Милош Вучевиќ. Archives - Република https://republika.mk/tema/milosh-vuchevik/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 10:38:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Милош Вучевиќ. Archives - Република https://republika.mk/tema/milosh-vuchevik/ 32 32 Вучевиќ: Владата е подготвена да поднесе закон до Собранието за враќање на задолжителниот воен рок https://republika.mk/vesti/balkan/vuchevik-vladata-e-podgotvena-da-podnese-zakon-do-sobranieto-za-vrakane-na-zadolzhitelniot-voen-rok/ Fri, 13 Sep 2024 10:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=816010

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека апсолутно го поддржува враќањето на задолжителниот воен рок и дека Владата на Србија е подготвена, доколку се постигне политички и општествен договор, многу брзо да донесе ваков предлог-закон и да го поднесе до Собранието на усвојување, јави дописникот на МИА од Белград.

- Владата е подготвена многу брзо да оди со тој предлог до Народното собрание и кога ќе бидат исполнети логистичките и административните услови да започне со него во 2025 година. Јас како премиер и целата влада силно го поддржуваме она што претседателот (Вучиќ) го најави, а тоа е дека сериозно се приближуваме кон евентуалното донесување правен акт за укинувањето на суспензијата на воениот рок, рече Вучевиќ на РТС.

Тој потсети дека во април е изготвен елаборат со предлози за враќање на задолжителниот воен рок и дека претседателот на Републиката излезе со идеја овој рок да не биде подолг од 75 дена, од кои 60 дена ќе бидат обука, плус 15 дена вежби, со аспект одредени профили на образование посебно да се категоризираат, како на пример оние кои имаат завршено машински училишта или факултети да бидат вклучени во воено-техничките факултети, додека другите да одат на редовна обука.

Вучевиќ оцени дека е добро и корисно да се врати задолжителниот воен рок и за младите и за целата земја.

- Тоа не е подготовка за војни и конфликти, туку е грижа за земјата. Нашата земја со тоа не го укинува професионалниот состав на Вооружените сили на Србија (ВС), кој е ударна сила на ВС. Професионалната војска ги извршува најсложените задачи. Со тоа ќе се врати силата на резервната војска, бидејќи имавме 11, 12 генерации кои не служеа војска или мал дел преку доброволно служење воен рок, рече тој.

Вучевиќ изјави дека ничиј живот нема да биде упропрастен за 75 дена и дека за тоа време младите регрути ќе добиваат паричен надомест, а касарните ќе се прилагодат на денешното време. 

The post Вучевиќ: Владата е подготвена да поднесе закон до Собранието за враќање на задолжителниот воен рок appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека апсолутно го поддржува враќањето на задолжителниот воен рок и дека Владата на Србија е подготвена, доколку се постигне политички и општествен договор, многу брзо да донесе ваков предлог-закон и да го поднесе до Собранието на усвојување, јави дописникот на МИА од Белград. - Владата е подготвена многу брзо да оди со тој предлог до Народното собрание и кога ќе бидат исполнети логистичките и административните услови да започне со него во 2025 година. Јас како премиер и целата влада силно го поддржуваме она што претседателот (Вучиќ) го најави, а тоа е дека сериозно се приближуваме кон евентуалното донесување правен акт за укинувањето на суспензијата на воениот рок, рече Вучевиќ на РТС. Тој потсети дека во април е изготвен елаборат со предлози за враќање на задолжителниот воен рок и дека претседателот на Републиката излезе со идеја овој рок да не биде подолг од 75 дена, од кои 60 дена ќе бидат обука, плус 15 дена вежби, со аспект одредени профили на образование посебно да се категоризираат, како на пример оние кои имаат завршено машински училишта или факултети да бидат вклучени во воено-техничките факултети, додека другите да одат на редовна обука. Вучевиќ оцени дека е добро и корисно да се врати задолжителниот воен рок и за младите и за целата земја.
- Тоа не е подготовка за војни и конфликти, туку е грижа за земјата. Нашата земја со тоа не го укинува професионалниот состав на Вооружените сили на Србија (ВС), кој е ударна сила на ВС. Професионалната војска ги извршува најсложените задачи. Со тоа ќе се врати силата на резервната војска, бидејќи имавме 11, 12 генерации кои не служеа војска или мал дел преку доброволно служење воен рок, рече тој.
Вучевиќ изјави дека ничиј живот нема да биде упропрастен за 75 дена и дека за тоа време младите регрути ќе добиваат паричен надомест, а касарните ќе се прилагодат на денешното време. 

The post Вучевиќ: Владата е подготвена да поднесе закон до Собранието за враќање на задолжителниот воен рок appeared first on Република.

]]>
Кој е новиот Вучиќ во СНС: Човек од доверба на претседателот на државата, другар на неговиот брат https://republika.mk/vesti/balkan/koj-e-noviot-vuchik-vo-sns-chovek-od-doverba-na-pretsedatelot-na-drzhavata-drugar-na-negoviot-brat/ Sat, 27 May 2023 16:56:18 +0000 https://republika.mk/?p=645277

Милош Вучeвиќ е избран за нов претседател на Српската напредна странка на предлог на претседателот Александар Вучиќ.Вучевиќ е еден од најистакнатите соработници на претседателот Вучиќ и заедно со Дарко Глишиќ, претседател на Извршниот одбор на СНС, се смета еден од најспособните партиски оперативци. Милош е и најдобар другар на неговиот брат Андреј.

Роден 1974 година во Нови Сад, член е на Српската напредна странка од 2008 година.

За градоначалник на Нови Сад беше избран во септември 2012 година, по што престана да работи како адвокат. По втор пат е избран за градоначалник во јули 2016 година, а трет пат во септември 2020 година.Тој е страстен љубител на фудбалот и спортот воопшто. Тој сака слободното време да го поминува во природа и со риболов.

The post Кој е новиот Вучиќ во СНС: Човек од доверба на претседателот на државата, другар на неговиот брат appeared first on Република.

]]>

Милош Вучeвиќ е избран за нов претседател на Српската напредна странка на предлог на претседателот Александар Вучиќ.Вучевиќ е еден од најистакнатите соработници на претседателот Вучиќ и заедно со Дарко Глишиќ, претседател на Извршниот одбор на СНС, се смета еден од најспособните партиски оперативци. Милош е и најдобар другар на неговиот брат Андреј. Роден 1974 година во Нови Сад, член е на Српската напредна странка од 2008 година. За градоначалник на Нови Сад беше избран во септември 2012 година, по што престана да работи како адвокат. По втор пат е избран за градоначалник во јули 2016 година, а трет пат во септември 2020 година.Тој е страстен љубител на фудбалот и спортот воопшто. Тој сака слободното време да го поминува во природа и со риболов.

The post Кој е новиот Вучиќ во СНС: Човек од доверба на претседателот на државата, другар на неговиот брат appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Вучевиќ: Ќе продолжи продлабочувањето на односите меѓу Македонија и Србија https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vuchevik-ke-prodolzhi-prodlabochuvaneto-na-odnosite-megu-makedonija-i-srbija/ Fri, 27 Jan 2023 18:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=601760

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со потпретседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ.

На состанокот се разговараше на повеќе теми, во насока на продолжување и унапредување на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Србија. Заеднички беше констатирано дека односите меѓу двете земји се пријателски и партнерски, а ќе продолжат да се продлабочуваат преку проширување на соработката, зацврстување на взаемната доверба, разбирањето и добрососедството.

Тема на разговор беше и отворањето на почесниот Конзулат на Република Србија во Охрид, нормализирањето на односите помеѓу двете цркви, МПЦ-ОА и СПЦ.

Премиерот Ковачевски истакна дека патнерството и пријателството меѓу Република Македонија и Република Србија се пример за регионов. Затоа не само за двете држави, туку и за целиот регион е важно да се изоди европскиот пат.

Од страна на потпретседателот на владата на Република Србија Вучевиќ беше изразена благодарност до македонската Влада за поддршката на српската заедница во Македонија и нејзината вклученост во мултикултурното општество во кое сите придонесуваат.

Вучевиќ истакна дека Владата на Рењпублика Србија останува посветена на одлични односи и продолжување на соработката, бидејќи Република Србија нема поблизок народ. Сите суштински прашања се решени, а односите во регионот се релаксирани.

И двете страни истакнаа дека Отворен Балкан треба да се прошири бидејќи е доказ за нас самите дека можеме да го развиваме регионот.

 

The post Ковачевски – Вучевиќ: Ќе продолжи продлабочувањето на односите меѓу Македонија и Србија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со потпретседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ. На состанокот се разговараше на повеќе теми, во насока на продолжување и унапредување на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Србија. Заеднички беше констатирано дека односите меѓу двете земји се пријателски и партнерски, а ќе продолжат да се продлабочуваат преку проширување на соработката, зацврстување на взаемната доверба, разбирањето и добрососедството. Тема на разговор беше и отворањето на почесниот Конзулат на Република Србија во Охрид, нормализирањето на односите помеѓу двете цркви, МПЦ-ОА и СПЦ. Премиерот Ковачевски истакна дека патнерството и пријателството меѓу Република Македонија и Република Србија се пример за регионов. Затоа не само за двете држави, туку и за целиот регион е важно да се изоди европскиот пат. Од страна на потпретседателот на владата на Република Србија Вучевиќ беше изразена благодарност до македонската Влада за поддршката на српската заедница во Македонија и нејзината вклученост во мултикултурното општество во кое сите придонесуваат. Вучевиќ истакна дека Владата на Рењпублика Србија останува посветена на одлични односи и продолжување на соработката, бидејќи Република Србија нема поблизок народ. Сите суштински прашања се решени, а односите во регионот се релаксирани. И двете страни истакнаа дека Отворен Балкан треба да се прошири бидејќи е доказ за нас самите дека можеме да го развиваме регионот.  

The post Ковачевски – Вучевиќ: Ќе продолжи продлабочувањето на односите меѓу Македонија и Србија appeared first on Република.

]]>