метални синџири Archives - Република https://republika.mk/tema/metalni-sindhiri/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Jun 2023 14:12:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png метални синџири Archives - Република https://republika.mk/tema/metalni-sindhiri/ 32 32 Кожени ремени, дебели кабли и метални синџири се чуваат во ЈЗУ Демир Хисар, во Бардовци пак пациентите тепаат персонал https://republika.mk/vesti/makedonija/kozheni-remeni-debeli-kabli-i-metalni-sindhiri-se-chuvaat-vo-jzu-demir-hisar-vo-bardovtsi-pak-patsientite-tepaat-personal/ Mon, 26 Jun 2023 14:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=655368

Заложбите на властите за борба против тортурата и несоодветното постапување се повеќе декларативни отколку суштински, изјави народниот правобранител Насер Зибери, на денешната презентација на Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам (НПМ) кој беше презентиран во рамките на Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура – 26 јуни.

Во извештајот се констатирани состојбите во земјата во врска со тортурата и другите форми на несоодветно постапување во местата за лишување од слобода/местата за задржување.

Неспорен аргумент во прилог на ваквата моја констатација е фактот што повеќе години се соочуваме со исти проблеми во местата на задржување, кои како такви се нотирани и од меѓународните мониторинг тела, рече правобранителот Зибери.

Во текот на 2022 година тимот на НПМ спровел вкупно 19 ненајавени посети, од кои девет посети во полициски станици од општа надлежност на подрачјето на Секторите за внатрешни работи (СВР) Скопје, Битола и Тетово, три посети во казнено поправни и воспитно поправни установи, една посета во дом за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје, две посети на психијатриски болници „Скопје“ и „Демир Хисар“, како и четири посети на места каде што се врши сместување или задржување на странци и баратели на азил.

Минатата година, како што информираше Зибери, во фокусот на постапувањето на Правобранителот биле психијатриските болници, поточно нивните форензички/судски одделенија, при што биле посетени две психијатриски установи, односно судските одделенија во Психијатриска болница „Скопје“ и Психијатриска болница „Демир Хисар“.

Како сериозен проблем што беше истакнат во Психијатриската болница – „Скопје“ е (не)редовноста во примањето на терапијата. Имено, за време на посетата беше констатирано дека персоналот не може да воспостави ред во примањето на терапијата од страна на пациентите. Беа добиени наводи и дека персоналот се соочува со закани и напади, коишто во минатото резултирале и со нанесување на телесни повреди на болничкиот персонал, рече Зибери.

Конфликите меѓу пациентите на одделението ги издвои како чести, а во одредени случаи, како што посочи, вербалните караници резултирале и со меѓусебни физички напади.

Од судското одделение на Психијатриската болница – „Скопје“ нотирани се и чести бегства во времетраење од неколку часа до неколку месеци, а како главна причина за бегствата, пациентите ги посочуваат лошите услови за престој, недостатокот на организирани активности, но и неодобрувањето на терапевтски викенди. Во прилог на ова е недоволниот број медицински и друг персонал, непостоење на системски организирана заштита на обезбедувањето, како и генерално слаб менаџмент, дополни Зибери.

Материјалните услови во судското одделение во Психијатриска болница „Скопје“, според правобранителот, не ги задоволуваат стандардите кои што упатуваат на потребата од создавање позитивна терапевтска средина и е потребно итно преземање мерки за целосно реновирање на објектот со цел подобрување на материјалните услови како за пациентите, така и за вработените, во смисла на создавање соодветни работни услови.

Сето погоре наведено упатува на целосно нефункционален систем на извршување на мерката безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа што се извршува во судското одделение на Психијатриската болница – „Скопје“. Ваквата состојба непосредно влијае и го зголемува ризикот од злоупотреби што би можеле да значат тортура или друг вид сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, рече Зибери.

Слична состојба затекнале и во Психијатриската болница „Демир Хисар“.

Во делот на материјалните услови општиот заклучок во однос на Одделението за форензичка психијатрија и психијатриска експертиза е дека целиот објект не е редовно и доволно одржуван поради што и се наоѓа во лоша состојба. Хигиената не се одржува на соодветно ниво и не ги исполнува болничките хигиенски барања. Ова упатува на потребата од преземање итни мерки за целосно реновирање на објектот, рече правобранителот.

Дополни дека при посетата во една од работните простории на персоналот биле пронајдени кожени ремени за фиксација за коишто било истакнато дека не се користат, како и метален синџир со катанче за заклучување на просториите кога има вознемирени пациенти.

Во друга просторија, пак, беше забележан и цврст, дебел кабел со должина од еден метар за што вработените немаа одговор зошто е таму, ниту која му е намената. Имајќи предвид дека ваквите средства може да послужат за заплашување, малтретирање или друго несоодветно постапување спрема пациентите, тимот на НПМ истакна дека е потребно истите веднаш да се отстранат, а заклучувањето на собите, доколку е потребно да се врши на соодветен начин, со поправка на бравите од вратите, дополни Зибери.

Од добиените информации за време на посетите на болниците било констатирано дека и двете болници се соочуваат со сериозен недостиг од персонал. Па така, во Психијатриска болница – „Скопје“ од вкупно систематизирани 397 работни места, пополнети се 318, додека, пак, во Психијатриската болница „Демир Хисар“ недостатокот од кадар се пополнува со времено ангажирање на лица и тоа 37 од вкупно 258 вработени лица.

Оттука, препорачуваме зголемување на ангажираниот персонал во судското одделение така што ќе се обезбеди соодветно присуство во секое време, вклучително ноќе и за викенди. Во оваа смисла, мора да се зголеми бројот на медицински сестри/техничари и болничари, а исто така мора да се обезбеди и соодветно стручен и на редовна основа достапен персонал што ќе обезбеди активности за психо-социјална рехабилитација, како психолози, професионални терапевти и едукатори, рече правобранителот.

Народниот правобранител се осврна и на состојбите со Казнено-поправните установи, Воспитно поправниот дом – Тетово, полициските станици, местата каде што се врши сместување или задржување на странци и баратели на азил и Геронтолошкиот дом „13 Ноември“.

The post Кожени ремени, дебели кабли и метални синџири се чуваат во ЈЗУ Демир Хисар, во Бардовци пак пациентите тепаат персонал appeared first on Република.

]]>

Заложбите на властите за борба против тортурата и несоодветното постапување се повеќе декларативни отколку суштински, изјави народниот правобранител Насер Зибери, на денешната презентација на Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам (НПМ) кој беше презентиран во рамките на Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура – 26 јуни. Во извештајот се констатирани состојбите во земјата во врска со тортурата и другите форми на несоодветно постапување во местата за лишување од слобода/местата за задржување.
Неспорен аргумент во прилог на ваквата моја констатација е фактот што повеќе години се соочуваме со исти проблеми во местата на задржување, кои како такви се нотирани и од меѓународните мониторинг тела, рече правобранителот Зибери.
Во текот на 2022 година тимот на НПМ спровел вкупно 19 ненајавени посети, од кои девет посети во полициски станици од општа надлежност на подрачјето на Секторите за внатрешни работи (СВР) Скопје, Битола и Тетово, три посети во казнено поправни и воспитно поправни установи, една посета во дом за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје, две посети на психијатриски болници „Скопје“ и „Демир Хисар“, како и четири посети на места каде што се врши сместување или задржување на странци и баратели на азил. Минатата година, како што информираше Зибери, во фокусот на постапувањето на Правобранителот биле психијатриските болници, поточно нивните форензички/судски одделенија, при што биле посетени две психијатриски установи, односно судските одделенија во Психијатриска болница „Скопје“ и Психијатриска болница „Демир Хисар“.