министерски состанок Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerski-sostanok/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 13:11:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министерски состанок Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerski-sostanok/ 32 32 Јаневска на Министерски состанок за образование, обука, истражување, иновации и култура на Западен Балкан https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-na-ministerski-sostanok-za-obrazovanie-obuka-istrazhuvane-inovatsii-i-kultura-na-zapaden-balkan/ Mon, 30 Sep 2024 13:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=821100

 

Ако искрената волја, ентузијазмот и напорите за развој на државите кои ги претставуваме, сите што сме тука присутни продолжиме да ги трансформираме во заеднички акции, тогаш целите полесно ќе ги остваруваме и ќе го направиме регионот препознатлив по забрзан раст и конкурентен во глобални размери.

Ова го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на Министерскиот состанок за образование, обука, истражување, иновации и култура на Западен Балкан, кој се одржува во Скопје.

Верувам како репрезенти на националните влади, сите ние имаме што да споделиме и верувам во подигнување на проактивноста на регионот во заложбите за образовен, научно – истражувачки и културолошки развој на светот. Сé е во наши раце и од нас зависи, рече министерката во поздравното обраќање.

Одговарајќи на прашања на панел-дискусија, Јаневска истакна дека за земјава, нема друга алтернатива, освен постигнување на политички консензус за долгорочна образовна стратегија и интензивно вложување во квалитетно образование за граѓаните на сите нивоа.

Како гледаме на целиот процес на градење на ефикасен и ефективен образовен систем? Универзално упатство за постапување, не постои. Но, постои едно начело кое верувам дека е секаде прифатено, а тоа е дека образовниот систем за да биде корисен, најважно е да биде во функција на задоволување на потребите на економијата, потенцираше министерката, напоменувајќи дека очекува и универзитетите да ги модернизираат студиските програми, за да не мора во потрага по интересни студии и квалитетни знаења да се оди во други земји.

Во делот на високото образование и научно-истражувачката дејност, Јаневска истакна дека земјата не отстапува ниту од вмрежувањето на нашите универзитети и научно – истражувачки установи со останатите, не само во регионот, туку и пошироко.

Во овој дел, рече таа, имаме и обврски и одговорности кои произлегуваат од Европската стратегија за универзитетите и новата европска агенда за иновации како и од Берлинскиот процес кој предвидува меѓусебна поддршка и соработка помеѓу земјите од Западен Балкан, вклучувајќи го и образованието и науката.

Одговарајќи на прашањата за дигитализацијата на образовниот систем, Јаневска истакна дека земјата активно учествува во работните групи на Европската образовна област и е насочена кон воспоставување на соработка и размена на искуства со цел успешна имплементација на Европските образовни стратегии, вклучително и имплементација на стратегиските приоритети од Акцискиот план за дигитално образование.

Посочи дека училиштата континуирано се опремуваат со информатичко–комуникациска технологија, интерактивни табли, компјутери и таблет уреди за ученици со поддршка на локалните самоуправи.

Дека дигитализацијата, останува приоритет на Владата, истакна Јаневска, потврдува и фактот што пред три месеци формиравме и ново Министерство за дигитална трансформација, кое со своите ресурси ќе им помага на другите институции носители на овој процес, да ги дигитализираат соодветните области.

 

The post Јаневска на Министерски состанок за образование, обука, истражување, иновации и култура на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

  Ако искрената волја, ентузијазмот и напорите за развој на државите кои ги претставуваме, сите што сме тука присутни продолжиме да ги трансформираме во заеднички акции, тогаш целите полесно ќе ги остваруваме и ќе го направиме регионот препознатлив по забрзан раст и конкурентен во глобални размери. Ова го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на Министерскиот состанок за образование, обука, истражување, иновации и култура на Западен Балкан, кој се одржува во Скопје.
Верувам како репрезенти на националните влади, сите ние имаме што да споделиме и верувам во подигнување на проактивноста на регионот во заложбите за образовен, научно – истражувачки и културолошки развој на светот. Сé е во наши раце и од нас зависи, рече министерката во поздравното обраќање.
Одговарајќи на прашања на панел-дискусија, Јаневска истакна дека за земјава, нема друга алтернатива, освен постигнување на политички консензус за долгорочна образовна стратегија и интензивно вложување во квалитетно образование за граѓаните на сите нивоа.
Како гледаме на целиот процес на градење на ефикасен и ефективен образовен систем? Универзално упатство за постапување, не постои. Но, постои едно начело кое верувам дека е секаде прифатено, а тоа е дека образовниот систем за да биде корисен, најважно е да биде во функција на задоволување на потребите на економијата, потенцираше министерката, напоменувајќи дека очекува и универзитетите да ги модернизираат студиските програми, за да не мора во потрага по интересни студии и квалитетни знаења да се оди во други земји.
Во делот на високото образование и научно-истражувачката дејност, Јаневска истакна дека земјата не отстапува ниту од вмрежувањето на нашите универзитети и научно – истражувачки установи со останатите, не само во регионот, туку и пошироко. Во овој дел, рече таа, имаме и обврски и одговорности кои произлегуваат од Европската стратегија за универзитетите и новата европска агенда за иновации како и од Берлинскиот процес кој предвидува меѓусебна поддршка и соработка помеѓу земјите од Западен Балкан, вклучувајќи го и образованието и науката. Одговарајќи на прашањата за дигитализацијата на образовниот систем, Јаневска истакна дека земјата активно учествува во работните групи на Европската образовна област и е насочена кон воспоставување на соработка и размена на искуства со цел успешна имплементација на Европските образовни стратегии, вклучително и имплементација на стратегиските приоритети од Акцискиот план за дигитално образование. Посочи дека училиштата континуирано се опремуваат со информатичко–комуникациска технологија, интерактивни табли, компјутери и таблет уреди за ученици со поддршка на локалните самоуправи. Дека дигитализацијата, останува приоритет на Владата, истакна Јаневска, потврдува и фактот што пред три месеци формиравме и ново Министерство за дигитална трансформација, кое со своите ресурси ќе им помага на другите институции носители на овој процес, да ги дигитализираат соодветните области.  

The post Јаневска на Министерски состанок за образование, обука, истражување, иновации и култура на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Љутков на мистерски состанок: Платформите на ЕУ за Западен Балкан за образование, иновации и култура се силна алтка за меѓусебна соработка https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-na-misterski-sostanok-platformite-na-eu-za-zapaden-balkan-za-obrazovanie-inovatsii-i-kultura-se-silna-altka-za-megusebna-sorabotka/ Mon, 30 Sep 2024 11:55:46 +0000 https://republika.mk/?p=821034

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се обрати на Вториот министерски состанок на управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука, истражување и иновации и култура.

На состанокот, на кој покрај министерот Љутков учествуваа и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и министерот за култура и иновации, Балаш Ханко, од унгарското претседателство со Советот на Европската Унија, беше истакната важноста на Управувачката платформа како ресорска оперативна алатка за спроведување на стратешката рамка од агендата за Западен Балкан на ЕУ, како значајна поддршка за евроинтегративните процеси на земјите во регионот.

Министерот Љутков во своето обраќање ги потенцираше важноста и придобивките од Управувачката платформа за соработка на земјите од Западен Балкан во виталните општествени области: науката, истражувањето и иновациите, образованието и културата.

Како претставници на културниот сектор, веруваме дека овој механизам ќе овозможи поефикасна соработка со Европската комисија на оперативно ниво, во рамките на спроведувањето на заедничката регионална, но и европска агенда“, рече Љутков.

Ова е уште една потврда, додаде тој, за сè поголемото значење на културните и креативните сектори во евроинтегративните процеси во регионот на Западен Балкан, кои несомнено ќе придонесат за развој на националните политики, регионалната соработка и актуелните културни политики на ЕУ.

 

Според Љутков, Платформата ќе овозможи вклучување на сите чинители во културата, придонесувајќи за надградување, синхронизирање и профилирање на приоритетите на земјите од Западен Балкан и јакнење на меѓусебната партнерска соработка.

 

The post Љутков на мистерски состанок: Платформите на ЕУ за Западен Балкан за образование, иновации и култура се силна алтка за меѓусебна соработка appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се обрати на Вториот министерски состанок на управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука, истражување и иновации и култура. На состанокот, на кој покрај министерот Љутков учествуваа и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и министерот за култура и иновации, Балаш Ханко, од унгарското претседателство со Советот на Европската Унија, беше истакната важноста на Управувачката платформа како ресорска оперативна алатка за спроведување на стратешката рамка од агендата за Западен Балкан на ЕУ, како значајна поддршка за евроинтегративните процеси на земјите во регионот. Министерот Љутков во своето обраќање ги потенцираше важноста и придобивките од Управувачката платформа за соработка на земјите од Западен Балкан во виталните општествени области: науката, истражувањето и иновациите, образованието и културата.
Како претставници на културниот сектор, веруваме дека овој механизам ќе овозможи поефикасна соработка со Европската комисија на оперативно ниво, во рамките на спроведувањето на заедничката регионална, но и европска агенда“, рече Љутков.
Ова е уште една потврда, додаде тој, за сè поголемото значење на културните и креативните сектори во евроинтегративните процеси во регионот на Западен Балкан, кои несомнено ќе придонесат за развој на националните политики, регионалната соработка и актуелните културни политики на ЕУ.   Според Љутков, Платформата ќе овозможи вклучување на сите чинители во културата, придонесувајќи за надградување, синхронизирање и профилирање на приоритетите на земјите од Западен Балкан и јакнење на меѓусебната партнерска соработка.  

The post Љутков на мистерски состанок: Платформите на ЕУ за Западен Балкан за образование, иновации и култура се силна алтка за меѓусебна соработка appeared first on Република.

]]>
Олеснета трговија со ЕУ и поедноставни плаќања не носат до европскиот заеднички пазар https://republika.mk/vesti/ekonomija/olesneta-trgovija-so-eu-i-poednostavni-plakana-ne-nosat-do-evropskiot-zaednichki-pazar/ Wed, 15 May 2024 15:41:39 +0000 https://republika.mk/?p=778420

Олеснување на трговијата помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската унија и поедноставени и побрзи постапки за плаќањата се конкретните активности на кои работат двете страни во рамки на Планот за раст на Западен Балкан. Станува збор за активности коишто директно не инкорпорираат во европскиот пазар. Со забрзување на протокот на стоки до големиот европски пазар и олеснување на плаќањата за компаниите не прави еднакви со земјите од ЕУ. Ова го порачал заменик-министерот за финансии Филип Николоски, кој учествуваше на министерскиот состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан во Котор.

-Денеска имаме можност да разговараме за конкретни активности во рамки на Планот за раст на Западен Балкан и нашето приближување до ЕУ. Олеснувањето на трговијата и поедноставени постапки во плаќањата, што се теми на денешниот состанок,  се чекори коишто не прават дел од големото европско семејство. РС Македонија веќе врши подготовки за пристапување во СЕПА регионот што значи отстранување на пазарните бариери со земјите од ЕУ, подигнување на кредибилитетот на финансискиот сектор на меѓународната сцена, продлабочување на трговските односи со европскиот економски регион, поедноставни, побрзи и поевтини услуги за граѓаните и компаниите. Од друга страна преку зелените коридори се обезбедува непречен проток на стоки меѓу регионот и ЕУ и намалување на времето чекање на граничните премини. Тоа се клучните елементи за нашето економско поврзување со ЕУ, рече Николоски.

Имено, како што информираат од Министерството за финансии, олеснувањето на трговијата ќе се постигне преку проширување на зелените коридори на   граничните премини помеѓу Западен Балкан и ЕУ, а олеснувањето на плаќањата ќе се обезбеди со пристапот на земјата во СЕПА регионот.

Македонија веќе има изразено подготвеност да ги исполни критериумите за пристапување во СЕПА регионот. Министерството за финансии и Народната банка работеа на подготовка на апликацијата, и нацрт верзијата е веќе поднесена на крајот април 2024 година и се очекува финалната апликација да се достави во предвидениот рок на крајот на јуни 2024 година.

Станува збор, како што потенцираше заменик-министерот за финансии, за мерки кои ќе овозможат земјите од регионот пред да станат полноправни членки на ЕУ да ги уживаат придобивките од заедничкиот пазар, чиј потенцијал ќе го поттикне економскиот раст и развој и ќе придонесе за забрзана економска конвергенција на Западен Балкан кон ЕУ.

-Планот за раст како алатка е особено значајна и треба сите земји да вложат максимални напори да ја искористат оваа подадена рака за да се  изоди патот до ЕУ побрзо и да се ползуваат придобивките од тоа членство поскоро. Нема друга алтернатива и за РС Македонија и за останатите земји од Западен Балкан и од тој пат не треба да отстапиме. Тоа е за подобро утре на сите граѓани од Западен Балкан и заштита од негативни влијание што ги создаваат кризите, како војната во Украина и тензиите на Блискиот Исток, потенцираше заменик-министерот Николоски, кој истакнал дека националната Реформска агенда е веќе подготвена.

Од Министерството за финансии посочуваат дека во ЕУ е усвоена регулативата за формирање на механизмот за реформи и раст на Западен Балкан и се отвора целосно патот за пристап до финансиската поддршка за спроведување на реформите во износ од 6 милијарди евра за целиот регион, а за земјава околу 850 милиони евра.

Министерскиот состанок во Котор се одржува во рамки на Регионалниот самит на лидери под мотото „Еден регион, заедничка визија“, на кој ќе учествува и техничкиот премиер Талат Џафери.

The post Олеснета трговија со ЕУ и поедноставни плаќања не носат до европскиот заеднички пазар appeared first on Република.

]]>

Олеснување на трговијата помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската унија и поедноставени и побрзи постапки за плаќањата се конкретните активности на кои работат двете страни во рамки на Планот за раст на Западен Балкан. Станува збор за активности коишто директно не инкорпорираат во европскиот пазар. Со забрзување на протокот на стоки до големиот европски пазар и олеснување на плаќањата за компаниите не прави еднакви со земјите од ЕУ. Ова го порачал заменик-министерот за финансии Филип Николоски, кој учествуваше на министерскиот состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан во Котор. -Денеска имаме можност да разговараме за конкретни активности во рамки на Планот за раст на Западен Балкан и нашето приближување до ЕУ. Олеснувањето на трговијата и поедноставени постапки во плаќањата, што се теми на денешниот состанок,  се чекори коишто не прават дел од големото европско семејство. РС Македонија веќе врши подготовки за пристапување во СЕПА регионот што значи отстранување на пазарните бариери со земјите од ЕУ, подигнување на кредибилитетот на финансискиот сектор на меѓународната сцена, продлабочување на трговските односи со европскиот економски регион, поедноставни, побрзи и поевтини услуги за граѓаните и компаниите. Од друга страна преку зелените коридори се обезбедува непречен проток на стоки меѓу регионот и ЕУ и намалување на времето чекање на граничните премини. Тоа се клучните елементи за нашето економско поврзување со ЕУ, рече Николоски. Имено, како што информираат од Министерството за финансии, олеснувањето на трговијата ќе се постигне преку проширување на зелените коридори на   граничните премини помеѓу Западен Балкан и ЕУ, а олеснувањето на плаќањата ќе се обезбеди со пристапот на земјата во СЕПА регионот. Македонија веќе има изразено подготвеност да ги исполни критериумите за пристапување во СЕПА регионот. Министерството за финансии и Народната банка работеа на подготовка на апликацијата, и нацрт верзијата е веќе поднесена на крајот април 2024 година и се очекува финалната апликација да се достави во предвидениот рок на крајот на јуни 2024 година. Станува збор, како што потенцираше заменик-министерот за финансии, за мерки кои ќе овозможат земјите од регионот пред да станат полноправни членки на ЕУ да ги уживаат придобивките од заедничкиот пазар, чиј потенцијал ќе го поттикне економскиот раст и развој и ќе придонесе за забрзана економска конвергенција на Западен Балкан кон ЕУ. -Планот за раст како алатка е особено значајна и треба сите земји да вложат максимални напори да ја искористат оваа подадена рака за да се  изоди патот до ЕУ побрзо и да се ползуваат придобивките од тоа членство поскоро. Нема друга алтернатива и за РС Македонија и за останатите земји од Западен Балкан и од тој пат не треба да отстапиме. Тоа е за подобро утре на сите граѓани од Западен Балкан и заштита од негативни влијание што ги создаваат кризите, како војната во Украина и тензиите на Блискиот Исток, потенцираше заменик-министерот Николоски, кој истакнал дека националната Реформска агенда е веќе подготвена. Од Министерството за финансии посочуваат дека во ЕУ е усвоена регулативата за формирање на механизмот за реформи и раст на Западен Балкан и се отвора целосно патот за пристап до финансиската поддршка за спроведување на реформите во износ од 6 милијарди евра за целиот регион, а за земјава околу 850 милиони евра. Министерскиот состанок во Котор се одржува во рамки на Регионалниот самит на лидери под мотото „Еден регион, заедничка визија“, на кој ќе учествува и техничкиот премиер Талат Џафери.

The post Олеснета трговија со ЕУ и поедноставни плаќања не носат до европскиот заеднички пазар appeared first on Република.

]]>
Османи на НАТО Министерски состанок во Брисел https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-nato-ministerski-sostanok-vo-brisel/ Tue, 02 Apr 2024 15:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=761332

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре патува за Брисел каде ќе учествува на НАТО Министерскиот состанокот.

Во фокусот ќе биде одбележувањето на 75 годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон.

На состанокот ќе стане збор и за актуелните безбедносни предизвици, сојузничката долгорочна поддршката за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО Алијансата.

The post Османи на НАТО Министерски состанок во Брисел appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре патува за Брисел каде ќе учествува на НАТО Министерскиот состанокот.

Во фокусот ќе биде одбележувањето на 75 годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон.

На состанокот ќе стане збор и за актуелните безбедносни предизвици, сојузничката долгорочна поддршката за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО Алијансата.

The post Османи на НАТО Министерски состанок во Брисел appeared first on Република.

]]>
Бектеши на Министерски состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена во Загреб https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-na-ministerski-sostanok-na-partnerstvo-za-transatlanska-energija-i-klimatska-promena-vo-zagreb/ Wed, 01 Mar 2023 07:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=614448

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска и утре 1 и 2 Март 2023 година, ќе учествува на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC) кој во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за економија и одржлив развој на Република Хрватска се одржува во Загреб.

Во придружба на министерот Бектеши се и генералниот директор на НОМА Гас, Бајрам Реџепи и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Министерот Бектеши ќе зборува на панел сесијата “Стратегии за оптимизација на мрежата во енергетската транзиција" како и на панел сесијата "Критична инфраструктура".

Во рамки на Министерскиот состанок во Загреб предвидени се и средби на министерот Бектеши со министерот за економија и одржлив развој на Хрватска, Давор Филиповиќ, министерот за енергетика на Украина, Герман Галушченко како и министерот за енергетика на Бугарија, Росен Христов.

The post Бектеши на Министерски состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена во Загреб appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска и утре 1 и 2 Март 2023 година, ќе учествува на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC) кој во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за економија и одржлив развој на Република Хрватска се одржува во Загреб.

Во придружба на министерот Бектеши се и генералниот директор на НОМА Гас, Бајрам Реџепи и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Министерот Бектеши ќе зборува на панел сесијата “Стратегии за оптимизација на мрежата во енергетската транзиција" како и на панел сесијата "Критична инфраструктура".

Во рамки на Министерскиот состанок во Загреб предвидени се и средби на министерот Бектеши со министерот за економија и одржлив развој на Хрватска, Давор Филиповиќ, министерот за енергетика на Украина, Герман Галушченко како и министерот за енергетика на Бугарија, Росен Христов.

The post Бектеши на Министерски состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена во Загреб appeared first on Република.

]]>