министерство за земјоделие Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerstvo-za-zemjodelie/ За подобро да се разбереме Fri, 10 May 2024 12:08:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министерство за земјоделие Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerstvo-za-zemjodelie/ 32 32 Започна аплицирањето за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/zapochna-aplitsiraneto-za-direktni-plakana-po-programata-za-finansiska-poddrshka-vo-zemjodelstvoto-za-2024-godina/ Fri, 10 May 2024 12:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=776799

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира земјоделските стопанства, дека во период од 10 мај до 1 јули ќе можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Во наведениот период земјоделските стопанства можат да поднесуваат барања за:
- растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,
- сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица, како и за
- органско земјоделско производство.

Земјоделските стопанства своите барања ги поднесуваат во електронскиот систем на АФПЗРР, а доколку имаат потреба од помош или поддршка можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.

Аплицирањето е преку линкот www.ipardpa.gov.mk  - Директни плаќања е-субвенции. Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.

The post Започна аплицирањето за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира земјоделските стопанства, дека во период од 10 мај до 1 јули ќе можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Во наведениот период земјоделските стопанства можат да поднесуваат барања за: - растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал, - сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица, како и за - органско земјоделско производство.