо да се изгласа, наскоро ќе се заврши и вториот дел од законот, а наскоро работната група ќе почне да работи и на Законот за медиуми.

Како резултат на тоа ќе ја промовираме транспарентноста, ќе ја заштитиме слободата на изразување и ќе го поттикнеме одговорното новинарство за зајакнување на темелите на едно демократско општество“, рече министерот Алиу.

The post Го намаливме времето потребно за добивање на основните административни услуги, се пофали Алиу appeared first on Република.

]]>

Во овие 100 дена успеавме да ја презентираме најновата иницијатива на Министерството за информатичко општество и администрација, а тоа е „DigitalEra“-програма која драстично го промени начинот на којшто граѓаните пристапуваат до јавните услуги. Со обезбедување на побрзи електронски услуги и зголемување на институционалната транспарентност, го намаливме времето потребно за граѓаните да ги добијат основните услуги. Понатаму, ги поставивме приоритетите во однос на потребите на нашите граѓани со попреченост, обезбедувајќи подобрен пристап до дигиталната инфраструктура и приоритет во услугите на административните шалтери. Преку оваа иницијатива имаме за цел да ја поедноставиме соработката меѓу институциите и граѓаните, промовирајќи ја инклузивноста и ефикасноста во работењето.
Ова меѓу другото го истакна министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, на денешната прес-конференција на која го презентираше сработеното во изминатите 100 дена. Посочи дека активно се работи на основањето на Дигиталната Агенција која ќе се фокусира на дигитална инклузија, дигитални јавни услуги со што ќе се подобри економијата на земјата, транспарентноста и отчетноста на институциите. Активно се развиваат стратешки документи со единствена цел, да бидеме во чекор со дигиталната стратегија на ЕУ „Дигитален Компас“. Процесот на изработка на Стратегиите за ИКТ и Сајбер безбедност, се одвиваат со забрзана динамика. Во изминатите 100 дена: ,,сведоци сме на извонредното проширување на дигиталните услуги на националната платформа, со ветувањето за дигитализација на повеќе од 150 нови електронски услуги до крајот на годината. Овој напредок осигурува граѓаните да имаат лесен пристап до услугите без непотребни доцнења или потреба да се движат низ тешките бирократски процеси“, рече министерот, додавајќи дека Националниот портал сега на граѓаните ќе им нуди електронски услуги и на албански јазик. Друг проект што го посочи е создавањето на „Една точка за услуги“ на 333 локации низ државата во соработка со Пошта на Македонија. „Една точка за услуги“ веќе почна да го трансформира начинот на кој граѓаните содејствуваат со владата, обезбедувајќи поефикасни и подостапни услуги во пет градови - Скопје, Куманово, Битола, Тетово и Охрид. Во однос на реформите во јавната администрација, истакна дека финализирана е новата Стратегија за РЈА (2023-2030); Во согласност со нашиот стратешки приоритет за членство во ЕУ, овој сеопфатен осумгодишен документ е дизајниран да ја води нашата земја кон членство во Европската Унија до 2030 година; потоа финализирани се Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници кои веќе се во владина процедура; исто така активно се работи на процесот на реорганизација и оптимизација на органите на државната администрација, агенциите и инспекциските служби. Истакнувајќи ја длабоката посветеност за слободни медиуми кои му служат на највисокиот јавен интерес, министерот истакна дека новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги веќе е во собраниска процедура и се очекува брзо да се изгласа, наскоро ќе се заврши и вториот дел од законот, а наскоро работната група ќе почне да работи и на Законот за медиуми.