министерство за политички систем Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerstvo-za-politichki-sistem/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Jul 2024 18:03:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министерство за политички систем Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerstvo-za-politichki-sistem/ 32 32 Стоиљковиќ: Утврдени се неправилности со снимање на вработени во Министерството за политички систем https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovik-utvrdeni-se-nepravilnosti-so-snimane-na-vraboteni-vo-ministerstvoto-za-politichki-sistem/ Thu, 25 Jul 2024 17:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=800295

Во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците незаконски се снимале вработените, објави Канал 5. Новиот министер Иван Стоиљковиќ за телевизијата потврди дека биле направени проверки и биле утврдени „некакви неправилности“. Тој посочи дека е ангажирана фирма која се грижи за системот која забележала неправилности кои веќе се предадени на истражните органи.

Телевизијата пренесува дека до неа но и на социјалните мрежи се појавуваат анонимни писма со обвинувања дека поранешниот прв вицепремиер и министер Артан Груби наводно незаконски ги снимал и следел своите вработени преку надзорни камери и дека тоа го правел и преку далечинско управување. Дополнително пишува и дека снимките од хард-дисковите се избришани пред Груби да ја напушти позицијата, воедно и дека за видео надзорот била задолжена надворешна компанија, која сега е фантомска.

Новиот министер Иван Стоиљковиќ потврди дека по направените проверки биле утврдени „некакви неправилности“ и посочи дека ангажирана фирма која се грижи за системот забележала неправилности кои веќе се предадени на истражните органи.

„Па надворешен упад во системот на камери во министерството за односи помеѓу заедниците, така што некој констатно од различните ип-адреси во системот и набљудувал што се случува внатре во министерството, ги набљудувал вработените и така натаму, тоа фирмата која е задолжена за таа работа, која го опслужува системот го установила и го дала во својот извештај, со докази нормално и ние тие докази сме ги проследиле до управата“, изјави Стоиљковиќ.

Тој не ја исклучува можноста и самиот Груби како министер да го правел тоа.

„Со оглед на тоа каква состојба начекавме во министерството, сѐ е можно“, вели Стоиљковиќ

Телевизијата стапила во писмен контакт и со поранешниот министер Артан Груби, кој обвинувањата ги нарекол апсолутна невистина и додал дека институцијата си имала видео-надзор како што било монтирано при изградбата на објектот, од компанијата уште пред да стапи тој на функција, а камери имало само во ходниците, влезовите и на законски дозволени места, што биле инсталирани уште во времето на претходната владата на ВМРО-ДПМНЕ, а камерите биле под надлежност на обезбедувањето определено од МВР во нивна канцеларија без тој да има било каков пристап во било кое време и под било какви околности.

The post Стоиљковиќ: Утврдени се неправилности со снимање на вработени во Министерството за политички систем appeared first on Република.

]]>

Во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците незаконски се снимале вработените, објави Канал 5. Новиот министер Иван Стоиљковиќ за телевизијата потврди дека биле направени проверки и биле утврдени „некакви неправилности“. Тој посочи дека е ангажирана фирма која се грижи за системот која забележала неправилности кои веќе се предадени на истражните органи. Телевизијата пренесува дека до неа но и на социјалните мрежи се појавуваат анонимни писма со обвинувања дека поранешниот прв вицепремиер и министер Артан Груби наводно незаконски ги снимал и следел своите вработени преку надзорни камери и дека тоа го правел и преку далечинско управување. Дополнително пишува и дека снимките од хард-дисковите се избришани пред Груби да ја напушти позицијата, воедно и дека за видео надзорот била задолжена надворешна компанија, која сега е фантомска. Новиот министер Иван Стоиљковиќ потврди дека по направените проверки биле утврдени „некакви неправилности“ и посочи дека ангажирана фирма која се грижи за системот забележала неправилности кои веќе се предадени на истражните органи.
„Па надворешен упад во системот на камери во министерството за односи помеѓу заедниците, така што некој констатно од различните ип-адреси во системот и набљудувал што се случува внатре во министерството, ги набљудувал вработените и така натаму, тоа фирмата која е задолжена за таа работа, која го опслужува системот го установила и го дала во својот извештај, со докази нормално и ние тие докази сме ги проследиле до управата“, изјави Стоиљковиќ.
Тој не ја исклучува можноста и самиот Груби како министер да го правел тоа.
„Со оглед на тоа каква состојба начекавме во министерството, сѐ е можно“, вели Стоиљковиќ
Телевизијата стапила во писмен контакт и со поранешниот министер Артан Груби, кој обвинувањата ги нарекол апсолутна невистина и додал дека институцијата си имала видео-надзор како што било монтирано при изградбата на објектот, од компанијата уште пред да стапи тој на функција, а камери имало само во ходниците, влезовите и на законски дозволени места, што биле инсталирани уште во времето на претходната владата на ВМРО-ДПМНЕ, а камерите биле под надлежност на обезбедувањето определено од МВР во нивна канцеларија без тој да има било каков пристап во било кое време и под било какви околности.

The post Стоиљковиќ: Утврдени се неправилности со снимање на вработени во Министерството за политички систем appeared first on Република.

]]>
Министерство за политички систем: Отпуштените од „Комунална хигиена“ не се вработени преку програмата за правична застапеност https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvo-za-politichki-sistem-otpushtenite-od-komunalna-higiena-ne-se-vraboteni-preku-programata-za-pravichna-zastapenost/ Tue, 09 Aug 2022 18:42:46 +0000 https://republika.mk/?p=538487

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, вечерва ги демантира информациите дека вработените од ЈП „Комунална Хигинета-Скопје„ кои се отпуштени од работа, се вработени според Програмата K5, за правична застапеност.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска за 33 отпуштени лица рече дека станува збор за лица кои не си ги извршувале своите работни обврски, а најголем дел нив не се ни појавувале на работното место.

Од Министерството за политички систем пак, појаснуваат уште дека според планот усвоен од Владата распределени се вкупно 1.349 административни службеници, од кои за 1.023 администратини службеници се реализирани трансфери, потоа за распределба на 137 административни служеници процедурата е во тек.

Во однос на преостанатите 162 административни службеници работниот однос е прекинат од разни причини, односно заминување во пензија, отказ од вработениот или од работодавацот итн.

Оттука, преостануваат уште 27 административни службеници кои се во фаза на распоредување во зависност од потребите на институциите и во корелација со нивните работни способности, се вели во реакцијата.

The post Министерство за политички систем: Отпуштените од „Комунална хигиена“ не се вработени преку програмата за правична застапеност appeared first on Република.

]]>

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, вечерва ги демантира информациите дека вработените од ЈП „Комунална Хигинета-Скопје„ кои се отпуштени од работа, се вработени според Програмата K5, за правична застапеност. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска за 33 отпуштени лица рече дека станува збор за лица кои не си ги извршувале своите работни обврски, а најголем дел нив не се ни појавувале на работното место. Од Министерството за политички систем пак, појаснуваат уште дека според планот усвоен од Владата распределени се вкупно 1.349 административни службеници, од кои за 1.023 администратини службеници се реализирани трансфери, потоа за распределба на 137 административни служеници процедурата е во тек. Во однос на преостанатите 162 административни службеници работниот однос е прекинат од разни причини, односно заминување во пензија, отказ од вработениот или од работодавацот итн.