Милош Мартиновиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/milosh-martinovikj/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Aug 2022 15:46:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Милош Мартиновиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/milosh-martinovikj/ 32 32 Влегол на местото на маскрот во Цетиње и нашол делови од телата на неговите најблиски: Човек кој ги загуби двете деца и сопругата се сомнева во истрагата https://republika.mk/vesti/balkan/vlegol-na-mestoto-na-maskrot-vo-cetinje-i-nashol-delovi-od-telata-na-negovite-najbliski-chovek-koj-gi-zagubi-dvete-deca-i-soprugata-se-somneva-vo-istragata/ Sun, 28 Aug 2022 16:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=544981

Милош Мартиновиќ, кој во масакрот во Цетиње ги загуби двата малолетни сина и сопругата, четири дена по трагедијата морал да влезе во станот за да ги земе семејните работи. Таму нашол грозоморна сцена и крвава соба.

Како потсетување, Вук Бориловиќ (34) изврши страшен масакр во Цетиње кога од непозната причина уби десет и рани шест лица, а продолжението на трагедијата го спречија куршумите на полицијата и локален жител, кој го уби полудениот Бориловиќ.

Како што пренесува црногорска „Побједа“, при влегувањето во изнајмениот стан, кој се наоѓа во куќата на Бориловиќ, каде што живеел со семејството до масакрот, Мартиновиќ нашол крв на подот и покуќнината, додека на фотелјата го пречекале парчиња месо откорнати од куршуми.

Несреќниот маж во кујната пронашол неискористени патрони за ловечка муниција, под креветот нашол футрола за ловечка пушка и мобилни телефони кои ги користеле неговото семејство пред да бидат брутално убиени.

Посмртните останки од телата, тој внимателно ги собрал и ги складирал во црквата, од каде кога ќе најде сила ќе ги погреба во семејната гробница. Неискористената муниција Мартиновиќ ја однел со себе во семејната куќа каде што сега живее.

Откако влегол на местото на злосторството и на местото на страдање на своите најблиски, Мартиновиќ за пронајдените докази го известил еден од командирите на полициската станица во Цетиње, а на полицијата и предал девет парчиња неискористена муниција, пишува црногорскиот весник.

Како што понатаму се наведува во текстот, Мартиновиќ истиот ден испратил известување по електронска пошта за се што се случува со началникот на Секторот за обезбедување Цетиње, директорот на Управата на полицијата и министерот за внатрешни работи.

На 16.08.2022 година околу 13.30 часот отидов во Медовина бб, куќата во која се случило злосторството, за да земам лични работи. Во таа прилика, покрај личните предмети, најдов и неупотребена муниција за пушка (чаури) во кујната.Очигледно заклучувам дека истрагата не е направена и не се почитувани законските процедури - напишал Мартиновиќ.

Тој истакнува дека повторно преживеал тешки моменти и изразува отворен сомнеж дали полицијата воопшто сакала да го расветли злосторството што се случи на 12 август во Цетиње.

Се чувствувам повредено од таквиот неодговорен однос кон жртвите на ова монструозно злосторство, пред се членовите на моето семејство. Во неверување дека и покрај сета мака морам да собирам неиспукана муниција и други траги од злосторството околу куќата, губам надеж дека полицијата воопшто сака да го расветли ова злосторство - се наведува во писмото што го објави црногорскиот портал.

The post Влегол на местото на маскрот во Цетиње и нашол делови од телата на неговите најблиски: Човек кој ги загуби двете деца и сопругата се сомнева во истрагата appeared first on Република.

]]>

Милош Мартиновиќ, кој во масакрот во Цетиње ги загуби двата малолетни сина и сопругата, четири дена по трагедијата морал да влезе во станот за да ги земе семејните работи. Таму нашол грозоморна сцена и крвава соба. Како потсетување, Вук Бориловиќ (34) изврши страшен масакр во Цетиње кога од непозната причина уби десет и рани шест лица, а продолжението на трагедијата го спречија куршумите на полицијата и локален жител, кој го уби полудениот Бориловиќ. Како што пренесува црногорска „Побједа“, при влегувањето во изнајмениот стан, кој се наоѓа во куќата на Бориловиќ, каде што живеел со семејството до масакрот, Мартиновиќ нашол крв на подот и покуќнината, додека на фотелјата го пречекале парчиња месо откорнати од куршуми. Несреќниот маж во кујната пронашол неискористени патрони за ловечка муниција, под креветот нашол футрола за ловечка пушка и мобилни телефони кои ги користеле неговото семејство пред да бидат брутално убиени. Посмртните останки од телата, тој внимателно ги собрал и ги складирал во црквата, од каде кога ќе најде сила ќе ги погреба во семејната гробница. Неискористената муниција Мартиновиќ ја однел со себе во семејната куќа каде што сега живее. Откако влегол на местото на злосторството и на местото на страдање на своите најблиски, Мартиновиќ за пронајдените докази го известил еден од командирите на полициската станица во Цетиње, а на полицијата и предал девет парчиња неискористена муниција, пишува црногорскиот весник. Како што понатаму се наведува во текстот, Мартиновиќ истиот ден испратил известување по електронска пошта за се што се случува со началникот на Секторот за обезбедување Цетиње, директорот на Управата на полицијата и министерот за внатрешни работи.