Месец на европски филм Archives - Република https://republika.mk/tema/mesec-na-evropski-film/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Oct 2023 17:58:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Месец на европски филм Archives - Република https://republika.mk/tema/mesec-na-evropski-film/ 32 32 Месец на европски филм во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/mesets-na-evropski-film-vo-kinoteka/ Tue, 31 Oct 2023 09:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=696587

Од први до деветти ноември во Кинотека ќе се одржи месец на европски филм.

Во овој месец Кинотеката заедно со уште многу други кина во 70 различни градови во Европа ќе ја слави фантастичната разновидност на европскиот филм. Проектот „Месец на европски филм“ предводен од мрежата на кина – „Еуропа синемас“, им за цел низ различни европски градови и преку различни европски филмови да презентираи специјални програми, настани и ретроспективи.

Но, во овој месец Кинотека испланираа сè до половината на месецот да бидат презентирани, во популарно наречената недела на филмот, јапонски филмови. Станува збор за понова продукција на оваа интересна и многу влијателна кинематографија.

Ќе бидат прикажани македонските филмови „Лена и Владимир“ на Игор Алексов, по сценарио на Александар Русјаков, а главните улоги ги толкуваат Сара Климоска и Тони Наумовски. Филмската публика ќе има можност, по неколку успешни патешествија, да го проследи „Домаќинство за почетници“, новиот филмски проект на тетовчанецот, со долгогодишна адреса на живеење во Австралија, Горан Столевски.

Како еден вид пауза од играните филмови, ќе биде прикажан документарецот со провокативен наслов „Канабисот ослободува“. Ова е есеј за неколкумина активисти од разни земји, кои се залагаат за легализација на канабисот. Мала ексклузива – во него учествува и познатиот, контроверзен музичар и инфлуенсер, Рамбо Амадеус. Културата на канабисот има битна улога во веќе култното остварување на браќата Коен, „Големиот Лебовски“. Филмот ќе биде проектиран на оригинална 35 милиметарска филмска копија.

Се продолжува со играни филмови. Шпански филмови со различно време на создавање, од различни автори, со различни естетски колорити. Неколку денови од втората половина на ноември се издвоени за филмовите од авторите кои се од Пиринејскиот полуостров. Од Апенинскиот полуостров, пак, односно од Италија, ни доаѓа филмот „Се прашува кога ќе ти недостигам“. Но пред ова остварување да го заокружи месец ноември во кинотека, времето ќе биде искористено за презентација на неколку наслови од филмографијата на авторката на документарци, Петра Селишкар. Тие се со различни содржини, од различни жанрови, а го претставуваат светогледот на авторката.

Целата програма за ноември тука

The post Месец на европски филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Од први до деветти ноември во Кинотека ќе се одржи месец на европски филм. Во овој месец Кинотеката заедно со уште многу други кина во 70 различни градови во Европа ќе ја слави фантастичната разновидност на европскиот филм. Проектот „Месец на европски филм“ предводен од мрежата на кина – „Еуропа синемас“, им за цел низ различни европски градови и преку различни европски филмови да презентираи специјални програми, настани и ретроспективи. Но, во овој месец Кинотека испланираа сè до половината на месецот да бидат презентирани, во популарно наречената недела на филмот, јапонски филмови. Станува збор за понова продукција на оваа интересна и многу влијателна кинематографија. Ќе бидат прикажани македонските филмови „Лена и Владимир“ на Игор Алексов, по сценарио на Александар Русјаков, а главните улоги ги толкуваат Сара Климоска и Тони Наумовски. Филмската публика ќе има можност, по неколку успешни патешествија, да го проследи „Домаќинство за почетници“, новиот филмски проект на тетовчанецот, со долгогодишна адреса на живеење во Австралија, Горан Столевски. Како еден вид пауза од играните филмови, ќе биде прикажан документарецот со провокативен наслов „Канабисот ослободува“. Ова е есеј за неколкумина активисти од разни земји, кои се залагаат за легализација на канабисот. Мала ексклузива – во него учествува и познатиот, контроверзен музичар и инфлуенсер, Рамбо Амадеус. Културата на канабисот има битна улога во веќе култното остварување на браќата Коен, „Големиот Лебовски“. Филмот ќе биде проектиран на оригинална 35 милиметарска филмска копија. Се продолжува со играни филмови. Шпански филмови со различно време на создавање, од различни автори, со различни естетски колорити. Неколку денови од втората половина на ноември се издвоени за филмовите од авторите кои се од Пиринејскиот полуостров. Од Апенинскиот полуостров, пак, односно од Италија, ни доаѓа филмот „Се прашува кога ќе ти недостигам“. Но пред ова остварување да го заокружи месец ноември во кинотека, времето ќе биде искористено за презентација на неколку наслови од филмографијата на авторката на документарци, Петра Селишкар. Тие се со различни содржини, од различни жанрови, а го претставуваат светогледот на авторката. Целата програма за ноември тука

The post Месец на европски филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>