миле талески Archives - Република https://republika.mk/tema/mile-taleski/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 11:09:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png миле талески Archives - Република https://republika.mk/tema/mile-taleski/ 32 32 Мицкоски тврди: Не се политизира АНБ, грешката се исправи и Христовски доби безбедносен сертификат https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-tvrdi-ne-se-politizira-anb-greshkata-se-ispravi-i-hristovski-dobi-bezbednosen-sertifikat/ Thu, 17 Oct 2024 11:09:52 +0000 https://republika.mk/?p=827995

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека не се политизира Агенцијата за национална безбедност. Не гледа проблем во назначувањето на Бојан Христовски за нов директор.

Им порача на новинарите: „тие што ве брифираат, треба правилно да ве брифираат“.

-Јас ќе ви помогнам. Кога се трансформираше УБК во АНБ и се правеше селекција, имаше поранешни високи структури во АР, УБК и АНБ кои што ги профилираа луѓето и врз основа на тоа гледаа како да им наштетат преку лажни вести, клеветнички дописи, злоупотребувајќи ги институциите во кои што работат. Нормално откако таа неправда му беше нанасена на Христовски и не му беше даден безбедносниот сертификат, беше констатирана злоупотребата на дел од раководството на АР, за што јавноста многу набрзо ќе биде запознаена. Таа грешка се исправи, Христовски доби безбедносен сертификат и не гледам причина зошто човекот кој што го поминува речиси цeлиот работен век во безбедносниот сектор, да не ја извршува успешно челната позиција во АНБ. Има доста уплашени структури и има за што да се плашат, а се дел од поранешната власт. Во периодот што следи ќе ја дознаете вистината, кажа Мицкоски при посетата на општина Брвеница.

Претходно СДСМ обвини дека со назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ, „власта на Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат опасна партизација на Агенцијата и на клучните безбедносни институции“.

Нов директор на Агенцијата за национална безбедност е всушност претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е спротивно на Законот за АНБ, кој јасно предвидува дека директорот на Агенцијата не смее да биде член на политичка партија или нејзин орган, истакна на денешната прес-конференција Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Според Талески, со поставувањето на лице кое само до 2023 година беше претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија директно го прекршува член 10 од Законот за АНБ.

„Дури и да се има формално повлечено од партијата, фактот дека до неодамна извршувал висока партиска функција е јасен показател дека ова решение е чисто партиско, непрофесионално и спротивно на Законот и на меѓународните стандарди, особено оние на НАТО.

The post Мицкоски тврди: Не се политизира АНБ, грешката се исправи и Христовски доби безбедносен сертификат appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека не се политизира Агенцијата за национална безбедност. Не гледа проблем во назначувањето на Бојан Христовски за нов директор. Им порача на новинарите: „тие што ве брифираат, треба правилно да ве брифираат“.
-Јас ќе ви помогнам. Кога се трансформираше УБК во АНБ и се правеше селекција, имаше поранешни високи структури во АР, УБК и АНБ кои што ги профилираа луѓето и врз основа на тоа гледаа како да им наштетат преку лажни вести, клеветнички дописи, злоупотребувајќи ги институциите во кои што работат. Нормално откако таа неправда му беше нанасена на Христовски и не му беше даден безбедносниот сертификат, беше констатирана злоупотребата на дел од раководството на АР, за што јавноста многу набрзо ќе биде запознаена. Таа грешка се исправи, Христовски доби безбедносен сертификат и не гледам причина зошто човекот кој што го поминува речиси цeлиот работен век во безбедносниот сектор, да не ја извршува успешно челната позиција во АНБ. Има доста уплашени структури и има за што да се плашат, а се дел од поранешната власт. Во периодот што следи ќе ја дознаете вистината, кажа Мицкоски при посетата на општина Брвеница.
Претходно СДСМ обвини дека со назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ, „власта на Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат опасна партизација на Агенцијата и на клучните безбедносни институции“.
Нов директор на Агенцијата за национална безбедност е всушност претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е спротивно на Законот за АНБ, кој јасно предвидува дека директорот на Агенцијата не смее да биде член на политичка партија или нејзин орган, истакна на денешната прес-конференција Миле Талески, пратеник на СДСМ.
Според Талески, со поставувањето на лице кое само до 2023 година беше претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија директно го прекршува член 10 од Законот за АНБ.
„Дури и да се има формално повлечено од партијата, фактот дека до неодамна извршувал висока партиска функција е јасен показател дека ова решение е чисто партиско, непрофесионално и спротивно на Законот и на меѓународните стандарди, особено оние на НАТО.

The post Мицкоски тврди: Не се политизира АНБ, грешката се исправи и Христовски доби безбедносен сертификат appeared first on Република.

]]>
Талески: Ново зголемување на откупата цена на тутунот за 35 денари https://republika.mk/vesti/makedonija/taleski-novo-zgolemuvane-na-otkupata-tsena-na-tutunot-za-35-denari/ Sun, 11 Feb 2024 10:43:41 +0000 https://republika.mk/?p=742766

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, вели дека неговата партија покажува што значи вистинска грижа за тутунарите и што значи почитување и вреднување на нивнот труд и мака.

Според него, откупот на тутунот се одвива добро и што е најважно овие денови се гледа уште едно зголемување на откупната цена за 35 денари, доаѓајќи до просечна цена од 365 денари по килограм во овој момент.

За 20 денари ја зголемуваме субвенцијата по класи за предаден тутун и креираме нова мерка за субвенција по пријавена површина тутун од 6.000 денари по пријавен хектар.

Секој еден тутунар покрај овие 365 денари откупна цена на тутунот, би добил и 100 денари по килограм, субвенција за предаден тутун од прва класа.

Вкупна поддршка за прва класа тутун од 465 денари добива секој тутунар.

Дополнително, тутунарите преку новата мерка за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар.

СДСМ преку надлежното Министерство за земјоделство навремено уште пред почеток на бербата и откупот, ги започна разговорите меѓу откупувачите и тутунарите.

Еве ги резултатот, дојдовме до повисока цена, прифатлива за двете страни, цена која е фер и ја почитува маката на тутунарите.

Паметат тутунарите, со ДПМНЕ во 2016 година имаа линеарна исплата од 60 денари по килограм.

Со СДСМ тутунарите и сите земјоделци добиваат повеќе.

Така и ќе продолжиме, вели Талески.

The post Талески: Ново зголемување на откупата цена на тутунот за 35 денари appeared first on Република.

]]>

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, вели дека неговата партија покажува што значи вистинска грижа за тутунарите и што значи почитување и вреднување на нивнот труд и мака. Според него, откупот на тутунот се одвива добро и што е најважно овие денови се гледа уште едно зголемување на откупната цена за 35 денари, доаѓајќи до просечна цена од 365 денари по килограм во овој момент.
За 20 денари ја зголемуваме субвенцијата по класи за предаден тутун и креираме нова мерка за субвенција по пријавена површина тутун од 6.000 денари по пријавен хектар. Секој еден тутунар покрај овие 365 денари откупна цена на тутунот, би добил и 100 денари по килограм, субвенција за предаден тутун од прва класа. Вкупна поддршка за прва класа тутун од 465 денари добива секој тутунар. Дополнително, тутунарите преку новата мерка за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар. СДСМ преку надлежното Министерство за земјоделство навремено уште пред почеток на бербата и откупот, ги започна разговорите меѓу откупувачите и тутунарите. Еве ги резултатот, дојдовме до повисока цена, прифатлива за двете страни, цена која е фер и ја почитува маката на тутунарите. Паметат тутунарите, со ДПМНЕ во 2016 година имаа линеарна исплата од 60 денари по килограм. Со СДСМ тутунарите и сите земјоделци добиваат повеќе. Така и ќе продолжиме, вели Талески.

The post Талески: Ново зголемување на откупата цена на тутунот за 35 денари appeared first on Република.

]]>