Министерство за дигитална трансформација Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerstvo-za-digitalna-transformatsija/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 15:03:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Министерство за дигитална трансформација Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerstvo-za-digitalna-transformatsija/ 32 32 Андоновски – Гир: ЕУ ќе ја помага дигиталната трансформација на земјата https://republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-gir-eu-ke-ja-pomaga-digitalnata-transformatsija-na-zemjata/ Mon, 15 Jul 2024 15:46:30 +0000 https://republika.mk/?p=797129

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска оствари средба со шефот на Мисијата на Европската Унија, Амбасадорот, Дејвид Гир, на која станало збор за реформите што претстојат на евроинтеграцискиот пат, со акцент на дигиталната трансформација на процесите.

Како што се наведува во соопштението од Министерствотот за дигитална трансформација, Андоновски подвлече дека дигитализацијата е висок приоритет на оваа Влада, дека е неизбежна за секое општество и токму затоа, колку побрзо ја реализираме таа трансформација на општеството, паралелно со градење на вештини кај граѓаните, толку побрзо ќе изградиме ефикасни, отчетни и одговорни институции.

Андоновски додадал дека премногу долго постоел некоординиран пристап за ова прашање што го оневозможувал напредокот, како и дека таа реалност се менува преку системска активност на Министерството за дигитална трансформација, која подразбира дигитална инфраструктура и поврзување, дигитални вештини и компетентност, дигитална економија во ера на нови ИКТ технологии, доверба и безбедност, како и економска интеграција.

Граѓаните со право бараат подобар живот, а Владата е целосно посветена на подобар стандард и исполнување на високите критериуми за интеграција, истакна Андоновски.

На средбата станало збор и за развојот на проектите во рамките на Програмата за Дигитална Европа, која отвора одлични можности за граѓаните, јавните институции и разни организации да аплицираат и да имаат корист од финансирањето од 7,5 милијарди евра.

Поддршката која доаѓа од ЕУ е од огромна важност за нашата држава и е сигнал за ефикасно и ефективно надминување на предизвиците во текот на интегративниот процес. И покрај бројните отстапки и откажувања кои не се вреднувани до крај, ние остануваме решителни да ги негуваме заедничките вредности, демократските принципи и клучното партнерство со ЕУ, која игра најважна улога во развој на државата по европски стандарди, нагласи Андоновски, се посочува во соопштението.

The post Андоновски – Гир: ЕУ ќе ја помага дигиталната трансформација на земјата appeared first on Република.

]]>

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска оствари средба со шефот на Мисијата на Европската Унија, Амбасадорот, Дејвид Гир, на која станало збор за реформите што претстојат на евроинтеграцискиот пат, со акцент на дигиталната трансформација на процесите. Како што се наведува во соопштението од Министерствотот за дигитална трансформација, Андоновски подвлече дека дигитализацијата е висок приоритет на оваа Влада, дека е неизбежна за секое општество и токму затоа, колку побрзо ја реализираме таа трансформација на општеството, паралелно со градење на вештини кај граѓаните, толку побрзо ќе изградиме ефикасни, отчетни и одговорни институции. Андоновски додадал дека премногу долго постоел некоординиран пристап за ова прашање што го оневозможувал напредокот, како и дека таа реалност се менува преку системска активност на Министерството за дигитална трансформација, која подразбира дигитална инфраструктура и поврзување, дигитални вештини и компетентност, дигитална економија во ера на нови ИКТ технологии, доверба и безбедност, како и економска интеграција.
Граѓаните со право бараат подобар живот, а Владата е целосно посветена на подобар стандард и исполнување на високите критериуми за интеграција, истакна Андоновски.
На средбата станало збор и за развојот на проектите во рамките на Програмата за Дигитална Европа, која отвора одлични можности за граѓаните, јавните институции и разни организации да аплицираат и да имаат корист од финансирањето од 7,5 милијарди евра.
Поддршката која доаѓа од ЕУ е од огромна важност за нашата држава и е сигнал за ефикасно и ефективно надминување на предизвиците во текот на интегративниот процес. И покрај бројните отстапки и откажувања кои не се вреднувани до крај, ние остануваме решителни да ги негуваме заедничките вредности, демократските принципи и клучното партнерство со ЕУ, која игра најважна улога во развој на државата по европски стандарди, нагласи Андоновски, се посочува во соопштението.

The post Андоновски – Гир: ЕУ ќе ја помага дигиталната трансформација на земјата appeared first on Република.

]]>
Ќе се дигитализираат 20 нови услуги во првите 100 дена од работата на Владата, сајбер безбедноста ќе биде приоритет https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-digitaliziraat-20-novi-uslugi-vo-prvite-100-dena-od-rabotata-na-vladata-sajber-bezbednosta-ke-bide-prioritet/ Fri, 28 Jun 2024 11:30:28 +0000 https://republika.mk/?p=791545

Министерството за дигитална трансформација во наредниот период ќе дигитализира 20 нови услуги што им се потребни на граѓаните и компаниите, a кои ќе бидат достапни на порталот uslugi.gov.mk во првите 100 дена од работата на новата Влада. Од нив 10 ќе бидат за бизнисите, а 10 за граѓаните.

Како што најави ресорниот министер Стефан Андоновски на денешната средба со новинарите, ќе следи и редизајн и надградба на порталот за лесна и брза употреба.

Кажуваме збогум на чекањето во редици, преполни шалтери или вртење на погрешни телефонски броеви. Дополнителните електронски услуги ќе овозможат многу лесно и едноставно да се завршат сите административни обврски од домот, канцеларијата или во движење. Во наредниот четиригодишен мандат се надевам дека ќе обезбедиме тоа да се прави преку мобилните уреди, рече Андоновски.

Порача дека во минатото ќе остане концептот на „многу глави, многу функции и многу преклопувања“ и додаде дека на врвот на обврските на Министерството и приоритетна инвестиција ќе биде сајбер безбедноста зашто е основата на која се гради доверба во системите и ја штити приватноста на граѓаните.

-Ќе влеземе во период на брза и динамична дигитална трансформација, ќе работиме ефикасно и ефективно за граѓаните веднаш да ги почувствуваат придобивките од нашите напори. Нашите цели се задоволни граѓани кои користат владини услуги на лесен, брз и ефикасен начин, сузбивање на корупцијата, спречување на одливот на квалитетен кадар, функционални институции, заштитени податоци и системи и слободен и развиен медиумски простор, потенцира Андоновски.

Од понеделник најави формирање на нови работни групи што ќе ги изработуваат Националната ИКТ стратегија и Националната стратегија за сајбер безбедност.

Изработката на стратегиите ќе се потпира на постојните документи што ги имаме, но ќе обезбеди и поголема вклученост на сите засегнати страни меѓу кои меѓународните партнери, коморите, академската заедница. Столбовите на стратегиите ќе ги опфатат главните приоритети, односно дигиталната поврзливост, ИКТ инфраструктура, дигитални вештини, дигитална влада, дигитализација на бизниси, ИКТ овозможувачи и дигитални иновации, прецизира Андоновски.

Паралелно, како што посочи, ќе се работи и во насока на надградба и максимална искористеност на Националната платформа за интероперабилност, развој на Националниот портал за електронски услуги и развој и употреба на електронски услуги за граѓаните.

Дигитализацијата не е избор, таа е неминовност и нешто што ќе не следи и во иднина. Затоа сме силно мотивирани да ја искорениме корупцијата токму со помош на дигитализацијата, порача Андоновски.

Во фокусот, додаде, ќе бидат младите и образованието, ќе градиме дигитална иднина и ќе вложуваме во обуките и образованието, ќе промовираме високи стандарди во технолошкиот развој преку насочени инвестиции со цел повторно земјава да ја позиционираме како центар за технолошки иновации и да биде лидер во регионот во ИТ индустријата.

The post Ќе се дигитализираат 20 нови услуги во првите 100 дена од работата на Владата, сајбер безбедноста ќе биде приоритет appeared first on Република.

]]>

Министерството за дигитална трансформација во наредниот период ќе дигитализира 20 нови услуги што им се потребни на граѓаните и компаниите, a кои ќе бидат достапни на порталот uslugi.gov.mk во првите 100 дена од работата на новата Влада. Од нив 10 ќе бидат за бизнисите, а 10 за граѓаните. Како што најави ресорниот министер Стефан Андоновски на денешната средба со новинарите, ќе следи и редизајн и надградба на порталот за лесна и брза употреба.
Кажуваме збогум на чекањето во редици, преполни шалтери или вртење на погрешни телефонски броеви. Дополнителните електронски услуги ќе овозможат многу лесно и едноставно да се завршат сите административни обврски од домот, канцеларијата или во движење. Во наредниот четиригодишен мандат се надевам дека ќе обезбедиме тоа да се прави преку мобилните уреди, рече Андоновски.
Порача дека во минатото ќе остане концептот на „многу глави, многу функции и многу преклопувања“ и додаде дека на врвот на обврските на Министерството и приоритетна инвестиција ќе биде сајбер безбедноста зашто е основата на која се гради доверба во системите и ја штити приватноста на граѓаните.
-Ќе влеземе во период на брза и динамична дигитална трансформација, ќе работиме ефикасно и ефективно за граѓаните веднаш да ги почувствуваат придобивките од нашите напори. Нашите цели се задоволни граѓани кои користат владини услуги на лесен, брз и ефикасен начин, сузбивање на корупцијата, спречување на одливот на квалитетен кадар, функционални институции, заштитени податоци и системи и слободен и развиен медиумски простор, потенцира Андоновски.
Од понеделник најави формирање на нови работни групи што ќе ги изработуваат Националната ИКТ стратегија и Националната стратегија за сајбер безбедност.
Изработката на стратегиите ќе се потпира на постојните документи што ги имаме, но ќе обезбеди и поголема вклученост на сите засегнати страни меѓу кои меѓународните партнери, коморите, академската заедница. Столбовите на стратегиите ќе ги опфатат главните приоритети, односно дигиталната поврзливост, ИКТ инфраструктура, дигитални вештини, дигитална влада, дигитализација на бизниси, ИКТ овозможувачи и дигитални иновации, прецизира Андоновски.
Паралелно, како што посочи, ќе се работи и во насока на надградба и максимална искористеност на Националната платформа за интероперабилност, развој на Националниот портал за електронски услуги и развој и употреба на електронски услуги за граѓаните.
Дигитализацијата не е избор, таа е неминовност и нешто што ќе не следи и во иднина. Затоа сме силно мотивирани да ја искорениме корупцијата токму со помош на дигитализацијата, порача Андоновски.
Во фокусот, додаде, ќе бидат младите и образованието, ќе градиме дигитална иднина и ќе вложуваме во обуките и образованието, ќе промовираме високи стандарди во технолошкиот развој преку насочени инвестиции со цел повторно земјава да ја позиционираме како центар за технолошки иновации и да биде лидер во регионот во ИТ индустријата.

The post Ќе се дигитализираат 20 нови услуги во првите 100 дена од работата на Владата, сајбер безбедноста ќе биде приоритет appeared first on Република.

]]>
Управата за водење матични книги ќе биде во надлежност на новото Министерство за дигитална трансформација https://republika.mk/vesti/makedonija/upravata-za-vodene-matichni-knigi-ke-bide-vo-nadlezhnost-na-novoto-ministerstvo-za-digitalna-transformatsija/ Fri, 28 Jun 2024 10:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=791527

Министерството за дигитална трансформација во наредниот период ќе го ревидира Патоказот за дигитална трансформација со цел да го укине двојството на планови, стратегии, патокази, најави денеска ресорниот министер Стефан Андоновски. За тоа, како што кажа, ќе биде консултирана и поранешната министерка за добро владеење Славица Грковска, која заедно со поранешното МИОА ја имаше таа надлежност.

Во наредниот период ќе разговараме со претставниците на ЕУ во Македонија и сите наши меѓународни партнери. Има голем број на партнери заинтересирани за дигитализацијата во Македонија и мислам дека ќе излеземе со една заедничка национална ИКТ стратегија и национална стратегија за сајбер безбедност што ќе го интегрира и патоказот. Се надевам дека ќе имаме едни и единствени решенија со коишто ќе комуницираме и со Брисел и со ЕУ и со нашите други меѓународни партнери. Програмата на УСАИД, исто така, е заинтересирана во овој дел и мислам дека ќе имаме еден пат и една стратегија по којашто ќе се движиме, а не двојство на планови, стратегии, патокази, рече Андоновски во одговор на прашање по денешната средба со новинарите.

За дигиталната трансформација на земјава, како што кажа, добра основа даваат ревизорските извештаи.

Погледнавме три што се однесуваат на ова Министерство и со должно внимание ги разгледавме. Имаме и препораки за надминување на околностите, но мислам дека има и основи за некоја друга поголема одговорност и се надевам дека и Обвинителството ќе ги разгледа овие ревизорски извештаи, да видиме како се потрошени парите на граѓаните, а не е гарантирана нивната безбедност. Она што ќе работиме во наредниот период е воспоставување на минимум стандарди за сајбер безбедност што ќе значи дека секоја институција почитувајќи ги ќе може да се заштити себе, но преку тоа и граѓаните од сајбер напади, потенцира Андоновски.

Како што кажа под надлежност на Министерството ќе влезе и Управата за водење матични книги.

За да постигнеме целосно дигитализација на услугите и сите услуги да бидат достапни преку порталот e-uslugi, но и сите да бидат дигитализирани ќе биде потребна целосна дигитализација на Управата за водење на матичните книги. Сметаме дека надлежноста за Управата треба да ја има онаа институција која што во своја надлежност го има регистарот на населението, а по новиот Закон за организација и работа на органите на државна управа ние ја имаме и надлежноста за раководење и дигитализација на матичните книги. Затоа треба Управата да биде под надлежност на Министерство за дигитална трансформација, прецизира Андоновски.

Министерството, додаде, ќе дава и идеи околу регулацијата на медиумите.

Би бил тежок збор да кажам регулација на медиумите, но наша заложба како Министерство ќе биде на една маса да успееме да ги седнеме претставниците на здруженијата на медиумите, претставниците на сопствениците на медиумите и сите заинтересирани страни во процесот и да донесеме закон или легислатива што ќе одговара на сите овие страни и минимум стандарди што ќе треба да ги исполнуваат електронските медиуми. Не сакаме да наметнуваме решенија во делот на медиумите, сакаме решенијата да произлезат од фелата, од новинарите и секако од радиодифузерите, истакна Андоновски.

Како што кажа, Министерството ќе се заложи и за фриленсерите и за регулација и признавање на работата од далечина, односно од дома, за да немаат проблеми фирмите со инспекциите поради обврската вработените да се регистрираат со електронски картички за присуството на работното место за компаниите со над 50 вработени.

Во однос на фриленсерите наша заложба и во владината програма е дека ќе ги препознаеме фриленсерите како лица кои работат на дигитални платформи и заработуваат преку тие платформи. Се надевам дека со измените што се подготвуваат во Законот за работни односи токму оваа категорија ќе биде вклучена, посочи Андоновски.

The post Управата за водење матични книги ќе биде во надлежност на новото Министерство за дигитална трансформација appeared first on Република.

Со Балансерот веќе нема да се земаат предвид лицата попишани надвор од Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/so-balanserot-veke-nema-da-se-zemaat-predvid-litsata-popishani-nadvor-od-makedonija/ Thu, 27 Jun 2024 18:29:55 +0000 https://republika.mk/?p=791387

„Република“ дознава дека Министерството за дигитална трансформација направило промени во алатката за правична застапеност на заедниците во институциите „Балансер“, при што нема да се зема предвид нерезидентното население, односно лицата кои се попишани надвор од територијата на државата.

Од неофицијални извори, ова значи усогласување на алатката со Законот за вработени во јавен сектор и Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2021 година, каде што е предвидено дека и за алатката и за пописот, се земаат податоци за населението на територијата на Република Македонија, а не лица кои беа спорно попишани во кутии со пасоши во Швајцарија, Италија и други земји.

Во август 2022 година Министерството за информатичко општество и администрација направи интервенција во онлајн калкулаторот балансер, без промена на Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност. При ова земени се предвид податоците добиени од вкупниот број на попишани лица, резидентни и нерезидентни, спротивно на Законот за вработени во јавен сектор каде е предвидено дека се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Македонија за територијата на цела Република Македонија.

Во конкретниов случај ова значеше свесна и наменска манипулација, институционална злоупотреба, како и злоупотреба на службените овластувања со кои се компромитираше начелото за правична застапеност.

The post Со Балансерот веќе нема да се земаат предвид лицата попишани надвор од Македонија appeared first on Република.

]]>

„Република“ дознава дека Министерството за дигитална трансформација направило промени во алатката за правична застапеност на заедниците во институциите „Балансер“, при што нема да се зема предвид нерезидентното население, односно лицата кои се попишани надвор од територијата на државата. Од неофицијални извори, ова значи усогласување на алатката со Законот за вработени во јавен сектор и Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2021 година, каде што е предвидено дека и за алатката и за пописот, се земаат податоци за населението на територијата на Република Македонија, а не лица кои беа спорно попишани во кутии со пасоши во Швајцарија, Италија и други земји. Во август 2022 година Министерството за информатичко општество и администрација направи интервенција во онлајн калкулаторот балансер, без промена на Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност. При ова земени се предвид податоците добиени од вкупниот број на попишани лица, резидентни и нерезидентни, спротивно на Законот за вработени во јавен сектор каде е предвидено дека се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Македонија за територијата на цела Република Македонија. Во конкретниов случај ова значеше свесна и наменска манипулација, институционална злоупотреба, како и злоупотреба на службените овластувања со кои се компромитираше начелото за правична застапеност.

The post Со Балансерот веќе нема да се земаат предвид лицата попишани надвор од Македонија appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Наследуваме хаос на системот, главен фокус во првите 100 дена е воведување ред https://republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-nasleduvame-haos-na-sistemot-glaven-fokus-vo-prvite-100-dena-e-voveduvane-red/ Thu, 27 Jun 2024 18:02:53 +0000 https://republika.mk/?p=791375

На денешното гостување во емисијата ‘’За или против”  на Алфа ТВ, Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека системот е целосно разрушен од минатата власт, како пример наведе дека во управата за водење на матични книги услугите не се целосно дигитализирани, а граѓаните чекаат во редови и вработените им бараат пари за да ги “пикнат” преку ред или се бараат врски за да се заврши една обична работа.

“Имам сознанија од мои блиски пријатели, кои што биле да бараат документ за нив, кои ми имаат потврдено дека од страна на вработените им биле барани од 100 евра па нагоре, за документ кој што би требало да го добијат за 15 дена, им велат дека ќе биде потребно минимум 3 месеци и на тој начин за да ги добиете “побрзо” тие документи, службениците бараат мито за да ви завршат работа. Корупцијата е на микро ниво и за тоа во првите 100 дена ќе имаме за цел да воспоставиме ред и поредок,” изјави Министерот за дигитална трансформација.

Андоновски напомена дека во периодот додека бил дел од техничката Влада, услугите кои се дигитализирани биле во функција, но после неговото заминување повторно е вратен хаосот во администрацијата.

“Системот е целосно разрушен, впрочем и да не постои систем. Ова е воочлив проблем и од страна на граѓаните, со кој што ние се соочуваме, корупцијата е распространета од најниско до највисоко ниво, бидејќи при нефункционалност на системот, вие ќе имате луѓе кои што ќе го злоупотребат тоа за да спечалат црни пари и ако одите по редовна постапка може да чекате и цел ден и да не ја завршите вашата работа, но ако најдете врска или платите одредена сума на службениците ќе ви завршат работа,” потенцираше Андоновски.

The post Андоновски: Наследуваме хаос на системот, главен фокус во првите 100 дена е воведување ред appeared first on Република.