Милијана Релјиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/milijana-reljik/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Sep 2024 08:07:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Милијана Релјиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/milijana-reljik/ 32 32 Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/relik-na-sedmata-pozitsija-na-olimpiskata-rang-lista/ Sat, 14 Sep 2024 08:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=816258

Македонската олимпијка во таеквондо, Милијана Рељиќ е рангирана на седмата позиција на Олимписката ранг листа.

Со ова, според нејзиниот тренер Александар Ефтимов, почнува процесот на собирање на поени за Олимписка А норма за следните Олимписки Игри Лос Анџелес 2028, каде што првите пет натпреварувачки имаат директна норма за настап.

За две до три недели почнуваме со настапот на Г1 турнирите, а во декември сме дел од Големото Гранд При Финале во Кина, најголемо натпреварување по Олимписките Игри. Тука се освојуваат многу поени за олимписката ранг листа. По краткиот одмор, вратени сме во тренажен процес и се надевам дека повторно ќе ја израдуваме македонската јавност со нови успеси, вели Ефтимов.

Рељиќ е најсериозна кандидатка од македонските спортисти за обезбедување А норма за следните Олимписки Игри. Тренерот Ефтимов ветува медали од Гранд При натпреварите и од други европски и светски првенства.

Рељиќ ја победи двократната олимписка шампионка, Британката Џејд Џонс со одличен настап на Олимписките Игри Париз 2024.

The post Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа appeared first on Република.

]]>

Македонската олимпијка во таеквондо, Милијана Рељиќ е рангирана на седмата позиција на Олимписката ранг листа. Со ова, според нејзиниот тренер Александар Ефтимов, почнува процесот на собирање на поени за Олимписка А норма за следните Олимписки Игри Лос Анџелес 2028, каде што првите пет натпреварувачки имаат директна норма за настап.
За две до три недели почнуваме со настапот на Г1 турнирите, а во декември сме дел од Големото Гранд При Финале во Кина, најголемо натпреварување по Олимписките Игри. Тука се освојуваат многу поени за олимписката ранг листа. По краткиот одмор, вратени сме во тренажен процес и се надевам дека повторно ќе ја израдуваме македонската јавност со нови успеси, вели Ефтимов.
Рељиќ е најсериозна кандидатка од македонските спортисти за обезбедување А норма за следните Олимписки Игри. Тренерот Ефтимов ветува медали од Гранд При натпреварите и од други европски и светски првенства. Рељиќ ја победи двократната олимписка шампионка, Британката Џејд Џонс со одличен настап на Олимписките Игри Париз 2024.

The post Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа appeared first on Република.

]]>
Oва се тројцата македонски таеквондисти кои досега успеале да совладаат олимписки шампиони https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ova-se-trojtsata-makedonski-taekvondisti-koi-dosega-uspeale-da-sovladaat-olimpiski-shampioni/ Fri, 09 Aug 2024 09:54:38 +0000 https://republika.mk/?p=804888

Од Македонската таеквондо федерација потсетуваат кои тројца македонски таеквондисти до сега успеале да совладаат олимписки шампиони.

Дејан Георгиевски го совлада олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан на квалификации пред ЛОИ во Токио.

Филип Додевски го совлада олимпискиот шампион Чеик Сисе од Брегот на слоновата коска на Г1 турнир во Албанија.

Мила Релиќ ја совлада олимписката шампионка Џејд Џонс од Британија на ЛОИ во Париз.

Сепак, додаваат од МТФ водечка круна останува олимпиското сребро од Токио како најголем спортски резултат во независна Македонија.

Во иднина се надеваме на слични или поголеми резултати од македонското олимписко таеквондо.
Македонското олимписко таеквондо како носечки државен спорт има уште многу што да каже, потенцираат тие.

The post Oва се тројцата македонски таеквондисти кои досега успеале да совладаат олимписки шампиони appeared first on Република.

]]>

Од Македонската таеквондо федерација потсетуваат кои тројца македонски таеквондисти до сега успеале да совладаат олимписки шампиони.
Дејан Георгиевски го совлада олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан на квалификации пред ЛОИ во Токио. Филип Додевски го совлада олимпискиот шампион Чеик Сисе од Брегот на слоновата коска на Г1 турнир во Албанија. Мила Релиќ ја совлада олимписката шампионка Џејд Џонс од Британија на ЛОИ во Париз.
Сепак, додаваат од МТФ водечка круна останува олимпиското сребро од Токио како најголем спортски резултат во независна Македонија.
Во иднина се надеваме на слични или поголеми резултати од македонското олимписко таеквондо. Македонското олимписко таеквондо како носечки државен спорт има уште многу што да каже, потенцираат тие.

The post Oва се тројцата македонски таеквондисти кои досега успеале да совладаат олимписки шампиони appeared first on Република.

]]>
Не освоивме медал, но ја обединивме Македонија!, порачаа Рељиќ и тренерот Ефтимов https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ne-osvoivme-medal-no-ja-obedinivme-makedonija-porachaa-reljik-i-trenerot-eftimov/ Fri, 09 Aug 2024 08:41:18 +0000 https://republika.mk/?p=804855

Maкедонската таеквондистка Милијана Рељиќ загуби во четвртфиналето на олимпискиот турнир во Париз во категоријата до 57 килограми и со тоа го заврши својот настап на ЛОИ. Нашата таеквондистка заврши меѓу осумте најдобри на игрите во Париз, а по нејзиниот настап даде и кратка изјава за Македонскиот олимписки комитет.

Бевме одлично подготвени. Ги слушав советите на тренерот и успеавме да добиеме една борба. Во борбата со Либанката ми недостигаше малку спортска среќа. Сепак, тука не застануваме и продолжуваме кон нови успеси и победи, изјави Рељиќ.

Слично размислува и нејзиниот тренер Ефтимов, кој вели дека иако не освоиле медал, успеале да ја обединат Македонија.

Не освоивме медал, но ја обединивме Македонија. Падна двократната олимписка шампионка Џејд Џонс, изјави Ефитмов.

The post Не освоивме медал, но ја обединивме Македонија!, порачаа Рељиќ и тренерот Ефтимов appeared first on Република.

Светот допрва ќе слуша за неа: Која е Милијана Рељиќ, македонската гордост на Олимпијадата во Париз https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/svetot-doprva-ke-slusha-za-nea-koja-e-milijana-relik-makedonskata-gordost-na-olimpijadata-vo-pariz/ Thu, 08 Aug 2024 13:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=804583

Македонската претставничка во таеквондо денеска на нејзиниот деби настап на Олимписките игри во Париз ја елиминираше десет години постарата шампионка Џејд Џонс од Велика Британија, која зад себе има 36 медали од кои 19 златни.

Затоа сме сигурни дека спортскиот свет уште многу ќе слуша за 21-годишната Милијана Рељиќ од Скопје. Родена и израсната во Гази Баба, таа повеќе од осум години е член на таеквондо клубот „Тигри“, од кои четири функционира како професионалец.

На последното Европското клупско првенство во таеквондо таа освои златен медал во сениорки -62кг со 4 победи и без изгубена рунда. Во 2022 година таа беше Европска клупска шампионка, додека минатата година освои брознен медал.

Како што објаснуваат од Општиан Гази Баба, љубовта кон овој спорт ја има изградено во вистински борец – тренинзите ѝ се комбинација од кондициони (пет пати неделно) и таеквондо техники и тактики (шест пати неделно). Се разбира, тренинзите без спаринг се недоволни и затоа повремено патува надвор од Македонија или поканува професионалци со цел да ја одржи својата форма на највисоко ниво.

На прес-конференцијата на која го најави нејзиното прво учество на Олимписките игри, младата спортистка вети дека ќе даде сè од себе за успешен настап и медал.

Ова се мои први Олимписки игри. Се вративме од 15-деневен тренинг камп, очекувам да го дадам мојот максимум, да бидам фокусирана, да се борам до крајот и со добра ждрепка да стигнам до медал, рече Рељиќ.

За формата на Македонката говореше и нејзиниот тренер Александар Ефтимов.

Формата на Рељиќ е на извонредно ниво, таа има седум медали на последните големи турнири. Златото на последното Европско клупско првенство го зголемува оптимизмот дека можеме до медал, додаде Ефтимов.

Попладнево Рељиќ ќе се соочи со Летиција Ајуд од Либан во четвртфиналето. Навиваме од 15.45 часот за таа да е чекор поблиску до медал. Напред наши!

The post Светот допрва ќе слуша за неа: Која е Милијана Рељиќ, македонската гордост на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>

Македонската претставничка во таеквондо денеска на нејзиниот деби настап на Олимписките игри во Париз ја елиминираше десет години постарата шампионка Џејд Џонс од Велика Британија, која зад себе има 36 медали од кои 19 златни. Затоа сме сигурни дека спортскиот свет уште многу ќе слуша за 21-годишната Милијана Рељиќ од Скопје. Родена и израсната во Гази Баба, таа повеќе од осум години е член на таеквондо клубот „Тигри“, од кои четири функционира како професионалец. На последното Европското клупско првенство во таеквондо таа освои златен медал во сениорки -62кг со 4 победи и без изгубена рунда. Во 2022 година таа беше Европска клупска шампионка, додека минатата година освои брознен медал. Како што објаснуваат од Општиан Гази Баба, љубовта кон овој спорт ја има изградено во вистински борец – тренинзите ѝ се комбинација од кондициони (пет пати неделно) и таеквондо техники и тактики (шест пати неделно). Се разбира, тренинзите без спаринг се недоволни и затоа повремено патува надвор од Македонија или поканува професионалци со цел да ја одржи својата форма на највисоко ниво.
На прес-конференцијата на која го најави нејзиното прво учество на Олимписките игри, младата спортистка вети дека ќе даде сè од себе за успешен настап и медал.
Ова се мои први Олимписки игри. Се вративме од 15-деневен тренинг камп, очекувам да го дадам мојот максимум, да бидам фокусирана, да се борам до крајот и со добра ждрепка да стигнам до медал, рече Рељиќ.
За формата на Македонката говореше и нејзиниот тренер Александар Ефтимов. Формата на Рељиќ е на извонредно ниво, таа има седум медали на последните големи турнири. Златото на последното Европско клупско првенство го зголемува оптимизмот дека можеме до медал, додаде Ефтимов.
Попладнево Рељиќ ќе се соочи со Летиција Ајуд од Либан во четвртфиналето. Навиваме од 15.45 часот за таа да е чекор поблиску до медал. Напред наши!

The post Светот допрва ќе слуша за неа: Која е Милијана Рељиќ, македонската гордост на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>
Милијана Релјиќ не успеа да се квалификува за ЛОИ во Париз https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/milijana-reljik-ne-uspea-da-se-kvalifikuva-za-loi-vo-pariz/ Sun, 10 Mar 2024 15:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=753353

Милијана Релијќ, која се натпреварува во такевондо, не успеа да обезбеди норма за настап на претстојните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024 година. Најдобрата млада спортистка на Македонија за 2023 година беше поразена во својата прва борба од Холанѓанката Ами Минк со 2-0 во рунди.

Претходно, на европските квалификации кои се одржуваат во Софија, Бугарија, и Дејан Георгиевски исто така беше поразен и не успеа да се пласира на ЛОИ во Париз. Тој на претходните Игри во Токио го освои сребрениот медал.

The post Милијана Релјиќ не успеа да се квалификува за ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>

Милијана Релијќ, која се натпреварува во такевондо, не успеа да обезбеди норма за настап на претстојните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024 година. Најдобрата млада спортистка на Македонија за 2023 година беше поразена во својата прва борба од Холанѓанката Ами Минк со 2-0 во рунди. Претходно, на европските квалификации кои се одржуваат во Софија, Бугарија, и Дејан Георгиевски исто така беше поразен и не успеа да се пласира на ЛОИ во Париз. Тој на претходните Игри во Токио го освои сребрениот медал.  

The post Милијана Релјиќ не успеа да се квалификува за ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>