милош жујовиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/milosh-zhujovik/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jun 2024 09:22:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png милош жујовиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/milosh-zhujovik/ 32 32 Дачиќ: Синагогата во Белград е можна првична мета на терористичкот напад во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/dachik-sinagogata-vo-belgrad-e-mozhna-prvichna-meta-na-teroristichkot-napad-vo-belgrad/ Sun, 30 Jun 2024 09:22:46 +0000 https://republika.mk/?p=792041

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека и денеска продолжува акцијата низ цела Србија по вчерашниот терористички акт, како и дека синагогата во Белград била можна прва мета на Милош Жујовиќ

Даиќ додаде дека е извршен претрес на неколку локации, а две лица се во притвор.

Треба да најдеме соодветна причинско-последична врска меѓу активностите на вахабистите и конкретниот настан. Затоа е спроведена широка акција на сослушувања и притвори, а во два случаи е одредена мерка притвор. За Игор Деспотовиќ, кој беше уапсен во Белград, и Кемал Беговиќ кој беше приведен при претресот во Нови Пазар. Одзеден му е елекот со знаме на таканаречената Исламска држава, изјави Дачиќ на РТС.

Дачиќ кажа дека реконструкцијата на движењето на Милош Жујовиќ, кој рани припадник на Жандармеријата во близина на израелската амбасада, покажа дека тој вчера првпат дошол до синагогата во Белград и дека е можно тоа да му била прва цел, но продолжил понатаму кон израелската амбасада поради големиот број припадници на полицијата околу синагогата.

Ова е насочен терористички напад, а ќе видиме кој се учествувал во него, посочи Дачиќ.

Според него, она што е неспорно за сите тие луѓе е дека припаѓаат на вехабистичкото екстремистичко движење.

Како што објасни Дачиќ, во Србија е прогласено „Црвеното ниво на закана“ што значи дека сите единици на Министерството за внатрешни работи се ставени на највисоко ниво на будност и дека нивната задача е да бидат видливи во обезбедувањето на јавниот ред и мир и спречување на можни терористички акти.

Тоа значи дека ќе ги има на многу локации низ Србија. Ова е превентивна мерка со цел да не се случат други дејствија. Понекогаш терористите знаат да направат таканаречена мамка, односно да направат акција која е од секундарен тип и потоа да следи друга главна акција. Овој терористичкиот акт беше запрен практично на самиот почеток, објасни Дачиќ и додаде дека граѓаните се безбедни.

The post Дачиќ: Синагогата во Белград е можна првична мета на терористичкот напад во Белград appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека и денеска продолжува акцијата низ цела Србија по вчерашниот терористички акт, како и дека синагогата во Белград била можна прва мета на Милош Жујовиќ Даиќ додаде дека е извршен претрес на неколку локации, а две лица се во притвор.
Треба да најдеме соодветна причинско-последична врска меѓу активностите на вахабистите и конкретниот настан. Затоа е спроведена широка акција на сослушувања и притвори, а во два случаи е одредена мерка притвор. За Игор Деспотовиќ, кој беше уапсен во Белград, и Кемал Беговиќ кој беше приведен при претресот во Нови Пазар. Одзеден му е елекот со знаме на таканаречената Исламска држава, изјави Дачиќ на РТС.
Дачиќ кажа дека реконструкцијата на движењето на Милош Жујовиќ, кој рани припадник на Жандармеријата во близина на израелската амбасада, покажа дека тој вчера првпат дошол до синагогата во Белград и дека е можно тоа да му била прва цел, но продолжил понатаму кон израелската амбасада поради големиот број припадници на полицијата околу синагогата.
Ова е насочен терористички напад, а ќе видиме кој се учествувал во него, посочи Дачиќ.
Според него, она што е неспорно за сите тие луѓе е дека припаѓаат на вехабистичкото екстремистичко движење. Како што објасни Дачиќ, во Србија е прогласено „Црвеното ниво на закана“ што значи дека сите единици на Министерството за внатрешни работи се ставени на највисоко ниво на будност и дека нивната задача е да бидат видливи во обезбедувањето на јавниот ред и мир и спречување на можни терористички акти.