ментално здравје Archives - Република https://republika.mk/tema/mentalno-zdravje/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 11:39:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ментално здравје Archives - Република https://republika.mk/tema/mentalno-zdravje/ 32 32 Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје https://republika.mk/zivot/zdravje/uchilishtata-treba-da-prerasnat-vo-sredini-koi-pottiknuvaat-pozitiven-pristap-kon-mentalnoto-zdravje/ Fri, 04 Oct 2024 11:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=822641

Постои добра основа за создавање системска поддршка за младите, која ќе ги поттикне да се грижат за себе и своето ментално здравје.

Потребен е систематизиран и координиран пристап за справување со менталните здравствени проблеми, преку вмрежување на знаењата и ресурсите.

Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје. Важна е континуираната обука на наставниот кадар и воведувањето на нови методологии за работа со младите.

Ова се главните заклучоци кои беа донесени на тркалезната маса која вчера се одржа во Скопје на тема „Ментално здравје и благосостојба кај средношколците“. Настанот беше дел од пошироката кампања, „Твоја приказна, наша поддршка“ организиран со цел да ги обедини релевантните чинители и носителите на одлуки за заедничка дискусија и креирање системски решенија за подобрување на менталната здравствена поддршка во училиштата.

На настанот учество зедоа повеќе релевантни чинители меѓу кои: Министерката за образование Весна Јаневска, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, претставници од ХЕРА, претседателот на Сојузот на средношколци Берин Мухамед, Александра Филипова – програмски менаџер во Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), како и претставници од Фондацијата за демократија на Вестминстер, Бирото за развој на образованието и Колективот на стручни соработници предводени од психологот Ана Попризова.

Во своето обраќање, министерката за образование Весна Јаневска истакна дека државата веќе обезбедува поддршка за менталното здравје на учениците преку Програма за психосоцијална поддршка во основните и средните училишта.

Постојат стручни тимови на психолози и педагози во училиштата кои заедно со наставниците посетуваат обуки од оваа област. Исто така, училиштата имаат годишни програми кои предвидуваат активности посветени на менталното здравје на учениците,“рече Јаневска.

Таа додаде дека Министерството моментално води јавна дебата за нови законски решенија, меѓу кои и законите за основно и средно образование.

Заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, ја потенцира важноста на интегрираниот пристап кон менталното здравје кај младите.

Потребно е институциите заеднички да делуваат со цел да создадеме здрава и поддржувачка средина за младите. Мораме да ги зајакнеме ресурсите и да воведеме иновации кои ќе овозможат училишните психолози, како и останатите стручни лица, да работат ефикасно со учениците, изјави Велковски.

Филип Ивковски, програмски координатор во „Младите можат“, додаде:

Целта на тркалезната маса беше да ги обединиме сите чинители кои работат на полето на ментално здравје и благосостојба на младите за да поттикнеме вмрежување и создавање системски решенија. Важно е што институциите веќе покажуваат свесност за темата и веруваме дека заедно ќе успееме да изградиме училишта кои активно ќе се грижат за менталното здравје на младите.

На настанот беше нагласено дека е потребно преминување од дискусија кон акција, со цел младите да добијат конкретни ресурси за поддршка на нивното ментално здравје.

Настанот беше организиран со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер, ХЕРА и Фондот за население на ООН.

The post Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје appeared first on Република.

]]>

Постои добра основа за создавање системска поддршка за младите, која ќе ги поттикне да се грижат за себе и своето ментално здравје. Потребен е систематизиран и координиран пристап за справување со менталните здравствени проблеми, преку вмрежување на знаењата и ресурсите. Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје. Важна е континуираната обука на наставниот кадар и воведувањето на нови методологии за работа со младите. Ова се главните заклучоци кои беа донесени на тркалезната маса која вчера се одржа во Скопје на тема „Ментално здравје и благосостојба кај средношколците“. Настанот беше дел од пошироката кампања, „Твоја приказна, наша поддршка“ организиран со цел да ги обедини релевантните чинители и носителите на одлуки за заедничка дискусија и креирање системски решенија за подобрување на менталната здравствена поддршка во училиштата. На настанот учество зедоа повеќе релевантни чинители меѓу кои: Министерката за образование Весна Јаневска, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, претставници од ХЕРА, претседателот на Сојузот на средношколци Берин Мухамед, Александра Филипова – програмски менаџер во Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), како и претставници од Фондацијата за демократија на Вестминстер, Бирото за развој на образованието и Колективот на стручни соработници предводени од психологот Ана Попризова. Во своето обраќање, министерката за образование Весна Јаневска истакна дека државата веќе обезбедува поддршка за менталното здравје на учениците преку Програма за психосоцијална поддршка во основните и средните училишта.
Постојат стручни тимови на психолози и педагози во училиштата кои заедно со наставниците посетуваат обуки од оваа област. Исто така, училиштата имаат годишни програми кои предвидуваат активности посветени на менталното здравје на учениците,“рече Јаневска.
Таа додаде дека Министерството моментално води јавна дебата за нови законски решенија, меѓу кои и законите за основно и средно образование. Заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, ја потенцира важноста на интегрираниот пристап кон менталното здравје кај младите.
Потребно е институциите заеднички да делуваат со цел да создадеме здрава и поддржувачка средина за младите. Мораме да ги зајакнеме ресурсите и да воведеме иновации кои ќе овозможат училишните психолози, како и останатите стручни лица, да работат ефикасно со учениците, изјави Велковски.
Филип Ивковски, програмски координатор во „Младите можат“, додаде:
Целта на тркалезната маса беше да ги обединиме сите чинители кои работат на полето на ментално здравје и благосостојба на младите за да поттикнеме вмрежување и создавање системски решенија. Важно е што институциите веќе покажуваат свесност за темата и веруваме дека заедно ќе успееме да изградиме училишта кои активно ќе се грижат за менталното здравје на младите.
На настанот беше нагласено дека е потребно преминување од дискусија кон акција, со цел младите да добијат конкретни ресурси за поддршка на нивното ментално здравје. Настанот беше организиран со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер, ХЕРА и Фондот за население на ООН.

The post Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Да ја подобриме грижата за менталното здравје на учениците https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-da-ja-podobrime-grizhata-za-mentalnoto-zdravje-na-uchenitsite/ Thu, 03 Oct 2024 13:06:43 +0000 https://republika.mk/?p=822230

Секогаш постои простор за унапредување на системската поддршка и грижата за менталното здравје на учениците. Секоја генерација има свои предизвици во училиштето и надвор од него. Дел од нив во минатото не биле познати, па оттука и механизмот кој треба да понуди помош, мора да се адаптира и да одговара на новото време.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на конференција посветена на грижата за менталното здравје на учениците, во организација на Здружението на граѓани „Младите можат“, на која беше презентиран и документ за јавни политики насловен „Твоја приказна, наша поддршка“.

Државата обезбедува поддршка за учениците, за превенирање и справување со менталните здравствени проблеми. Имаме Програма за психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата во основните и средните училишта. Во училиштата има стручни тимови од психолози и педагози, кои заедно со наставниците посетуваат континуирани обуки на темата. Самите училишта имаат годишна програма за работа во која предвидуваат активности посветени на менталното здравје на учениците, рече Јаневска, додавајќи дека и Педагошката служба во склоп на министерството постапува согласно своите надлежности, со советувања на ученици, родители и наставници.

„Од почеток на учебната година имаме 6 електронски пријави за врсничко насилство и по истите се постапува. Добро е што се прекршува тишината, што се пријавува, за да можеме да спречиме ширење и крајно негативни последици. Комуникацијата со јавноста и со граѓанскиот сектор, ни е особено значајна. Правилниот раст и развој на младите, градењето на ментално снажни генерации е наша заедничка обврска“, рече министерката.

Јаневска потсети дека во моментов министерството води јавна дебата за неколку нови законски решенија, меѓу кои и за законите за основно и за средно образование. Ја повика пошироката јавност да ги разгледа и како што рече, меѓудругото да дадеме заеднички придонес и за подобра регулатива која ќе овозможи поголема и правилна психосоцијална поддршка за учениците.

The post Јаневска: Да ја подобриме грижата за менталното здравје на учениците appeared first on Република.

]]>

Секогаш постои простор за унапредување на системската поддршка и грижата за менталното здравје на учениците. Секоја генерација има свои предизвици во училиштето и надвор од него. Дел од нив во минатото не биле познати, па оттука и механизмот кој треба да понуди помош, мора да се адаптира и да одговара на новото време. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на конференција посветена на грижата за менталното здравје на учениците, во организација на Здружението на граѓани „Младите можат“, на која беше презентиран и документ за јавни политики насловен „Твоја приказна, наша поддршка“.
Државата обезбедува поддршка за учениците, за превенирање и справување со менталните здравствени проблеми. Имаме Програма за психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата во основните и средните училишта. Во училиштата има стручни тимови од психолози и педагози, кои заедно со наставниците посетуваат континуирани обуки на темата. Самите училишта имаат годишна програма за работа во која предвидуваат активности посветени на менталното здравје на учениците, рече Јаневска, додавајќи дека и Педагошката служба во склоп на министерството постапува согласно своите надлежности, со советувања на ученици, родители и наставници.
„Од почеток на учебната година имаме 6 електронски пријави за врсничко насилство и по истите се постапува. Добро е што се прекршува тишината, што се пријавува, за да можеме да спречиме ширење и крајно негативни последици. Комуникацијата со јавноста и со граѓанскиот сектор, ни е особено значајна. Правилниот раст и развој на младите, градењето на ментално снажни генерации е наша заедничка обврска“, рече министерката. Јаневска потсети дека во моментов министерството води јавна дебата за неколку нови законски решенија, меѓу кои и за законите за основно и за средно образование. Ја повика пошироката јавност да ги разгледа и како што рече, меѓудругото да дадеме заеднички придонес и за подобра регулатива која ќе овозможи поголема и правилна психосоцијална поддршка за учениците.

The post Јаневска: Да ја подобриме грижата за менталното здравје на учениците appeared first on Република.

]]>
Училишните педагози и психолози да се ослободат од административните обврски и да се фокусираат на менталното здравје и добросостојба на учениците https://republika.mk/vesti/makedonija/uchilishnite-pedagozi-i-psiholozi-da-se-oslobodat-od-administrativnite-obvrski-i-da-se-fokusiraat-na-mentalnoto-zdravje-i-dobrosostojba-na-uchenitsite/ Wed, 17 May 2023 20:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=641924

Верувам дека преку професионално ангажирање на сите стручни соработници ќе обезбедиме безбедна клима за работа во училиштата. Поддршката во овие ситуации е важна и за учениците и за училишниот кадар. Затоа е битно вашата работа да е во склад со професијата и да ви се овозможи непречена секојдневна работа за градење на клима за напредување во училиштата. Во овие услови стана видливо дека треба да дојде до нова структура на вашата работа и ослободување од административни обврски во училиштето.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната обука  за јакнење на вештините за поддршка на менталното здравје на учениците, што активот на стручни соработници на Град Скопје ја организираше за педагози и психолози во просториите на СУГС „Зеф Љуш Марку“ во Скопје, со поддршка на УНИЦЕФ.

„Го поздравувам трудот и професионализмот на активот на стручни соработници на ниво на Град Скопје, бидејќи преку нивното обезбедување на насоки до своите колеги во училиштата тие влијаат да се изгради стабилен однос во овие вознемирувачки ситуации. Стручните соработници треба да се активни чинители во решавање на проблеми поврзани со образованието и добростојбата на учениците, тие се мостот и до наставниците и до родителите“, рече Шаќири.

https://republika.mk/vesti/makedonija/so-fast-fud-reshenija-nema-da-go-reshime-problemot-so-bulingot-vo-uchilishtata/

Тој истакна дека верува во професионализмот на стручните служби во училиштата и дека ги поддржува напорите за континуирано професионално растење.

„Врз вас има и дополнителен терет да се обезбеди поддршка на учениците и вработените за надминување на последиците од пандемијата со Корона вирусот кога многу нешта се сменија, и тоа во начинот на комуникација, во начинот на совладување на образовните предизвици и во начинот за грижа за себе и за другите. Затоа е важно во училиштата да има просторија во која ќе може доверливо да се разговара својот училиштен психолог“, кажа министерот за образование.

Шаќири во своето обраќање упати и апел до училишните раководства во рамки на Годишната програма за работа да развијат и дополнително зајакнат превентивни програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација, соработка со родителите односно старателите.

The post Училишните педагози и психолози да се ослободат од административните обврски и да се фокусираат на менталното здравје и добросостојба на учениците appeared first on Република.

]]>

Верувам дека преку професионално ангажирање на сите стручни соработници ќе обезбедиме безбедна клима за работа во училиштата. Поддршката во овие ситуации е важна и за учениците и за училишниот кадар. Затоа е битно вашата работа да е во склад со професијата и да ви се овозможи непречена секојдневна работа за градење на клима за напредување во училиштата. Во овие услови стана видливо дека треба да дојде до нова структура на вашата работа и ослободување од административни обврски во училиштето. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната обука  за јакнење на вештините за поддршка на менталното здравје на учениците, што активот на стручни соработници на Град Скопје ја организираше за педагози и психолози во просториите на СУГС „Зеф Љуш Марку“ во Скопје, со поддршка на УНИЦЕФ.
„Го поздравувам трудот и професионализмот на активот на стручни соработници на ниво на Град Скопје, бидејќи преку нивното обезбедување на насоки до своите колеги во училиштата тие влијаат да се изгради стабилен однос во овие вознемирувачки ситуации. Стручните соработници треба да се активни чинители во решавање на проблеми поврзани со образованието и добростојбата на учениците, тие се мостот и до наставниците и до родителите“, рече Шаќири.
https://republika.mk/vesti/makedonija/so-fast-fud-reshenija-nema-da-go-reshime-problemot-so-bulingot-vo-uchilishtata/ Тој истакна дека верува во професионализмот на стручните служби во училиштата и дека ги поддржува напорите за континуирано професионално растење.
„Врз вас има и дополнителен терет да се обезбеди поддршка на учениците и вработените за надминување на последиците од пандемијата со Корона вирусот кога многу нешта се сменија, и тоа во начинот на комуникација, во начинот на совладување на образовните предизвици и во начинот за грижа за себе и за другите. Затоа е важно во училиштата да има просторија во која ќе може доверливо да се разговара својот училиштен психолог“, кажа министерот за образование.
Шаќири во своето обраќање упати и апел до училишните раководства во рамки на Годишната програма за работа да развијат и дополнително зајакнат превентивни програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација, соработка со родителите односно старателите.

The post Училишните педагози и психолози да се ослободат од административните обврски и да се фокусираат на менталното здравје и добросостојба на учениците appeared first on Република.

]]>
СЗО бара глобална промена во грижата за менталното здравје https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-bara-globalna-promena-vo-grizata-za-mentalnoto-zdravje/ Fri, 17 Jun 2022 07:47:03 +0000 https://republika.mk/?p=516208

Светската здравствена организација (СЗО) повика на глобална промена во грижата за менталното здравје, наведувајќи го наглиот пораст на проблемите поврзани со ова прашање од почетокот на пандемијата, јави ДПА.

Депресијата и анксиозноста се зголемени за 25 отсто само во првата година од пандемијата од Ковид-19, информира организацијата.

Во 2019 година, пред да започне пандемијата, околу една милијарда луѓе, или речиси еден на секој осми човек во светот, живееле со ментални здравствени проблеми. Лицата со тешки ментални болести умираат од 10 до 20 години порано од општата популација, се предупредува во извештајот.

Дел од најзначајните причини за депресијата се сексуалното насилство во детството и вознемирувањето.Социјалната и економската нееднаквост, војната, климатската криза и здравствените закани, како на пример пандемија, се посочуваат како ризични фактори што допринесуваат за психички заболувања.

Инвестирањето во менталното здравје е инвестиција за подобар живот и иднина за сите, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

The post СЗО бара глобална промена во грижата за менталното здравје appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) повика на глобална промена во грижата за менталното здравје, наведувајќи го наглиот пораст на проблемите поврзани со ова прашање од почетокот на пандемијата, јави ДПА. Депресијата и анксиозноста се зголемени за 25 отсто само во првата година од пандемијата од Ковид-19, информира организацијата. Во 2019 година, пред да започне пандемијата, околу една милијарда луѓе, или речиси еден на секој осми човек во светот, живееле со ментални здравствени проблеми. Лицата со тешки ментални болести умираат од 10 до 20 години порано од општата популација, се предупредува во извештајот. Дел од најзначајните причини за депресијата се сексуалното насилство во детството и вознемирувањето.Социјалната и економската нееднаквост, војната, климатската криза и здравствените закани, како на пример пандемија, се посочуваат како ризични фактори што допринесуваат за психички заболувања. Инвестирањето во менталното здравје е инвестиција за подобар живот и иднина за сите, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

The post СЗО бара глобална промена во грижата за менталното здравје appeared first on Република.

]]>
СЗО алармира дека пандемијата и војната влијаат врз менталното здравје на Европејците https://republika.mk/vesti/svet/szo-alarmira-deka-pandemijata-i-vojnata-vlijaat-vrz-mentalnoto-zdravje-na-evropejcite/ Wed, 04 May 2022 14:40:59 +0000 https://republika.mk/?p=497532

Директорот на Светска здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, изјави дека стариот континент се наоѓа во важен момент во борбата против проблемите со менталното здравје во текот на пандемијата со Ковид-19 и војната во Украина.

Нашиот регион минува низ далекусежни државни удари и промени. Пандемијата стави фокус на менталното здравје, додека вооружениот конфликт во Украина влијае на менталното здравје на милиони луѓе. Десет недели војна во Украина доведоа до огромна несигурност, тага и загуби - истакна Клуге.

Клуге го претстави првиот состанок на Паневропската коалиција за ментално здравје, што ќе поттикне акција на сите нивоа за решавање на занемарените ментални потреби низ Европа.

Коалицијата беше лансирана во септември 2021 година и ја сочинуваат 53 земји-членки на СЗО Европа, заедно со меѓународни невладини организации, експерти и луѓе погодени од проблеми со менталното здравје.

Според СЗО, повеќе од 150 милиони луѓе во регионот живееле со ментални здравствени проблеми во 2021 година. Само еден човек од тројца со депресија моментално добиваат потребната помош.

The post СЗО алармира дека пандемијата и војната влијаат врз менталното здравје на Европејците appeared first on Република.

]]>

Директорот на Светска здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, изјави дека стариот континент се наоѓа во важен момент во борбата против проблемите со менталното здравје во текот на пандемијата со Ковид-19 и војната во Украина.
Нашиот регион минува низ далекусежни државни удари и промени. Пандемијата стави фокус на менталното здравје, додека вооружениот конфликт во Украина влијае на менталното здравје на милиони луѓе. Десет недели војна во Украина доведоа до огромна несигурност, тага и загуби - истакна Клуге.
Клуге го претстави првиот состанок на Паневропската коалиција за ментално здравје, што ќе поттикне акција на сите нивоа за решавање на занемарените ментални потреби низ Европа. Коалицијата беше лансирана во септември 2021 година и ја сочинуваат 53 земји-членки на СЗО Европа, заедно со меѓународни невладини организации, експерти и луѓе погодени од проблеми со менталното здравје. Според СЗО, повеќе од 150 милиони луѓе во регионот живееле со ментални здравствени проблеми во 2021 година. Само еден човек од тројца со депресија моментално добиваат потребната помош.

The post СЗО алармира дека пандемијата и војната влијаат врз менталното здравје на Европејците appeared first on Република.

]]>
Д-р Новотни: Не се карајте по дома за Русија и Украина, зачувајте си го менталното здравје https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-novotni-ne-se-karajte-po-doma-za-rusija-i-ukraina-zachuvajte-si-go-mentalnoto-zdravje/ Mon, 07 Mar 2022 10:02:17 +0000 https://republika.mk/?p=468848

Нè очекува нова пандемија на ментално здравствени тешкотии, вели психијатарот Антони Новотни во утринското гостување на Студио 10.

Многу настани го одбележаа изминатиот период, а некои и во моментот траат. Пред наши очи се случува војна, изненаден сум дека во 21 век се случува ова. Можеби рецепт за сите е да размислуваме да се вратиме дома во симболична смисла, во семејството. Таму каде што можеме да разговараме, да планираме, да се свртиме кон радост, вели д-р Новотни.

Тој потенцира дека постојат многу механизми на одбрана.

Потиснуавме, се изолираме, се обидуваме да рационалзиираме. Луѓето денеска заземаат страни, па дури и дома дискутираат кој е во право кој не. Некои работи треба да ги заборавиме. Агресијата не треба да биде дел до нашето поведение. Мора да се свртиме кон доброто. Зарем не ни беше добра поука претходната пандемија? Колку нешто може сè да промени. Треба да зборуваме и да ги вратиме моралните вредности, вели тој.

The post Д-р Новотни: Не се карајте по дома за Русија и Украина, зачувајте си го менталното здравје appeared first on Република.