мерки против пушење Archives - Република https://republika.mk/tema/merki-protiv-pushene/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Dec 2023 12:20:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мерки против пушење Archives - Република https://republika.mk/tema/merki-protiv-pushene/ 32 32 Неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето, бидејќи Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач https://republika.mk/zivot/zdravje/neophodno-e-drzhavata-da-najde-instrument-koj-destimulativno-ke-vlijae-vrz-pusheneto-bidejki-makedonija-e-edna-od-prvite-10-drzhavi-vo-svetot-po-ispusheni-tsigari-po-pushach/ Wed, 27 Dec 2023 12:20:45 +0000 https://republika.mk/?p=727093

Неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето, бидејќи Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач, сметаат од „Аналитика“ Тинк-тенк.

Статистиките за младите пушачи од 12 до 15 години изнесуваат 12,4%. Високи 30% од нив обично започнуваат со пушење на возраст од 14 години. Според истражувањето 80% од младите пушачи не биле спречени да купуваат цигари поради возраста односно поради достапноста на цигарите и не-ценовните политики во државата како и дека цената на цигарите има влијание врз одлуката на младите да започнат со пушење.

По однос на вчерашната изјава на министерот за здравство, Фатмир Меџити, во врска со претстојните строги мерки против пушењето што треба да се спроведат во 2024 година, Аналитика тинк тенк има конкретен став кој веќе подолго време јасно го искажува во јавноста. Аналитика, која активно се занимава со истражување и застапување поврзани со контролата на тутунот, оваа изјава ја оценува како значаен чекор кон заштита на јавното здравје во Македонија, велат од невладината организација.

„Аналитика“ неодамна презентираше две критички анализи за даноците за тутун и започнување со пушење кај младите, и резултатите покажаа дека високи 48,40% од македонските граѓани се најголеми конзуматори на тутунот во споредба со жителите од Југоисточна Европа каде просекот на пушење е 22,30%. Споредбено се земјите од Европа, Македонија се уште ги има најниските цени по кутија цигари што воедно ги прави и најдостапни за популацијата независно од возраста. Од здравствен аспект студиите покажуваат дека зголемување на акцизата носи здравствени придобивки, намалување на бројот на пушачи од 3000 до 48000 пушачи и сериозно намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето.

Затоа неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето. Неколку од нив се зголемување на акцизите и на цената на цигарите, затоа што ќе послужат како ефикасна мерка во борба против пушењето, намалување на достапноста која може да придонесе за намалување на преваленцата на пушење, зајакнување на имплементацијата на политиките за контрола на тутунот кои го забрануваат пушењето, на јавни места, и кои ќе го ограничат пристапот до тутунски производи за малолетните ученици, но и медиумски кампањи за едукација на родителите за штетните ефекти од пушењето и важноста да се биде здрав пример за своите деца, едукативни и здравствени предавања во наставните програми во училиштата за едукација на младите за негативните ефекти од пушењето, и масовни медиумски кампањи на владата кои ја нагласуваат важноста за живеење здрав живот и живот без чад за целото општество“

Тука сакаме да ја поддржиме посветеноста на Министерството за здравтвсо за усогласување со препораките на Светската здравствена организација (СЗО). Овие препораки вклучуваат ограничувања за пушење на јавни места, повисоки даноци за тутун, сеопфатна забрана за рекламирање и засилени ограничувања за продажба на тутун на малолетни лица.
Како застапници за политики засновани на докази, веруваме дека усогласувањето со препораките на СЗО е клучен чекор кон спречување на епидемијата на тутун во нашата земја. Го повикуваме Министерството да се погрижи претстојните мерки да бидат сеопфатни, да ги опфаќаат сите аспекти на контролата на тутунот и активно да ги вклучуваат релевантните засегнати страни, велат од „Аналитика“.

 

The post Неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето, бидејќи Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач appeared first on Република.

]]>

Неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето, бидејќи Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач, сметаат од „Аналитика“ Тинк-тенк. Статистиките за младите пушачи од 12 до 15 години изнесуваат 12,4%. Високи 30% од нив обично започнуваат со пушење на возраст од 14 години. Според истражувањето 80% од младите пушачи не биле спречени да купуваат цигари поради возраста односно поради достапноста на цигарите и не-ценовните политики во државата како и дека цената на цигарите има влијание врз одлуката на младите да започнат со пушење.
По однос на вчерашната изјава на министерот за здравство, Фатмир Меџити, во врска со претстојните строги мерки против пушењето што треба да се спроведат во 2024 година, Аналитика тинк тенк има конкретен став кој веќе подолго време јасно го искажува во јавноста. Аналитика, која активно се занимава со истражување и застапување поврзани со контролата на тутунот, оваа изјава ја оценува како значаен чекор кон заштита на јавното здравје во Македонија, велат од невладината организација.
„Аналитика“ неодамна презентираше две критички анализи за даноците за тутун и започнување со пушење кај младите, и резултатите покажаа дека високи 48,40% од македонските граѓани се најголеми конзуматори на тутунот во споредба со жителите од Југоисточна Европа каде просекот на пушење е 22,30%. Споредбено се земјите од Европа, Македонија се уште ги има најниските цени по кутија цигари што воедно ги прави и најдостапни за популацијата независно од возраста. Од здравствен аспект студиите покажуваат дека зголемување на акцизата носи здравствени придобивки, намалување на бројот на пушачи од 3000 до 48000 пушачи и сериозно намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето. Затоа неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето. Неколку од нив се зголемување на акцизите и на цената на цигарите, затоа што ќе послужат како ефикасна мерка во борба против пушењето, намалување на достапноста која може да придонесе за намалување на преваленцата на пушење, зајакнување на имплементацијата на политиките за контрола на тутунот кои го забрануваат пушењето, на јавни места, и кои ќе го ограничат пристапот до тутунски производи за малолетните ученици, но и медиумски кампањи за едукација на родителите за штетните ефекти од пушењето и важноста да се биде здрав пример за своите деца, едукативни и здравствени предавања во наставните програми во училиштата за едукација на младите за негативните ефекти од пушењето, и масовни медиумски кампањи на владата кои ја нагласуваат важноста за живеење здрав живот и живот без чад за целото општество“
Тука сакаме да ја поддржиме посветеноста на Министерството за здравтвсо за усогласување со препораките на Светската здравствена организација (СЗО). Овие препораки вклучуваат ограничувања за пушење на јавни места, повисоки даноци за тутун, сеопфатна забрана за рекламирање и засилени ограничувања за продажба на тутун на малолетни лица. Како застапници за политики засновани на докази, веруваме дека усогласувањето со препораките на СЗО е клучен чекор кон спречување на епидемијата на тутун во нашата земја. Го повикуваме Министерството да се погрижи претстојните мерки да бидат сеопфатни, да ги опфаќаат сите аспекти на контролата на тутунот и активно да ги вклучуваат релевантните засегнати страни, велат од „Аналитика“.
 

The post Неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето, бидејќи Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач appeared first on Република.

]]>