Микалис Рокас Archives - Република https://republika.mk/tema/mikalis-rokas/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 10:40:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Микалис Рокас Archives - Република https://republika.mk/tema/mikalis-rokas/ 32 32 Kaсами го пречека амбасадорот на ЕУ без македонско знаме и со фотографија од основачот на УЧК https://republika.mk/vesti/makedonija/kasami-go-precheka-ambasadorot-na-eu-bez-makedonsko-zname-i-so-fotografija-od-osnovachot-na-uchk/ Thu, 07 Nov 2024 10:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=835092

Лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово Билал Касами во својот партиски кабинет го прими абасадорот на ЕУ Михалис Рокас.

Од фотографиите кои ги објави Касами се гледа дека во кабинетот го нема државното македонско знаме. Но, затоа пак тука се знамињата на Албанија, НАТО ,ЕУ и САД.

Над каучот каде што седеше амбасадорот гордo e закачена и фотографија на основачот на УЧК Адем Јашари

Кој е Адем Јашари

Основач на УЧК. Во 1998 година, во дреничкото село Доње Преказе, во акција на српската полиција  е ликвидиран! Акцијата траела 27 часа, а во неа освен Јашари биле ликвидирани и други членови на неговата  група.Јашари за време на опсадата на неговата куќа направил жив штит околу себе од жени и деца од семејството, а потоа лично го убил својот братучед, бидејќи почнал да плаче и сакал да се предаде на Србите.

https://republika.mk/vesti/balkan/osnovachot-na-uchk-si-go-zaklal-vnukot-bidejki-sakal-da-se-predade-na-srbite/

The post Kaсами го пречека амбасадорот на ЕУ без македонско знаме и со фотографија од основачот на УЧК appeared first on Република.

]]>

Лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово Билал Касами во својот партиски кабинет го прими абасадорот на ЕУ Михалис Рокас. Од фотографиите кои ги објави Касами се гледа дека во кабинетот го нема државното македонско знаме. Но, затоа пак тука се знамињата на Албанија, НАТО ,ЕУ и САД. Над каучот каде што седеше амбасадорот гордo e закачена и фотографија на основачот на УЧК Адем Јашари

Кој е Адем Јашари

Основач на УЧК. Во 1998 година, во дреничкото село Доње Преказе, во акција на српската полиција  е ликвидиран! Акцијата траела 27 часа, а во неа освен Јашари биле ликвидирани и други членови на неговата  група.Јашари за време на опсадата на неговата куќа направил жив штит околу себе од жени и деца од семејството, а потоа лично го убил својот братучед, бидејќи почнал да плаче и сакал да се предаде на Србите. https://republika.mk/vesti/balkan/osnovachot-na-uchk-si-go-zaklal-vnukot-bidejki-sakal-da-se-predade-na-srbite/

The post Kaсами го пречека амбасадорот на ЕУ без македонско знаме и со фотографија од основачот на УЧК appeared first on Република.

]]>
Средба Тошковски – Рокас: ЕУ со силна поддршка во реформите и креирањето на модерна и професионална полиција https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-toshkovski-rokas-eu-so-silna-poddrshka-vo-reformite-i-kreiraneto-na-moderna-i-profesionalna-politsija/ Tue, 08 Oct 2024 09:57:48 +0000 https://republika.mk/?p=824117

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со новоназначениот амбасадор на ЕУ во Република Македонија, Микалис Рокас.

Тошковски упати честитки до амбасадорот за назначувањето на новата функција и изрази уверување дека одличната соработка и пријателските односи ќе продолжат како и со сите досегашни амбасадори на ЕУ во земјата.

-Европската унија е наш најзначаен партнер со поддршка преку структурните фондови, ИПА проектите и последно, преку Планот за раст, земјава може да напредува и во оваа последна фаза на нашиот пат кон целосна европска интеграција. Солидарноста летово ја видовме на дело. Благодарност до ЕУ и нејзините земји членки за асистенцијата која ни ја дадоа во справувањето со пожарите кои ја погодија земјава летово, без нивна помош, загубите и штетите по државата ќе беа непроценливи, потенцираше министерот.

Амбасадорот Михалис Рокас ги нагласи актуелните проекти и поддршката што ја добиваме од страна на ЕУ во дел на јакнење на капацитетите на МВР, посебно во делот на илегалната миграција, борбата со организираниот криминал и високата корупција и ги подвлече предизвиците на кои треба да се фокусираме за доближување кон европските стандарди.

Рокас ја изрази својата поддршка кон реформските процеси и приоритетите на министерството во борба со организираниот и сите видови криминал и корупција и обезбедување на безбедноста на сите граѓани и општеството од страна на МВР.

The post Средба Тошковски – Рокас: ЕУ со силна поддршка во реформите и креирањето на модерна и професионална полиција appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со новоназначениот амбасадор на ЕУ во Република Македонија, Микалис Рокас. Тошковски упати честитки до амбасадорот за назначувањето на новата функција и изрази уверување дека одличната соработка и пријателските односи ќе продолжат како и со сите досегашни амбасадори на ЕУ во земјата. -Европската унија е наш најзначаен партнер со поддршка преку структурните фондови, ИПА проектите и последно, преку Планот за раст, земјава може да напредува и во оваа последна фаза на нашиот пат кон целосна европска интеграција. Солидарноста летово ја видовме на дело. Благодарност до ЕУ и нејзините земји членки за асистенцијата која ни ја дадоа во справувањето со пожарите кои ја погодија земјава летово, без нивна помош, загубите и штетите по државата ќе беа непроценливи, потенцираше министерот. Амбасадорот Михалис Рокас ги нагласи актуелните проекти и поддршката што ја добиваме од страна на ЕУ во дел на јакнење на капацитетите на МВР, посебно во делот на илегалната миграција, борбата со организираниот криминал и високата корупција и ги подвлече предизвиците на кои треба да се фокусираме за доближување кон европските стандарди. Рокас ја изрази својата поддршка кон реформските процеси и приоритетите на министерството во борба со организираниот и сите видови криминал и корупција и обезбедување на безбедноста на сите граѓани и општеството од страна на МВР.

The post Средба Тошковски – Рокас: ЕУ со силна поддршка во реформите и креирањето на модерна и професионална полиција appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот шеф на Делегацијата на ЕУ, Микалис Рокас https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-gi-primi-akreditivite-na-novoimenuvaniot-shef-na-delegatsijata-na-eu-mikalis-rokas/ Fri, 06 Sep 2024 13:00:58 +0000 https://republika.mk/?p=813845

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Микалис Рокас.

Во поздравното обраќање на церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката порача дека и по повеќе од три децении од нашето осамостојување, стремежот за полноправно членство во Европската Унија продолжува да биде важен општествен двигател и значаен фактор на кохезија за огромното мнозинство македонски граѓани.

„Приклучувањето кон Европската Унија претставува наша цврста стратешка определба и генерациска цел за чие остварување макотрпно работеле и продолжуваат да работат десетици наши државни лидери, политички претставници, членови на граѓанскиот сектор, академски и научни работници, стопанственици, новинари и уште многу повеќе наши дипломати и државни службеници“, истакна во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова, додавајќи дека како земја на пријателство и соживот, нашата држава ги почитува различностите и ги вреднува соседите и преку своето делување, активно ги промовира европските вредности во регионот и пошироко.

Таа изрази уверување дека со поддршка од ЕУ, земјава може да напредува и во оваа последна фаза на нашиот пат кон целосна европска интеграција, со забрзано темпо и без никакви пречки.

„Низ годините, донесовме храбри и многу тешки одлуки во интерес на иднината на нашите граѓани и на државата. Направивме многу за да се доближиме до потребните европски стандарди, да преземеме значаен дел од законодавството на ЕУ и да изградиме ефикасни административни и правосудни капацитети. Притоа, останавме докажан партнер од доверба за Унијата, како од аспект на реформите, така и преку нашиот придонес во справувањето со многуте заеднички предизвици“, истакна претседателката во поздравното обраќање.

Потенцирајќи дека Европската Унија е нашиот најзначаен економски и трговски партнер, што говори за исклучително блиската структурна поврзаност на нашата економија со единствениот пазар на Унијата и економиите на земјите – членки, претседателката истакна дека фондовите и макрофинансиската поддршка на ЕУ беа и остануваат важен поттик за развој, трансформација и реформи.

„Би сакала да го истакнам и своето длабоко убедување дека, во духот на заложбите за забрзана и фазна интеграција, ќе успееме да го искористиме целокупниот потенцијал на Планот за раст за Западен Балкан и останатите европски програми и механизми за продлабочување и унапредување на нашето партнерство “, порача претседателката Сиљановска Давкова потенцирајќи дека нашата земја во ЕУ гледа клучен поддржувач, партнер и пријател во справувањето со многуте предизвици на денешницата.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Микалис Рокас при предавање на акредитивните писма ја цитираше изјавата на претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен: „проширувањето е инвестиција во нашата колективна сила и безбедност. Сакаме силна, конкурентна и безбедна Европа, а тоа го вклучува и Западен Балкан, како и Украина и Молдaвија во нашата Европска Унија“, потенцирајќи дека ова е доказ дека проширувањето повторно ќе стане главен приоритет и дека треба да се забрза за време на нејзиниот мандат.

Амбасадорот Рокас посочи и на неодамнешната одлука на Советот и на Европскиот Парламент да го финансира Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан.

„Тоа покажува дека ЕУ вложува средства сразмерно на нивото на нашите амбиции. Подготвени сме да ја придружуваме Вашата земја, новата Влада, институциите и граѓанското општество на патот кон натамошна европска интеграција. Би сакал да Ве уверам дека моја цел е да и помогнам на Македонија да оди напред и да направи видливи чекори на патот кон оваа заедничка определба за членство во Унијата“, истакна амбасадорот Рокас.

„Преговорите и реформите се надеваме дека наскоро би можеле да станат процеси кои меѓусебно ќе се зајакнуваат. И двата процеси се предизвикувачки за Вашата Влада и за јавната администрација. Остануваме подготвени да ја обезбедиме сета неопходна помош за зајакнување на институциите преку нашиот претпристапен инструмент, ИПА. Подготвени сме за отворен дијалог, да слушаме, да советуваме и заедно да изнаоѓаме решенија. Очекувам да соработувам со Вас, Ваша Екселенцијо, со Парламентот, со Владата и со сите други чинители на граѓанското општество“, порача при предавање на акредитивите амбасадорот Рокас.

Toj истакна дека ќе ги застапува вредностите на Европската Унија, почитувањето на човековите права и владеењето на правото, посочувајќи ја солидарноста што ја демонстрирала ЕУ при помошта во борбата со шумските пожари во земјава и на Балканот, како и заложбите за мир што Унијата ги демонстрира преку континуирана и силна поддршка на Украина и на принципите на меѓународното право.

The post Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот шеф на Делегацијата на ЕУ, Микалис Рокас appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Микалис Рокас. Во поздравното обраќање на церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката порача дека и по повеќе од три децении од нашето осамостојување, стремежот за полноправно членство во Европската Унија продолжува да биде важен општествен двигател и значаен фактор на кохезија за огромното мнозинство македонски граѓани.
„Приклучувањето кон Европската Унија претставува наша цврста стратешка определба и генерациска цел за чие остварување макотрпно работеле и продолжуваат да работат десетици наши државни лидери, политички претставници, членови на граѓанскиот сектор, академски и научни работници, стопанственици, новинари и уште многу повеќе наши дипломати и државни службеници“, истакна во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова, додавајќи дека како земја на пријателство и соживот, нашата држава ги почитува различностите и ги вреднува соседите и преку своето делување, активно ги промовира европските вредности во регионот и пошироко.
Таа изрази уверување дека со поддршка од ЕУ, земјава може да напредува и во оваа последна фаза на нашиот пат кон целосна европска интеграција, со забрзано темпо и без никакви пречки.
„Низ годините, донесовме храбри и многу тешки одлуки во интерес на иднината на нашите граѓани и на државата. Направивме многу за да се доближиме до потребните европски стандарди, да преземеме значаен дел од законодавството на ЕУ и да изградиме ефикасни административни и правосудни капацитети. Притоа, останавме докажан партнер од доверба за Унијата, како од аспект на реформите, така и преку нашиот придонес во справувањето со многуте заеднички предизвици“, истакна претседателката во поздравното обраќање.
Потенцирајќи дека Европската Унија е нашиот најзначаен економски и трговски партнер, што говори за исклучително блиската структурна поврзаност на нашата економија со единствениот пазар на Унијата и економиите на земјите – членки, претседателката истакна дека фондовите и макрофинансиската поддршка на ЕУ беа и остануваат важен поттик за развој, трансформација и реформи.
„Би сакала да го истакнам и своето длабоко убедување дека, во духот на заложбите за забрзана и фазна интеграција, ќе успееме да го искористиме целокупниот потенцијал на Планот за раст за Западен Балкан и останатите европски програми и механизми за продлабочување и унапредување на нашето партнерство “, порача претседателката Сиљановска Давкова потенцирајќи дека нашата земја во ЕУ гледа клучен поддржувач, партнер и пријател во справувањето со многуте предизвици на денешницата.
Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Микалис Рокас при предавање на акредитивните писма ја цитираше изјавата на претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен: „проширувањето е инвестиција во нашата колективна сила и безбедност. Сакаме силна, конкурентна и безбедна Европа, а тоа го вклучува и Западен Балкан, како и Украина и Молдaвија во нашата Европска Унија“, потенцирајќи дека ова е доказ дека проширувањето повторно ќе стане главен приоритет и дека треба да се забрза за време на нејзиниот мандат. Амбасадорот Рокас посочи и на неодамнешната одлука на Советот и на Европскиот Парламент да го финансира Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан.
„Тоа покажува дека ЕУ вложува средства сразмерно на нивото на нашите амбиции. Подготвени сме да ја придружуваме Вашата земја, новата Влада, институциите и граѓанското општество на патот кон натамошна европска интеграција. Би сакал да Ве уверам дека моја цел е да и помогнам на Македонија да оди напред и да направи видливи чекори на патот кон оваа заедничка определба за членство во Унијата“, истакна амбасадорот Рокас.
„Преговорите и реформите се надеваме дека наскоро би можеле да станат процеси кои меѓусебно ќе се зајакнуваат. И двата процеси се предизвикувачки за Вашата Влада и за јавната администрација. Остануваме подготвени да ја обезбедиме сета неопходна помош за зајакнување на институциите преку нашиот претпристапен инструмент, ИПА. Подготвени сме за отворен дијалог, да слушаме, да советуваме и заедно да изнаоѓаме решенија. Очекувам да соработувам со Вас, Ваша Екселенцијо, со Парламентот, со Владата и со сите други чинители на граѓанското општество“, порача при предавање на акредитивите амбасадорот Рокас.
Toj истакна дека ќе ги застапува вредностите на Европската Унија, почитувањето на човековите права и владеењето на правото, посочувајќи ја солидарноста што ја демонстрирала ЕУ при помошта во борбата со шумските пожари во земјава и на Балканот, како и заложбите за мир што Унијата ги демонстрира преку континуирана и силна поддршка на Украина и на принципите на меѓународното право.

The post Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот шеф на Делегацијата на ЕУ, Микалис Рокас appeared first on Република.

]]>
Новиот амбасадор на ЕУ пoчнува со работа – ги предаде копиите од акредитивите https://republika.mk/vesti/makedonija/noviot-ambasador-na-eu-pochnuva-so-rabota-gi-predade-kopiite-od-akreditivite/ Thu, 05 Sep 2024 09:58:27 +0000 https://republika.mk/?p=813414

Новоименуваниот амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската Унија, Микалис Рокас, денеска ги предаде копиите од акредитивните писма на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

На средбата во Министерството, како што информираат оттаму, Муцунски истакнал дека дипломатската мисија на Рокас започнува во исклучително важен момент за европската иднина на земјата. Во таа смисла министерот Муцунски изразил уверување дека со силна заемна посветеност ќе успееме да обезбедиме одлучен напредок на патот кон реализацијата на нашата стратешка определба за идно членство во ЕУ.

„Министерот Муцунски го нагласи и задоволството од досегашната континуирана поддршка на Европската Унија за унапредување на реформските процеси, стабилноста и просперитетот на земјата, и ја потенцираше нашата подготвеност за натамошно продлабочување на меѓусебното партнерство засновано на заедничките вредности и интереси“, се наведува во соопштението.

The post Новиот амбасадор на ЕУ пoчнува со работа – ги предаде копиите од акредитивите appeared first on Република.

]]>

Новоименуваниот амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската Унија, Микалис Рокас, денеска ги предаде копиите од акредитивните писма на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. На средбата во Министерството, како што информираат оттаму, Муцунски истакнал дека дипломатската мисија на Рокас започнува во исклучително важен момент за европската иднина на земјата. Во таа смисла министерот Муцунски изразил уверување дека со силна заемна посветеност ќе успееме да обезбедиме одлучен напредок на патот кон реализацијата на нашата стратешка определба за идно членство во ЕУ.
„Министерот Муцунски го нагласи и задоволството од досегашната континуирана поддршка на Европската Унија за унапредување на реформските процеси, стабилноста и просперитетот на земјата, и ја потенцираше нашата подготвеност за натамошно продлабочување на меѓусебното партнерство засновано на заедничките вредности и интереси“, се наведува во соопштението.

The post Новиот амбасадор на ЕУ пoчнува со работа – ги предаде копиите од акредитивите appeared first on Република.

]]>
Министерот Муцунски ги прими акредитивите на новиот евроамбасадор Рокас https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-mutsunski-gi-primi-akreditivite-na-noviot-evroambasador-rokas/ Thu, 05 Sep 2024 09:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=813389

 Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската унија, Микалис Рокас, притоа посочувајќи дека неговата дипломатска мисија започнува во исклучително важен момент за Европската иднина на земјата и во таа смисла, изразувајќи уверување дека со силна заемна посветеност ќе се обезбеди одлучен напредок на патот кон реализација на нашата стратешка определба за идно членство во ЕУ, соопштија од Министеството за надворешни работи.

Муцунски изразил задоволство од досегашната континуирана поддршка на Европската унија за унапредување на реформските процеси, стабилноста и просперитетот на земјата, и ја потенцирал нашата подготвеност за натамошно продлабочување на меѓусебното партнерство засновано на заедничките вредности и интереси.

На средбата, како што велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија била акцентирана и важноста од што поскора интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а во тој контекст бил поздравен и неодамна донесениот План за раст за Западен Балкан како значаен политички и финансиски влог на ЕУ во регионот и дополнителен поттик за остварување на оваа заедничка цел.

The post Министерот Муцунски ги прими акредитивите на новиот евроамбасадор Рокас appeared first on Република.

]]>

 Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската унија, Микалис Рокас, притоа посочувајќи дека неговата дипломатска мисија започнува во исклучително важен момент за Европската иднина на земјата и во таа смисла, изразувајќи уверување дека со силна заемна посветеност ќе се обезбеди одлучен напредок на патот кон реализација на нашата стратешка определба за идно членство во ЕУ, соопштија од Министеството за надворешни работи. Муцунски изразил задоволство од досегашната континуирана поддршка на Европската унија за унапредување на реформските процеси, стабилноста и просперитетот на земјата, и ја потенцирал нашата подготвеност за натамошно продлабочување на меѓусебното партнерство засновано на заедничките вредности и интереси. На средбата, како што велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија била акцентирана и важноста од што поскора интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а во тој контекст бил поздравен и неодамна донесениот План за раст за Западен Балкан како значаен политички и финансиски влог на ЕУ во регионот и дополнителен поттик за остварување на оваа заедничка цел.

The post Министерот Муцунски ги прими акредитивите на новиот евроамбасадор Рокас appeared first on Република.

]]>