милијардер Archives - Република https://republika.mk/tema/milijarder/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Aug 2024 06:53:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png милијардер Archives - Република https://republika.mk/tema/milijarder/ 32 32 Исчезнат е милијардерот Линч откако луксузна јахта вчера потона кај Сицилија https://republika.mk/vesti/svet/ischeznat-e-milijarderot-linch-otkako-luksuzna-jahta-vchera-potona-kaj-sitsilija/ Tue, 20 Aug 2024 06:53:43 +0000 https://republika.mk/?p=808095

По потонувањето на луксузната јахта вчера во бура кај Сицилија се трага по шестмина исчезнати меѓу кои се британскиот технолошки претприемач Мајк Линч (59) и неговата ќерка Хана (18), претседателот на банката Morgan Stanley International Џонатан Блумер и адвокатот Крис Морвило.

Ова го соопшти цивилната заштита на Сицилија додавајќи дека на луксузната 56-метарска едрилица имало 22 лица, државјани на САД, Велика Британија и Канада. Спасени се 15 лица, а потврдено е дека е пронајдено телото на готвачот.

Сведоци за италијанската новинска агенција Анса изјавиле дека сидрото на едрилицата било спуштено кога ја погодило невремето, поради што јарболот се скршил, а бродот изгубил рамнотежа и потонал. Потонатиот брод лежи на морското дно на длабочина од 50 метри, а нуркачите се подготвуваат да ја продолжат потрагата по исчезнатите.

Мајк Линч, еден од исчезнатите патници „е британскиот Бил Гејтс“. Тој е коосновач на софтверската компанија Autonomy, а во 2011 година ја продаде на американскиот компјутерски гигант Hewlett-Packard (HP) за 11 милијарди долари. Во јуни, тој беше ослободен во САД од повеќе обвиненија за измама, поради кои му се закануваше казна од 20 години затвор.

Јахтата потона истиот ден кога Стивен Чембрлен кој беше обвинет со Линч во случајот со измама, почина откако го удри автомобил.

Луксузната едрилица може да прими до 12 гости во шест апартмани. Сопственичката е Анџела Бакарес, сопругата на Линч, која е една од 15-те спасени луѓе. Преживеале и мајка и нејзиното едногодишно бебе од Велика Британија. Жената раскажала дека го држела своето бебе над површината на морето за да го спаси од давење.

Таа за италијанскиот весник „Ла Република“ изјави дека нејзиното семејство преживеало бидејќи биле на палубата кога потонала јахтата.

- Не разбудија громови, молњи и бранови. Се чувствувавме како да доаѓа крајот на светот. На две секунди ја изгубив ќерка ми во морето, а потоа брзо ја прегрнав, ја цитира весникот. Преживеаните раскажуваат дека патувањето го организирал Линч за неговите колеги од работа.

Брод кој пловел под холандско знаме во близина ги спасил преживеаните додека не пристигнала итната помош. Откако невремето поминало, капетанот Карстен Борнер рече дека неговиот екипаж забележал дека јахтата зад нив исчезнала.

„Видовме црвен факел, па јас и мојот прв офицер отидовме на позицијата и најдовме чамец за спасување со 15 преживеани, од кои тројца беа тешко повредени, изјави тој.

Осуммина од спасените се пренесени во болница, соопшти италијанската крајбрежна стража.

The post Исчезнат е милијардерот Линч откако луксузна јахта вчера потона кај Сицилија appeared first on Република.

]]>

По потонувањето на луксузната јахта вчера во бура кај Сицилија се трага по шестмина исчезнати меѓу кои се британскиот технолошки претприемач Мајк Линч (59) и неговата ќерка Хана (18), претседателот на банката Morgan Stanley International Џонатан Блумер и адвокатот Крис Морвило. Ова го соопшти цивилната заштита на Сицилија додавајќи дека на луксузната 56-метарска едрилица имало 22 лица, државјани на САД, Велика Британија и Канада. Спасени се 15 лица, а потврдено е дека е пронајдено телото на готвачот. Сведоци за италијанската новинска агенција Анса изјавиле дека сидрото на едрилицата било спуштено кога ја погодило невремето, поради што јарболот се скршил, а бродот изгубил рамнотежа и потонал. Потонатиот брод лежи на морското дно на длабочина од 50 метри, а нуркачите се подготвуваат да ја продолжат потрагата по исчезнатите. Мајк Линч, еден од исчезнатите патници „е британскиот Бил Гејтс“. Тој е коосновач на софтверската компанија Autonomy, а во 2011 година ја продаде на американскиот компјутерски гигант Hewlett-Packard (HP) за 11 милијарди долари. Во јуни, тој беше ослободен во САД од повеќе обвиненија за измама, поради кои му се закануваше казна од 20 години затвор. Јахтата потона истиот ден кога Стивен Чембрлен кој беше обвинет со Линч во случајот со измама, почина откако го удри автомобил. Луксузната едрилица може да прими до 12 гости во шест апартмани. Сопственичката е Анџела Бакарес, сопругата на Линч, која е една од 15-те спасени луѓе. Преживеале и мајка и нејзиното едногодишно бебе од Велика Британија. Жената раскажала дека го држела своето бебе над површината на морето за да го спаси од давење. Таа за италијанскиот весник „Ла Република“ изјави дека нејзиното семејство преживеало бидејќи биле на палубата кога потонала јахтата. - Не разбудија громови, молњи и бранови. Се чувствувавме како да доаѓа крајот на светот. На две секунди ја изгубив ќерка ми во морето, а потоа брзо ја прегрнав, ја цитира весникот. Преживеаните раскажуваат дека патувањето го организирал Линч за неговите колеги од работа. Брод кој пловел под холандско знаме во близина ги спасил преживеаните додека не пристигнала итната помош. Откако невремето поминало, капетанот Карстен Борнер рече дека неговиот екипаж забележал дека јахтата зад нив исчезнала. „Видовме црвен факел, па јас и мојот прв офицер отидовме на позицијата и најдовме чамец за спасување со 15 преживеани, од кои тројца беа тешко повредени, изјави тој. Осуммина од спасените се пренесени во болница, соопшти италијанската крајбрежна стража.

The post Исчезнат е милијардерот Линч откако луксузна јахта вчера потона кај Сицилија appeared first on Република.

]]>
Милијардер и неговото семејство одат во затвор поради експлоатација на работници https://republika.mk/vesti/svet/milijarder-i-negovoto-semejstvo-odat-vo-zatvor-poradi-eksploatatsija-na-rabotnitsi/ Sat, 22 Jun 2024 10:39:53 +0000 https://republika.mk/?p=789729

Милијардерот од Индија по име Пракаш Хиндуџа и тројца членови на неговото семејство денеска беа осудени на затворски казни во Швајцарија поради експлоатација на индиски работници во нивната вила во таа земја, така што им го одземале пасошите, им забранувале да излегуваат надвор и ги принудувале да работат и до 18 часа дневно.

Пракаш Хидуџа (79), неговата сопруга Камал (75), синот Ајај и неговата сопруга Намрата се осудени на затвор од четири до четири и пол години. Петтообвинетиот, семејниот менаџер Наџиб Зијази, е осуден на 18 месеци затвор.

Судот одлучи дека четворицата се виновни за експлоатацијата и незаконското вработување на работниците, речиси целосното одбивање на здравственото осигурување на работниците и исплата на плати кои не достигнуваат ни десетина од платата што се исплаќа во Швајцарија за таквите работни места.

Според обвинителите, работниците опишале „атмосфера на страв“ која Камал Хиндуџа ја правел. Тие биле принудени да работат со многу малку или без време за одмор, а во моментот на прием работеле до доцна во ноќта. Тие спиеле во подрумот на вилата, лоцирана покрај езерото, и тоа не задолжително на кревети, туку на душеци на подот.

Швајцарскиот суд не ги прогласи обвинетите за одговорни за некои од посериозните точки од обвинението, како што е шверцот на луѓе, бидејќи, како што беше речено во судот, работниците знаеле во што се впуштаат - барем делумно.

Тоа се главно неписмени Индијци кои не биле платени во швајцарски франци, туку во индиски рупии, а овие средства им биле исплаќани во банките во Индија до кои немале пристап.

The post Милијардер и неговото семејство одат во затвор поради експлоатација на работници appeared first on Република.

]]>

Милијардерот од Индија по име Пракаш Хиндуџа и тројца членови на неговото семејство денеска беа осудени на затворски казни во Швајцарија поради експлоатација на индиски работници во нивната вила во таа земја, така што им го одземале пасошите, им забранувале да излегуваат надвор и ги принудувале да работат и до 18 часа дневно. Пракаш Хидуџа (79), неговата сопруга Камал (75), синот Ајај и неговата сопруга Намрата се осудени на затвор од четири до четири и пол години. Петтообвинетиот, семејниот менаџер Наџиб Зијази, е осуден на 18 месеци затвор. Судот одлучи дека четворицата се виновни за експлоатацијата и незаконското вработување на работниците, речиси целосното одбивање на здравственото осигурување на работниците и исплата на плати кои не достигнуваат ни десетина од платата што се исплаќа во Швајцарија за таквите работни места. Според обвинителите, работниците опишале „атмосфера на страв“ која Камал Хиндуџа ја правел. Тие биле принудени да работат со многу малку или без време за одмор, а во моментот на прием работеле до доцна во ноќта. Тие спиеле во подрумот на вилата, лоцирана покрај езерото, и тоа не задолжително на кревети, туку на душеци на подот. Швајцарскиот суд не ги прогласи обвинетите за одговорни за некои од посериозните точки од обвинението, како што е шверцот на луѓе, бидејќи, како што беше речено во судот, работниците знаеле во што се впуштаат - барем делумно. Тоа се главно неписмени Индијци кои не биле платени во швајцарски франци, туку во индиски рупии, а овие средства им биле исплаќани во банките во Индија до кои немале пристап.

The post Милијардер и неговото семејство одат во затвор поради експлоатација на работници appeared first on Република.

]]>
Инженер, пилот и Гинисов рекордер: Ова е милијардерот кој се наоѓа во исчезнатата подморница што нурнуваше кон Титаник https://republika.mk/vesti/svet/inzhener-pilot-i-ginisov-rekorder-ova-e-milijarderot-koj-se-naoga-vo-ischeznatata-podmornitsa-shto-nurnuvashe-kon-titanik/ Tue, 20 Jun 2023 13:24:02 +0000 https://republika.mk/?p=653394

Меѓу патниците во подморницата „Титан“, што исчезна за време на патувањето до потонатиот брод Титаник, бил и британскиот милијардер Хамиш Хардинг. 59-годишниот бизнисмен и истражувач, наводно е на подморницата која исчезна во Атлантскиот Океан и по која се уште трага. Хардинг соопшти дека се приклучил на најновата експедиција на Оушн Гејт на Титаник, пишува „Би-Би-Си“.

Хардинг на Фејсбук и другите социјални мрежи објави дека првото нуркање се обиделе да го извршат во неделата, на 18 јуни. Тој додаде дека на подморницата има неколку легендарни истражувачи, од кои некои направиле повеќе од 30 нуркања до Титаник од 1980-тите.

Хамиш напиша дека ова патување најверојатно ќе биде првата и единствена мисија со екипаж до Титаник оваа година поради тешките временски услови.

Тој студирал природни науки и хемиски инженеринг на Универзитетот во Кембриџ, а подоцна се здобил со дозвола за пилот. Минатата година тој беше наречен „астронаут“ поради учеството во комерцијален лет за Блу Ориџин, вселенската компанија на Џеф Безос. Тој го држи и Гинисовиот рекорд за обиколување на Земјата преку Северниот и Јужниот Пол.

Хардинг моментално е претседател на „Action Aviation“, меѓународна компанија за продажба и операции на деловна авијација со седиште во Дубаи. Во јуни минатата година, тој првпат објави дека ќе се приклучи на тимот за да ги види остатоците од Титаник.

The post Инженер, пилот и Гинисов рекордер: Ова е милијардерот кој се наоѓа во исчезнатата подморница што нурнуваше кон Титаник appeared first on Република.

]]>

Меѓу патниците во подморницата „Титан“, што исчезна за време на патувањето до потонатиот брод Титаник, бил и британскиот милијардер Хамиш Хардинг. 59-годишниот бизнисмен и истражувач, наводно е на подморницата која исчезна во Атлантскиот Океан и по која се уште трага. Хардинг соопшти дека се приклучил на најновата експедиција на Оушн Гејт на Титаник, пишува „Би-Би-Си“. Хардинг на Фејсбук и другите социјални мрежи објави дека првото нуркање се обиделе да го извршат во неделата, на 18 јуни. Тој додаде дека на подморницата има неколку легендарни истражувачи, од кои некои направиле повеќе од 30 нуркања до Титаник од 1980-тите. Хамиш напиша дека ова патување најверојатно ќе биде првата и единствена мисија со екипаж до Титаник оваа година поради тешките временски услови. Тој студирал природни науки и хемиски инженеринг на Универзитетот во Кембриџ, а подоцна се здобил со дозвола за пилот. Минатата година тој беше наречен „астронаут“ поради учеството во комерцијален лет за Блу Ориџин, вселенската компанија на Џеф Безос. Тој го држи и Гинисовиот рекорд за обиколување на Земјата преку Северниот и Јужниот Пол. Хардинг моментално е претседател на „Action Aviation“, меѓународна компанија за продажба и операции на деловна авијација со седиште во Дубаи. Во јуни минатата година, тој првпат објави дека ќе се приклучи на тимот за да ги види остатоците од Титаник.

The post Инженер, пилот и Гинисов рекордер: Ова е милијардерот кој се наоѓа во исчезнатата подморница што нурнуваше кон Титаник appeared first on Република.

]]>
Недостaпен е неколку дена: Ни трага, ни глас од кинескиот милијардер Фан Бао https://republika.mk/vesti/svet/nedostapen-e-nekolku-dena-ni-traga-ni-glas-od-kineskiot-milijarder-fan-bao/ Fri, 17 Feb 2023 07:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=609980

Бао Фан, извршен директор на инвестициската банка China Renaissance Holdings, е недостапен веќе неколку дена, соопшти вчера компанијата, а пренесе BBC.

Бао беше водечки деловен брокер во Кина, а неговите клиенти беа врвните технолошки компании Didi и Meituan. По објавувањето на неговото исчезнување, акциите на China Renaissance паднаа за 50%. Компанијата не прецизираше колку долго не е во контакт со Фан. Кинеските деловни вести Caixin цитираат извори кои велат дека персоналот не можел да контактира со него два дена.

Многумина се загрижени дека ова е пресметка меѓу кинеските власти и деловните и технолошките лидери. Бао ја основа China Renaissance во 2005 година. Оттогаш, компанијата прерасна во една од водечките финансиски институции во Кина - склучувајќи зделки и спојувања со неколку технолошки компании во земјата.

The post Недостaпен е неколку дена: Ни трага, ни глас од кинескиот милијардер Фан Бао appeared first on Република.

]]>

Бао Фан, извршен директор на инвестициската банка China Renaissance Holdings, е недостапен веќе неколку дена, соопшти вчера компанијата, а пренесе BBC. Бао беше водечки деловен брокер во Кина, а неговите клиенти беа врвните технолошки компании Didi и Meituan. По објавувањето на неговото исчезнување, акциите на China Renaissance паднаа за 50%. Компанијата не прецизираше колку долго не е во контакт со Фан. Кинеските деловни вести Caixin цитираат извори кои велат дека персоналот не можел да контактира со него два дена. Многумина се загрижени дека ова е пресметка меѓу кинеските власти и деловните и технолошките лидери. Бао ја основа China Renaissance во 2005 година. Оттогаш, компанијата прерасна во една од водечките финансиски институции во Кина - склучувајќи зделки и спојувања со неколку технолошки компании во земјата.

The post Недостaпен е неколку дена: Ни трага, ни глас од кинескиот милијардер Фан Бао appeared first on Република.

]]>
Македонија има еден милијардер: Гечев на листата на 100 најбогати луѓе во регионот https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-ima-eden-milijarder-gechev-na-listata-na-100-najbogati-luge-vo-regionot/ Fri, 30 Dec 2022 13:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=591889

Илија Гечев, сопственикот на компанијата „ИГМ трејд“ од Кавадарци, е единствениот милијардер во Македонија, објави српскиот магазин „Недељник“, кој првпат ја состави листата на 100-те најбогати луѓе во регионот. „Недељник“ нагласува дека листата не покажува колку пари имаат бизнисмените на сметките, туку колку вредат нивните компании и колку пари потенцијално би можеле да добијат ако ги продадат денес.

Гечев се наоѓа на 18. место на оваа листа, со проценето богатство од 1 054 946 440 евра. Со него се затвора кругот на милијардери во поранешна Југославија, што го предводи хрватскиот „крал на осигурувањето“ Дубравко Гргиќ, кој има богатство од 2,84 милијарди евра.

„ИГМ трејд“ постои од 1994 и важи за една од најголемите извозни компании во Македонија. Произведува челични и заварени цевки и профили и во оваа област е една од најголемите фирми во југоисточна Европа.

„Недељник“ заклучува дека листата покажува дека и натаму важи некогашната југословенска поделба на развиени и неразвиени, бидејќи економиите на Црна Гора, БиХ и Македонија се далеку зад оние на Хрватска, Србија и Словенија. Нееднаквоста е најизразена во Црна Гора, каде што имотот на петтемина најбогати вреди 1,7 милијарда евра, што е 35,4% од БДП, додека во Македонија ова изнесува 23,9% од БДП.

„Недељник“ ја состави листата на 100-те најбогати луѓе во регионот во соработка со две реномирани консултантски фирми кои работат на њујоршката берза. Со исклучок на Гечев, меѓу најбогатите 20-мина се наоѓаат само бизнисмени од Хрватска и Србија.

The post Македонија има еден милијардер: Гечев на листата на 100 најбогати луѓе во регионот appeared first on Република.

]]>

Илија Гечев, сопственикот на компанијата „ИГМ трејд“ од Кавадарци, е единствениот милијардер во Македонија, објави српскиот магазин „Недељник“, кој првпат ја состави листата на 100-те најбогати луѓе во регионот. „Недељник“ нагласува дека листата не покажува колку пари имаат бизнисмените на сметките, туку колку вредат нивните компании и колку пари потенцијално би можеле да добијат ако ги продадат денес. Гечев се наоѓа на 18. место на оваа листа, со проценето богатство од 1 054 946 440 евра. Со него се затвора кругот на милијардери во поранешна Југославија, што го предводи хрватскиот „крал на осигурувањето“ Дубравко Гргиќ, кој има богатство од 2,84 милијарди евра. „ИГМ трејд“ постои од 1994 и важи за една од најголемите извозни компании во Македонија. Произведува челични и заварени цевки и профили и во оваа област е една од најголемите фирми во југоисточна Европа. „Недељник“ заклучува дека листата покажува дека и натаму важи некогашната југословенска поделба на развиени и неразвиени, бидејќи економиите на Црна Гора, БиХ и Македонија се далеку зад оние на Хрватска, Србија и Словенија. Нееднаквоста е најизразена во Црна Гора, каде што имотот на петтемина најбогати вреди 1,7 милијарда евра, што е 35,4% од БДП, додека во Македонија ова изнесува 23,9% од БДП. „Недељник“ ја состави листата на 100-те најбогати луѓе во регионот во соработка со две реномирани консултантски фирми кои работат на њујоршката берза. Со исклучок на Гечев, меѓу најбогатите 20-мина се наоѓаат само бизнисмени од Хрватска и Србија.

The post Македонија има еден милијардер: Гечев на листата на 100 најбогати луѓе во регионот appeared first on Република.

]]>
Уште еден руски милијардер пронајден мртов во базен со прострелна рана во главата https://republika.mk/vesti/svet/ushte-eden-ruski-milijarder-pronajden-mrtov-vo-bazen-so-prostrelna-rana-vo-glavata/ Tue, 05 Jul 2022 16:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=524362

Рускиот милионер Јуриј Воронов (61), шеф на логистичка компанија која имала профитабилни договори со Гаспром на Арктикот, е пронајден мртов во својот дом, во богатото предградие на Санкт Петербург.

Воронов вчера бил пронајден како лебди во базенот со прострелна рана во главата, а на дното од базенот биле пронајдени неколку чаури.

Рускиот истражен комитет ја истражува смртта на Воронов, за која во моментов се сомневаат дека е предизвикана од „спор со деловните партнери“. Неговата сопруга, наводно, и рекла на полицијата дека Воронов се жалел дека бил измамен од „нечесни“ изведувачи и партнери за многу пари и дека неодамна почнал да пие многу.

Ова е само една во низата мистериозни смртни случаи на руски богаташи од почетокот на инвазијата на таа земја на Украина.

Александар Тулаков (61), висок функционер за финансии и осигурување на Газпром, беше пронајден мртов во својот дом во февруари. Инспекторите рекоа дека тој се самоубил, но локалните извештаи велат дека на неговото тело имало знаци на насилство – што укажува на тоа дека бесењето било наместено.

Три недели претходно, 60-годишниот Леонид Шулман беше пронајден мртов, избоден во неговата бања. Шулман беше шеф на транспортот во Гаспром Инвест, филијала на енергетскиот гигант задолжен за инвестициски проекти.

Милијардерот Александар Суботин (43), поранешен висок функционер во енергетскиот гигант Лукоил, исто така беше пронајден мртов во мај. Една од теориите е дека тој бил отруен со отров што предизвикал срцев удар.

The post Уште еден руски милијардер пронајден мртов во базен со прострелна рана во главата appeared first on Република.

]]>

Рускиот милионер Јуриј Воронов (61), шеф на логистичка компанија која имала профитабилни договори со Гаспром на Арктикот, е пронајден мртов во својот дом, во богатото предградие на Санкт Петербург. Воронов вчера бил пронајден како лебди во базенот со прострелна рана во главата, а на дното од базенот биле пронајдени неколку чаури. Рускиот истражен комитет ја истражува смртта на Воронов, за која во моментов се сомневаат дека е предизвикана од „спор со деловните партнери“. Неговата сопруга, наводно, и рекла на полицијата дека Воронов се жалел дека бил измамен од „нечесни“ изведувачи и партнери за многу пари и дека неодамна почнал да пие многу. Ова е само една во низата мистериозни смртни случаи на руски богаташи од почетокот на инвазијата на таа земја на Украина. Александар Тулаков (61), висок функционер за финансии и осигурување на Газпром, беше пронајден мртов во својот дом во февруари. Инспекторите рекоа дека тој се самоубил, но локалните извештаи велат дека на неговото тело имало знаци на насилство – што укажува на тоа дека бесењето било наместено. Три недели претходно, 60-годишниот Леонид Шулман беше пронајден мртов, избоден во неговата бања. Шулман беше шеф на транспортот во Гаспром Инвест, филијала на енергетскиот гигант задолжен за инвестициски проекти. Милијардерот Александар Суботин (43), поранешен висок функционер во енергетскиот гигант Лукоил, исто така беше пронајден мртов во мај. Една од теориите е дека тој бил отруен со отров што предизвикал срцев удар.

The post Уште еден руски милијардер пронајден мртов во базен со прострелна рана во главата appeared first on Република.

]]>
Милијардерот Ахметов, сопственик на „Азовстал“, ќе ја тужи Русија и ќе бара оштета од 20 милијарди долари https://republika.mk/vesti/svet/milijarderot-ahmetov-sopstvenik-na-azovstal-kje-ja-tuzi-rusija-i-kje-bara-oshteta-od-20-milijardi-dolari/ Sat, 28 May 2022 07:21:19 +0000 https://republika.mk/?p=507755

Најбогатиот човек во Украина, Ринат Ахметов, има намера да ја тужи Русија за загуба од 17 до 20 милијарди долари, откако неговата фабрика за челик „Азовстал“ во Мариупол беше сериозно оштетена.

Дефинитивно ќе ја тужиме Русија и ќе бараме соодветна компензација за сите загуби и изгубени работни места, изјави Ахметов за украинскиот портал mrpl.city.

Како последна градска тврдина во која украинските војници пружаа отпор на руските сили, фабриката за челик „Азовстал“ со недели беше под жесток напад, за на крај борците да се предадат, а цивилите да бидат евакуирани.

Железарницата „Илич“, од холдингот SCM на Ахметов, исто така претрпе штета поради руската агресија, изјави тој за mrpl.city.

Богатството на Ахмет се проценува на 6,93 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг, но оваа година тоа е намалено за 40 отсто поради војната во Украина.

Кога започнаа борбите на 24 февруари, неговата компанија „Метинвест“, најголемиот производител на челик во земјата, објави дека нема да може да ги исполни своите договорни обврски.

Во април „Метинвест“ објави дека планира да продолжи со производство по завршувањето на војната, но дека „никогаш нема да работи под руска окупација“.

Русија минатиот петок соопшти дека имаат целосна контрола над Мариупол.

The post Милијардерот Ахметов, сопственик на „Азовстал“, ќе ја тужи Русија и ќе бара оштета од 20 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Најбогатиот човек во Украина, Ринат Ахметов, има намера да ја тужи Русија за загуба од 17 до 20 милијарди долари, откако неговата фабрика за челик „Азовстал“ во Мариупол беше сериозно оштетена.
Дефинитивно ќе ја тужиме Русија и ќе бараме соодветна компензација за сите загуби и изгубени работни места, изјави Ахметов за украинскиот портал mrpl.city.
Како последна градска тврдина во која украинските војници пружаа отпор на руските сили, фабриката за челик „Азовстал“ со недели беше под жесток напад, за на крај борците да се предадат, а цивилите да бидат евакуирани. Железарницата „Илич“, од холдингот SCM на Ахметов, исто така претрпе штета поради руската агресија, изјави тој за mrpl.city. Богатството на Ахмет се проценува на 6,93 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг, но оваа година тоа е намалено за 40 отсто поради војната во Украина. Кога започнаа борбите на 24 февруари, неговата компанија „Метинвест“, најголемиот производител на челик во земјата, објави дека нема да може да ги исполни своите договорни обврски. Во април „Метинвест“ објави дека планира да продолжи со производство по завршувањето на војната, но дека „никогаш нема да работи под руска окупација“. Русија минатиот петок соопшти дека имаат целосна контрола над Мариупол.

The post Милијардерот Ахметов, сопственик на „Азовстал“, ќе ја тужи Русија и ќе бара оштета од 20 милијарди долари appeared first on Република.

]]>