Михаил Мишустин Archives - Република https://republika.mk/tema/mihail-mishustin/ За подобро да се разбереме Fri, 10 May 2024 16:32:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Михаил Мишустин Archives - Република https://republika.mk/tema/mihail-mishustin/ 32 32 Михаил Мишустин изгласан за премиер на Русија https://republika.mk/vesti/svet/mihail-mishustin-izglasan-za-premier-na-rusija/ Fri, 10 May 2024 16:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=776875

Државната дума на Русија на пленарна средба усвои предлог за резолуција за именување на Михаил Мишустин за премиер.

За тој предлог гласаа 375 пратеници, 57 беа воздржани, а ниту еден од пратениците не гласаше против.

Новиот премиер треба да поднесе предлози за структурата на федералните извршни тела до претседателот на Русија најдоцна една недела по неговото именување.

The post Михаил Мишустин изгласан за премиер на Русија appeared first on Република.

]]>

Државната дума на Русија на пленарна средба усвои предлог за резолуција за именување на Михаил Мишустин за премиер. За тој предлог гласаа 375 пратеници, 57 беа воздржани, а ниту еден од пратениците не гласаше против. Новиот премиер треба да поднесе предлози за структурата на федералните извршни тела до претседателот на Русија најдоцна една недела по неговото именување.

The post Михаил Мишустин изгласан за премиер на Русија appeared first on Република.

]]>
Мишустин: Русија мора да остане обединета околу Путин https://republika.mk/vesti/svet/mishustin-rusija-mora-da-ostane-obedineta-okolu-putin/ Mon, 26 Jun 2023 13:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=655340

Рускиот премиер Михаил Мишустин денеска изјави дека земјата се соочува со „предизвик за нејзината стабилност“ и мора да остане обединета околу претседателот Владимир Путин, откако во саботата пропадна бунтот на силно вооружените платеници.

Според договорот во саботата вечерта со кој се ублажи кризата и се спречи можното крвопролевање, Кремљ објави дека платениците на групата „Вагнер“ ќе се вратат во нивните бази, а нивниот лидер Евгениј Пригожин ќе замине во Белорусија. Кремљ додаде дека сите кривични пријави против него и неговите борци ќе бидат отфрлени.

Во веројатно првиот говор на висок руски функционер по постигнувањето на договорот, Мишустин апелираше за национално единство пред, како што рече, „напорите на Западот да ја поткопа Русија“.

Во овие услови, главната работа е да се обезбеди суверенитетот и независноста на нашата земја, безбедноста и благосостојбата на граѓаните. За ова е особено важна консолидацијата на целото општество, мора да дејствуваме заедно како еден тим и да го одржиме единството на сите сили, собрани околу претседателот, рече премиерот на владината седница.

Поранешниот шеф на руската Федерална даночна служба го нападна Западот.

Како што истакна претседателот, речиси целата воена, економска, информативна машина на Западот е насочена против нас, изјави тој.

Во саботата, Путин рече дека бунтот на платениците на „Вагнер“ го загрозува самото постоење на Русија и вети дека ќе ја уништи. Сепак, рускиот претседател јавно не ги коментираше драматичните настани во земјата потоа, ниту договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

The post Мишустин: Русија мора да остане обединета околу Путин appeared first on Република.

]]>

Рускиот премиер Михаил Мишустин денеска изјави дека земјата се соочува со „предизвик за нејзината стабилност“ и мора да остане обединета околу претседателот Владимир Путин, откако во саботата пропадна бунтот на силно вооружените платеници. Според договорот во саботата вечерта со кој се ублажи кризата и се спречи можното крвопролевање, Кремљ објави дека платениците на групата „Вагнер“ ќе се вратат во нивните бази, а нивниот лидер Евгениј Пригожин ќе замине во Белорусија. Кремљ додаде дека сите кривични пријави против него и неговите борци ќе бидат отфрлени. Во веројатно првиот говор на висок руски функционер по постигнувањето на договорот, Мишустин апелираше за национално единство пред, како што рече, „напорите на Западот да ја поткопа Русија“. Во овие услови, главната работа е да се обезбеди суверенитетот и независноста на нашата земја, безбедноста и благосостојбата на граѓаните. За ова е особено важна консолидацијата на целото општество, мора да дејствуваме заедно како еден тим и да го одржиме единството на сите сили, собрани околу претседателот, рече премиерот на владината седница. Поранешниот шеф на руската Федерална даночна служба го нападна Западот. Како што истакна претседателот, речиси целата воена, економска, информативна машина на Западот е насочена против нас, изјави тој. Во саботата, Путин рече дека бунтот на платениците на „Вагнер“ го загрозува самото постоење на Русија и вети дека ќе ја уништи. Сепак, рускиот претседател јавно не ги коментираше драматичните настани во земјата потоа, ниту договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

The post Мишустин: Русија мора да остане обединета околу Путин appeared first on Република.

]]>
За Мишустин, Западот „ги украл“ руските девизни резерви https://republika.mk/vesti/svet/za-mishustin-zapadot-gi-ukral-ruskite-devizni-rezervi/ Thu, 20 Oct 2022 10:05:07 +0000 https://republika.mk/?p=563495

Рускиот премиер Михаил Мишустин го спореди со кражба замрзнувањето на руските девизни резерви од страна на Западот во рамките на санкциите на Западот поради војната во Украина.

„Со воведувањето на нови пакети санкции, непријателските земји се обидоа да нанесат што е можно поголема штета на нашата индустрија, финансискиот систем, да ја заплашат бизнис заедницата. Едноставно кажано, украдени се стотици милијарди долари од руските девизни резерви“, рече Мишустин во четвртокот во обраќањето на меѓународниот извозен фори, „Произведено во Русија“.

Притоа, рускиот премиер ги оцени дека неодамнешните инциденти со експлозии на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 во територијални води на Шведска и Данска се „терористички напади врз (руската) инфраструктура за транспорт на гас“.

Се проценува дека поради западните санкции, околу 300 милијарди во златни и девизни резерви на Русија се замрзнати во странските банки. Мишустин денеска забележа во тој контекст дека „претходно декларираните и навидум непроменливи правила на соработка отворено се игнорираат од претставниците на Западот“.

„Веќе не зборуваме за фер конкуренција, во основа многу одлуки се засноваат на отворен протекционизам или разни видови моментни политички задачи“, изјави рускиот премиер.

Мишустин додаде дека противниците на Русија за преземањето на санкции не запреле пред фактот дека во отворена економија многу пазари се меѓусебно поврзани, што во крајна линија довела сите такви потез да ги погодат самите иницијатори.

„Тие веќе се соочуваат со рекорден раст на цените, поскапувања на гасот и електричната енергија, горивата и газот. Во многу земји на ткн развиен свет, кој до неодамна се гордееше со зелените технологии, се враќаат на јагленот како енергенс“, истакна Мишустин.

Според него, изгледаат апсурдни и самите намери Русија да биде исклучена од глобалната трговија.

„Од древните времиња, нашата земја била и останува важна компонента (на глобалните пазари). И тешко е да се замисли светската индустрија без руските ресурси и стои“, заклучи рускиот премиер

The post За Мишустин, Западот „ги украл“ руските девизни резерви appeared first on Република.

]]>

Рускиот премиер Михаил Мишустин го спореди со кражба замрзнувањето на руските девизни резерви од страна на Западот во рамките на санкциите на Западот поради војната во Украина.
„Со воведувањето на нови пакети санкции, непријателските земји се обидоа да нанесат што е можно поголема штета на нашата индустрија, финансискиот систем, да ја заплашат бизнис заедницата. Едноставно кажано, украдени се стотици милијарди долари од руските девизни резерви“, рече Мишустин во четвртокот во обраќањето на меѓународниот извозен фори, „Произведено во Русија“.
Притоа, рускиот премиер ги оцени дека неодамнешните инциденти со експлозии на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 во територијални води на Шведска и Данска се „терористички напади врз (руската) инфраструктура за транспорт на гас“. Се проценува дека поради западните санкции, околу 300 милијарди во златни и девизни резерви на Русија се замрзнати во странските банки. Мишустин денеска забележа во тој контекст дека „претходно декларираните и навидум непроменливи правила на соработка отворено се игнорираат од претставниците на Западот“.
„Веќе не зборуваме за фер конкуренција, во основа многу одлуки се засноваат на отворен протекционизам или разни видови моментни политички задачи“, изјави рускиот премиер.
Мишустин додаде дека противниците на Русија за преземањето на санкции не запреле пред фактот дека во отворена економија многу пазари се меѓусебно поврзани, што во крајна линија довела сите такви потез да ги погодат самите иницијатори.
„Тие веќе се соочуваат со рекорден раст на цените, поскапувања на гасот и електричната енергија, горивата и газот. Во многу земји на ткн развиен свет, кој до неодамна се гордееше со зелените технологии, се враќаат на јагленот како енергенс“, истакна Мишустин.
Според него, изгледаат апсурдни и самите намери Русија да биде исклучена од глобалната трговија.
„Од древните времиња, нашата земја била и останува важна компонента (на глобалните пазари). И тешко е да се замисли светската индустрија без руските ресурси и стои“, заклучи рускиот премиер

The post За Мишустин, Западот „ги украл“ руските девизни резерви appeared first on Република.

]]>
Русија дозволи паралелен увоз на стоки од брендови кои ја напуштија земјата https://republika.mk/vesti/svet/rusija-dozvoli-paralelen-uvoz-na-stoki-od-brendovi-koi-ja-napushtija-zemjata/ Mon, 18 Apr 2022 07:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=489790

Премиерот на Русија, Михаил Мишустин, потпиша одлука со која се легализира паралелниот увоз и која има за цел ублажување на дејството на санкциите против неговата земја.

На крајот на минатиот месец, Кабинетот на министри на Руската Федерација го легализираше увозот на стоки во земјата без да биде потребна дозвола на носителите на правата со цел да се задоволи побарувачката за странска стока што се бара. Министерството за индустрија и трговија предложи во земјата да се увезуваат само производи на брендови кои престанале да работат во Русија без дозвола на нивните носители на авторските права.

Мајкл Малој, адвокат на „DLA Piper“ во Русија, истакнува дека руската влада е подготвена да го ослабне спроведувањето на правата на интелектуална сопственост со цел да им обезбеди на своите граѓани стоки што не се достапни поради санкциите.

Во исто време, тоа значи дека во Русија ќе дојдат оригинални, а не фалсификувани производи. Се претпоставува дека увозот може да се врши преку Казахстан или Белорусија, кои се дел од интеграциската асоцијација со Руската Федерација.

Според Малој, со новата одлука, странските добавувачи ја изгубиле можноста да бараат компензација или заплена на нивната стока.

The post Русија дозволи паралелен увоз на стоки од брендови кои ја напуштија земјата appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Русија, Михаил Мишустин, потпиша одлука со која се легализира паралелниот увоз и која има за цел ублажување на дејството на санкциите против неговата земја. На крајот на минатиот месец, Кабинетот на министри на Руската Федерација го легализираше увозот на стоки во земјата без да биде потребна дозвола на носителите на правата со цел да се задоволи побарувачката за странска стока што се бара. Министерството за индустрија и трговија предложи во земјата да се увезуваат само производи на брендови кои престанале да работат во Русија без дозвола на нивните носители на авторските права. Мајкл Малој, адвокат на „DLA Piper“ во Русија, истакнува дека руската влада е подготвена да го ослабне спроведувањето на правата на интелектуална сопственост со цел да им обезбеди на своите граѓани стоки што не се достапни поради санкциите. Во исто време, тоа значи дека во Русија ќе дојдат оригинални, а не фалсификувани производи. Се претпоставува дека увозот може да се врши преку Казахстан или Белорусија, кои се дел од интеграциската асоцијација со Руската Федерација. Според Малој, со новата одлука, странските добавувачи ја изгубиле можноста да бараат компензација или заплена на нивната стока.

The post Русија дозволи паралелен увоз на стоки од брендови кои ја напуштија земјата appeared first on Република.

]]>
Москва: Досега се воведени над 6.000 санкции против Русија https://republika.mk/vesti/moskva-dosega-se-vovedeni-nad-6-000-sankcii-protiv-rusija/ Thu, 07 Apr 2022 12:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=484772

Досега против Русија се воведени повеќе од 6.000 санкции, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин.

Поднесувајќи извештај за работата на владата до руската Дума, Мишустин истакна дека санкциите што следувале оваа година биле од невидени размери и дека на Русија и биле воведени повеќе ограничувања од која било друга земја во историјата.

Санкциите се насочени против сите Руси, констатираше премиерот.

Мишустин додаде дека поранешните партнери на Русија се натпреваруваат околу тоа кој попрво ќе воведе рестриктивни мерки и дека целта на санкциите е да се предизвика паника и да се зададе удар врз секој руски граѓанин, а државите кои воведоа санкции се вратија на својата „типично пиратска практика“ , со што имаат намера да ја отсечат неговата земја од светот.

The post Москва: Досега се воведени над 6.000 санкции против Русија appeared first on Република.

]]>

Досега против Русија се воведени повеќе од 6.000 санкции, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин. Поднесувајќи извештај за работата на владата до руската Дума, Мишустин истакна дека санкциите што следувале оваа година биле од невидени размери и дека на Русија и биле воведени повеќе ограничувања од која било друга земја во историјата. Санкциите се насочени против сите Руси, констатираше премиерот. Мишустин додаде дека поранешните партнери на Русија се натпреваруваат околу тоа кој попрво ќе воведе рестриктивни мерки и дека целта на санкциите е да се предизвика паника и да се зададе удар врз секој руски граѓанин, а државите кои воведоа санкции се вратија на својата „типично пиратска практика“ , со што имаат намера да ја отсечат неговата земја од светот.

The post Москва: Досега се воведени над 6.000 санкции против Русија appeared first on Република.

]]>
Против Русија се воведени над 6.000 санкции, повеќе од која било земја во историјата https://republika.mk/vesti/svet/protiv-rusija-se-vovedeni-nad-6-000-sankcii-povekje-od-koja-bilo-zemja-vo-istorijata/ Thu, 07 Apr 2022 12:34:07 +0000 https://republika.mk/?p=484768

Рускиот премиер, Михаил Мишустин, изјави дека досега против Русија се воведени вкупно над 6.000 санкции.

Поднесувајќи извештај за работата на владата до руската Дума, Мишустин изјави дека санкциите што следеле оваа година биле од невидени размери и дека на Русија и биле воведени повеќе ограничувања од која било друга земја во историјата.

Санкциите се насочени против сите Руси - изјави премиерот.

Мишустин истакна дека поранешните партнери на Русија се натпреваруваат околу тоа кој ќе воведе повеќе рестриктивни мерки и дека целта на санкциите е да се предизвика паника и да се зададе удар врз секој руски граѓанин, а земјите кои воведоа санкции се вратија на нивната „типично пиратска практика“, со којашто имаат намера да ја отсечат неговата земја од светот.

The post Против Русија се воведени над 6.000 санкции, повеќе од која било земја во историјата appeared first on Република.

]]>

Рускиот премиер, Михаил Мишустин, изјави дека досега против Русија се воведени вкупно над 6.000 санкции. Поднесувајќи извештај за работата на владата до руската Дума, Мишустин изјави дека санкциите што следеле оваа година биле од невидени размери и дека на Русија и биле воведени повеќе ограничувања од која било друга земја во историјата.
Санкциите се насочени против сите Руси - изјави премиерот.
Мишустин истакна дека поранешните партнери на Русија се натпреваруваат околу тоа кој ќе воведе повеќе рестриктивни мерки и дека целта на санкциите е да се предизвика паника и да се зададе удар врз секој руски граѓанин, а земјите кои воведоа санкции се вратија на нивната „типично пиратска практика“, со којашто имаат намера да ја отсечат неговата земја од светот.

The post Против Русија се воведени над 6.000 санкции, повеќе од која било земја во историјата appeared first on Република.

]]>
Мишустин: Русија привремено ќе им забрани на странците да продаваат имот https://republika.mk/vesti/svet/mishustin-rusija-privremeno-kje-im-zabrani-na-strancite-da-prodavaat-imot/ Tue, 01 Mar 2022 13:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=465929

Русија ќе воведе привремени мерки за забрана на странските инвеститори кои сакаат да го продадат својот имот со цел да се осигура дека ќе донесат добро промислена одлука, а не да донесат одлука под политички притисок, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин.

Во сегашната ситуација со санкциите, странските претприемачи се принудени да не се водат од економски фактори, туку да носат одлуки под политички притисок. Со цел да им се даде шанса да донесат промислена одлука, подготвена е претседателска наредба за воведување привремени ограничувања за оставање руски имот- рече Мишустин на владиниот состанок.

The post Мишустин: Русија привремено ќе им забрани на странците да продаваат имот appeared first on Република.