министерство за енергетика Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerstvo-za-energetika/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jul 2024 10:21:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министерство за енергетика Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerstvo-za-energetika/ 32 32 Министерството за енергетика станува оперативно, се укинува Агенцијата за енергетика https://republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvoto-za-energetika-stanuva-operativno-se-ukinuva-agentsijata-za-energetika/ Thu, 11 Jul 2024 10:21:08 +0000 https://republika.mk/?p=795766

Со десет закони од областа на енергетиката кои денеска се на дневен ред на собраниската седница, новото Министерство за енергетика ќе стане оперативно, а ќе се укине Агенцијата за енергетика и управниот одбор на Агенцијата за задолжителни нафтени деривати.

Надлежностите и вработените од Агенцијата за енергетика ќе преминат во новото Министерство, а надлежноста на управниот одбор на Агенцијата за задолжителни нафтени деривати ќе ги преземат новото Министерство за енергетика и директорот на Агенцијата.

Агенцијата за енергетика нема повеќе да постои. Надлежностите и вработените ќе бидат превземени од Министерството за енергетика, а нема повеќе да има директор и Управен одбор. Во оваа насока, во Агенцијата за задолжителни нафтени резерви се разрешува постојниот управен одбор и повеќе нема да постои овој орган. Надлежностите на Управниот одбор преминуваат кај Министерството за енергетика и кај директорот на Агенцијата. Накратко, укинуваме два управни одбори, еден директор и една институција - изјави денеска на прес-конференција пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Со предложените закони преминуваат кон новото Министерство и надлежностите од областа на енергетиката, рударството и минералните суровини што досега беа во рамки на Министерството за економија.

The post Министерството за енергетика станува оперативно, се укинува Агенцијата за енергетика appeared first on Република.

]]>

Со десет закони од областа на енергетиката кои денеска се на дневен ред на собраниската седница, новото Министерство за енергетика ќе стане оперативно, а ќе се укине Агенцијата за енергетика и управниот одбор на Агенцијата за задолжителни нафтени деривати. Надлежностите и вработените од Агенцијата за енергетика ќе преминат во новото Министерство, а надлежноста на управниот одбор на Агенцијата за задолжителни нафтени деривати ќе ги преземат новото Министерство за енергетика и директорот на Агенцијата.
Агенцијата за енергетика нема повеќе да постои. Надлежностите и вработените ќе бидат превземени од Министерството за енергетика, а нема повеќе да има директор и Управен одбор. Во оваа насока, во Агенцијата за задолжителни нафтени резерви се разрешува постојниот управен одбор и повеќе нема да постои овој орган. Надлежностите на Управниот одбор преминуваат кај Министерството за енергетика и кај директорот на Агенцијата. Накратко, укинуваме два управни одбори, еден директор и една институција - изјави денеска на прес-конференција пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Со предложените закони преминуваат кон новото Министерство и надлежностите од областа на енергетиката, рударството и минералните суровини што досега беа во рамки на Министерството за економија.

The post Министерството за енергетика станува оперативно, се укинува Агенцијата за енергетика appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ ќе формира министерство за енергетика https://republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-ke-formira-ministerstvo-za-energetika/ Sun, 25 Feb 2024 15:38:44 +0000 https://republika.mk/?p=748170

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ има дека ќе биде формирано министерство за енергетика кое ќе вработи стручни кадри и кои ќе се занимаваат сериозно, ќе направат стратегија и ревидирање на се што е досега направено и да почнеме да се стремиме кон тоа Македонија веќе да не биде увозник на електрична енергија, за почеток сами да си ги задоволиме потребите за електрична енергија“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Сања Божиновска на денешната трибина Енергетска платформа за иднина во Битола на тема „Концепт за инвестиции во енергетиката“.

Таа додаде дека на Македонија потребно и базна енергија и треба да се балансира системот.

Енергетика е нешто што се планира, не е нешто што од денес за утре ниту за неколку месеци, туку тоа е потребно долгорочно да се планира, што значи дека треба да се направи стратегија. Од тука тој збор стратегија е добро искористен од владата претходна само на хартија, во јануари 2020-та година беше донесе закон за стратешки инвестиции. За мало населено место треба да е 50 милиони евра инвестиција, за голем град над 100 милиони евра инвестиција и треба да донесе многу бенефиции за животот на граѓаните да се зголеми извозот и економски бенефити“, кажа Божиновска.

Таа истакна дека згора на се за грчката централа, Македонија од свои пари, значи од граѓаните треба да и даде неповратни 50 милиони евра, тоа не е заем туку и дава 50 милиони евра што значи дека сите се овие странски компании имаат неверојатни бенефиции.

Досега има 11 такви стратешки инвестиции донесени и еве ние веќе сме 2 месеци пред избори, но ниедна стратешка инвестиција не е донесена, зошто? Секој ден последните 2 недели слушаме за последните 4 стратешки инвестиции како тие се добри за Македонија, како ќе имаме почист воздух во Скопје и останато, меѓутоа што е важно? Сите овие инвестиции добиваат невидени бенефиции, прво земјиштето го добиваат за 0,1 евро и го добиваат на 25 до 30 години“, посочи Божиновска.

The post ВМРО-ДПМНЕ ќе формира министерство за енергетика appeared first on Република.

]]>

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ има дека ќе биде формирано министерство за енергетика кое ќе вработи стручни кадри и кои ќе се занимаваат сериозно, ќе направат стратегија и ревидирање на се што е досега направено и да почнеме да се стремиме кон тоа Македонија веќе да не биде увозник на електрична енергија, за почеток сами да си ги задоволиме потребите за електрична енергија“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Сања Божиновска на денешната трибина Енергетска платформа за иднина во Битола на тема „Концепт за инвестиции во енергетиката“. Таа додаде дека на Македонија потребно и базна енергија и треба да се балансира системот.