Мерис Archives - Република https://republika.mk/tema/meris/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Feb 2024 14:31:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мерис Archives - Република https://republika.mk/tema/meris/ 32 32 Мерис: Работна група во ЕУ идната недела ќе расправа како да ја имплементира одредбата од Договорот од Преспа за патните исправи https://republika.mk/vesti/makedonija/meris-rabotna-grupa-vo-eu-idnata-nedela-ke-rasprava-kako-da-ja-implementira-odredbata-od-dogovorot-od-prespa-za-patnite-ispravi/ Sun, 11 Feb 2024 14:31:50 +0000 https://republika.mk/?p=742863

Амбасадорот на Белгија за Македонија, Фредерик Мерис, најави дека работна група во ЕУ идната недела ќе расправа како да ја имплементира одредбата од Договорот од Преспа, според која од 13 февруари сите пасоши мора да го содржат името Република Македонија.

Мерис во интервју за „Независен“, објавено денеска, оцени дека ќе биде лошо ако ЕУ нема заедничка позиција околу имплементацијата и ако земјите членки поединечно одлучуваат како да ги третираат македонските граѓани со невалидни пасоши.

-Не знаеме се уште како Белгија ќе ја имплементира промената и како ќе ги третира вашите граѓани без валиден пасош, се уште немаме конкретен одговор на тоа. Сепак, тоа е дел од одговорноста на претседателството на ЕУ. Ние ќе имаме состанок на почетокот на неделава што доаѓа на европско ниво. Има работна група во рамките на ЕУ која се справува со вакви прашања  и ќе работиме за да утврдиме заедничка позиција за земјите членки. Најлошо ќе биде ако се случи луѓе да поминуваат низ Унгарија и низ Србија, а Австрија да има друга позиција  – тоа е нешто што сакаме да го избегнеме. Така што, во основа, да, ние мора да имаме повеќе јасност идната недела околу ова прашање, вели Мерис.

Утре на полноќ истекува преодниот период од пет години, односно одредбата од Договорот од Преспа, со која ќе престанат да важат патните исправи и документи за меѓународна употреба, што го содржат старото име на државата.

The post Мерис: Работна група во ЕУ идната недела ќе расправа како да ја имплементира одредбата од Договорот од Преспа за патните исправи appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Белгија за Македонија, Фредерик Мерис, најави дека работна група во ЕУ идната недела ќе расправа како да ја имплементира одредбата од Договорот од Преспа, според која од 13 февруари сите пасоши мора да го содржат името Република Македонија. Мерис во интервју за „Независен“, објавено денеска, оцени дека ќе биде лошо ако ЕУ нема заедничка позиција околу имплементацијата и ако земјите членки поединечно одлучуваат како да ги третираат македонските граѓани со невалидни пасоши. -Не знаеме се уште како Белгија ќе ја имплементира промената и како ќе ги третира вашите граѓани без валиден пасош, се уште немаме конкретен одговор на тоа. Сепак, тоа е дел од одговорноста на претседателството на ЕУ. Ние ќе имаме состанок на почетокот на неделава што доаѓа на европско ниво. Има работна група во рамките на ЕУ која се справува со вакви прашања  и ќе работиме за да утврдиме заедничка позиција за земјите членки. Најлошо ќе биде ако се случи луѓе да поминуваат низ Унгарија и низ Србија, а Австрија да има друга позиција  – тоа е нешто што сакаме да го избегнеме. Така што, во основа, да, ние мора да имаме повеќе јасност идната недела околу ова прашање, вели Мерис. Утре на полноќ истекува преодниот период од пет години, односно одредбата од Договорот од Преспа, со која ќе престанат да важат патните исправи и документи за меѓународна употреба, што го содржат старото име на државата.

The post Мерис: Работна група во ЕУ идната недела ќе расправа како да ја имплементира одредбата од Договорот од Преспа за патните исправи appeared first on Република.

]]>