Милан Калиниќ Archives - Република https://republika.mk/tema/milan-kalinikj/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 08:43:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Милан Калиниќ Archives - Република https://republika.mk/tema/milan-kalinikj/ 32 32 Готово е, заврши: По 18 години брак, се разведува Милан Калиниќ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/gotovo-e-zavrshi-po-18-godini-brak-se-razveduva-milan-kalinik/ Mon, 30 Sep 2024 08:43:40 +0000 https://republika.mk/?p=820921

Српските медиуми се преплавени со веста дека актерот Милан Калиниќ се разведува од својата сопруга Сандра, според блиски извори.

Наводно, тие дознаваат дека тој се иселил од семејниот дом кој неодамна го реновирале.

Засега актерот се нема огласено на темата и за причините за разводот, а на молбата од новинарите да даде коментар за гласините, тој ниту потврдил, ниту демантирал и накратко кажал: Немам коментар, немам никаков коментар на таа тема.

Инаку, Милан и Сандра беа во брак 18 години, од 2006 година, а имаат две деца, ќерката Теа и синот Вук.

Тие важеа за еден од најскладните парови на јавната сцена, иако во еден момент нивната љубов беше ставена на тест кога се раширија информации дека Сандра го изневерила.

Додека таа ги полнеше насловните страници, а многумина веруваа дека нема да ја надминат оваа криза, тие излегоа посилни од сè.

Глупаво ми е да мислам на тоа и да коментирам. Тоа се будалаштини. Луѓето се љубоморни на нашиот брак и пишуваат глупости. Поголема глупост во животот не сум прочитал – изјавил тој своевремено за медиумите и ја потврдил верноста во саканата.

Актерот има кажано дека во речиси две децении љубов поминале низ многу тешки животни ситуации и бракот им бил ставен на тест повеќепати, а сега изгледа не успеале да го поминат тестот.

The post Готово е, заврши: По 18 години брак, се разведува Милан Калиниќ appeared first on Република.

]]>

Српските медиуми се преплавени со веста дека актерот Милан Калиниќ се разведува од својата сопруга Сандра, според блиски извори. Наводно, тие дознаваат дека тој се иселил од семејниот дом кој неодамна го реновирале. Засега актерот се нема огласено на темата и за причините за разводот, а на молбата од новинарите да даде коментар за гласините, тој ниту потврдил, ниту демантирал и накратко кажал: Немам коментар, немам никаков коментар на таа тема. Инаку, Милан и Сандра беа во брак 18 години, од 2006 година, а имаат две деца, ќерката Теа и синот Вук. Тие важеа за еден од најскладните парови на јавната сцена, иако во еден момент нивната љубов беше ставена на тест кога се раширија информации дека Сандра го изневерила. Додека таа ги полнеше насловните страници, а многумина веруваа дека нема да ја надминат оваа криза, тие излегоа посилни од сè. Глупаво ми е да мислам на тоа и да коментирам. Тоа се будалаштини. Луѓето се љубоморни на нашиот брак и пишуваат глупости. Поголема глупост во животот не сум прочитал – изјавил тој своевремено за медиумите и ја потврдил верноста во саканата. Актерот има кажано дека во речиси две децении љубов поминале низ многу тешки животни ситуации и бракот им бил ставен на тест повеќепати, а сега изгледа не успеале да го поминат тестот.

The post Готово е, заврши: По 18 години брак, се разведува Милан Калиниќ appeared first on Република.

]]>