Минхенска безбедносна конференција Archives - Република https://republika.mk/tema/minhenska-bezbednosna-konferencija/ За подобро да се разбереме Sat, 18 Feb 2023 09:50:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Минхенска безбедносна конференција Archives - Република https://republika.mk/tema/minhenska-bezbednosna-konferencija/ 32 32 Ковачевски во Минхен ќе разговара за енергетската и кибер безбедноста, како и заштитата од хакерски напади https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-minhen-ke-razgovara-za-energetskata-i-kiber-bezbednosta-kako-i-zashtitata-od-hakerski-napadi/ Sat, 18 Feb 2023 09:55:56 +0000 https://republika.mk/?p=610437

Имаме јасен став во својата надворешна политика и не постои алтернатива на меѓународната соработка во однос на безбедносните прашања, изјави за МИА премиерот Димитар Ковачевски во Минхен, каде учествува на 59-та Минхенска безбедносна конференција.

Премиерот појасни дека Македонија е земја која учествува во мировните мисии на НАТО, меѓутоа и на ОН и истовремено претседава со ОБСЕ, споменувајќи го тука и мотото на нашето претседавање со Организацијата дека сме свртени кон луѓето и кон заштитата и нивната безбедност.

Тоа се гледа и од нашите приоритети каде што клучен приоритет е Украина, меѓутоа и сите други области каде што постои потреба за унапредување на мирот и безбедноста, изјави Ковачевски.

Како што јави известувачот на МИА од Минхен, премиерот потенцира дека овогодишната Минхенска конференција доаѓа во еден исклучутелно значен момент, а клучни теми на неа ќе бидат безбедноста во Европа во светло на војната што се води во Украина.

Премиерот Ковачевски денеска попладне ќе улествува на Панел дискусија во рамки на Конференцијата посветена на безбедноста на Западниот Балкан и значењето на процесот на евроинтеграција на регионт.

Тој напомена дека на панелот е предвидено да се разговара за безбедноста на Западниот Балкан, но за повеќе значајни теми, како енергетската и кибер безбедноста, заштитата од хакерски напади и унапредување на региоаналната соработката, со цел обезбедување што поголема заштита и на државита и на нивните граѓани.

Првата билатерална средба на Ковачевски на маргините на Конференцијата е со српскиот претседател Александар Вучиќ, а предвидено е да се сретне и со естонската премиерка Каја Калас и со повеќе други учесници на форумот.

Првата средба е со претседателот на Србија, Вучиќ бидејќи навистина постои регионален предизвик кој што го надминуваат заедно Србија и Косово, заедно со посредништвото на ЕУ и САД. Значајна е средбата и со премиерката на Естонија, бидејќи заедно со нив работиме на дигитализацијата на државата, особено на воведувањето на електронски ИД, што започна кај нас и каде што клучни резултати ни се од Естонија, како една од најнапредните држави. Има и низа други средби со премиери и претседатели на други држави, со кои ќе разговараме на овие теми, рече премиерот Ковачевски во изјавата за МИА.

https://youtube.com/watch?v=WDS6QlxSBmI&feature=shares

Ковачевски на конференцијата ја предводи владината делегација, во чиј состав е и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, а во својство на председавач со ОБСЕ на форумот е пристен и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На 59. издание на Минхенската конференција за безбедност, учествуваат повеќе од 450 носители на одлуки на високо ниво и истакнати светски лидери, вклучувајќи шефови на држави, министри, први луѓе на меѓународни и невладини организации, како и лидери од бизнисот и граѓанското општество. во фокусот на овогодинешната Минхенската конференција, што се одржува од денеска до 19 февруари, е светското преструктурирање, предизвикано пред се од воената агресија на Русија врз Украина.

На конференцијата, како што јави известувачот на МИА од Минхен, учестува делегација на Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски, кој е придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

The post Ковачевски во Минхен ќе разговара за енергетската и кибер безбедноста, како и заштитата од хакерски напади appeared first on Република.

]]>

Имаме јасен став во својата надворешна политика и не постои алтернатива на меѓународната соработка во однос на безбедносните прашања, изјави за МИА премиерот Димитар Ковачевски во Минхен, каде учествува на 59-та Минхенска безбедносна конференција. Премиерот појасни дека Македонија е земја која учествува во мировните мисии на НАТО, меѓутоа и на ОН и истовремено претседава со ОБСЕ, споменувајќи го тука и мотото на нашето претседавање со Организацијата дека сме свртени кон луѓето и кон заштитата и нивната безбедност.
Тоа се гледа и од нашите приоритети каде што клучен приоритет е Украина, меѓутоа и сите други области каде што постои потреба за унапредување на мирот и безбедноста, изјави Ковачевски.
Како што јави известувачот на МИА од Минхен, премиерот потенцира дека овогодишната Минхенска конференција доаѓа во еден исклучутелно значен момент, а клучни теми на неа ќе бидат безбедноста во Европа во светло на војната што се води во Украина. Премиерот Ковачевски денеска попладне ќе улествува на Панел дискусија во рамки на Конференцијата посветена на безбедноста на Западниот Балкан и значењето на процесот на евроинтеграција на регионт. Тој напомена дека на панелот е предвидено да се разговара за безбедноста на Западниот Балкан, но за повеќе значајни теми, како енергетската и кибер безбедноста, заштитата од хакерски напади и унапредување на региоаналната соработката, со цел обезбедување што поголема заштита и на државита и на нивните граѓани. Првата билатерална средба на Ковачевски на маргините на Конференцијата е со српскиот претседател Александар Вучиќ, а предвидено е да се сретне и со естонската премиерка Каја Калас и со повеќе други учесници на форумот.
Првата средба е со претседателот на Србија, Вучиќ бидејќи навистина постои регионален предизвик кој што го надминуваат заедно Србија и Косово, заедно со посредништвото на ЕУ и САД. Значајна е средбата и со премиерката на Естонија, бидејќи заедно со нив работиме на дигитализацијата на државата, особено на воведувањето на електронски ИД, што започна кај нас и каде што клучни резултати ни се од Естонија, како една од најнапредните држави. Има и низа други средби со премиери и претседатели на други држави, со кои ќе разговараме на овие теми, рече премиерот Ковачевски во изјавата за МИА.
https://youtube.com/watch?v=WDS6QlxSBmI&feature=shares Ковачевски на конференцијата ја предводи владината делегација, во чиј состав е и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, а во својство на председавач со ОБСЕ на форумот е пристен и министерот за надворешни работи Бујар Османи. На 59. издание на Минхенската конференција за безбедност, учествуваат повеќе од 450 носители на одлуки на високо ниво и истакнати светски лидери, вклучувајќи шефови на држави, министри, први луѓе на меѓународни и невладини организации, како и лидери од бизнисот и граѓанското општество. во фокусот на овогодинешната Минхенската конференција, што се одржува од денеска до 19 февруари, е светското преструктурирање, предизвикано пред се од воената агресија на Русија врз Украина. На конференцијата, како што јави известувачот на МИА од Минхен, учестува делегација на Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски, кој е придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

The post Ковачевски во Минхен ќе разговара за енергетската и кибер безбедноста, како и заштитата од хакерски напади appeared first on Република.

]]>
Ковачевски-Кришто: БиХ и Македонија немаат отворени прашања, заедно работиме за стабилен Западен Балкан во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-krishto-bih-i-makedonija-nemaat-otvoreni-prashana-zaedno-rabotime-za-stabilen-zapaden-balkan-vo-eu/ Sat, 18 Feb 2023 09:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=610438

Интегрирањето на балканските земји во големото европско семејство е реална потреба на регионот, заклучија на денешната средба на маргините на Михенската безбедносна конференција, премиерот Димитар Ковачевски и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

На средбата, на која присустувал и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Ковачевски и Кришто ги потврдиле пријателските односи меѓу земјите како и заложбата за интензивирање на соработката во наредниот период.

Ковачевски на својата босанска колешка ѝ честиташе што Босна и Херцеговина доби кандидатски статус во Европската Унија.

Тој на средбата истакна дека единствено стабилна и просперитетна иднина на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија.

Интегрирањето на балканските земји во големото европско семејство е реална потреба на регионот, заклучија двајцата соговорници.

Што се однесува до билатералните односи меѓу Босна и Херцеговина и Македонија, тие се без отворени прашања. Наредниот период владите на двете земји ќе бидат фокусирани на унапредување на економската соработка меѓу двете земји, посебно во сегментите на трговската размена во металната, прехранбената и текстилната индустрија, соопшти Владата.

The post Ковачевски-Кришто: БиХ и Македонија немаат отворени прашања, заедно работиме за стабилен Западен Балкан во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Интегрирањето на балканските земји во големото европско семејство е реална потреба на регионот, заклучија на денешната средба на маргините на Михенската безбедносна конференција, премиерот Димитар Ковачевски и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто. На средбата, на која присустувал и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Ковачевски и Кришто ги потврдиле пријателските односи меѓу земјите како и заложбата за интензивирање на соработката во наредниот период. Ковачевски на својата босанска колешка ѝ честиташе што Босна и Херцеговина доби кандидатски статус во Европската Унија. Тој на средбата истакна дека единствено стабилна и просперитетна иднина на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија.
Интегрирањето на балканските земји во големото европско семејство е реална потреба на регионот, заклучија двајцата соговорници.
Што се однесува до билатералните односи меѓу Босна и Херцеговина и Македонија, тие се без отворени прашања. Наредниот период владите на двете земји ќе бидат фокусирани на унапредување на економската соработка меѓу двете земји, посебно во сегментите на трговската размена во металната, прехранбената и текстилната индустрија, соопшти Владата.

The post Ковачевски-Кришто: БиХ и Македонија немаат отворени прашања, заедно работиме за стабилен Западен Балкан во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Македонија и Србија се залагаат за стабилен просперитетен регион, порачаа Ковачевски и Вучиќ од Минхен https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-i-srbija-se-zalagaat-za-stabilen-prosperiteten-region-porachaa-kovachevski-i-vuchik-od-minhen/ Sat, 18 Feb 2023 09:30:48 +0000 https://republika.mk/?p=610433

Заложбите на Србија и Македонија за промовирање на регионална безбедност и развој на демократските општества за стабилен и просперитетен регион, беа теми на разговор на денешната средба во Минхен меѓу премиерот Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ, на маргините на 59. Минхенска безбедносна конференција.

Kовачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ.

Ковачевски-Вучиќ Минхен

На средбата премиерот на Македонија и претседателот на Србија, разменија мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и продолжувањето на соработката на регионален план и на тековните регионални иницијативи.

Двајцата соговорници го поздравија ратификувањето на Договорите кои произлегуваат од Отворен Балкан, со кои конечно станува реалност граѓаните на Македонија, Србија и Албанија да можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци, соопшти Владата.

The post Македонија и Србија се залагаат за стабилен просперитетен регион, порачаа Ковачевски и Вучиќ од Минхен appeared first on Република.

]]>

Заложбите на Србија и Македонија за промовирање на регионална безбедност и развој на демократските општества за стабилен и просперитетен регион, беа теми на разговор на денешната средба во Минхен меѓу премиерот Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ, на маргините на 59. Минхенска безбедносна конференција. Kовачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ. Ковачевски-Вучиќ Минхен На средбата премиерот на Македонија и претседателот на Србија, разменија мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и продолжувањето на соработката на регионален план и на тековните регионални иницијативи. Двајцата соговорници го поздравија ратификувањето на Договорите кои произлегуваат од Отворен Балкан, со кои конечно станува реалност граѓаните на Македонија, Србија и Албанија да можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци, соопшти Владата.

The post Македонија и Србија се залагаат за стабилен просперитетен регион, порачаа Ковачевски и Вучиќ од Минхен appeared first on Република.

]]>
Шефот на Минхенската безбедносна конференција демантира дека лично профитирал од настанот https://republika.mk/vesti/svet/shefot-na-minhenskata-bezbednosna-konferencija-demantira-deka-lichno-profitiral-od-nastanot/ Fri, 18 Feb 2022 19:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=460632

Минхенската безбедносна конференција, голем собир на глобалните лидери за одбранбена политика, беше отворена денеска и покрај тврдењата дека нејзиниот директор во заминување, германскиот дипломат Волфганг Ишингер, го искористил настанот за финансиска добивка.

Ишингер ги отфрли таквите наводи, првично објавени од списанието „Шпигел“.

„Шпигел“ вчера објави дека консултантската фирма на Ишингер, чиј коосновач е од 2015 година, продавала состаноци со официјални лица и контакти за присутните на високо ниво на конференцијата на маргините на настанот. Медиумот наведе дека Ишингер ставил свои 30 отсто од акциите во фирмата во труст, но сепак има приходи од нејзините активности.

Питер Конзе од антикорупциската Транспаренси интернешнал изјави за дневниот весник Тагесшпигел дека иако активностите на Ишингер се легални, тие „покренуваат прашања и можат да влијаат на имиџот на настанот“.

Ишингер (75), поранешен германски амбасадор во САД и Велика Британија, го води годишниот Безбедносен форум во Михен од 2008 година.

Тој денеска за јавниот сервис Бајерише Рундфунк изјави дека извештајот на Шпигел е „целосно чуден“, нагласувајќи дека тој „лично никогаш не профитирал“ од Минхенската безбедносна конференција.

Водењето на конференцијата се претвори во „апсолутна работа со полно работно време - истакна Ишингер кој тврди дека добивал пари за трошоци, но не земал плата.

Тој додаде дека конференцијата е приватен настан делумно финансиран со донации и дека на тој начин барал спонзори. Во замена, на спонзорите им било овозможено „вмрежување“ на настанот со истакнати гости.

The post Шефот на Минхенската безбедносна конференција демантира дека лично профитирал од настанот appeared first on Република.

]]>

Минхенската безбедносна конференција, голем собир на глобалните лидери за одбранбена политика, беше отворена денеска и покрај тврдењата дека нејзиниот директор во заминување, германскиот дипломат Волфганг Ишингер, го искористил настанот за финансиска добивка. Ишингер ги отфрли таквите наводи, првично објавени од списанието „Шпигел“. „Шпигел“ вчера објави дека консултантската фирма на Ишингер, чиј коосновач е од 2015 година, продавала состаноци со официјални лица и контакти за присутните на високо ниво на конференцијата на маргините на настанот. Медиумот наведе дека Ишингер ставил свои 30 отсто од акциите во фирмата во труст, но сепак има приходи од нејзините активности. Питер Конзе од антикорупциската Транспаренси интернешнал изјави за дневниот весник Тагесшпигел дека иако активностите на Ишингер се легални, тие „покренуваат прашања и можат да влијаат на имиџот на настанот“. Ишингер (75), поранешен германски амбасадор во САД и Велика Британија, го води годишниот Безбедносен форум во Михен од 2008 година. Тој денеска за јавниот сервис Бајерише Рундфунк изјави дека извештајот на Шпигел е „целосно чуден“, нагласувајќи дека тој „лично никогаш не профитирал“ од Минхенската безбедносна конференција.
Водењето на конференцијата се претвори во „апсолутна работа со полно работно време - истакна Ишингер кој тврди дека добивал пари за трошоци, но не земал плата.
Тој додаде дека конференцијата е приватен настан делумно финансиран со донации и дека на тој начин барал спонзори. Во замена, на спонзорите им било овозможено „вмрежување“ на настанот со истакнати гости.

The post Шефот на Минхенската безбедносна конференција демантира дека лично профитирал од настанот appeared first on Република.

]]>
Три дена во Германија, Славјанка Петровска ќе учествува на Минхенската конференција за безбедност https://republika.mk/vesti/makedonija/tri-dena-vo-germanija-slavjanka-petrovska-kje-uchestvuva-na-minhenskata-konferencija-za-bezbednost/ Thu, 17 Feb 2022 15:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=459988

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација на годинешната Минхенска конференција за безбедност која започнува утре, 18 февруари и ќе трае до недела.

Премиерот Ковачевски и членовите на делегацијата што ја сочинуваат заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи за време на тридневната работа на конференцијата ќе учествуваат на повеќе централни и придружни настани во рамките на конференциската агенда, како и на повеќе заеднички и одделни билатерални средби.

На ова 58 издание на Минхенска конференција за безбедност, која оваа година е посветена на темата „Меѓународната соработка во време на растечки кризи“ и на која учествуваат многубројни претседатели на држави, шефови на влади и министри, како и највисоки претставници на најзначајните меѓународните организации за безбедносни прашања, премиерот Ковачевски ќе оствари и средби со лидери од регионот и други високи претставници на одделни држави и меѓународни организации.

Премиерот Ковачевски, во сабота на 19 февруари, како дел од официјалната програма на Минхенската безбедносна конференција во организација на Регионалниот Совет за соработка (RCC), ќе има обраќање на дебатата за перспективите на ЕУ-Западен Балкан „Не изгледајте одвоено – исцртување на патека за ЕУ и Западен Балкан“.

Како дел од активностите на членовите на делегацијата на Владата на Македонија, министерката за одбрана, Славјанка Петровска ќе има свое излагање на Панелот „Вечер посветена на иновации". Петровска ќе учествува на сесијата „Конверзација со новата германска министерка за одбрана”. Министерката за одбрана ќе учествува и на сесија посветена на контролата на вооружувањето, како и на панелот „Русија, Украина и безбедноста во Европа”, а ќе оствари и повеќе средби со министри за одбрана и воени и одбранбени авторитети.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на Минхенската безбедносна конференција, ќе учествува на посебен настан заедно со сите министри за надворешни работи од Западен Балкан, во организација на министерката за надворешни работи на СР Германија, Аналена Бербок. Османи ќе има свое излагање на настанот „Дупката во срцето на Европа? Назад кон Западниот Балкан" и ќе оствари повеќе средби со свои колеги од европските и воневропските држави.

The post Три дена во Германија, Славјанка Петровска ќе учествува на Минхенската конференција за безбедност appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација на годинешната Минхенска конференција за безбедност која започнува утре, 18 февруари и ќе трае до недела. Премиерот Ковачевски и членовите на делегацијата што ја сочинуваат заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи за време на тридневната работа на конференцијата ќе учествуваат на повеќе централни и придружни настани во рамките на конференциската агенда, како и на повеќе заеднички и одделни билатерални средби. На ова 58 издание на Минхенска конференција за безбедност, која оваа година е посветена на темата „Меѓународната соработка во време на растечки кризи“ и на која учествуваат многубројни претседатели на држави, шефови на влади и министри, како и највисоки претставници на најзначајните меѓународните организации за безбедносни прашања, премиерот Ковачевски ќе оствари и средби со лидери од регионот и други високи претставници на одделни држави и меѓународни организации. Премиерот Ковачевски, во сабота на 19 февруари, како дел од официјалната програма на Минхенската безбедносна конференција во организација на Регионалниот Совет за соработка (RCC), ќе има обраќање на дебатата за перспективите на ЕУ-Западен Балкан „Не изгледајте одвоено – исцртување на патека за ЕУ и Западен Балкан“. Како дел од активностите на членовите на делегацијата на Владата на Македонија, министерката за одбрана, Славјанка Петровска ќе има свое излагање на Панелот „Вечер посветена на иновации". Петровска ќе учествува на сесијата „Конверзација со новата германска министерка за одбрана”. Министерката за одбрана ќе учествува и на сесија посветена на контролата на вооружувањето, како и на панелот „Русија, Украина и безбедноста во Европа”, а ќе оствари и повеќе средби со министри за одбрана и воени и одбранбени авторитети. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на Минхенската безбедносна конференција, ќе учествува на посебен настан заедно со сите министри за надворешни работи од Западен Балкан, во организација на министерката за надворешни работи на СР Германија, Аналена Бербок. Османи ќе има свое излагање на настанот „Дупката во срцето на Европа? Назад кон Западниот Балкан" и ќе оствари повеќе средби со свои колеги од европските и воневропските држави.

The post Три дена во Германија, Славјанка Петровска ќе учествува на Минхенската конференција за безбедност appeared first on Република.

]]>
Русија е поканета да учествува на Минхенската безбедносна конференција https://republika.mk/vesti/svet/rusija-e-pokaneta-da-uchestvuva-na-minhenskata-bezbednosna-konferencija/ Mon, 14 Feb 2022 14:22:36 +0000 https://republika.mk/?p=458440

Претседавачот со Минхенската безбедносна конференција, Волфганг Ишингер, истакна дека руските лидери се поканети да учествуваат на меѓународните разговори овој викенд.

Шансите навистина да се одржат значајни разговори за ова прашање во Минхен се, се разбира, многу поголеми доколку присуствува овластен претставник на руската Влада кој има дозвола да зборува - истакна Ишингер во Берлин, коментирајќи ја украинската криза.

Како потенцијални гости, Ишингер ги именуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, поранешниот претседател Дмитриј Медведев и претседателот Владимир Путин.

Но, за жал, тоа беше одбиено - изјави Ишингер.

Конференцијата за безбедност во Минхен ќе биде отворена в петок. В сабота главните дискусии ќе бидат посветени на Украина, Русија и НАТО, а в недела за иднината на Европската Унија.

Презентирајќи го „Извештајот за безбедност 2022“, Ишингер се пожали на колективна и, до одреден степен, научена беспомошност како одговор на мноштво кризи.

На конференцијата ќе присуствуваат повеќе од 100 министри и повеќе од 30 шефови на држави и влади.

Минатата година, безбедносната конференција можеше да се одржи само виртуелно поради пандемијата. Годинава учесниците физички ќе бидат присутни, но во помал број и со строги мерки. Ограничувањата поради Ковид-19 го отежнуваат патувањето на руските гости на конференцијата, затоа што руските вакцини вообичаено не се одобрени во Германија.

Затоа многу Руси откажаа учество - изјави Ишингер.

The post Русија е поканета да учествува на Минхенската безбедносна конференција appeared first on Република.

]]>

Претседавачот со Минхенската безбедносна конференција, Волфганг Ишингер, истакна дека руските лидери се поканети да учествуваат на меѓународните разговори овој викенд.
Шансите навистина да се одржат значајни разговори за ова прашање во Минхен се, се разбира, многу поголеми доколку присуствува овластен претставник на руската Влада кој има дозвола да зборува - истакна Ишингер во Берлин, коментирајќи ја украинската криза.
Како потенцијални гости, Ишингер ги именуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, поранешниот претседател Дмитриј Медведев и претседателот Владимир Путин.
Но, за жал, тоа беше одбиено - изјави Ишингер.
Конференцијата за безбедност во Минхен ќе биде отворена в петок. В сабота главните дискусии ќе бидат посветени на Украина, Русија и НАТО, а в недела за иднината на Европската Унија. Презентирајќи го „Извештајот за безбедност 2022“, Ишингер се пожали на колективна и, до одреден степен, научена беспомошност како одговор на мноштво кризи. На конференцијата ќе присуствуваат повеќе од 100 министри и повеќе од 30 шефови на држави и влади. Минатата година, безбедносната конференција можеше да се одржи само виртуелно поради пандемијата. Годинава учесниците физички ќе бидат присутни, но во помал број и со строги мерки. Ограничувањата поради Ковид-19 го отежнуваат патувањето на руските гости на конференцијата, затоа што руските вакцини вообичаено не се одобрени во Германија.
Затоа многу Руси откажаа учество - изјави Ишингер.

The post Русија е поканета да учествува на Минхенската безбедносна конференција appeared first on Република.

]]>