Мимоза Несторова Томиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/mimoza-nestorova-tomik/ За подобро да се разбереме Fri, 24 May 2024 12:37:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мимоза Несторова Томиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/mimoza-nestorova-tomik/ 32 32 Почина архитектката Мимоза Несторова Томиќ, авторката на стоковна куќа „Беко“ и на Музејот на Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-arhitektkata-mimoza-nestorova-tomik-avtorkata-na-stokovna-kuka-beko-i-na-muzejot-na-makedonija/ Fri, 24 May 2024 12:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=781399

По кратко боледување на 22 мај почина Мимоза Несторова Томиќ (96), архитект, урбанист, посветена и на социологијата на урбанизмот. За својот придонес во архитектурата, во 1973 годна е добитник на наградата „13 Ноември“ доделена за градбата Музеи на Македонија, а во 2011 година ја доби наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Добитник е и на признанието OPERA OMNIA од Share Architect 2019 година. Нејзиниот совет до помладите колеги беше: Работете со љубов, дообразувајте се постојано, проширувајќи го знаењето се доближувате до мудроста.

Родена e во Струга во 1928 година, архитектонското образование го завршила на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград. По дипломирањето се вработила во Институтот за народна архитектура при Техничкиот факултет во Скопје, а во 1954 г. била избрана за асистент на Архитектонскиот факултет. Во 1965 год. се вработила во Градскиот завод за Урбанизам како самостоен проектант и раководител, каде од 1986 г. сѐ до пензионирањето во 1989 г. била директор.

Во богатата и наградувана кариера, за Несторова-Томиќ се издвојува дека како дел од тимот на Градскиот завод за урбанизам и архитектура, каде работела на Деталниот урбанистички план за скопската Стара чаршија, на реконструкција на Сули ан, на ревитализација на Старата чаршија и санација на Чифте амам, „Менада”, Комлексот занаетчиски дуќани, авторка е на проектот за стоковната куќа „Беко“, на Музејот на Македонија (со Кирил Муратовски), станбени згради, работела реконструкција на ентериерот на Универзалната сала и била една од урбанистите кои работеле во тимот за разработка на Генералниот урбанистички план на Скопје со Пол Сервис и во тимот на Кензо Танге, по наградениот проектот од ОН, од јапонскиот архитект Кензо Танге, на обновувањето на Скопје после земјотресот.

Мимоза Несторова Томиќ ќе биде погребана денеска на градските гробишта Бутел во Скопје.

 

The post Почина архитектката Мимоза Несторова Томиќ, авторката на стоковна куќа „Беко“ и на Музејот на Македонија appeared first on Република.

]]>

По кратко боледување на 22 мај почина Мимоза Несторова Томиќ (96), архитект, урбанист, посветена и на социологијата на урбанизмот. За својот придонес во архитектурата, во 1973 годна е добитник на наградата „13 Ноември“ доделена за градбата Музеи на Македонија, а во 2011 година ја доби наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Добитник е и на признанието OPERA OMNIA од Share Architect 2019 година. Нејзиниот совет до помладите колеги беше: Работете со љубов, дообразувајте се постојано, проширувајќи го знаењето се доближувате до мудроста. Родена e во Струга во 1928 година, архитектонското образование го завршила на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград. По дипломирањето се вработила во Институтот за народна архитектура при Техничкиот факултет во Скопје, а во 1954 г. била избрана за асистент на Архитектонскиот факултет. Во 1965 год. се вработила во Градскиот завод за Урбанизам како самостоен проектант и раководител, каде од 1986 г. сѐ до пензионирањето во 1989 г. била директор. Во богатата и наградувана кариера, за Несторова-Томиќ се издвојува дека како дел од тимот на Градскиот завод за урбанизам и архитектура, каде работела на Деталниот урбанистички план за скопската Стара чаршија, на реконструкција на Сули ан, на ревитализација на Старата чаршија и санација на Чифте амам, „Менада”, Комлексот занаетчиски дуќани, авторка е на проектот за стоковната куќа „Беко“, на Музејот на Македонија (со Кирил Муратовски), станбени згради, работела реконструкција на ентериерот на Универзалната сала и била една од урбанистите кои работеле во тимот за разработка на Генералниот урбанистички план на Скопје со Пол Сервис и во тимот на Кензо Танге, по наградениот проектот од ОН, од јапонскиот архитект Кензо Танге, на обновувањето на Скопје после земјотресот. Мимоза Несторова Томиќ ќе биде погребана денеска на градските гробишта Бутел во Скопје.  

The post Почина архитектката Мимоза Несторова Томиќ, авторката на стоковна куќа „Беко“ и на Музејот на Македонија appeared first on Република.

]]>