Министерство за транспорт Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerstvo-za-transport/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 11:56:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Министерство за транспорт Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerstvo-za-transport/ 32 32 МТ: Заглавени околу 600 урбанистички планови, со законските измени ќе ја олесниме изградбата на школи, градинки, болници,… https://republika.mk/vesti/ekonomija/mt-zaglaveni-okolu-600-urbanistichki-planovi-so-zakonskite-izmeni-ke-ja-olesnime-izgradbata-na-shkoli-gradinki-bolnitsi/ Fri, 09 Aug 2024 11:56:52 +0000 https://republika.mk/?p=804954

Околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции, соопшти денеска Министерството за транспорт. Токму измените на Законот за урбанистичко планирање, како што информира, се предлагаат за надминување на ваквата состојба.

Измените, наведува Министерството за транспорт, се исклучиво во интерес на граѓаните и општините - за поефикасна реализација на капитални проекти и придвижување на економијата во целина. Ќе ја олеснат изградбата на училишта, градинки, болници, амбуланти и катни гаражи преку поедноставување на постапките за донесување урбанистички планови.

Поради бројните проблеми со кои се соочуваа граѓаните и општините при носењето урбанистички планови каде што јавниот интерес беше подеднакво третиран со приватниот интерес и често пати беше заложник на приватните интереси, со измените на Законот за прв пат во државава, јавниот интерес го ставаме во прв план.
Основна цел на измените е да се поедностават постапките во однос на донесување на урбанистичките планови наменети за изградба на објекти од јавен интерес односно за изградба на градинки, училишта болници и останати објекти од социјална и здравствена заштита, како и катни гаражи со цел решавање на сообраќајниот хаос. Со донесувањето на овој закон ќе се поедностави постапката за реализација на капиталните проекти во државата, а општините ќе можат во целост да ги реализираат планираните развојни буџети, со што директно ќе се влијае врз локалниот економски развој, истакнува Министерството.

Како што нагласува, недозволиво е поради немање адекватна правна рамка, општините и државата да не се во можност да ги реализираат своите развојни програми и реализацијата на капиталните проекти да трае со години, дури и со децении.

Во тој контекст би сакале да потенцираме дека околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции. Исто така би сакале да потенцирме дека сосема погрешно во јавноста се интерпретира одредбата каде се вели дека се брише можноста да се донесе урбанистички план без согласност од Министерството за транспорт. Вистината е обратна. Се укинува правото „молчењето е одобрување”, а секое дивеење подлежи на најголеми казни за злоупотреба на службена должност, нагласува Министерството.

Додава и дека поради неколку потврдени примери на дивеење на одредени општини, со предложеното законско решение целта е токму да се зајакне улогата на Министерството како контолен механизам во процесот и да се стави ред, а законите да важат подеднакво за сите граѓани.

Со измените е невозможно да се донесе план без согласност на Министерството за транспорт, исто така Министерството може да го враќа на доработка секој план се додека е потребно во секоја фаза од постапката. Така се спречува дивеење, потенцира Министерството.

The post МТ: Заглавени околу 600 урбанистички планови, со законските измени ќе ја олесниме изградбата на школи, градинки, болници,… appeared first on Република.

]]>

Околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции, соопшти денеска Министерството за транспорт. Токму измените на Законот за урбанистичко планирање, како што информира, се предлагаат за надминување на ваквата состојба. Измените, наведува Министерството за транспорт, се исклучиво во интерес на граѓаните и општините - за поефикасна реализација на капитални проекти и придвижување на економијата во целина. Ќе ја олеснат изградбата на училишта, градинки, болници, амбуланти и катни гаражи преку поедноставување на постапките за донесување урбанистички планови.
Поради бројните проблеми со кои се соочуваа граѓаните и општините при носењето урбанистички планови каде што јавниот интерес беше подеднакво третиран со приватниот интерес и често пати беше заложник на приватните интереси, со измените на Законот за прв пат во државава, јавниот интерес го ставаме во прв план. Основна цел на измените е да се поедностават постапките во однос на донесување на урбанистичките планови наменети за изградба на објекти од јавен интерес односно за изградба на градинки, училишта болници и останати објекти од социјална и здравствена заштита, како и катни гаражи со цел решавање на сообраќајниот хаос. Со донесувањето на овој закон ќе се поедностави постапката за реализација на капиталните проекти во државата, а општините ќе можат во целост да ги реализираат планираните развојни буџети, со што директно ќе се влијае врз локалниот економски развој, истакнува Министерството.
Како што нагласува, недозволиво е поради немање адекватна правна рамка, општините и државата да не се во можност да ги реализираат своите развојни програми и реализацијата на капиталните проекти да трае со години, дури и со децении.
Во тој контекст би сакале да потенцираме дека околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции. Исто така би сакале да потенцирме дека сосема погрешно во јавноста се интерпретира одредбата каде се вели дека се брише можноста да се донесе урбанистички план без согласност од Министерството за транспорт. Вистината е обратна. Се укинува правото „молчењето е одобрување”, а секое дивеење подлежи на најголеми казни за злоупотреба на службена должност, нагласува Министерството.
Додава и дека поради неколку потврдени примери на дивеење на одредени општини, со предложеното законско решение целта е токму да се зајакне улогата на Министерството како контолен механизам во процесот и да се стави ред, а законите да важат подеднакво за сите граѓани.
Со измените е невозможно да се донесе план без согласност на Министерството за транспорт, исто така Министерството може да го враќа на доработка секој план се додека е потребно во секоја фаза од постапката. Така се спречува дивеење, потенцира Министерството.

The post МТ: Заглавени околу 600 урбанистички планови, со законските измени ќе ја олесниме изградбата на школи, градинки, болници,… appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Прес на министерот за транспорт Николоски https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-pres-na-ministerot-za-transport-nikoloski/ Wed, 26 Jun 2024 10:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=790890

Следете ја во живо прес-конференцијата на министерот за транспорт Александар Николоски на тема „Ревизорски извештај за реализација на капитални инвестиции”:

The post ВО ЖИВО: Прес на министерот за транспорт Николоски appeared first on Република.

Министерството за транспорт распиша јавен повик за одобрување на возни редови за нови автобуски линии https://republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvoto-za-transport-raspisha-javen-povik-za-odobruvanje-na-vozni-redovi-za-novi-avtobuski-linii/ Tue, 31 May 2022 08:50:36 +0000 https://republika.mk/?p=509118

Министерството за транспорт и врски распиша јавен повик за одобрување на возни редови за нови автобуски линии и за промена на одобрени автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници.

Право да учествуваат на огласот имаат сите заинтересирани превозници – правни лица кои имаат лиценца за вршење на меѓуопштински и/или меѓународен линиски превоз на патници и кои електронски ќе аплицираат во периодот од 09 часот на 31.05.2021 година заклучно со 14 часот на 21.07.2022 година (четврток).

Аплицирањето, обработката на податоците, како и целокупната постапка за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии се врши преку електронски систем достапен на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски: www.liniskiprevoz.gov.mk.

Критериумите кои превозниците – правните лица треба да ги исполнуваат се пропишани во огласот кој е објавен на интернет страната на Министерството за транспорт и врски.

The post Министерството за транспорт распиша јавен повик за одобрување на возни редови за нови автобуски линии appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт и врски распиша јавен повик за одобрување на возни редови за нови автобуски линии и за промена на одобрени автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници.   Право да учествуваат на огласот имаат сите заинтересирани превозници – правни лица кои имаат лиценца за вршење на меѓуопштински и/или меѓународен линиски превоз на патници и кои електронски ќе аплицираат во периодот од 09 часот на 31.05.2021 година заклучно со 14 часот на 21.07.2022 година (четврток).   Аплицирањето, обработката на податоците, како и целокупната постапка за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии се врши преку електронски систем достапен на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски: www.liniskiprevoz.gov.mk.   Критериумите кои превозниците – правните лица треба да ги исполнуваат се пропишани во огласот кој е објавен на интернет страната на Министерството за транспорт и врски.  

The post Министерството за транспорт распиша јавен повик за одобрување на возни редови за нови автобуски линии appeared first on Република.

]]>