Мерцедес бенз Archives - Република https://republika.mk/tema/mercedes-benz/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Mar 2023 14:03:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мерцедес бенз Archives - Република https://republika.mk/tema/mercedes-benz/ 32 32 Дури и на Мерцедес му се случуваат грешки со сопирачките https://republika.mk/zivot/tehnologija/duri-i-na-mertsedes-mu-se-sluchuvaat-greshki-so-sopirachkite/ Mon, 06 Mar 2023 14:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=616486

„Мерцедес“ го повлекува своето најробусно и едно од најскапи возила заради сервис. Како што соопштија од германската компанија, по истрага е утврдено дека треба да се сервисираат 26.116 автомобили од класата „Г“. Станува збор за 11.018 единици „Г550“ и 15.098 „Г63С“, произведени меѓу 22 јуни 2018. и 23 декември 2021 година.

Неисправност на сопирачките, односно на работата на „АБС“ и „ЕСП“-системите, беше забележан на некои примероци уште лани во февруари. Месец дена подоцна, „Мерцедес“ откри проблем со контактот меѓу жиците и ѕидот на ладилникот за масло, што може да доведе до натамошно оштетување.

Инженерите потоа одлучија да вметнат заштитна черупка за да спречи директен контакт со компонентите. Бидејќи се утврдило дека триењето може да резултира со неисправна работа и активирање на предупредувачките светла на „АБС“ и „ЕСП“-системите, паднала одлука за повлекување. Предметните возила се произведени во Австрија за американскиот пазар, објави „НХТСА“ (NHTSA).

Досега се добиени 12 пријави за неисправност, но за среќа, нема пријавени сообраќајни незгоди предизвикани од овој проблем со сопирачките.

The post Дури и на Мерцедес му се случуваат грешки со сопирачките appeared first on Република.

]]>

„Мерцедес“ го повлекува своето најробусно и едно од најскапи возила заради сервис. Како што соопштија од германската компанија, по истрага е утврдено дека треба да се сервисираат 26.116 автомобили од класата „Г“. Станува збор за 11.018 единици „Г550“ и 15.098 „Г63С“, произведени меѓу 22 јуни 2018. и 23 декември 2021 година.

Неисправност на сопирачките, односно на работата на „АБС“ и „ЕСП“-системите, беше забележан на некои примероци уште лани во февруари. Месец дена подоцна, „Мерцедес“ откри проблем со контактот меѓу жиците и ѕидот на ладилникот за масло, што може да доведе до натамошно оштетување. Инженерите потоа одлучија да вметнат заштитна черупка за да спречи директен контакт со компонентите. Бидејќи се утврдило дека триењето може да резултира со неисправна работа и активирање на предупредувачките светла на „АБС“ и „ЕСП“-системите, паднала одлука за повлекување. Предметните возила се произведени во Австрија за американскиот пазар, објави „НХТСА“ (NHTSA). Досега се добиени 12 пријави за неисправност, но за среќа, нема пријавени сообраќајни незгоди предизвикани од овој проблем со сопирачките.

The post Дури и на Мерцедес му се случуваат грешки со сопирачките appeared first on Република.

]]>
Во Штутгард започна процесот против „Мерцедес-Бенц“ за измама на потрошувачи https://republika.mk/vesti/svet/vo-shtutgard-zapochna-procesot-protiv-mercedes-benc-za-izmama-na-potroshuvachi/ Tue, 12 Jul 2022 13:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=527572

Во регионалниот суд во Штутгарт денеска започна процесот против „Мерцедес-Бенц“ поради сомнение за свесно мамење на потрошувачите односно со манипулирање на податоци за количеството штетни материи во издувните гасови.

Федералната канцеларија за заштита на потрошувачи го обвини „Мерцедес-Бенц“ за свесна манипулација со дизел моторите со што извршено е кривично дело свесна измама на потрошувачи, кои во тој случај, имаат право на отштета.

Пред три години, автомобилската компанија од Штутгарт ги повика сопствениците на моделите „ГЛК“ и „ГЛЦ“ во работилниците, со цел да се поправи грешката со резултатите и погрешните вредности на штетни материи во издувните гасови. Раководството тврдеше дека се работи за случајна, а не за намерна грешка.

Сметаме дека одредени барања за отштета како и тужба, се неосновани, соопшти „Мерцедес-Бенц“ пред почетокот на процесот.

Досега, поради манипулации со мотор против автомобилската компанија се поднесени над 25.000 тужби во Германија. Но, како што информираше „Мерцедес-Бенц“, тужбите се одбиени во 95 отсто од случаите.

Во пресудите се заклучува дека во моторите се вградени уреди што манипулираат со податоци за издувни гасови, но, оти не може да се докаже намерата на „Мерцедес-Бенц“ да им се наштети на клиентите.

The post Во Штутгард започна процесот против „Мерцедес-Бенц“ за измама на потрошувачи appeared first on Република.

]]>

Во регионалниот суд во Штутгарт денеска започна процесот против „Мерцедес-Бенц“ поради сомнение за свесно мамење на потрошувачите односно со манипулирање на податоци за количеството штетни материи во издувните гасови. Федералната канцеларија за заштита на потрошувачи го обвини „Мерцедес-Бенц“ за свесна манипулација со дизел моторите со што извршено е кривично дело свесна измама на потрошувачи, кои во тој случај, имаат право на отштета. Пред три години, автомобилската компанија од Штутгарт ги повика сопствениците на моделите „ГЛК“ и „ГЛЦ“ во работилниците, со цел да се поправи грешката со резултатите и погрешните вредности на штетни материи во издувните гасови. Раководството тврдеше дека се работи за случајна, а не за намерна грешка. Сметаме дека одредени барања за отштета како и тужба, се неосновани, соопшти „Мерцедес-Бенц“ пред почетокот на процесот. Досега, поради манипулации со мотор против автомобилската компанија се поднесени над 25.000 тужби во Германија. Но, како што информираше „Мерцедес-Бенц“, тужбите се одбиени во 95 отсто од случаите. Во пресудите се заклучува дека во моторите се вградени уреди што манипулираат со податоци за издувни гасови, но, оти не може да се докаже намерата на „Мерцедес-Бенц“ да им се наштети на клиентите.

The post Во Штутгард започна процесот против „Мерцедес-Бенц“ за измама на потрошувачи appeared first on Република.

]]>