Министерот за култура и туризам Зоран Љутков Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerot-za-kultura-i-turizam-zoran-lutkov/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 10:19:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Министерот за култура и туризам Зоран Љутков Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerot-za-kultura-i-turizam-zoran-lutkov/ 32 32 Средба на министерот Зоран Љутков со евроамбасадорот Дејвид Гир https://republika.mk/vesti/kultura/sredba-na-ministerot-zoran-lutkov-so-evroambasadorot-dejvid-gir/ Mon, 15 Jul 2024 10:19:29 +0000 https://republika.mk/?p=796965

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир и со претставници од делегацијата на ЕУ во Скопје.

На средбата, министерот Љутков изрази благодарност за соработката со делегацијата на ЕУ во областа на културата, како и за поддршката во евроинтеграциските процеси како еден од најважните приоритети на Владата и на Министерството за култура и туризам.

Двајцата соговорници потенцираа дека соработката со делегацијата на ЕУ, како најзначен партнер на Министерството за култура и туризам, продолжува и во иднина во делот на поддршката на заштитата на културното наследство, размената на идеи, вредности и традиции што се од суштинска улога во градењето на заедничкиот европски простор.

Во тој контекст, министерот Љутков и евроамбасадорот Гир се согласија дека од особено значење е интеграцијата на Министерството за култура и секторот за туризам. Ова ќе придонесе за развој на креативните и културните индустрии што, секако, е и еден од приоритетите на Министерството.

Евроамбасадорот Гир даде поддршка на новите политики на Министерството за култура и туризам и програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“. Исто така, беше поздравена и соработката во однос на организацијата на Министерскиот состанок на министрите за култура и туризам и за образование и наука кој, во партнерство со ЕУ, треба да се реализира во септември годинава.

 

The post Средба на министерот Зоран Љутков со евроамбасадорот Дејвид Гир appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир и со претставници од делегацијата на ЕУ во Скопје. На средбата, министерот Љутков изрази благодарност за соработката со делегацијата на ЕУ во областа на културата, како и за поддршката во евроинтеграциските процеси како еден од најважните приоритети на Владата и на Министерството за култура и туризам. Двајцата соговорници потенцираа дека соработката со делегацијата на ЕУ, како најзначен партнер на Министерството за култура и туризам, продолжува и во иднина во делот на поддршката на заштитата на културното наследство, размената на идеи, вредности и традиции што се од суштинска улога во градењето на заедничкиот европски простор. Во тој контекст, министерот Љутков и евроамбасадорот Гир се согласија дека од особено значење е интеграцијата на Министерството за култура и секторот за туризам. Ова ќе придонесе за развој на креативните и културните индустрии што, секако, е и еден од приоритетите на Министерството. Евроамбасадорот Гир даде поддршка на новите политики на Министерството за култура и туризам и програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“. Исто така, беше поздравена и соработката во однос на организацијата на Министерскиот состанок на министрите за култура и туризам и за образование и наука кој, во партнерство со ЕУ, треба да се реализира во септември годинава.  

The post Средба на министерот Зоран Љутков со евроамбасадорот Дејвид Гир appeared first on Република.

]]>