Министерски совет на ОБСЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerski-sovet-na-obse/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Nov 2023 11:16:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Министерски совет на ОБСЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerski-sovet-na-obse/ 32 32 Блинкен попладнево доаѓа во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/blinken-popladnevo-doaga-vo-skopje/ Wed, 29 Nov 2023 11:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=717510

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен попладнево треба да пристигне во Скопје, каде што ќе учествува на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, што се одржува од денеска до 1 декември.

Блинкен учеството на ОБСЕ самитот ќе го почне со средба со шефот на дипломатијата и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи. Тој во Скопје треба да пристигне од Брисел, каде што учествува на Министерскиот состанок на НАТО, а по средбата со Османи, американскиот државен секретар планирано е да учествува на неформална вечера која му претходи на Министерскиот совет, кој официјално почнува утре. По Скопје Блинкен заминува за Израел.

Во најавата од Стејт департментот за посетата на Блинкен на Скопје се наведува дека тој ќе ја потврди цврстата посветеност на САД кон ОБСЕ и нејзината основна мисија за унапредување на безбедноста, стабилноста и соработката меѓу државите, со посебен акцент на човековите права и мирното решавање на спорови. Секретарот Блинкен, исто така, ќе ја истакне клучната улога на ОБСЕ во унапредувањето на сеопфатната безбедност во регионот и ќе и се заблагодари на Македонија за нејзината лидерска улога.

Министерскиот состанок во Скопје го одбележува токму присуството на првите дипломати на САД и Руската Федерација Ентони Блинкен и Сергеј Лавров, што го прави еден од ретките настани на кој ќе се најдат двајцата на исто место од почнувањето на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Засега нема најава за средба на Блинкен и Лавров.

Високи американски и руски дипломати денеска ќе одржат нова рунда разговори за украинската криза, додека Русија продолжува да распоредува големи воени сили на границата со поранешната советск

Помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан на брифинг со новинарите во Вашингтон претходно изјави дека Блинкен ќе ја предводи делегацијата на САД на Министерскиот состанок во Скопје, каде со колегите од ОБСЕ ќе дискутира за поддршката за Украина, но американската страна не знае како ќе се постапи во случај на состанокот да се појави и рускиот министер за надворешни работи Лавров.

-Американската делегација ќе ја предводи државниот секретар Блинкен. Тој ќе биде таму во среда веднаш по крајот на министерскиот состанок на НАТО. Очекуваме да се ангажира во добра дискусија со колегите од ОБСЕ за поддршката за Украина, истакна О’Брајан.

За доаѓањето на шефот на дипломатијата на Руската Федерација Лавров, земјава и Бугарија времено ги суспендираа санкциите воведени од ЕУ за прелети на руски авиони поради руската агресија на Украина.

По потврденото присуството на Лавров, форумот решија да го бојкотираат министрите за надворешни работи на Украина Дмитри Кулеба и на балтичките земји - Естонија, Летонија и Литванија.

На самитот присуство потврди и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, кој вчера истакна дека ќе присуствува на официјалната вечера, но потоа ќе мора брзо да се врати поради другите средби во Брисел. Тој посочи дека нема да разговара со рускиот министер за надворешни работи Лавров, а истакна дека е завршена главната работа на новите европски санкции против Русија поради војната во Украина и изрази надеж дека соодветната одлука ќе биде усвоена во декември.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска потврди дека Унијата ќе продолжи да го поддржува одржувањето на мирот и стабилноста во БиХ, нагласувајќи де

На најголемиот политичко-дипломатски настан што се случил во државава од осамостојувањето, ќе учествуваат 76 делегации од 57 земји членки и држави партнери на Организацијата.

На Министерскиот состанок се очекуваат одлуки за изборот на претседавач за 2024 година, за што на подготвителниот состанок на амбасадори на 57-те земји членки неделава во Виена е постигнат консензус тоа да биде Малта, а треба да се одлучува и за буџетот, како и за именувања за клучните позиции во институциите на ОБСЕ.

The post Блинкен попладнево доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен попладнево треба да пристигне во Скопје, каде што ќе учествува на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, што се одржува од денеска до 1 декември. Блинкен учеството на ОБСЕ самитот ќе го почне со средба со шефот на дипломатијата и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи. Тој во Скопје треба да пристигне од Брисел, каде што учествува на Министерскиот состанок на НАТО, а по средбата со Османи, американскиот државен секретар планирано е да учествува на неформална вечера која му претходи на Министерскиот совет, кој официјално почнува утре. По Скопје Блинкен заминува за Израел. Во најавата од Стејт департментот за посетата на Блинкен на Скопје се наведува дека тој ќе ја потврди цврстата посветеност на САД кон ОБСЕ и нејзината основна мисија за унапредување на безбедноста, стабилноста и соработката меѓу државите, со посебен акцент на човековите права и мирното решавање на спорови. Секретарот Блинкен, исто така, ќе ја истакне клучната улога на ОБСЕ во унапредувањето на сеопфатната безбедност во регионот и ќе и се заблагодари на Македонија за нејзината лидерска улога. Министерскиот состанок во Скопје го одбележува токму присуството на првите дипломати на САД и Руската Федерација Ентони Блинкен и Сергеј Лавров, што го прави еден од ретките настани на кој ќе се најдат двајцата на исто место од почнувањето на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Засега нема најава за средба на Блинкен и Лавров. Високи американски и руски дипломати денеска ќе одржат нова рунда разговори за украинската криза, додека Русија продолжува да распоредува големи воени сили на границата со поранешната советск Помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан на брифинг со новинарите во Вашингтон претходно изјави дека Блинкен ќе ја предводи делегацијата на САД на Министерскиот состанок во Скопје, каде со колегите од ОБСЕ ќе дискутира за поддршката за Украина, но американската страна не знае како ќе се постапи во случај на состанокот да се појави и рускиот министер за надворешни работи Лавров. -Американската делегација ќе ја предводи државниот секретар Блинкен. Тој ќе биде таму во среда веднаш по крајот на министерскиот состанок на НАТО. Очекуваме да се ангажира во добра дискусија со колегите од ОБСЕ за поддршката за Украина, истакна О’Брајан. За доаѓањето на шефот на дипломатијата на Руската Федерација Лавров, земјава и Бугарија времено ги суспендираа санкциите воведени од ЕУ за прелети на руски авиони поради руската агресија на Украина. По потврденото присуството на Лавров, форумот решија да го бојкотираат министрите за надворешни работи на Украина Дмитри Кулеба и на балтичките земји - Естонија, Летонија и Литванија. На самитот присуство потврди и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, кој вчера истакна дека ќе присуствува на официјалната вечера, но потоа ќе мора брзо да се врати поради другите средби во Брисел. Тој посочи дека нема да разговара со рускиот министер за надворешни работи Лавров, а истакна дека е завршена главната работа на новите европски санкции против Русија поради војната во Украина и изрази надеж дека соодветната одлука ќе биде усвоена во декември. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска потврди дека Унијата ќе продолжи да го поддржува одржувањето на мирот и стабилноста во БиХ, нагласувајќи де На најголемиот политичко-дипломатски настан што се случил во државава од осамостојувањето, ќе учествуваат 76 делегации од 57 земји членки и држави партнери на Организацијата. На Министерскиот состанок се очекуваат одлуки за изборот на претседавач за 2024 година, за што на подготвителниот состанок на амбасадори на 57-те земји членки неделава во Виена е постигнат консензус тоа да биде Малта, а треба да се одлучува и за буџетот, како и за именувања за клучните позиции во институциите на ОБСЕ.

The post Блинкен попладнево доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>
Почнува 30. Министерски состанок на ОБСЕ, во Скопје доаѓаат Ентони Блинкен и Сергеј Лавров https://republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-30-ministerski-sostanok-na-obse-vo-skopje-doagaat-entoni-blinken-i-sergej-lavrov/ Wed, 29 Nov 2023 07:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=717358

Министрите за надворешни работи и други претставници на 57 земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и на државите партнери, се состануваат во наредните три дена во Скопје за да разговараат за иднината на организацијата и за предизвиците со кои се соочува. Министерскиот совет ќе го означи и крајот на едногодишното претседавање на Македонија со ОБСЕ. Нов претседавач ќе биде Mалта откако во понеделникот беше постигнат компромис меѓу земјите-членки по ветото од Русија и Белорусија за Естонија која според ротирачкиот принцип требаше да го преземе претседавачкото место.

Во Скопје ќе дојдат државниот секретар на САД Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. Учеството на шефот на руската дипломатија беше неизвесно поради меѓународните санкции против Русија по војната во Украина, но откако Бугарија го отвори небото и дозволи прелет на рускиот владин авион, а ЕУ кажа дека тоа не е кршење на санкциите, од Москва беше потврдено дека Лавров доаѓа во Скопје.

Доаѓањето на Лавров, пак, е причина за откажувањето на учеството на министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба и шефовите на дипломатиите на Естонија, Летонија и Литванија, Маргус Цахна, Кришјанис Каринш и Габриелиус Ландсбергис.

Украина на форумот ќе биде претставена од делегација од нивното МНР, потврдија за МИА од украинската Амбасада во Скопје. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко, соопшти дека Киев високо ги цени напорите на Македонија како држава-претседавач на ОБСЕ во 2023 година и лично на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кои покажаа висок професионализам и непоколеблива посветеност на заштитата на принципите и обврските на ОБСЕ и што дале приоритетот на прашањето за спротивставување на руската агресија врз Украина.

Министрите за надворешни работи на трите балтички земји, пак, во заедничка изјава велат дека „присуството на Лавров носи ризик да се даде легитимитет на агресорот Русија како законски член на заедницата на слободни нации, да ги банализира ѕверските злосторства што Русија ги направи, како и очигледното руско кршење и презирање на основните принципи и обврски на ОБСЕ“. Според нив, „Русија ќе ја искористи оваа можност да ја шири својата пропаганда и да го поткопа единството на Западот“.

Други откажувања засега нема. Присуството го потврди високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, но како што најави, нема да разговара со Сергеј Лавров.

Министрите за надворешни работи на земјите в четврток и петок во Скопје ќе разговараат и за мандатите на четворица високи функционери на ОБСЕ, вклучително и германската дипломатка Хелга Шмид како генерален секретар. Нивните мандати истекуваат на 4 декември, а се уште нема договор дали и кој ќе ги наследи, поради забелешките на Русија и Белорусија. Во последните години, а особено по војната во Украина, Москва го користи правото на вето во ОБСЕ, каде одлуките се носат со консензус.

Кандидатурата на Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за претседавач на организацијата беше прифатена со консензус од 56 земји учеснички на министер

ОБСЕ вработува околу 3.600 луѓе, главно во своите теренски операции, но и во секретаријатот во Виена и нејзините институции. ОБСЕ има статус на набљудувач во Обединетите нации.

 

The post Почнува 30. Министерски состанок на ОБСЕ, во Скопје доаѓаат Ентони Блинкен и Сергеј Лавров appeared first on Република.

]]>

Министрите за надворешни работи и други претставници на 57 земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и на државите партнери, се состануваат во наредните три дена во Скопје за да разговараат за иднината на организацијата и за предизвиците со кои се соочува. Министерскиот совет ќе го означи и крајот на едногодишното претседавање на Македонија со ОБСЕ. Нов претседавач ќе биде Mалта откако во понеделникот беше постигнат компромис меѓу земјите-членки по ветото од Русија и Белорусија за Естонија која според ротирачкиот принцип требаше да го преземе претседавачкото место. Во Скопје ќе дојдат државниот секретар на САД Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. Учеството на шефот на руската дипломатија беше неизвесно поради меѓународните санкции против Русија по војната во Украина, но откако Бугарија го отвори небото и дозволи прелет на рускиот владин авион, а ЕУ кажа дека тоа не е кршење на санкциите, од Москва беше потврдено дека Лавров доаѓа во Скопје. Доаѓањето на Лавров, пак, е причина за откажувањето на учеството на министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба и шефовите на дипломатиите на Естонија, Летонија и Литванија, Маргус Цахна, Кришјанис Каринш и Габриелиус Ландсбергис. Украина на форумот ќе биде претставена од делегација од нивното МНР, потврдија за МИА од украинската Амбасада во Скопје. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко, соопшти дека Киев високо ги цени напорите на Македонија како држава-претседавач на ОБСЕ во 2023 година и лично на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кои покажаа висок професионализам и непоколеблива посветеност на заштитата на принципите и обврските на ОБСЕ и што дале приоритетот на прашањето за спротивставување на руската агресија врз Украина. Министрите за надворешни работи на трите балтички земји, пак, во заедничка изјава велат дека „присуството на Лавров носи ризик да се даде легитимитет на агресорот Русија како законски член на заедницата на слободни нации, да ги банализира ѕверските злосторства што Русија ги направи, како и очигледното руско кршење и презирање на основните принципи и обврски на ОБСЕ“. Според нив, „Русија ќе ја искористи оваа можност да ја шири својата пропаганда и да го поткопа единството на Западот“. Други откажувања засега нема. Присуството го потврди високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, но како што најави, нема да разговара со Сергеј Лавров. Министрите за надворешни работи на земјите в четврток и петок во Скопје ќе разговараат и за мандатите на четворица високи функционери на ОБСЕ, вклучително и германската дипломатка Хелга Шмид како генерален секретар. Нивните мандати истекуваат на 4 декември, а се уште нема договор дали и кој ќе ги наследи, поради забелешките на Русија и Белорусија. Во последните години, а особено по војната во Украина, Москва го користи правото на вето во ОБСЕ, каде одлуките се носат со консензус. Кандидатурата на Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за претседавач на организацијата беше прифатена со консензус од 56 земји учеснички на министер ОБСЕ вработува околу 3.600 луѓе, главно во своите теренски операции, но и во секретаријатот во Виена и нејзините институции. ОБСЕ има статус на набљудувач во Обединетите нации.  

The post Почнува 30. Министерски состанок на ОБСЕ, во Скопје доаѓаат Ентони Блинкен и Сергеј Лавров appeared first on Република.

]]>