мерки за безбедност Archives - Република https://republika.mk/tema/merki-za-bezbednost/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jul 2023 09:28:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мерки за безбедност Archives - Република https://republika.mk/tema/merki-za-bezbednost/ 32 32 МТСП: Продолжуваат да важат мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури https://republika.mk/vesti/makedonija/mtsp-prodolzhuvaat-da-vazhat-merkite-i-preporakite-za-zashtita-na-graganite-od-visokite-temperaturi/ Wed, 26 Jul 2023 09:28:00 +0000 https://republika.mk/?p=665454

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Продолжуваат да важат мерките и препораките за деновите: 26.07.2023 година (среда) и 27.07.2023 година (четврток).

Општите мерки кои треба да се почитуваат се следниве:

Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години;

Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници;

 Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

The post МТСП: Продолжуваат да важат мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури appeared first on Република.

]]>