минимална пензија Archives - Република https://republika.mk/tema/minimalna-penzija/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Sep 2023 08:23:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png минимална пензија Archives - Република https://republika.mk/tema/minimalna-penzija/ 32 32 Работната група денеска ќе утврдува минимална пензија https://republika.mk/vesti/ekonomija/rabotnata-grupa-deneska-ke-utvrduva-minimalna-penzija/ Wed, 06 Sep 2023 08:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=679208

Утврдување на минималната пензија со закон е една од целите на новоформираната работна група која денес ќе ги започне активностите поврзани со проблемите на пензионерите. Прашањата кои се однесуваат на пензионерскиот стандард ќе ги решаваат претставници на министерствата за труд и социјална политика и за финансии, од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, од ПИОМ, од Сојузот  на пензионери, МАПАС и приватните пензиски друштва.

Ќе се работи на измени или на ново законско решение за пензиското и инвалидско осигурување, за минимална пензија и социјални мерки за пензионерите со ниски пензии, најави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Исто така, посочи дека ќе бидат разгледани сите пристигнати предлози од здруженијата на пензионери, од иницијативните одбори на пензионерите кои протестираат, од Партијата на пензионери…

Главна тема на работната група, формирана со одлука на Владата, ќе биде законот за минимална пензија, по примерот на минималната плата. Односно, според изјавите на министерката, ќе се креираат мерки во чиј фокус ќе бидат пензионерите со пониски пензии, како и оние што живеат сами.

The post Работната група денеска ќе утврдува минимална пензија appeared first on Република.

]]>

Утврдување на минималната пензија со закон е една од целите на новоформираната работна група која денес ќе ги започне активностите поврзани со проблемите на пензионерите. Прашањата кои се однесуваат на пензионерскиот стандард ќе ги решаваат претставници на министерствата за труд и социјална политика и за финансии, од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, од ПИОМ, од Сојузот  на пензионери, МАПАС и приватните пензиски друштва. Ќе се работи на измени или на ново законско решение за пензиското и инвалидско осигурување, за минимална пензија и социјални мерки за пензионерите со ниски пензии, најави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Исто така, посочи дека ќе бидат разгледани сите пристигнати предлози од здруженијата на пензионери, од иницијативните одбори на пензионерите кои протестираат, од Партијата на пензионери… Главна тема на работната група, формирана со одлука на Владата, ќе биде законот за минимална пензија, по примерот на минималната плата. Односно, според изјавите на министерката, ќе се креираат мерки во чиј фокус ќе бидат пензионерите со пониски пензии, како и оние што живеат сами.

The post Работната група денеска ќе утврдува минимална пензија appeared first on Република.

]]>
Работната група за минималната пензија ќе почне да работи утре https://republika.mk/vesti/ekonomija/rabotnata-grupa-za-minimalnata-penzija-ke-pochne-da-raboti-utre/ Tue, 05 Sep 2023 19:45:01 +0000 https://republika.mk/?p=679122

Работната група за измени или ново законско решение за пензиско и инвалидско осигурување за минимална пензија и социјални мерки за пензионерите со ниски пензии ќe почне со работа утре, најави министерката за труд и социјална политикa Јованка Тренчевска.

Ќе се разгледуваат сите пристигнати предлози од здруженија на пензионери, од иницијативни одбори на пензионери кои протестираат, Партија на пензионери и други чинители, изјави Тренчевска во гостување на МРТВ1 и посочи дека заклучоците на работната група ќе бидат доставени до Владата која ќе донесе конечна одлука.

Секоја политика која нема да биде добра и, како што рече, ќе оди на товар на буџетот на Фондот, ќе го зголеми дефицитот на пензискиот систем.

Затоа сме насочени кон добри политики и мерки кои ќе го задржат пензискиот систем стабилен и за овие 336 000 пензионери и за идните генерации пензионери, истакна Тренчевска.

Министерката посочи дека ќе се креираат мерки во чиј фокус ќе бидат пензионерите со пониски пензии, како и оние кои живеат сами.

Пензионерите да бидат спокојни, пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно, секој први во месецот, порача Тренчевска.

The post Работната група за минималната пензија ќе почне да работи утре appeared first on Република.