Министерството за здравство Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerstvoto-za-zdravstvo/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Oct 2024 12:36:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Министерството за здравство Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerstvoto-za-zdravstvo/ 32 32 Министерството за здравство почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“ https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-pochna-natsionalna-kampana-pod-mototo-oktomvriski-rozov-karavan-preventsijata-e-najdobra-zashtita/ Wed, 16 Oct 2024 12:36:48 +0000 https://republika.mk/?p=827663

Министерството за здравство почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“, со цел подигнување на свесноста за рано откривање рак на дојка.

Во рамки на кампањата, ги повикуваме граѓаните во сабота (19.10.) од 12 до 16 часот и на 26 октомври од 13 часот во „Скопје Сити Мол", каде ќе биде поставен информативен штанд и ќе имаат можност да се информираат за тековните активности за превенција и лекување на ракот на дојка, соопшти МЗ.

Исто така, на 26 октомври во 13:00 часот ќе се одржи централна трибина во „Синеплекс“, „Скопје Сити Мол“, каде панелисти ќе бидат членови на националната комисија за скрининг на рак на дојка.

Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО, УНФПА, град Скопје, Здружение за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања „Фемина М“, Националната опера и балет, Факултетот за музичка уметност-Скопје и општествено одговорните компании „Скопје Сити Мол" и „Синеплекс".

The post Министерството за здравство почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“ appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“, со цел подигнување на свесноста за рано откривање рак на дојка.
Во рамки на кампањата, ги повикуваме граѓаните во сабота (19.10.) од 12 до 16 часот и на 26 октомври од 13 часот во „Скопје Сити Мол", каде ќе биде поставен информативен штанд и ќе имаат можност да се информираат за тековните активности за превенција и лекување на ракот на дојка, соопшти МЗ.
Исто така, на 26 октомври во 13:00 часот ќе се одржи централна трибина во „Синеплекс“, „Скопје Сити Мол“, каде панелисти ќе бидат членови на националната комисија за скрининг на рак на дојка. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО, УНФПА, град Скопје, Здружение за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања „Фемина М“, Националната опера и балет, Факултетот за музичка уметност-Скопје и општествено одговорните компании „Скопје Сити Мол" и „Синеплекс".

The post Министерството за здравство почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“ appeared first on Република.

]]>
МЗ за приватните специјализанти: Изготвен извештај и доставен на Влада, на некоја од седниците ќе дојде на разгледување https://republika.mk/vesti/makedonija/mz-za-privatnite-spetsijalizanti-izgotven-izveshtaj-i-dostaven-na-vlada-na-nekoja-od-sednitsite-ke-dojde-na-razgleduvane/ Thu, 11 Apr 2024 10:57:40 +0000 https://republika.mk/?p=764925

Министерството за здравство преку соопштение информира дека секогаш ќе се залага за подобрување на условите за работа на сите здравствени работници, вклучително и на приватните специјализанти кои се важни во здравствениот систем.

По средбата со приватните специјализанти е изготвен извештај и доставен на Влада, кадешто на некоја од седниците ќе дојде на разгледување со цел да се видат нивните барања и можните решенија во овој предизборен период. Во 2018 година, приватните специјализанти првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Ставот на Министерството е позитивен, со цел да им се излезе во пресрет на приватните специјализанти.

Во изминативе години платите на здравствените работници се покачија неколку пати и им се подобрија условите за работа. Со истиот пристап ќе им се помогне и на приватните специјализанти“, велат од таму.

https://republika.mk/vesti/makedonija/generalen-shtrajk-na-privatnite-spetsijalizanti-od-ponedelnik/

The post МЗ за приватните специјализанти: Изготвен извештај и доставен на Влада, на некоја од седниците ќе дојде на разгледување appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство преку соопштение информира дека секогаш ќе се залага за подобрување на условите за работа на сите здравствени работници, вклучително и на приватните специјализанти кои се важни во здравствениот систем.
По средбата со приватните специјализанти е изготвен извештај и доставен на Влада, кадешто на некоја од седниците ќе дојде на разгледување со цел да се видат нивните барања и можните решенија во овој предизборен период. Во 2018 година, приватните специјализанти првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Ставот на Министерството е позитивен, со цел да им се излезе во пресрет на приватните специјализанти.
Во изминативе години платите на здравствените работници се покачија неколку пати и им се подобрија условите за работа. Со истиот пристап ќе им се помогне и на приватните специјализанти“, велат од таму. https://republika.mk/vesti/makedonija/generalen-shtrajk-na-privatnite-spetsijalizanti-od-ponedelnik/

The post МЗ за приватните специјализанти: Изготвен извештај и доставен на Влада, на некоја од седниците ќе дојде на разгледување appeared first on Република.

]]>
Протест на лекарите специјализанти пред Министерството за здравство https://republika.mk/zivot/zdravje/protest-na-lekarite-spetsijalizanti-pred-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Wed, 27 Mar 2024 11:49:17 +0000 https://republika.mk/?p=759322

Лекарите специјализанти кои денеска протестираат пред Министерството за здравство побараа итна средба со министерот за здравство со цел решавање на нивните барања. Во моментот, во тек е состанок со претставници на Министерството.

Специјализантите бараат регулирање на работниот статус, покачување на месечниот надоместок и здравствено осигурување за сите специјализанти.

Доколку министерот и понатаму остане глув на барањата на повеќе од 400 лекари на специјализација, ќе гледаме чести репризи на денешниот протест. Ние нема да запреме се до исполнување на секое барање. На крај би сакала оваа изјава да ја завршам со зборовите на еден музички композитор кој неодамна почина - Мораме да се бориме за секој милиметар нормалност. Тоа ни е неопходна борба, изјави докторка Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти.

Од протестот беше побарано покачување на платата на приватните специјализанти согласно просечната плата за тековната година која изнесува 39 800 денари, повторно воведување на бесплатното здравствено осигурување за сите приватни специјализанти и навремена исплата на дежурствата со секоја тековна плата.

Здравственото осигурување за време на Ковид-19 пандемијата, како што посочи Георгиева, било воведено од тогашниот министер Венко Филипче, но пред околу година и пол било укинато без образложение од МЗ.

Кога станува збор за моменталната плата од 26.000 денари на еден приватен специјализант, ако бидеме објективни и ја одземеме ратата што месечно се плаќа во Деканатот на Медицинскиот факултет, на тој специјализант му остануваат околу 12.000 денари за да може да функционира и да преживее, посочи Георгиева.

Георгиева рече дека приватни специјализанти не постојат во најголем дел од западноевропските земји и дека приватната специјализација е автохтон феномен само за Балканот и моментално ги има само во Албанија и Косово.

 

The post Протест на лекарите специјализанти пред Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>

Лекарите специјализанти кои денеска протестираат пред Министерството за здравство побараа итна средба со министерот за здравство со цел решавање на нивните барања. Во моментот, во тек е состанок со претставници на Министерството. Специјализантите бараат регулирање на работниот статус, покачување на месечниот надоместок и здравствено осигурување за сите специјализанти.
Доколку министерот и понатаму остане глув на барањата на повеќе од 400 лекари на специјализација, ќе гледаме чести репризи на денешниот протест. Ние нема да запреме се до исполнување на секое барање. На крај би сакала оваа изјава да ја завршам со зборовите на еден музички композитор кој неодамна почина - Мораме да се бориме за секој милиметар нормалност. Тоа ни е неопходна борба, изјави докторка Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти.
Од протестот беше побарано покачување на платата на приватните специјализанти согласно просечната плата за тековната година која изнесува 39 800 денари, повторно воведување на бесплатното здравствено осигурување за сите приватни специјализанти и навремена исплата на дежурствата со секоја тековна плата. Здравственото осигурување за време на Ковид-19 пандемијата, како што посочи Георгиева, било воведено од тогашниот министер Венко Филипче, но пред околу година и пол било укинато без образложение од МЗ.
Кога станува збор за моменталната плата од 26.000 денари на еден приватен специјализант, ако бидеме објективни и ја одземеме ратата што месечно се плаќа во Деканатот на Медицинскиот факултет, на тој специјализант му остануваат околу 12.000 денари за да може да функционира и да преживее, посочи Георгиева.
Георгиева рече дека приватни специјализанти не постојат во најголем дел од западноевропските земји и дека приватната специјализација е автохтон феномен само за Балканот и моментално ги има само во Албанија и Косово.  

The post Протест на лекарите специјализанти пред Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>
МЗ: Брзата помош застанала на бензинска на барање на ќерката на пациентот https://republika.mk/zivot/zdravje/mz-brzata-pomosh-zastanala-na-benzinska-na-barane-na-kerkata-na-patsientot/ Tue, 22 Aug 2023 12:52:40 +0000 https://republika.mk/?p=674650

Од Министерството за здравство информираат за детали за настанот каде беше споделено дека вработени во брза помош пиеле кафе на бензинска пумпа додека пациентот бил во возилото.

https://republika.mk/zivot/zdravje/patsient-chekal-vo-ambulantno-vozilo-so-maska-za-kislorod-a-vraboteni-vo-brza-pomosh-piele-kafe-na-benzinska/

По извршените разговори со сите засегнати страни, вклучително и ќерката на пациентот кој бил во возилото на брзата помош, ви ги споделуваме деталите за овој случај – велат од МЗ.

„Се работи за пациент кој во понеделникот испишан од болницата требал да биде трансфериран во Општа болница Струга.

Пациентот бил во терминална фаза од болеста. Тој и неговата ќерка тргнале сами на нивно барање со сопствен превоз. Меѓутоа, кога стигнале до излезот на градот, ќерката сфатила дека нема да може сама и се јавила во ЗД Струга. Од таму обезбедиле возило кое за кратко пристигнало. Кога дошло возилото, ќерката на свое барање, бидејки ништо немала испиено и јадено цел ден, ги замолила да застанат. Татко и бил свесен контактибилен во тек на целиот ден. Оваа информација во целост ја потврди ќерката на пациентот. И покрај тоа што таа барала, не е дозволено застанување на Брзата помош на тој начин и Министерството за здравство покрена инспекциски надзор и побара изјаснување од директорот на Здравствен дом Струга. По наодите ќе се преземат соодветни мерки“ велат од МЗ.

 

The post МЗ: Брзата помош застанала на бензинска на барање на ќерката на пациентот appeared first on Република.

]]>

Од Министерството за здравство информираат за детали за настанот каде беше споделено дека вработени во брза помош пиеле кафе на бензинска пумпа додека пациентот бил во возилото. https://republika.mk/zivot/zdravje/patsient-chekal-vo-ambulantno-vozilo-so-maska-za-kislorod-a-vraboteni-vo-brza-pomosh-piele-kafe-na-benzinska/ По извршените разговори со сите засегнати страни, вклучително и ќерката на пациентот кој бил во возилото на брзата помош, ви ги споделуваме деталите за овој случај – велат од МЗ. „Се работи за пациент кој во понеделникот испишан од болницата требал да биде трансфериран во Општа болница Струга.
Пациентот бил во терминална фаза од болеста. Тој и неговата ќерка тргнале сами на нивно барање со сопствен превоз. Меѓутоа, кога стигнале до излезот на градот, ќерката сфатила дека нема да може сама и се јавила во ЗД Струга. Од таму обезбедиле возило кое за кратко пристигнало. Кога дошло возилото, ќерката на свое барање, бидејки ништо немала испиено и јадено цел ден, ги замолила да застанат. Татко и бил свесен контактибилен во тек на целиот ден. Оваа информација во целост ја потврди ќерката на пациентот. И покрај тоа што таа барала, не е дозволено застанување на Брзата помош на тој начин и Министерството за здравство покрена инспекциски надзор и побара изјаснување од директорот на Здравствен дом Струга. По наодите ќе се преземат соодветни мерки“ велат од МЗ.
 

The post МЗ: Брзата помош застанала на бензинска на барање на ќерката на пациентот appeared first on Република.

]]>
Министерството за здрaвство и сите здравствени иституции навремено и професионално одговорија на појавувањето на треската https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-zdravstvo-i-site-zdravstveni-istitutsii-navremeno-i-profesionalno-odgovorija-na-pojavuvaneto-na-treskata/ Wed, 09 Aug 2023 08:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=670223

Министерството за здравство остро реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ преку кое партијата шири несигурност и паника меѓу граѓаните како и меѓу здравствените работници.

Министерството за здрвство и сите здравствени иституции навремено и професионално одговорија на појавувањето на треската. Секојдневно транспарентно ја информираме јавноста за состојбата со пациентите и за изолираните контакти кои се под лекарски надзор. Лага е дека надлежните не ги преземаат сите мерки како би се спречило ширење на заразата како и дека се шири треската. Нашите здравствени работници го даваат максимумот да одговорат на потребите на пациентите, се вели во реакцијата на МЗ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-vlasta-se-odmara-se-shiri-treska-koja-ja-prenesuvaat-krlezhi/

ВМРО-ДПМНЕ да престане со празни, неосновани соопштенија да се обидуваат да шират страв меѓу граѓаните. Тоа е неодговорно и ниско ниво на политичка манипулација на чувствителни теми, додаваат од МЗ во реакцијата.

The post Министерството за здрaвство и сите здравствени иституции навремено и професионално одговорија на појавувањето на треската appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство остро реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ преку кое партијата шири несигурност и паника меѓу граѓаните како и меѓу здравствените работници.
Министерството за здрвство и сите здравствени иституции навремено и професионално одговорија на појавувањето на треската. Секојдневно транспарентно ја информираме јавноста за состојбата со пациентите и за изолираните контакти кои се под лекарски надзор. Лага е дека надлежните не ги преземаат сите мерки како би се спречило ширење на заразата како и дека се шири треската. Нашите здравствени работници го даваат максимумот да одговорат на потребите на пациентите, се вели во реакцијата на МЗ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-vlasta-se-odmara-se-shiri-treska-koja-ja-prenesuvaat-krlezhi/ ВМРО-ДПМНЕ да престане со празни, неосновани соопштенија да се обидуваат да шират страв меѓу граѓаните. Тоа е неодговорно и ниско ниво на политичка манипулација на чувствителни теми, додаваат од МЗ во реакцијата.

The post Министерството за здрaвство и сите здравствени иституции навремено и професионално одговорија на појавувањето на треската appeared first on Република.

]]>