Михал Димек Archives - Република https://republika.mk/tema/mihal-dimek/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Aug 2022 13:24:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Михал Димек Archives - Република https://republika.mk/tema/mihal-dimek/ 32 32 Мојот пристап не секогаш е проблематичен, некогаш се водам од интуицијата, вели кинематограферот на „Ео“Михал Димек https://republika.mk/vesti/kultura/mojot-pristap-ne-sekogash-e-problematichen-nekogash-se-vodam-od-intuicijata-veli-kinematograferot-na-eo-mihal-dimek/ Tue, 23 Aug 2022 13:24:26 +0000 https://republika.mk/?p=543298

Мастер клас со Михал Димек, кинематографер на филмот во натпреварувачка конкуренција „Ео“: Со суперпрецизно сценарио и сериозна претпродукција завршивме тежок проект

Михал Димак  е кинематографер кој дипломирал на прочуената филмска школа во Лоѓ, Полска. На 43. ИФФК „Браќа Манаки“ е учесник во главната натпреварувачка програма со необичната филмска сторија за едно магаре, насловена по неговото име „ЕО“.

Иако релативно млад, Димек зад себе веќе има дваесеттина наслови, некои од нив наградувани, а во оваа прилика треба да се напомене дека соработката со славниот полски режисер со светска кариера, Јежи Сколимовски, е своевидно посебно признание.

Сколимовски со „ЕО“ прави посвета на еден од неговите најценети колеги, францускиот автор Робер Бресон  и неговиот филм „Среќно, Балтазар!“. И Сколимовски, всушност, во тој период го снима неговиот најголем успех од раната фаза, „Лесна победа“ и со Бресон го поделиле воодушевувањето на филмската критика, освојувајќи престижни наградаи.

Магарето ЕО, откако ќе пропадне циркусот во кој настапува заедно со неговата инструкторка Касандра, која бескрајно го сака ама мора да го напушти, на своето талкање низ земјата наидува на добри и лоши луѓе, доживува радост и болка, и на метафоричен начин ја истражува визијата за модерна Европа низ неговите очи...

Михал Димек на мастер класот говореше пред благородно составена публика, во која имаше искусни филмски професионалци и голем број студенти од филмските академии во Европа, кои се гости на 43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Заедно со модераторот на разговорот, селекторот на главната натпреварувачка програма Слаѓан Пенев, Димек видно расположен ги објаснуваше сите финеси за време на реализијата на „ЕО“.

На почетокот на разговорот Димек ги запозна присутните со почетоците на неговата карера, по завршување на филмската школа во Лоѓ, која од крајот на Втората светска војна до денес важи за една од најценетите во Европа. Запрашан за фазите на соработката со Сколимовски, Димак вели дека најпрвин бил фасциниран од суперпрецизноста на сценариото – потпишано од режисерот и Ева Пjасковска  – во кое бил разработен секој можен детал.

Сепак, на сетот за време на снимањето, моравме да менуваме некои сцени. За мене беше битно да имаме сериозна претпродукција, посочува Димек.

„ЕО“ е филм со нагласена поетика, во кој Димек има „извадено“ безброј детали кои ги разгоруваат сентименталните чувства кај гледачите. Секако дека не е едноставно да се работи со било кое животно на филм, а посебно магаре, чиј синоним народот е тврдоглавост. Димек откри дека потрошиле тони моркови и јаболка за го „подмитуваат“ ЕО на снимањето.

Кинематограферот откри и дека дошол зад камерата на „ЕО“ со комбинација на случајност и среќа, и тоа на почетокот на пандемијата со ковид-19: повикот за соработка од такво име какво што е Сколимовски многу му значел.

Димек одговараше на бројните прашања од публиката заинтересирана и за најмалите детали во филмот и нивната реализација: употребата на светлото и бојата, контрастот, колку време му требале за снимање на некои специфични сцени во филмот.

Филмот „ЕО“ на Јержи Сколимовски, кој беше прикажан на годинешното издание на Канскиот фестивал, синоќа имаше проекција во Големата сала во Центарот за култура во Битола во главната програма во рамките на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

Уште еден прекрасен продукт на полската кинематографија и ремек дело на Јержи Сколимовски. Кинематограферот на филмот Михал Димек дипломирал на филмската школа во Лоѓ. Има снимено пет долгометражни филмови, многу е креативен. Има завидна кинематограферска биографија, и во филмот „ЕО“ добил креативна слобода која резултира со визуелна поезија, рече селекторот на главната програма Слаѓан Пенев.

Димек вели дека уште на почеток во разговорите со режисерот знаел дека визуелниот елемент ќе биде клучен и успеал да се избори за креативна слобода, кадри и таа визуелна поезија која постигнал.

Самото сценарио е напишано на доста визуелен начин и од почетокот се држев до сценариото кое ми даваше слобода и мотивација да постигнам што повеќе од визуелниот ефект. Мојот пристап не секогаш е проблематичен, некогаш се водам од интуицијата, вели Димек.

Црвената боја преовладува на почетокот на филмот и останува во сеќавање на гледачот и откако ќе го гледа филмот.

Првичната идеја ја добив од сцената со сообраќаната несреќа и не очекував дека сцената ќе заврши со смрт, така што почетната асоцијација за смртта ја поврзав со црвената боја. Инаку, често ја користам оваа боја низ целиот филм како една референца, како константа, како палета, раскажа Димек.

Филмот е своевиден омаж на еден од најзначајните филмови во историјата „Погледот на Балтазар“ и преку главниот лик, магарето, зборува за луѓето...кои се, какви се, како се однесуваат кон другите. Јержи Сколимовски, режисерот на „ЕО“, оние кои го познаваат велат дека е доста тврд како карактер, но ова е можеби единствениот филм кој го расплакал.
Димек раскажа дека имале две магариња со кои снимале со оглед на нивната тврдоглавост морале да применуваат трикови бидејќи мора да се земе во предвид дека сепак тоа се животни и не може да изразуваат чувства или да направат одредена работа, така што со нив работеле како со објект, наместо како со актери.

The post Мојот пристап не секогаш е проблематичен, некогаш се водам од интуицијата, вели кинематограферот на „Ео“Михал Димек appeared first on Република.

]]>

Мастер клас со Михал Димек, кинематографер на филмот во натпреварувачка конкуренција „Ео“: Со суперпрецизно сценарио и сериозна претпродукција завршивме тежок проект Михал Димак  е кинематографер кој дипломирал на прочуената филмска школа во Лоѓ, Полска. На 43. ИФФК „Браќа Манаки“ е учесник во главната натпреварувачка програма со необичната филмска сторија за едно магаре, насловена по неговото име „ЕО“. Иако релативно млад, Димек зад себе веќе има дваесеттина наслови, некои од нив наградувани, а во оваа прилика треба да се напомене дека соработката со славниот полски режисер со светска кариера, Јежи Сколимовски, е своевидно посебно признание. Сколимовски со „ЕО“ прави посвета на еден од неговите најценети колеги, францускиот автор Робер Бресон  и неговиот филм „Среќно, Балтазар!“. И Сколимовски, всушност, во тој период го снима неговиот најголем успех од раната фаза, „Лесна победа“ и со Бресон го поделиле воодушевувањето на филмската критика, освојувајќи престижни наградаи. Магарето ЕО, откако ќе пропадне циркусот во кој настапува заедно со неговата инструкторка Касандра, која бескрајно го сака ама мора да го напушти, на своето талкање низ земјата наидува на добри и лоши луѓе, доживува радост и болка, и на метафоричен начин ја истражува визијата за модерна Европа низ неговите очи... Михал Димек на мастер класот говореше пред благородно составена публика, во која имаше искусни филмски професионалци и голем број студенти од филмските академии во Европа, кои се гости на 43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Заедно со модераторот на разговорот, селекторот на главната натпреварувачка програма Слаѓан Пенев, Димек видно расположен ги објаснуваше сите финеси за време на реализијата на „ЕО“. На почетокот на разговорот Димек ги запозна присутните со почетоците на неговата карера, по завршување на филмската школа во Лоѓ, која од крајот на Втората светска војна до денес важи за една од најценетите во Европа. Запрашан за фазите на соработката со Сколимовски, Димак вели дека најпрвин бил фасциниран од суперпрецизноста на сценариото – потпишано од режисерот и Ева Пjасковска  – во кое бил разработен секој можен детал.
Сепак, на сетот за време на снимањето, моравме да менуваме некои сцени. За мене беше битно да имаме сериозна претпродукција, посочува Димек.
„ЕО“ е филм со нагласена поетика, во кој Димек има „извадено“ безброј детали кои ги разгоруваат сентименталните чувства кај гледачите. Секако дека не е едноставно да се работи со било кое животно на филм, а посебно магаре, чиј синоним народот е тврдоглавост. Димек откри дека потрошиле тони моркови и јаболка за го „подмитуваат“ ЕО на снимањето. Кинематограферот откри и дека дошол зад камерата на „ЕО“ со комбинација на случајност и среќа, и тоа на почетокот на пандемијата со ковид-19: повикот за соработка од такво име какво што е Сколимовски многу му значел. Димек одговараше на бројните прашања од публиката заинтересирана и за најмалите детали во филмот и нивната реализација: употребата на светлото и бојата, контрастот, колку време му требале за снимање на некои специфични сцени во филмот. Филмот „ЕО“ на Јержи Сколимовски, кој беше прикажан на годинешното издание на Канскиот фестивал, синоќа имаше проекција во Големата сала во Центарот за култура во Битола во главната програма во рамките на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.
Уште еден прекрасен продукт на полската кинематографија и ремек дело на Јержи Сколимовски. Кинематограферот на филмот Михал Димек дипломирал на филмската школа во Лоѓ. Има снимено пет долгометражни филмови, многу е креативен. Има завидна кинематограферска биографија, и во филмот „ЕО“ добил креативна слобода која резултира со визуелна поезија, рече селекторот на главната програма Слаѓан Пенев.
Димек вели дека уште на почеток во разговорите со режисерот знаел дека визуелниот елемент ќе биде клучен и успеал да се избори за креативна слобода, кадри и таа визуелна поезија која постигнал.
Самото сценарио е напишано на доста визуелен начин и од почетокот се држев до сценариото кое ми даваше слобода и мотивација да постигнам што повеќе од визуелниот ефект. Мојот пристап не секогаш е проблематичен, некогаш се водам од интуицијата, вели Димек.
Црвената боја преовладува на почетокот на филмот и останува во сеќавање на гледачот и откако ќе го гледа филмот.
Првичната идеја ја добив од сцената со сообраќаната несреќа и не очекував дека сцената ќе заврши со смрт, така што почетната асоцијација за смртта ја поврзав со црвената боја. Инаку, често ја користам оваа боја низ целиот филм како една референца, како константа, како палета, раскажа Димек.
Филмот е своевиден омаж на еден од најзначајните филмови во историјата „Погледот на Балтазар“ и преку главниот лик, магарето, зборува за луѓето...кои се, какви се, како се однесуваат кон другите. Јержи Сколимовски, режисерот на „ЕО“, оние кои го познаваат велат дека е доста тврд како карактер, но ова е можеби единствениот филм кој го расплакал. Димек раскажа дека имале две магариња со кои снимале со оглед на нивната тврдоглавост морале да применуваат трикови бидејќи мора да се земе во предвид дека сепак тоа се животни и не може да изразуваат чувства или да направат одредена работа, така што со нив работеле како со објект, наместо како со актери.

The post Мојот пристап не секогаш е проблематичен, некогаш се водам од интуицијата, вели кинематограферот на „Ео“Михал Димек appeared first on Република.

]]>