Министерството за образование и наука Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerstvoto-za-obrazovanie-i-nauka/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 15:57:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Министерството за образование и наука Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerstvoto-za-obrazovanie-i-nauka/ 32 32 Јаневска на средба со раководството на СОНК: Повисоки плати и подобри услови за работа се приоритет https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-na-sredba-so-rakovodstvoto-na-sonk-povisoki-plati-i-podobri-uslovi-za-rabota-se-prioritet/ Thu, 27 Jun 2024 15:57:13 +0000 https://republika.mk/?p=791357

Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) ќе продолжат да се заложуваат за унапредување на правата и подигнување на општествениот и материјалниот статус на наставниците, стручните соработници и другите вработени во училиштата, потврдија денеска на работна средба министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

-Вработените во образованието, а особено просветните работници се клучна алка во процесот на создавање генерации од кои многу очекуваме. Затоа, тие треба да бидат мотивирани, а мотивацијата најмногу зависи од грижата на државата кон нив. Зголемувањето на платите и подобрувањето на условите за работа во училиштата се програмски определби на новата Влада и уверувам дека целосно ќе ги реализираме, рече министерката Јаневска.

Претседателот на СОНК, Неделков рече дека министерката доаѓа од наставничката фела и дека таа добро знае што им недостасува на наставниците и каква е состојбата во образовните установи. Очекувајќи поголеми промени од тој аспект во следниот период Неделков изрази надеж за успешна соработка со новата Влада.

The post Јаневска на средба со раководството на СОНК: Повисоки плати и подобри услови за работа се приоритет appeared first on Република.

]]>