мила релиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/mila-relikj/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Sep 2024 08:07:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мила релиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/mila-relikj/ 32 32 Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/relik-na-sedmata-pozitsija-na-olimpiskata-rang-lista/ Sat, 14 Sep 2024 08:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=816258

Македонската олимпијка во таеквондо, Милијана Рељиќ е рангирана на седмата позиција на Олимписката ранг листа.

Со ова, според нејзиниот тренер Александар Ефтимов, почнува процесот на собирање на поени за Олимписка А норма за следните Олимписки Игри Лос Анџелес 2028, каде што првите пет натпреварувачки имаат директна норма за настап.

За две до три недели почнуваме со настапот на Г1 турнирите, а во декември сме дел од Големото Гранд При Финале во Кина, најголемо натпреварување по Олимписките Игри. Тука се освојуваат многу поени за олимписката ранг листа. По краткиот одмор, вратени сме во тренажен процес и се надевам дека повторно ќе ја израдуваме македонската јавност со нови успеси, вели Ефтимов.

Рељиќ е најсериозна кандидатка од македонските спортисти за обезбедување А норма за следните Олимписки Игри. Тренерот Ефтимов ветува медали од Гранд При натпреварите и од други европски и светски првенства.

Рељиќ ја победи двократната олимписка шампионка, Британката Џејд Џонс со одличен настап на Олимписките Игри Париз 2024.

The post Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа appeared first on Република.

]]>

Македонската олимпијка во таеквондо, Милијана Рељиќ е рангирана на седмата позиција на Олимписката ранг листа. Со ова, според нејзиниот тренер Александар Ефтимов, почнува процесот на собирање на поени за Олимписка А норма за следните Олимписки Игри Лос Анџелес 2028, каде што првите пет натпреварувачки имаат директна норма за настап.
За две до три недели почнуваме со настапот на Г1 турнирите, а во декември сме дел од Големото Гранд При Финале во Кина, најголемо натпреварување по Олимписките Игри. Тука се освојуваат многу поени за олимписката ранг листа. По краткиот одмор, вратени сме во тренажен процес и се надевам дека повторно ќе ја израдуваме македонската јавност со нови успеси, вели Ефтимов.
Рељиќ е најсериозна кандидатка од македонските спортисти за обезбедување А норма за следните Олимписки Игри. Тренерот Ефтимов ветува медали од Гранд При натпреварите и од други европски и светски првенства. Рељиќ ја победи двократната олимписка шампионка, Британката Џејд Џонс со одличен настап на Олимписките Игри Париз 2024.

The post Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа appeared first on Република.

]]>
Злато на Израел Г2 опен за македонската таеквондистка Мила Рељиќ https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zlato-na-izrael-g2-open-za-makedonskata-taekvondistka-mila-reljikj/ Mon, 15 Aug 2022 08:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=540412

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ од клубот Тигри Скопје, викендот освои златен медал во конкуренција сениорки -62 кг на меѓународниот натпревар „Винер Израел Опен“ од Г2 серијата.

На натпреварот турнирот учествуваа повеќе од 270 натпреварувачи од 25 земји во светот меѓу кои и САД, Кореа, Индија, Бразил, Шпанија, Германија, Велика Британија…

Во својата категорија Рељиќ на патот до златото ги победи и репрезентативката на Израел, Наама Биненсток а во финалната борба со доминација ја победи и бронзената од последните Панамерикански Игри, претставничката од Еквадор Мел Мина.

Ова е прв златен медал за 19 годишната Мила, која по освоениот бронзен медал во Загреб во јуни месец годинава ја докажа својата светска класа.

Тренерот на Мила, Александар Ефтимов најавува и нови успеси, на претстојното Европското клупско првенство од 22 – 26 август во Талин, Естонија, Европското првенство за млади до 21 година кое ќе биде крајот на месец септември во Албанија, како и на Светското првенство во ноември во Мексико.

The post Злато на Израел Г2 опен за македонската таеквондистка Мила Рељиќ appeared first on Република.

]]>

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ од клубот Тигри Скопје, викендот освои златен медал во конкуренција сениорки -62 кг на меѓународниот натпревар „Винер Израел Опен“ од Г2 серијата. На натпреварот турнирот учествуваа повеќе од 270 натпреварувачи од 25 земји во светот меѓу кои и САД, Кореа, Индија, Бразил, Шпанија, Германија, Велика Британија… Во својата категорија Рељиќ на патот до златото ги победи и репрезентативката на Израел, Наама Биненсток а во финалната борба со доминација ја победи и бронзената од последните Панамерикански Игри, претставничката од Еквадор Мел Мина. Ова е прв златен медал за 19 годишната Мила, која по освоениот бронзен медал во Загреб во јуни месец годинава ја докажа својата светска класа. Тренерот на Мила, Александар Ефтимов најавува и нови успеси, на претстојното Европското клупско првенство од 22 – 26 август во Талин, Естонија, Европското првенство за млади до 21 година кое ќе биде крајот на месец септември во Албанија, како и на Светското првенство во ноември во Мексико.

The post Злато на Израел Г2 опен за македонската таеквондистка Мила Рељиќ appeared first on Република.

]]>