мини трчај бе Archives - Република https://republika.mk/tema/mini-trchaj-be/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Jun 2024 11:20:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мини трчај бе Archives - Република https://republika.mk/tema/mini-trchaj-be/ 32 32 МИНИ трчај, бе, в недела во Битола- донирана атлетска опрема за 12 основни училишта https://republika.mk/zivot/mini-trchaj-be-v-nedela-vo-bitola-donirana-atletska-oprema-za-12-osnovni-uchilishta/ Fri, 07 Jun 2024 07:16:33 +0000 https://republika.mk/?p=785506

МИНИ ТРЧАЈ БЕ ќе се одржи во недела на 9 јуни, на градското шеталиште во Битола со почеток во 11 часот.

Дворот на општина Битола беше точка за едукативна и атлетска соработка бидејќи наставниците по физичко образование и директорите на основните училишта се собраа да добијат донации. Овие донации, обезбедени од организаторите на познатата градска трка Трчај бе и Атлетската федерација на Македонија, опфатија основна атлетска опрема за 12 основни училишта во општина Битола и 3 во општина Могила.

Како дел од кампањата за пријавување на трката под слоганот “Мали чекори за големи соништа”, претходно организаторите донираа и 50 стартни пакети за децата од социјално загрозените семејства, обезбедувајќи повеќе деца да имаат можност да учествуваат и да уживаат во трката.

Овој гест е доказ за посветеноста на организаторите Трчај бе и  на Атлетската федерација на Македонија во поддршката и на децата и на едукаторите посветени на негувањето на младите атлетски таленти. На настанот присуствуваа Никола Димитровски-организатор на Трчај бе, Димитар Петровски-секретар на Атлетската федерација на Македонија и градоначалникот д-р Тони Коњановски, заедно со претставници на училиштата, за да ја предадат донацијата.

Никола Димитровски, организаторот на Трчај бе изјави: „Сите ние сакаме да ги поддржиме нашите училишта и да им ги дадеме на децата алатките што им се потребни за здрав, активен живот. Битола има богата историја во атлетиката со АК Олимп кој замре и се подзаборави, па ние го возобновивме со раѓањето на големата трка пред шест години, враќајќи го атлетскиот дух на градот кој дал незаборавни национални рекорди. Денес, новите спортски надежи на битолската атлетика нижат успеси, не се враќаат од натпревар без освоен пиедестал. Оттука и идејата за детско издание на Трчај бе, под името Мини Трчај бе кое го започнавме минатата година, не е само трка, тоа е прослава на иднината на нашите млади идни спортисти“

Димитар Петровски, секретарот на Атлетската федерација на Македонија, истакна: „Оваа заедничка иницијатива меѓу АФМ и Трчај бе ја покажува нашата посветеност за негување на младите таленти и промовирање на атлетиката во сите заедници. Горди сме што стоиме со Оштина Битола во ова и се трудиме и работиме на поттикнување на интересот за атлетиката во помалите општини, па таков пример е  Могила. Оваа донација е доказ за нашата посветеност. И така продолжуваме”.

Градоначалникот д-р Тони Коњановски изрази благодарност истакнувајќи: „Денешниот настан е светол пример за тоа како соработката и духот на заедницата можат да направат вистинска разлика.

Битола е град на спортот, горд сум што има бројни спортски клубови и здруженија кои го поддржуваат спортскиот развој на нашите деца. А овој пример на Трчај бе со АФМ е добар начин за поврзување на клубовите со образованието и заедницата. Со нетрпение очекуваме да ја видиме радоста и возбудата на лицата на нашите млади учесници оваа недела“.

The post МИНИ трчај, бе, в недела во Битола- донирана атлетска опрема за 12 основни училишта appeared first on Република.

]]>

Мини Трчај бе – вистински детски спектакл на трчањето https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mini-trchaj-be-vistinski-detski-spektakl-na-trchaneto/ Tue, 13 Jun 2023 15:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=650947

Секое дете кое ќе ја помине целта е победник и секое дете за нас е супер херој, гласеа пораките на кампањата која организаторот, етаблираната трка Трчај бе ја водеше последниот месец, со цел да ги поттикне децата од најмала возраст да се заразат со вистински нешта и здрави навики и да ги пријават родителите на првата детска трка. И тоа им успеа.

Над 500 деца, го запоседнаа градското шеталиште во Битола и ја истрчаа својата прва трка во животот. Илјадна публика навиваше, мотивирајќи ги малите шампиони да стигнат побрзо до целта, без откажување.

„Првото издание на Мини Трчај бе, сметаме дека означува мала пресвртница во животот на секое дете учесник, кое имаше шанса да се почувствува и како херој и како победник. Голема заслуга во тоа имаше бројната публика која со овации и аплаузи ги бодреше малите тркачи додека спринтаа до целта„-изјави Никола Димитровски, основачот на Трчај бе.

Градскиот парк и популарното шеталиште беа совршено место за „Мини Трчај бе“, а организаторот со спонзорите имаа заедно организирано и бројни забавни активности и интерактивни катчиња кои создадоа дополнително енергична и празнична атмосфера.

„За да се обезбеди фер конкуренција и пријатно искуство за сите учесници, учесниците беа поделени во 9 различни категории врз основа на нивната возраст која беше од 4 до 14 години. Од најмладите кои ги направија своите први чекори до поискусните деца тркачи, така што секоја категорија ги покажа уникатните таленти и одлучноста на овие млади спортисти. Овој внимателен пристап им овозможи на децата да се натпреваруваат заедно со своите врсници и да го ослободат својот целосен потенцијал. На крај, беа поделени 54 награди за најбрзите по категории. Во оваа група деца, сме сигурни дека се идните шампиони на Атлетскиот клуб Олимп од Битола, кој има извонредна историја на рекорди и врвни атлетичари и ова е само уште еден начин да потврдиме дека сме град на атлетиката„ - истакнуваат организаторите.

„Мини Трчај бе“ несомнено ќе стане традиционален настан. Радоста на лицата по минувањето на целта, првиот вистински медал за секој учесник, како и можноста децата од најмала возраст да го прифатат активниот начин на живот, да го откријат својот спортски потенцијал и да создадат незаборавни спомени со пријателите и семејството учествувајќи на една детска трка, се само доказ за моќта на спортот во поттикнувањето на чувството за заедница, промовирањето на физичката благосостојба и негувањето на следната генерација спортисти.

The post Мини Трчај бе – вистински детски спектакл на трчањето appeared first on Република.

]]>

Секое дете кое ќе ја помине целта е победник и секое дете за нас е супер херој, гласеа пораките на кампањата која организаторот, етаблираната трка Трчај бе ја водеше последниот месец, со цел да ги поттикне децата од најмала возраст да се заразат со вистински нешта и здрави навики и да ги пријават родителите на првата детска трка. И тоа им успеа. Над 500 деца, го запоседнаа градското шеталиште во Битола и ја истрчаа својата прва трка во животот. Илјадна публика навиваше, мотивирајќи ги малите шампиони да стигнат побрзо до целта, без откажување. „Првото издание на Мини Трчај бе, сметаме дека означува мала пресвртница во животот на секое дете учесник, кое имаше шанса да се почувствува и како херој и како победник. Голема заслуга во тоа имаше бројната публика која со овации и аплаузи ги бодреше малите тркачи додека спринтаа до целта„-изјави Никола Димитровски, основачот на Трчај бе. Градскиот парк и популарното шеталиште беа совршено место за „Мини Трчај бе“, а организаторот со спонзорите имаа заедно организирано и бројни забавни активности и интерактивни катчиња кои создадоа дополнително енергична и празнична атмосфера. „За да се обезбеди фер конкуренција и пријатно искуство за сите учесници, учесниците беа поделени во 9 различни категории врз основа на нивната возраст која беше од 4 до 14 години. Од најмладите кои ги направија своите први чекори до поискусните деца тркачи, така што секоја категорија ги покажа уникатните таленти и одлучноста на овие млади спортисти. Овој внимателен пристап им овозможи на децата да се натпреваруваат заедно со своите врсници и да го ослободат својот целосен потенцијал. На крај, беа поделени 54 награди за најбрзите по категории. Во оваа група деца, сме сигурни дека се идните шампиони на Атлетскиот клуб Олимп од Битола, кој има извонредна историја на рекорди и врвни атлетичари и ова е само уште еден начин да потврдиме дека сме град на атлетиката„ - истакнуваат организаторите. „Мини Трчај бе“ несомнено ќе стане традиционален настан. Радоста на лицата по минувањето на целта, првиот вистински медал за секој учесник, како и можноста децата од најмала возраст да го прифатат активниот начин на живот, да го откријат својот спортски потенцијал и да создадат незаборавни спомени со пријателите и семејството учествувајќи на една детска трка, се само доказ за моќта на спортот во поттикнувањето на чувството за заедница, промовирањето на физичката благосостојба и негувањето на следната генерација спортисти.

The post Мини Трчај бе – вистински детски спектакл на трчањето appeared first on Република.

]]>