Милена Марковиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/milena-markovik/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 08:36:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Милена Марковиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/milena-markovik/ 32 32 Промоција на романот „Деца“ од Милена Марковиќ во МКЦ https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-detsa-od-milena-markovik-vo-mkts/ Wed, 04 Sep 2024 08:36:03 +0000 https://republika.mk/?p=812970

Во бифето на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, вечерва, на 4 септември, со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција на романот „Деца“ од познатата српска авторка Милена Марковиќ. Овој роман, што во 2021 година ја освои престижната НИН-ова награда, носи моќна и емотивна приказна за животот и растењето.

Промоцијата ќе биде проследена со разговор меѓу авторката и македонската писателка Јулијана Величковска, а изданието е објавено од ПНВ Публикации, со поддршка од Министерството за култура на Република Србија. Преводот на македонски јазик е дело на Сашо Огненовски.

Критиките за романот се одлични. Познатиот новинар Теофил Панчиќ за „Деца“ вели: „Ова е книга што ќе остави траен впечаток на читателот. Не можам да замислам некој кој ќе ја прочита, а нема да се почувствува променет“. Писателот Миљенко Јерговиќ додава: „’Деца‘ е поетско ремек-дело за женственоста, мајчинството и историјата, роман што ни ги отвора трауматичните сеќавања на минатото“.

Милена Марковиќ е истакната драматургка, сценаристка и поетеса. Нејзини дела, како сценариото за серијата „Мочуриште“ и драмите „Брод за кукли“ и „Павилјони“, се изведуваат и на македонските сцени, вклучувајќи го и Народниот театар во Битола. Во својата кариера, Марковиќ има освоено бројни награди за својата литературна и драмска работа, како што се „Милош Црњански“ и „Борисав Михајловиќ Михиз“.

 

The post Промоција на романот „Деца“ од Милена Марковиќ во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Во бифето на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, вечерва, на 4 септември, со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција на романот „Деца“ од познатата српска авторка Милена Марковиќ. Овој роман, што во 2021 година ја освои престижната НИН-ова награда, носи моќна и емотивна приказна за животот и растењето. Промоцијата ќе биде проследена со разговор меѓу авторката и македонската писателка Јулијана Величковска, а изданието е објавено од ПНВ Публикации, со поддршка од Министерството за култура на Република Србија. Преводот на македонски јазик е дело на Сашо Огненовски. Критиките за романот се одлични. Познатиот новинар Теофил Панчиќ за „Деца“ вели: „Ова е книга што ќе остави траен впечаток на читателот. Не можам да замислам некој кој ќе ја прочита, а нема да се почувствува променет“. Писателот Миљенко Јерговиќ додава: „’Деца‘ е поетско ремек-дело за женственоста, мајчинството и историјата, роман што ни ги отвора трауматичните сеќавања на минатото“. Милена Марковиќ е истакната драматургка, сценаристка и поетеса. Нејзини дела, како сценариото за серијата „Мочуриште“ и драмите „Брод за кукли“ и „Павилјони“, се изведуваат и на македонските сцени, вклучувајќи го и Народниот театар во Битола. Во својата кариера, Марковиќ има освоено бројни награди за својата литературна и драмска работа, како што се „Милош Црњански“ и „Борисав Михајловиќ Михиз“.  

The post Промоција на романот „Деца“ од Милена Марковиќ во МКЦ appeared first on Република.

]]>